гатанки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gatanki/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 09:07:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гатанки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gatanki/ 32 32 „Црвен конец, црн конец – катранка“ – интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tsrven-konets-tsrn-konets-katranka-interaktivna-rabotilnitsa-za-gatanakite-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Thu, 15 Jun 2023 09:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=651638

Утре (петок, 16 јуни) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи мултимедијалниот интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец - катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на народното творештво. Поради временските услови работилницата ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот.

Авторите кои го создаваат овој перформанс тргнуваат од првобитна намена на гатанката и нејзината педагошката функција, за да стигнат до нејзиниот забавен карактер. За нив гатанката е форма која ја поттикнува и ја става на тест човечката креативност, покажувајќи ја својата улога во фолклорот. Интеракцијата се добива кога водителите поставуваат гатанка, а одговорот го дава публиката. Тоа е основата за вториот дел од настанот: одговорот на гатанката е проследен со читање поетска творба чија тема е токму решението на гатанката. Перформансот завршува со преслушување македонска чалгиска музика.

Во „Црвен конец, црн конец - катранка“ учествуваат: Софија Тодороска, Пепи Стамков, Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска.

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, како едно од главните културни јадра во градот и пошироко, останува отворена и во поддршката на младите творци и креативци, кои токму во библиотеката наоѓаат свое средиште и простор за изразување.

The post „Црвен конец, црн конец – катранка“ – интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Утре (петок, 16 јуни) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи мултимедијалниот интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец - катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на народното творештво. Поради временските услови работилницата ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот. Авторите кои го создаваат овој перформанс тргнуваат од првобитна намена на гатанката и нејзината педагошката функција, за да стигнат до нејзиниот забавен карактер. За нив гатанката е форма која ја поттикнува и ја става на тест човечката креативност, покажувајќи ја својата улога во фолклорот. Интеракцијата се добива кога водителите поставуваат гатанка, а одговорот го дава публиката. Тоа е основата за вториот дел од настанот: одговорот на гатанката е проследен со читање поетска творба чија тема е токму решението на гатанката. Перформансот завршува со преслушување македонска чалгиска музика. Во „Црвен конец, црн конец - катранка“ учествуваат: Софија Тодороска, Пепи Стамков, Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска. ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, како едно од главните културни јадра во градот и пошироко, останува отворена и во поддршката на младите творци и креативци, кои токму во библиотеката наоѓаат свое средиште и простор за изразување.

The post „Црвен конец, црн конец – катранка“ – интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-gatanki-za-s-i-seshto-i-za-ushte-neshto-od-magde-angova/ Fri, 08 Apr 2022 15:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=485423

Новата илустрирана книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова ќе биде промовирана на 8 април (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Пред присутните на промоцијата, дел од гатанките ќе интерпретира шестгодишната ќерка на авторката, Илина. Изданието е збогатено со илустрации од Елена Давчева-Стојановска.

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат.

Книгата на забавен и интересен начин го отсликува светот околу нас. Многу предмети, животни, растенија и личности кои нѐ опкружуваат и се среќаваме со нив во секојдневниот живот се прикажани, опеани со необична и игрива рима. Со „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ децата ќе се забавуваат, ќе научат многу интересни работи за светот што ги опкружува, а родителите, читајќи им ја книгата, ќе поминат квалитетно време со своите најмили.

Магде Ангова e родена во 1987 година. Живее во Гевгелија, а работи во Општина Дојран како личност за односи со јавноста. Таа е магистер по медиуми и комуникации, а во моментов ја завршува и магистратурата по психологија. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е нејзина прва книга.

The post Промоција на „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова appeared first on Република.

]]>

Новата илустрирана книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова ќе биде промовирана на 8 април (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Пред присутните на промоцијата, дел од гатанките ќе интерпретира шестгодишната ќерка на авторката, Илина. Изданието е збогатено со илустрации од Елена Давчева-Стојановска. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Книгата на забавен и интересен начин го отсликува светот околу нас. Многу предмети, животни, растенија и личности кои нѐ опкружуваат и се среќаваме со нив во секојдневниот живот се прикажани, опеани со необична и игрива рима. Со „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ децата ќе се забавуваат, ќе научат многу интересни работи за светот што ги опкружува, а родителите, читајќи им ја книгата, ќе поминат квалитетно време со своите најмили. Магде Ангова e родена во 1987 година. Живее во Гевгелија, а работи во Општина Дојран како личност за односи со јавноста. Таа е магистер по медиуми и комуникации, а во моментов ја завршува и магистратурата по психологија. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е нејзина прва книга.

The post Промоција на „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова appeared first on Република.

]]>