газди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gazdi/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 13:36:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png газди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gazdi/ 32 32 Газдите бараат да им се намалат придонесите за плати, за да не мора да се увезуваат работници од Непал и Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gazdite-baraat-da-im-se-namalat-pridonesite-za-plati-za-da-ne-mora-da-se-uvezuvaat-rabotnitsi-od-nepal-i-turtsija/ Tue, 21 Mar 2023 13:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=622082

Стопанската комора на Северозападна Македонија побара нови мерки од Владата во насока на ублажување на одливот на работна сила во регионот.

 Приоритет треба да биде либерализација на трудот со некои земји од регионот, бараме либерализација и со Косово. Да се зголемат квотите, имаме недостиг на работна сила во хотелиерството, туризмот и градежништвото. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале 15.000 студенти. Минималната плата ја имаме поддржано и настојуваме средната плата да се покачи. Бараме да се намалат придонесите од Владата за да може да се зголемат и средните плати за да ублажиме колку толку работна сила да не заминуват во страство. Придонесите се прогресивни и затоа бараме да бидат намалени за да може да ги покачиме платите – рече потпретседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

Тој рече дека лани во Струга и во Охрид биле затворени ресторани поради недостиг на работници.

Пријавите во Агенцијата за вработување да се вклучат во работната сила. Во градежништвото веќе почнаа да доаѓаат од Непал и од Турција. Ќе сме принудени да увезуваме такви кадри. Најголем проблем е работната сила и тоа ќе биде уште поголем проблем во следните години. Членките во Комората се жалат дека никој не се јавува на оглас. Во мојата компанија ни фалат многу работници и имаме нон-стоп отворени огласи - рече Ќура.

Комората бара да се престане со замрзнување на цените и да се интервенира со активирање на државни резерви, со намалување на даноците и со намалување на ддв-то.

The post Газдите бараат да им се намалат придонесите за плати, за да не мора да се увезуваат работници од Непал и Турција appeared first on Република.

]]>

Во родниот град на премиерот големите газди не ги намалиле цените и покрај владините мерки, пратеник на СДСМ бесен на кумановските маркети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-rodniot-grad-na-premierot-golemite-gazdi-ne-gi-namalile-cenite-i-pokraj-vladinite-merki-pratenik-na-sdsm-besen-na-kumanovskite-marketi/ Wed, 07 Dec 2022 07:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=582773

Пратеникот од СДСМ од Куманово, Мартин Костовски, има информација кои големи газди од неговиот град не ги намалуваат цените на основните артикли, и покрај намалената струја и сите други мерки од Владата, и повика уште денеска итно да им се направи инспекција.
„Денеска пазарев основни намирници во еден маркет во Куманово и со сограѓаните пред рафтовите констатиравме дека има сериозна злоупотреба од “големите газди” и непочитување за намалување на цените.
Премиерот и Владата направија се, за да се намалат цените и да им се олесни на граѓаните со конкретни мерки.
За “големите газди” - дрски профитери кои прават профит на нашиот грб, ИТНО уште утре да им се направи инспекција, нема веќе ТОЛЕРАНЦИЈА и МОЛК.
Не е нормално некој едвај да се прехрани, некој на мака на народот да прави милиони.
Или да ги почитуваат мерките и помош од Владата или да ги означиме јавно и да ги бојкотираме (да не пазариме кај нив) ТРЕТО НЕМА“, напиша пратеникот на неговиот фејсбук профил.

The post Во родниот град на премиерот големите газди не ги намалиле цените и покрај владините мерки, пратеник на СДСМ бесен на кумановските маркети appeared first on Република.

]]>

Пратеникот од СДСМ од Куманово, Мартин Костовски, има информација кои големи газди од неговиот град не ги намалуваат цените на основните артикли, и покрај намалената струја и сите други мерки од Владата, и повика уште денеска итно да им се направи инспекција. „Денеска пазарев основни намирници во еден маркет во Куманово и со сограѓаните пред рафтовите констатиравме дека има сериозна злоупотреба од “големите газди” и непочитување за намалување на цените. Премиерот и Владата направија се, за да се намалат цените и да им се олесни на граѓаните со конкретни мерки. За “големите газди” - дрски профитери кои прават профит на нашиот грб, ИТНО уште утре да им се направи инспекција, нема веќе ТОЛЕРАНЦИЈА и МОЛК. Не е нормално некој едвај да се прехрани, некој на мака на народот да прави милиони. Или да ги почитуваат мерките и помош од Владата или да ги означиме јавно и да ги бојкотираме (да не пазариме кај нив) ТРЕТО НЕМА“, напиша пратеникот на неговиот фејсбук профил.

The post Во родниот град на премиерот големите газди не ги намалиле цените и покрај владините мерки, пратеник на СДСМ бесен на кумановските маркети appeared first on Република.

]]>
„Гласен текстилец“: Газди се спремаат да отпуштаат работници поради зголемената минимална плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/glasen-tekstilec-gazdi-se-spremaat-da-otpushtaat-rabotnici-poradi-zgolemenata-minimalna-plata/ Fri, 25 Feb 2022 21:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=464051

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип соопшти дека добило сознание оти поради стапувањето на сила на Законот за минимална плата од 18.000 денари, дел од работодавачите во следниот период спремаат откази на работниците поради наводно кршење на ред и дисциплина и неисполнување на нормираниот учинок од страна на работниците.

Ги повикуваме работниците да не потпишуваат никакви документи, изјави или спогодби се додека не се консултираат со правниот тим на Гласен Текстилец од Штип и да пријавуваат било какви прекршувања од работен однос, редовно да се јавуваат на своите работни места и покрај усмени укажувања од страна на работодавачите дека ќе бидат повикани на работа а сето тоа нема никаква правна потткрепа дека истите седат дома по налог на работодавачот, а не по нивна волја, велат од здружението, кое ги застапува правата на работниците од текстилната индустрија.

„Гласен Текстилец“ испраќа апел до сите работодавачи да не превземаат никакви дејствија и противзаконски работи со цел да се изиграат законите и правата на работниците, бидејќи ќе се соочат со силен отпор од страна на здружението и работниците.

Исто така, сакаме да напомениме дека нормираниот учинок е укинат од страна на Уставниот суд на РСМ и нема да дозволиме никакво враќање на поранешна состојба и ќе бидат преземени сите правни механизми кои ги имаме согласно Уставот, Законите и меѓународните ратификувани документи во согласност со Уставот на РСМ за заштита на работниците и нивните права, се вели во соопштението.

The post „Гласен текстилец“: Газди се спремаат да отпуштаат работници поради зголемената минимална плата appeared first on Република.