гаспар улиел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gaspar-uliel/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jan 2022 17:49:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гаспар улиел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gaspar-uliel/ 32 32 Загина францускиот актер Гаспар Улиел https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zagina-francuskiot-akter-gaspar-uliel/ Wed, 19 Jan 2022 17:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=446792

Во тешка скијачка несреќа на Алпите на 37-годишна возраст животот го загуби францускиот актер Гаспар Улиел. Актерот, освојувач на „Цезар“, скијал кога на раскрсницата меѓу двете патеки се судрил со друг скијач и се здобил со сериозна повреда на мозокот. Со хеликоптер бил пренесен во болница во Гренобл, каде што починал еден час подоцна. Локалните власти отворија истрага за несреќата, пренесува АФП.

Улиел беше меѓу водечките француски актери на својата генерација. Се прослави во улогата на Ив Сен Лоран во биографскиот филм од 2014 година, а во моментот има една од главните улоги во новата серија на „Марвел“, „Мун Најт“, која допрва ќе има премиера на стриминг платформата „Дизни+“.

Француската кинематографија изгуби голем талент, полн со шарм и енергија, изјави министерот за култура Бруно Ле Мер.

Улиел почнал да глуми на 11 години и за време на неговата успешна кариера, тој освои голем број награди. Во 2005 му беше доделен Сезар, францускиот еквивалент на Оскар, за најнадежен актер, а во 2017 година го освои по вторпат, овојпат за најдобар актер за филмот „Ова е само крајот на светот“. Во Холивуд се проби играјќи го Ханибал Лектер во „Подемот на Ханибал“ од 2007.

Улијел, исто така, беше баран модел. Тој беше заштитно лице на мирисот „Bleu de Chanel“.

Французинот ги напушти неговиот шестгодишен син Орсо и неговата девојка Гаела Петри.

The post Загина францускиот актер Гаспар Улиел appeared first on Република.

]]>

Во тешка скијачка несреќа на Алпите на 37-годишна возраст животот го загуби францускиот актер Гаспар Улиел. Актерот, освојувач на „Цезар“, скијал кога на раскрсницата меѓу двете патеки се судрил со друг скијач и се здобил со сериозна повреда на мозокот. Со хеликоптер бил пренесен во болница во Гренобл, каде што починал еден час подоцна. Локалните власти отворија истрага за несреќата, пренесува АФП. Улиел беше меѓу водечките француски актери на својата генерација. Се прослави во улогата на Ив Сен Лоран во биографскиот филм од 2014 година, а во моментот има една од главните улоги во новата серија на „Марвел“, „Мун Најт“, која допрва ќе има премиера на стриминг платформата „Дизни+“.
Француската кинематографија изгуби голем талент, полн со шарм и енергија, изјави министерот за култура Бруно Ле Мер.
Улиел почнал да глуми на 11 години и за време на неговата успешна кариера, тој освои голем број награди. Во 2005 му беше доделен Сезар, францускиот еквивалент на Оскар, за најнадежен актер, а во 2017 година го освои по вторпат, овојпат за најдобар актер за филмот „Ова е само крајот на светот“. Во Холивуд се проби играјќи го Ханибал Лектер во „Подемот на Ханибал“ од 2007. Улијел, исто така, беше баран модел. Тој беше заштитно лице на мирисот „Bleu de Chanel“. Французинот ги напушти неговиот шестгодишен син Орсо и неговата девојка Гаела Петри.

The post Загина францускиот актер Гаспар Улиел appeared first on Република.

]]>