гасовод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasovod/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 07:42:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гасовод Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasovod/ 32 32 До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/do-22-juni-testirane-na-gasovodot-skopje-gostivar/ Fri, 31 May 2024 07:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=783376

До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.

Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни.

The post До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар appeared first on Република.

]]>

До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница. Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22 јуни.

The post До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар appeared first on Република.

]]>
Наспроти американскиот притисок: Пакистан почна да гради гасовод кон Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nasproti-amerikanskiot-pritisok-pakistan-pochna-da-gradi-gasovod-kon-iran/ Wed, 10 Apr 2024 10:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=764533

Пакистан почнува изградба на гасовод што ќе ја поврзе земјата со Иран.

Како што објавуваат медиумите, пакистанските власти почнале со градежните работи за изградба на 80-километарски дел од гасоводот Пакистан-Иран од Гвадар до точка каде што ќе може да се поврзе со иранскиот гасовод.

Изградбата почнува во очи на очекуваната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан закажана за 22 април.

Почетокот на изградбата на овој гасоводо доаѓа во услови на силно американско неодобрување на билатералниот потфат на Пакистан со Иран. Претходно, портпарол на Стејт департментот изјави дека „водењето бизнис со Иран е ризик да се дојде во контакт со американските санкции“.

The post Наспроти американскиот притисок: Пакистан почна да гради гасовод кон Иран appeared first on Република.

]]>

Пакистан почнува изградба на гасовод што ќе ја поврзе земјата со Иран. Како што објавуваат медиумите, пакистанските власти почнале со градежните работи за изградба на 80-километарски дел од гасоводот Пакистан-Иран од Гвадар до точка каде што ќе може да се поврзе со иранскиот гасовод. Изградбата почнува во очи на очекуваната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан закажана за 22 април. Почетокот на изградбата на овој гасоводо доаѓа во услови на силно американско неодобрување на билатералниот потфат на Пакистан со Иран. Претходно, портпарол на Стејт департментот изјави дека „водењето бизнис со Иран е ризик да се дојде во контакт со американските санкции“.

The post Наспроти американскиот притисок: Пакистан почна да гради гасовод кон Иран appeared first on Република.

]]>
Западни медиуми: Израел стои зад експлозиите на гасоводот во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadni-mediumi-izrael-stoi-zad-eksploziite-na-gasovodot-vo-iran/ Mon, 19 Feb 2024 07:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=745472

Израел стои зад двата напади на големи гасоводи во јужен Иран минатата недела, со коишто беше прекинато снабдувањето со гас за милиони луѓе, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи двајца западни претставници и воен стратег поврзан со Иранската револуционерна гарда.

Весникот пишува дека причините за експлозиите е израелска саботажа.

Ударите на гасоводите беа повеќе симболични и служеа како предупредување за иранските власти за можностите на Израел во контекст на ескалација на тензиите на Блискиот Исток“, изјавил неименуван западен функционер.

Гасоводот, и покрај сериозните оштетувања, е саниран во рок од 24 часа.

The post Западни медиуми: Израел стои зад експлозиите на гасоводот во Иран appeared first on Република.

]]>

Израел стои зад двата напади на големи гасоводи во јужен Иран минатата недела, со коишто беше прекинато снабдувањето со гас за милиони луѓе, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи двајца западни претставници и воен стратег поврзан со Иранската револуционерна гарда. Весникот пишува дека причините за експлозиите е израелска саботажа.
Ударите на гасоводите беа повеќе симболични и служеа како предупредување за иранските власти за можностите на Израел во контекст на ескалација на тензиите на Блискиот Исток“, изјавил неименуван западен функционер.
Гасоводот, и покрај сериозните оштетувања, е саниран во рок од 24 часа.

The post Западни медиуми: Израел стои зад експлозиите на гасоводот во Иран appeared first on Република.

]]>
Голема експлозија на гасовод во американската сојузна држава Оклахома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golema-eksplozija-na-gasovod-vo-amerikanskata-sojuzna-drzhava-oklahoma/ Wed, 31 Jan 2024 08:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=738841

Голема експлозија се случи на гасовод во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат американските медиуми.

Експлозијата се случила синоќа, во 21:45 часот по локално време (4:45 часот утринава по средноевропско време) во округот Бивер, објави Еј-Би-Си Њуз (ABC) на својата веб-страница.

Според противпожарната служба, пламенот достигнува височина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити.

Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведува Еј-Би-Си Њуз.

The post Голема експлозија на гасовод во американската сојузна држава Оклахома appeared first on Република.

]]>

Голема експлозија се случи на гасовод во американската сојузна држава Оклахома, јавуваат американските медиуми. Експлозијата се случила синоќа, во 21:45 часот по локално време (4:45 часот утринава по средноевропско време) во округот Бивер, објави Еј-Би-Си Њуз (ABC) на својата веб-страница. Според противпожарната служба, пламенот достигнува височина од 150 метри и е толку голем што може да се регистрира и од сателити. Противпожарните екипи се на „безбедно растојание“ додека гасот не може да се исклучи, наведува Еј-Би-Си Њуз.

The post Голема експлозија на гасовод во американската сојузна држава Оклахома appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-treba-da-se-oslobodat-ushte-200-milioni-normalni-kubni-meti-vo-gasovodot-za-voopshto-da-ne-koristime-ruski-gas/ Tue, 07 Nov 2023 12:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=699191

Од постојниот гасовод со Бугарија треба да се ослободи проток од уште околу 200 милиони нормални кубни метри природен гас за земјава да ги задоволи сите потреби без да користи руски гас, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Првпат откако е ставен во функција со актуелната Влада се ослободени количини во делот на гасоводот што го имаме со Република Бугарија. Капацитетот од 800 милиони нормални кубни метри што ги имаше гасоводот претходната година ги зголемивме со дополнителни 180 милиони кои не се закупени од страна на Газпром. За топланите и за дел од индустријата новите 180 милиони се доволни, но имајќи ја во превид потрошувачката на цела држава сметам дека е нефер пристапот од бугарската страна да воведе такса од 10 евра за транспорт на руски гас ако на руската компанија Газпром и ги има дадено под закуп тие 800 милиони нормални кубни метри до 2030 година - рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Пивара Скопје заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

Нагласи дека најголем потрошувач на гас во државата е когенеративната електрана ТЕ-ТО која произведува електрична и топлинска енергија и која за тоа користи гас кој е под закуп од страна на Гаспром.

Граѓаните треба да бидат спокојни за топланите и за дел на индустријата веќе од претходната година ги обезбедивме потребните количини гас кај кои нема да има влијание таксата од 10 евра. Но, ако има потреба да се користи топлинската енергија од ТЕ-ТО тогаш би можело да има влијание - рече Бектеши.

Истакна дека вкупната потрошувачка на природен гас во земјава е околу 400 милиони нормални кубни метри годишно.

Ние речиси половина ги ослободивме, а другата половина мора да биде снабдувана од страна на Гаспром или со дозвола на Гаспром да се користи гасоводот од други снабдувачи на што ние немаме никакво влијание, бидејќи закупот на гасоводот и договорите се направени со Бугарија - прецизира Бектеши.

Посочи дека преку веќе ослободените капацитети на гасоводот се снабдуваме со азербејџански природен гас и ЛНГ гас од САД и од некои други земји кој доаѓа од терминалите во Турција и Грција.

Ако се ослободат уште дополнителни 200 милиони нормални кубни метри тогаш земјава ќе има нула потрошувачка на руски гас што најверојатно ќе оди на штета на некои од сегашните снабдувачи, но ќе биде во интерес на државата. Снабдувачот кој има директен договор со Газпром веќе почна да ја зголемува цената со вкалкулирани 10 евра за транспорт низ Бугарија - рече Бектеши.

Во државата, како што кажа има два снабдувача кои користат само руски гас од кои едниот е фирма сестра на ТЕ-ТО, а другиот е македонска фирма и тие веќе стануваат неконкурентни на пазарот за снабдување со природен гас во земјава.

The post Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас appeared first on Република.

Бектеши: Не ја оспоруваме таксата од Бугарија, бараме да ги ослободат количините за нашиот гасовод https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ne-ja-osporuvame-taksata-od-bugarija-barame-da-gi-oslobodat-kolichinite-za-nashiot-gasovod/ Fri, 27 Oct 2023 14:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=695637

Ако воведуваат такса за „Гаспром“, како што вели министерот за финансии на Бугарија, тогаш нека ги укинат и количините што им ги обезбедиле со децении, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На новинарско прашање тој наведе дека „не би сакал да коментира изјави на министри од други држави кои најверојатно имаат внатрешни проблеми“, но дека „прво и основно министерот за финансии на Бугарија треба да знае дека ние не ја оспоруваме таксата која ја вовеле, туку количините што тие ги загарантирале за Гаспром во однос на гасоводот со Република Македонија“, што, потенцираше, се две различни работи.

Количините кои ги закупил „Гаспром“ од бугарската страна до 2030 година немаат врска со воведување на таксата. Претходната година со помош на нашите стратешки партнери, особено САД, ослободивме одредени количини, околу 180 милиони нормални метри кубни, но нашата потрошувачка е 400 милиони. Затоа бараме да се ослободат количините за да можеме да се снабдуваме од други извори како што се снабдуваме за овие 180 милиони нормални метри кубни со азербејџански гас и со ЛНГ што доаѓа од САД. Значи, министерот за финансии зборува за финансискиот аспект и за воведување тарифи и такси, не зборува за процедурални работи и обврски што ги има Република Бугарија кон Европската комисија во делот на издавање на тие закупи преку аукции. Тоа е работа на „Булгартранзгас“ и Министерството за енергетика во Бугарија. Тие треба прво и основно да се консултираат меѓу себе и да имаат единствен став, рече Бектеши.

Бектеши повтори дека во делот на отштетата и споровите што ние би ги отвориле ако не се ослободат капацитетите за пренос на природен гас но граничниот премин со Бугарија, имаме правна основа.

Ако воведат такса, тогаш нека ги укинат и количините што им ги обезбедиле со децении, рече Бектеши.

Мислиме дека сме уценети, рече Бектеши, со тоа што воведуваат такса за „Гаспром“ што не го оспоруваме, а воедно им даваат на „Гаспром“ можност да закупат преносни количини до 2030 година.

Има само еден допис од страна на „Булгартранзгас“ што е пратен до ЕСМ Продажба каде што тие бараат од наша страна да кажеме каков гас користиме. А ние имаме само една точка на испорака, од страна на Бугарија, односно првично и основно тие би требало да знаат каков гас тече низ нивните гасоводи. Ние веќе сме одговориле дека за потребите на ЕСМ продажба користиме азербејџански и ЛНГ гас од САД. Но, за нас не е спорна таксата. Да им биде јасно на граѓаните, ние мислиме дека сме уценети со тоа што воведуваат такса за „Гаспром“ што не го оспоруваме, а воедно им даваат на „Гаспром“ можност да закупат преносни количини до 2030 година. Значи, имаат две мерки кои се спротивставуават една со друга, посочи Бектеши.

Дополни дека прашањето во однос на количините што ги закупил „Гаспром“ во делот на количините со нашата држава го имаме отворено веќе три години. Обезбедивме одредени количини, рече Бектеши, но гасоводот не се користи целосно, туку околу 50 проценти и тие имаат можност согласно со директивите тие 50 проценти, односно околу 400 милиони нормални метри кубни, да ги ослободат за да и другите снабдувачи имаат можност да ја снабдуваат нашата држава.

Тој одговараше на прашања на новинарите по владината седница на која беа донесени одлуки да се продолжи до крајот на годината мерката за гарантираните цени што се во сила за основните прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци

The post Бектеши: Не ја оспоруваме таксата од Бугарија, бараме да ги ослободат количините за нашиот гасовод appeared first on Република.

]]>

Ако воведуваат такса за „Гаспром“, како што вели министерот за финансии на Бугарија, тогаш нека ги укинат и количините што им ги обезбедиле со децении, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. На новинарско прашање тој наведе дека „не би сакал да коментира изјави на министри од други држави кои најверојатно имаат внатрешни проблеми“, но дека „прво и основно министерот за финансии на Бугарија треба да знае дека ние не ја оспоруваме таксата која ја вовеле, туку количините што тие ги загарантирале за Гаспром во однос на гасоводот со Република Македонија“, што, потенцираше, се две различни работи.
Количините кои ги закупил „Гаспром“ од бугарската страна до 2030 година немаат врска со воведување на таксата. Претходната година со помош на нашите стратешки партнери, особено САД, ослободивме одредени количини, околу 180 милиони нормални метри кубни, но нашата потрошувачка е 400 милиони. Затоа бараме да се ослободат количините за да можеме да се снабдуваме од други извори како што се снабдуваме за овие 180 милиони нормални метри кубни со азербејџански гас и со ЛНГ што доаѓа од САД. Значи, министерот за финансии зборува за финансискиот аспект и за воведување тарифи и такси, не зборува за процедурални работи и обврски што ги има Република Бугарија кон Европската комисија во делот на издавање на тие закупи преку аукции. Тоа е работа на „Булгартранзгас“ и Министерството за енергетика во Бугарија. Тие треба прво и основно да се консултираат меѓу себе и да имаат единствен став, рече Бектеши.
Бектеши повтори дека во делот на отштетата и споровите што ние би ги отвориле ако не се ослободат капацитетите за пренос на природен гас но граничниот премин со Бугарија, имаме правна основа. Ако воведат такса, тогаш нека ги укинат и количините што им ги обезбедиле со децении, рече Бектеши. Мислиме дека сме уценети, рече Бектеши, со тоа што воведуваат такса за „Гаспром“ што не го оспоруваме, а воедно им даваат на „Гаспром“ можност да закупат преносни количини до 2030 година.
Има само еден допис од страна на „Булгартранзгас“ што е пратен до ЕСМ Продажба каде што тие бараат од наша страна да кажеме каков гас користиме. А ние имаме само една точка на испорака, од страна на Бугарија, односно првично и основно тие би требало да знаат каков гас тече низ нивните гасоводи. Ние веќе сме одговориле дека за потребите на ЕСМ продажба користиме азербејџански и ЛНГ гас од САД. Но, за нас не е спорна таксата. Да им биде јасно на граѓаните, ние мислиме дека сме уценети со тоа што воведуваат такса за „Гаспром“ што не го оспоруваме, а воедно им даваат на „Гаспром“ можност да закупат преносни количини до 2030 година. Значи, имаат две мерки кои се спротивставуават една со друга, посочи Бектеши.
Дополни дека прашањето во однос на количините што ги закупил „Гаспром“ во делот на количините со нашата држава го имаме отворено веќе три години. Обезбедивме одредени количини, рече Бектеши, но гасоводот не се користи целосно, туку околу 50 проценти и тие имаат можност согласно со директивите тие 50 проценти, односно околу 400 милиони нормални метри кубни, да ги ослободат за да и другите снабдувачи имаат можност да ја снабдуваат нашата држава. Тој одговараше на прашања на новинарите по владината седница на која беа донесени одлуки да се продолжи до крајот на годината мерката за гарантираните цени што се во сила за основните прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци

The post Бектеши: Не ја оспоруваме таксата од Бугарија, бараме да ги ослободат количините за нашиот гасовод appeared first on Република.

]]>
Нинисто: Оштетувањето на гасоводот најверојатно е резултат на „надворешни активности“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ninisto-oshtetuvaneto-na-gasovodot-najverojatno-e-rezultat-na-nadvoreshni-aktivnosti/ Tue, 10 Oct 2023 15:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=689960

Претседателот на Финска, Саули Нинисто изјави денеска дека оштетувањето на финско-естонскиот гасовод и комуникацискиот кабел веројатно е резултат на „надворешни активности“.

Штетата на подводната инфраструктура е сфатена сериозно и нејзините причини се истражуваат од неделата, посочи Нинисто.

Тој додаде дека сè уште не е разјаснета причината за оштетување на гасоводот

The post Нинисто: Оштетувањето на гасоводот најверојатно е резултат на „надворешни активности“ appeared first on Република.

Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Македонија и ставен на јавен увид https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-izraboten-prostoren-plan-za-gasna-interkonektsija-so-makedonija-i-staven-na-javen-uvid/ Thu, 21 Sep 2023 09:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=683708

Во Србија е изработен и ставен на јавен увид планот за израдба на двонасочен гасовод долг 146 километри, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Српското министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура го стави на ран јавен увид просторниот план за посебна намена со елементи на детална регулација за магистрален гасовод МГ 14 Грч Орљане-Лесковац-Врање-граница со Република Македонија, соопшти бизнис порталот еКапија.

Според документот што го подготви Институтот за архитектура и урбанизам на Србија, гасоводот ќе биде долг 146 километри.

Главната цел на креирањето на Просторниот план е изградба на магистрален гасовод за јужна Србија, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Република Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија.

Положбата на коридорот на планираниот гасовод е таква што се избегнува минување низ густо населените места. Меѓу поголемите населби во непосредна близина на коридорот се Дољевац, Врањска Бања, Врање и Бујановац.

Линеарниот дел од двонасочниот магистрален гасовод МГ14 е планиран како едноцевен систем кој е целосно поставен под земја.

Гасоводот ќе се поврзе со постојниот главен дистрибутивен јазол (ГРЧ) „Орљане“ кој се наоѓа југозападно од населбата Орљане во општина Дољевац, а крајот на гасоводот е интерконекција на гасоводот на граница на Република Србија и Република Македонија.

Планираниот гасовод е со максимален работен притисок до MOP=55bar и се планира да биде изведен од челични цевки со пречник од DN500.

Составен дел на идниот гасовод ќе се состои од две главни мерно регулациони станици – ГМРС „Владичин Хан“ и ГМРС „Врање“, како и 6 блок станици и други потребни објекти и инсталации.

Гасната интерконекција на Србија со  Македонија договорена е во 2021 година.

Во април годинава ресорната министерка Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ соопшти дека Србија почнала со изработка на просторно-техничка документација за изградба на оваа гасна интерконекција.

На крајот на мај, Владата на Србија донесе одлука за изработка на Просторен план на област со посебна намена со елементи на детална регулација за магистрален гасовод МГ 14 ГРЧ Орљане – Лесковац – Врање – граница со Република Македонија.

На овој начин се отвора можноста за снабдување на пазарот со природен гас и од други извори на снабдување, и би се реализирала идејата за пазар на природен гас од Договорот за основање на Енергетската заедница се реализираше во пракса – соопштија тогаш од владата.

The post Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Македонија и ставен на јавен увид appeared first on Република.

]]>

Во Србија е изработен и ставен на јавен увид планот за израдба на двонасочен гасовод долг 146 километри, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Српското министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура го стави на ран јавен увид просторниот план за посебна намена со елементи на детална регулација за магистрален гасовод МГ 14 Грч Орљане-Лесковац-Врање-граница со Република Македонија, соопшти бизнис порталот еКапија. Според документот што го подготви Институтот за архитектура и урбанизам на Србија, гасоводот ќе биде долг 146 километри. Главната цел на креирањето на Просторниот план е изградба на магистрален гасовод за јужна Србија, кој ќе обезбеди меѓусебно поврзување со гасоводниот систем на Република Македонија и предуслови за гасификација на градовите и општините во јужна Србија. Положбата на коридорот на планираниот гасовод е таква што се избегнува минување низ густо населените места. Меѓу поголемите населби во непосредна близина на коридорот се Дољевац, Врањска Бања, Врање и Бујановац. Линеарниот дел од двонасочниот магистрален гасовод МГ14 е планиран како едноцевен систем кој е целосно поставен под земја. Гасоводот ќе се поврзе со постојниот главен дистрибутивен јазол (ГРЧ) „Орљане“ кој се наоѓа југозападно од населбата Орљане во општина Дољевац, а крајот на гасоводот е интерконекција на гасоводот на граница на Република Србија и Република Македонија. Планираниот гасовод е со максимален работен притисок до MOP=55bar и се планира да биде изведен од челични цевки со пречник од DN500. Составен дел на идниот гасовод ќе се состои од две главни мерно регулациони станици – ГМРС „Владичин Хан“ и ГМРС „Врање“, како и 6 блок станици и други потребни објекти и инсталации. Гасната интерконекција на Србија со  Македонија договорена е во 2021 година. Во април годинава ресорната министерка Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ соопшти дека Србија почнала со изработка на просторно-техничка документација за изградба на оваа гасна интерконекција. На крајот на мај, Владата на Србија донесе одлука за изработка на Просторен план на област со посебна намена со елементи на детална регулација за магистрален гасовод МГ 14 ГРЧ Орљане – Лесковац – Врање – граница со Република Македонија. На овој начин се отвора можноста за снабдување на пазарот со природен гас и од други извори на снабдување, и би се реализирала идејата за пазар на природен гас од Договорот за основање на Енергетската заедница се реализираше во пракса – соопштија тогаш од владата.

The post Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Македонија и ставен на јавен увид appeared first on Република.

]]>
Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/ Sat, 10 Jun 2023 10:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=649863

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море.

Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој Европа се снабдува со руски гас, пишува американскиот весник Волстрит журнал.

Истражителите се обидуваат да откријат зошто јахтата користена за минирање на гасоводот влегла во полските води, се наведува во извештајот. Истрагата покажала и дека Полска би можела да биде центар и за логистика и за финансирање на диверзантскиот напад, додава весникот.

Истражителите утврдиле дека јахтата го променила планираниот курс и запловила во полските води, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот, сателити и мобилни телефони, од мејлови и собрани примероци од ДНК пронајдени на јахтата, кои Германија се обидела да ги поврзе со најмалку еден украински војник, пренесуваат британските медиуми.

Германската полиција и кабинетот на полскиот премиер се уште не одговориле на барањето за коментар на наводите на весникот Волстрит журнал.

„Вашингтон пост“ оваа недела објави дека САД знаеле за планот на Украина да го нападне гасоводот „Северен тек“ три месеци пред гасоводот да биде оштетен од подводни експлозии.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украинците не го саботирале гасоводот.

Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, кои потврдија дека се намерно предизвикани, но не можеа да утврдат кој е одговорен за нив.

Русија инсистира дека е неопходно да се спроведе објективна меѓународна истрага за експлозиите на гасоводот, со нејзино учество, а тврди дека нападите на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември се терористички напади.

На почетокот на февруари, познатиот американски истражувачки новинар Сејмур Херш предизвика сензација со своите тврдења дека нуркачи на американската морнарица поставиле експлозивни направи на гасоводи веќе во јуни.

Како што објави WSJ, германските истражители заклучиле дека експлозивот користен во нападот HMX бил познат како октоген, безбојна супстанца погодна за уништување на подводната инфраструктура.

The post Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море appeared first on Република.

]]>

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море. Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој Европа се снабдува со руски гас, пишува американскиот весник Волстрит журнал. Истражителите се обидуваат да откријат зошто јахтата користена за минирање на гасоводот влегла во полските води, се наведува во извештајот. Истрагата покажала и дека Полска би можела да биде центар и за логистика и за финансирање на диверзантскиот напад, додава весникот. Истражителите утврдиле дека јахтата го променила планираниот курс и запловила во полските води, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот, сателити и мобилни телефони, од мејлови и собрани примероци од ДНК пронајдени на јахтата, кои Германија се обидела да ги поврзе со најмалку еден украински војник, пренесуваат британските медиуми. Германската полиција и кабинетот на полскиот премиер се уште не одговориле на барањето за коментар на наводите на весникот Волстрит журнал. „Вашингтон пост“ оваа недела објави дека САД знаеле за планот на Украина да го нападне гасоводот „Северен тек“ три месеци пред гасоводот да биде оштетен од подводни експлозии. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украинците не го саботирале гасоводот. Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, кои потврдија дека се намерно предизвикани, но не можеа да утврдат кој е одговорен за нив. Русија инсистира дека е неопходно да се спроведе објективна меѓународна истрага за експлозиите на гасоводот, со нејзино учество, а тврди дека нападите на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември се терористички напади. На почетокот на февруари, познатиот американски истражувачки новинар Сејмур Херш предизвика сензација со своите тврдења дека нуркачи на американската морнарица поставиле експлозивни направи на гасоводи веќе во јуни. Како што објави WSJ, германските истражители заклучиле дека експлозивот користен во нападот HMX бил познат како октоген, безбојна супстанца погодна за уништување на подводната инфраструктура.

The post Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море appeared first on Република.

]]>
Русија ја обвини Украина дека разнела важен гасовод https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-obvini-ukraina-deka-raznela-vazhen-gasovod/ Wed, 07 Jun 2023 14:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=648909

Денеска Русија ја обвини Украина дека го разнела гасоводот, кој го поврзува рускиот град Толјати со украинското пристаниште Одеса, за извоз на амонијак и ѓубрива, кој беше затворен во февруари 2022 година, но Москва побара тој повторно да се отвори. „Украинска диверзантска група го разнесе амонијакот меѓу Тољати и Одеса, долг околу 2.400 километри“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Гасоводот и овозможи на Русија да извезува амонијак во ЕУ
Експлозијата се случила во понеделникот вечерта во близина на Масиутивка, село под контрола на руските сили во областа Харков (североисточно од Украина), која украинската армија речиси целосно ја ослободила есента 2022 година, според истиот извор. „Неколку цивили се ранети. Им беше потребна медицинска помош“, се додава во соопштението.

Гасоводот што го поврзува рускиот град Толјати, на Волга, со Одеса, најважното украинско пристаниште на Црното Море, и овозможи на Русија да извезува повеќе од 2,5 милиони тони амонијак годишно, главната состојка на вештачкото ѓубриво, главно во Европската Унија.

Се користеше за извоз на производите на хемиската фабрика во Толјати, најголемиот производител на амонијак во Русија и еден од најголемите во светот. Гасоводот, изграден кон крајот на 1970-тите, престана да работи на почетокот на руската офанзива во Украина минатиот февруари.

Захарова: Овој гасовод за амонијак е важен за безбедноста на храната во светот
Неговото повторно пуштање во употреба, побарано од Русија, е дел од преговорите за извоз на жито со учество на ОН и овозможи извоз на милиони тони украинско жито.

„Овој гасовод за амонијак е важен за безбедноста на храната во светот“, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

Таа ја обвини Украина дека им нанела тежок удар на напорите на ОН за борба против гладта.

„Само режимот во Киев нема интерес за повторно отворање на цевководот за амонијак“, рече Захарова.

Таа додаде дека ќе бидат потребни еден до три месеци за да се санира оштетениот гасовод. Договорот за извоз на жито беше потпишан на 22 јули минатата година од ОН, Украина, Русија и Турција.

Тој договор овозможи украинското жито да се извезува преку Црното Море, а во мај беше продолжен за два месеци, до 17 јули, додека Москва бара гаранции за делот од договорот поврзан со извозот на нејзиното вештачко ѓубриво.

The post Русија ја обвини Украина дека разнела важен гасовод appeared first on Република.

]]>

Денеска Русија ја обвини Украина дека го разнела гасоводот, кој го поврзува рускиот град Толјати со украинското пристаниште Одеса, за извоз на амонијак и ѓубрива, кој беше затворен во февруари 2022 година, но Москва побара тој повторно да се отвори. „Украинска диверзантска група го разнесе амонијакот меѓу Тољати и Одеса, долг околу 2.400 километри“, соопшти руското Министерство за одбрана. Гасоводот и овозможи на Русија да извезува амонијак во ЕУ Експлозијата се случила во понеделникот вечерта во близина на Масиутивка, село под контрола на руските сили во областа Харков (североисточно од Украина), која украинската армија речиси целосно ја ослободила есента 2022 година, според истиот извор. „Неколку цивили се ранети. Им беше потребна медицинска помош“, се додава во соопштението. Гасоводот што го поврзува рускиот град Толјати, на Волга, со Одеса, најважното украинско пристаниште на Црното Море, и овозможи на Русија да извезува повеќе од 2,5 милиони тони амонијак годишно, главната состојка на вештачкото ѓубриво, главно во Европската Унија. Се користеше за извоз на производите на хемиската фабрика во Толјати, најголемиот производител на амонијак во Русија и еден од најголемите во светот. Гасоводот, изграден кон крајот на 1970-тите, престана да работи на почетокот на руската офанзива во Украина минатиот февруари. Захарова: Овој гасовод за амонијак е важен за безбедноста на храната во светот Неговото повторно пуштање во употреба, побарано од Русија, е дел од преговорите за извоз на жито со учество на ОН и овозможи извоз на милиони тони украинско жито.
„Овој гасовод за амонијак е важен за безбедноста на храната во светот“, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.
Таа ја обвини Украина дека им нанела тежок удар на напорите на ОН за борба против гладта.
„Само режимот во Киев нема интерес за повторно отворање на цевководот за амонијак“, рече Захарова.
Таа додаде дека ќе бидат потребни еден до три месеци за да се санира оштетениот гасовод. Договорот за извоз на жито беше потпишан на 22 јули минатата година од ОН, Украина, Русија и Турција. Тој договор овозможи украинското жито да се извезува преку Црното Море, а во мај беше продолжен за два месеци, до 17 јули, додека Москва бара гаранции за делот од договорот поврзан со извозот на нејзиното вештачко ѓубриво.

The post Русија ја обвини Украина дека разнела важен гасовод appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и Радев на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор во Костинброд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-i-radev-na-pochetokot-na-izgradbata-na-gasniot-interkonektor-vo-kostinbrod/ Wed, 01 Feb 2023 11:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=603326

Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави агенцијата Бета.

Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.

Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“.

Вучиќ информира дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во план.

Благодарам Румен Радев на трудот заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни заеднички односи, напиша Вучиќ.

The post Вучиќ и Радев на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор во Костинброд appeared first on Република.

]]>

Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави агенцијата Бета.
Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.
Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“. Вучиќ информира дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во план.
Благодарам Румен Радев на трудот заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни заеднички односи, напиша Вучиќ.
 
The post Вучиќ и Радев на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор во Костинброд appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-i-radev-utre-ke-go-oznachat-pochetokot-na-povrzuvaneto-so-gasovodot-srbija-bugarija/ Tue, 31 Jan 2023 13:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=603008

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот.

Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш

Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за Европската Унија.

Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, а остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.

The post Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе присуствува на церемонијата по повод почетокот на работите на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, соопшти денеска Кабинетот. Во соопштението се наведува дека по тој повод Вучиќ ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓусистемската гасна врска „Бугарија-Србија“ (ИБС) во Србија ќе биде долга 109 километри, а вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји е 170 километри, од Нови Искар кај Софија до Ниш Гасоводот има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно и е проект од заеднички интерес за Европската Унија. Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка, е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони се неповратни ЕУ кофинансирање од ИПА фондовите, а остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.  

The post Вучиќ и Радев утре ќе го означат почетокот на поврзувањето со гасоводот Србија – Бугарија appeared first on Република.

]]>
Нема докази дека e намерна експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-dokazi-deka-e-namerna-eksplozijata-na-gasovodot-shto-gi-povrzuva-litvanija-i-letonija/ Fri, 13 Jan 2023 21:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=596680

Немунас Бикнијус, извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, соопшти дека нема непосредни докази оти експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија била последица на напад.

Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, изјави Бикнеус на прес-конференција.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

https://republika.mk/vesti/svet/eksplodira-gasovodot-shto-ja-povrzuva-litvanija-so-letonija/

На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во cеверна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.

The post Нема докази дека e намерна експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија appeared first on Република.

]]>

Немунас Бикнијус, извршниот директор на „Амбер Грид“, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, соопшти дека нема непосредни докази оти експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија била последица на напад.
Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, изјави Бикнеус на прес-конференција.
Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија. https://republika.mk/vesti/svet/eksplodira-gasovodot-shto-ja-povrzuva-litvanija-so-letonija/ На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во cеверна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.

The post Нема докази дека e намерна експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија appeared first on Република.

]]>
Скрекас: Завршен маркет тестот за гасоводот со Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/skrekas-zavrshen-market-testot-za-gasovodot-so-makedonija/ Tue, 25 Oct 2022 07:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=565263

На електричните поврзувања со  Македонија, Италија и Бугарија, кои Грција двојно ги зголемува, како и на завршениот маркет тест за интерконекторот за природен гас со нашата земја, се осврнал министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас на Самитот на Западен Балкан за енергетската безбедност и зелената транзиција во земјите од регионот, одржан вчера во Берлин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за животна средина и енергетика на Грција соопштија дека во однос на природниот гас, Скрекас истакнал дека е завршено маркет тестирањето за гасоводот со Македонија, кој се проценува дека ќе биде завршен до средината на 2025 година и станува збор за систем кој ќе биде 100 проценти подготвен за транспорт на водород, а исто така ја истакнал важноста и за пуштањето во употреба на гасоводот ИГБ, како и изградбата на новите пловни единици за складирање на течен природен гас во Александруполи и Коринт.

На Самитот, Скрекас потенцирал дека Грција ги удвојува електричните интерконекции со  Македонија, Италија и Бугарија, а до крајот на деценијата тројно ќе го зголеми капацитетот на интерконекцијата со Албанија.

Додал дека Грција ја зајакнува енергетската соработка со Западен Балкан.

Убеден сум дека зајакнатата регионална соработка е клучот за справување со кризите, како оваа што денес ја живее Европа. Грција ја зајакнува соработката со соседните земји, имплементирајќи стратешки инфраструктури кои ќе понудат алтернативни извори на снабдување со енергија и максимално го зголемува навлегувањето на обновливите извори на енергија. Оптимист сум дека Западен Балкан ќе се приклучи на заедничката европска визија за зелена транзиција и ќе работиме со обединетост, заедно, за одржлива иднина на стабилност и издржливост за нашите граѓани - рече Скрекас.

Паралелно министерот за животна средина и енергетика на Грција го претставил стратешкиот план на грчката Влада за обезбедување енергетска безбедност, се осврнал на големиот напредок во областа на обновливите извори на енергија и истакнал дека „Грција се претвора во регионален центар за трансфер на зелена енергија“

The post Скрекас: Завршен маркет тестот за гасоводот со Македонија appeared first on Република.

]]>

На електричните поврзувања со  Македонија, Италија и Бугарија, кои Грција двојно ги зголемува, како и на завршениот маркет тест за интерконекторот за природен гас со нашата земја, се осврнал министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас на Самитот на Западен Балкан за енергетската безбедност и зелената транзиција во земјите од регионот, одржан вчера во Берлин, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и енергетика на Грција соопштија дека во однос на природниот гас, Скрекас истакнал дека е завршено маркет тестирањето за гасоводот со Македонија, кој се проценува дека ќе биде завршен до средината на 2025 година и станува збор за систем кој ќе биде 100 проценти подготвен за транспорт на водород, а исто така ја истакнал важноста и за пуштањето во употреба на гасоводот ИГБ, како и изградбата на новите пловни единици за складирање на течен природен гас во Александруполи и Коринт. На Самитот, Скрекас потенцирал дека Грција ги удвојува електричните интерконекции со  Македонија, Италија и Бугарија, а до крајот на деценијата тројно ќе го зголеми капацитетот на интерконекцијата со Албанија. Додал дека Грција ја зајакнува енергетската соработка со Западен Балкан.
Убеден сум дека зајакнатата регионална соработка е клучот за справување со кризите, како оваа што денес ја живее Европа. Грција ја зајакнува соработката со соседните земји, имплементирајќи стратешки инфраструктури кои ќе понудат алтернативни извори на снабдување со енергија и максимално го зголемува навлегувањето на обновливите извори на енергија. Оптимист сум дека Западен Балкан ќе се приклучи на заедничката европска визија за зелена транзиција и ќе работиме со обединетост, заедно, за одржлива иднина на стабилност и издржливост за нашите граѓани - рече Скрекас.
Паралелно министерот за животна средина и енергетика на Грција го претставил стратешкиот план на грчката Влада за обезбедување енергетска безбедност, се осврнал на големиот напредок во областа на обновливите извори на енергија и истакнал дека „Грција се претвора во регионален центар за трансфер на зелена енергија“

The post Скрекас: Завршен маркет тестот за гасоводот со Македонија appeared first on Република.

]]>
Бугарија ѝ го става на располагање својот гасовод на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-go-stava-svojot-gasovod-vo-funkcija-na-makedonija/ Thu, 20 Oct 2022 07:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=563358

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод - ГА-МА и Булгартрансгаз, кои се во стоотстотна државна сопственост постигнаа нацрт-договор за меѓусистемско поврзување. Ова го објави Булгартрансгаз на својата веб-страница, при тоа објавувајќи го и решението, кое како што дознава „Фактор“, треба да се потпише околу 1 ноември.

Објавено е дека од 18 до 28 октомври ќе трае јавната консултација за бизнис правилата од проектот за меѓусистемско поврзување на точката Ќустендил (Бугарија) - Жидилово (Македонија). На јавна дискусија двата оператори ќе ги презентираат правилата за процедурите за дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата.

Целиот текст овде.

The post Бугарија ѝ го става на располагање својот гасовод на Македонија appeared first on Република.

]]>

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод - ГА-МА и Булгартрансгаз, кои се во стоотстотна државна сопственост постигнаа нацрт-договор за меѓусистемско поврзување. Ова го објави Булгартрансгаз на својата веб-страница, при тоа објавувајќи го и решението, кое како што дознава „Фактор“, треба да се потпише околу 1 ноември. Објавено е дека од 18 до 28 октомври ќе трае јавната консултација за бизнис правилата од проектот за меѓусистемско поврзување на точката Ќустендил (Бугарија) - Жидилово (Македонија). На јавна дискусија двата оператори ќе ги презентираат правилата за процедурите за дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Целиот текст овде.

The post Бугарија ѝ го става на располагање својот гасовод на Македонија appeared first on Република.

]]>
Данската полиција потврди дека истекувањето гас од „Северен поток“ било предизвикано од силни експлозии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danskata-policija-potvrdi-deka-istekuvanjeto-gas-od-severen-potok-bilo-predizvikano-od-silni-eksplozii/ Tue, 18 Oct 2022 09:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=562450

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи „Северен поток“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажала дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген.

Понатамошната истрага за експлозиите од 26 септември во данската ексклузивна економска зона полицијата ќе ја спроведе заедно со Данската служба за безбедност и разузнавање.

Се уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија бидејќи тоа зависи од неколку актери - велат од полицијата во Копенхаген.

Гасоводите беа оштетени на крајот на септември, во експлозии на четири места, две во шведските и две во данските територијални води. Се смета дека станува збор за саботажа и е отворена истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина.

Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не истекува од гасоводот во нивната економска зона.

Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и бара да биде вклучена во истрагата.

The post Данската полиција потврди дека истекувањето гас од „Северен поток“ било предизвикано од силни експлозии appeared first on Република.

]]>

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи „Северен поток“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажала дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии“, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген. Понатамошната истрага за експлозиите од 26 септември во данската ексклузивна економска зона полицијата ќе ја спроведе заедно со Данската служба за безбедност и разузнавање.
Се уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија бидејќи тоа зависи од неколку актери - велат од полицијата во Копенхаген.
Гасоводите беа оштетени на крајот на септември, во експлозии на четири места, две во шведските и две во данските територијални води. Се смета дека станува збор за саботажа и е отворена истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина. Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не истекува од гасоводот во нивната економска зона. Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и бара да биде вклучена во истрагата.

The post Данската полиција потврди дека истекувањето гас од „Северен поток“ било предизвикано од силни експлозии appeared first on Република.

]]>
Ердоган наредил изградбата на гасен чвор во Турција за транспорт на руски гас за Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-naredil-izgradbata-na-gasen-chvor-vo-turcija-za-transport-na-ruski-gas-za-evropa/ Fri, 14 Oct 2022 10:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=561013

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издал указ до владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот чвор“ во Турција.

Турските медиуми објавуваат дека изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа.

Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат - изјави Ердоган при враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.

За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас.

Тој изјавил и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската Унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“.

The post Ердоган наредил изградбата на гасен чвор во Турција за транспорт на руски гас за Европа appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган издал указ до владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот чвор“ во Турција. Турските медиуми објавуваат дека изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа.
Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат - изјави Ердоган при враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.
За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас. Тој изјавил и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската Унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“.

The post Ердоган наредил изградбата на гасен чвор во Турција за транспорт на руски гас за Европа appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за опасноста од напад врз гасоводот Турски тек: Ќе разговарам со полицијата, ако треба ќе кренеме и хеликоптери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-za-opasnosta-od-napad-vrz-gasovodot-turski-tek-kje-razgovaram-so-policijata-ako-treba-kje-kreneme-i-helikopteri/ Tue, 11 Oct 2022 16:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=559769

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека земја би останала без струја и без гас доколку биде уништен гасоводот Турски тек и најави дека ќе побара од БИА и од полицијата да го заштитат гасоводот во Србија од можни пренасочувања.

Никој во медиумите не забележа, а пишуваше дека претседателот Путин соопшти дека некој се обидел да го уништи Турски тек и да го спречи понатамошниот проток на гас. Да се ​​случеше тоа, не знам што ќе се слуќеше, ќе значеше дека не би имале струја, бидејќи гасните централи ТЕТО Нови Сад, Зрењанин и ТЕТО Панчево не би работеле. Тоа би значело дека нема гас, нема ништо без разлика на нашите резерви кои се најголеми во историјата - изјави Вучиќ за новинарите по средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед. Ал Нахјан.

Вучиќ посочи дека тоа би значело дека Србија шест месеци ќе остане без струја и гас.

Како што потсети Вучиќ, само Белград троши три милиони кубни метри гас, а на дневна основа пристигнуваат шест милиони кубни метри, што е редовна транша.

Вучиќ изјави дека ќе побара дополнителни информации од руска страна за обидот за уништување на Турски тек и дека ќе побара дополнително да се заштити српскиот дел од гасоводот по целата должина.

Разговарав со БИА, ќе разговарам и со полицијата за подигање хеликоптери и негова заштита од потенцијални диверзии. Свесен сум дека ова се случи во Црното Море, не во нашата земја, но ќе направиме што можеме за гасоводот да биде безбеден кај нас - порача Вучиќ.

The post Вучиќ за опасноста од напад врз гасоводот Турски тек: Ќе разговарам со полицијата, ако треба ќе кренеме и хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави дека земја би останала без струја и без гас доколку биде уништен гасоводот Турски тек и најави дека ќе побара од БИА и од полицијата да го заштитат гасоводот во Србија од можни пренасочувања.
Никој во медиумите не забележа, а пишуваше дека претседателот Путин соопшти дека некој се обидел да го уништи Турски тек и да го спречи понатамошниот проток на гас. Да се ​​случеше тоа, не знам што ќе се слуќеше, ќе значеше дека не би имале струја, бидејќи гасните централи ТЕТО Нови Сад, Зрењанин и ТЕТО Панчево не би работеле. Тоа би значело дека нема гас, нема ништо без разлика на нашите резерви кои се најголеми во историјата - изјави Вучиќ за новинарите по средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед. Ал Нахјан.
Вучиќ посочи дека тоа би значело дека Србија шест месеци ќе остане без струја и гас. Како што потсети Вучиќ, само Белград троши три милиони кубни метри гас, а на дневна основа пристигнуваат шест милиони кубни метри, што е редовна транша. Вучиќ изјави дека ќе побара дополнителни информации од руска страна за обидот за уништување на Турски тек и дека ќе побара дополнително да се заштити српскиот дел од гасоводот по целата должина.
Разговарав со БИА, ќе разговарам и со полицијата за подигање хеликоптери и негова заштита од потенцијални диверзии. Свесен сум дека ова се случи во Црното Море, не во нашата земја, но ќе направиме што можеме за гасоводот да биде безбеден кај нас - порача Вучиќ.

The post Вучиќ за опасноста од напад врз гасоводот Турски тек: Ќе разговарам со полицијата, ако треба ќе кренеме и хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Русија го истражува оштетувањето на гасоводите Северен поток како „меѓународен тероризам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-istrazuva-oshtetuvanjeto-na-gasovodite-severen-potok-kako-megjunaroden-terorizam/ Wed, 28 Sep 2022 18:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=555327

Руската безбедносна служба ФСБ ја истражува штетата врз гасоводите „Северен поток“ под Балтичкото Море како „меѓународен тероризам“, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјава од канцеларијата на јавниот обвинител.

Истекувањето од гасоводот огромни количини природен гас преку дното на Балтичкото Море може да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленички гасови во Данска, предупреди денеска шефот на данската агенција за енергетика, Кристофер Боцау.

Тој изјави дека истекувањето гас од цевководите Северен поток 1 и 2 изнесува приближно 32 отсто од годишните емисии на јаглерод диоксид во Данска. Емисиите на CO2 во Данска во 2020 година се проценуваат на 45 милиони тони.

„Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Боцау, но не кажа кога ќе може да се увиди состојбата на цевките, за кои рече дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обвиткани во бетон.

Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри.

The post Русија го истражува оштетувањето на гасоводите Северен поток како „меѓународен тероризам“ appeared first on Република.

]]>

Руската безбедносна служба ФСБ ја истражува штетата врз гасоводите „Северен поток“ под Балтичкото Море како „меѓународен тероризам“, јавија руските медиуми повикувајќи се на изјава од канцеларијата на јавниот обвинител. Истекувањето од гасоводот огромни количини природен гас преку дното на Балтичкото Море може да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на стакленички гасови во Данска, предупреди денеска шефот на данската агенција за енергетика, Кристофер Боцау. Тој изјави дека истекувањето гас од цевководите Северен поток 1 и 2 изнесува приближно 32 отсто од годишните емисии на јаглерод диоксид во Данска. Емисиите на CO2 во Данска во 2020 година се проценуваат на 45 милиони тони. „Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Боцау, но не кажа кога ќе може да се увиди состојбата на цевките, за кои рече дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обвиткани во бетон. Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри.

The post Русија го истражува оштетувањето на гасоводите Северен поток како „меѓународен тероризам“ appeared first on Република.

]]>
Германските власти се сомневаат дека гасоводот е оштетен намерно, Шведска забрани пловидба близу истекувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskite-vlasti-se-somnevaat-deka-gasovodot-e-oshteten-namerno-shvedska-zabrani-plovidba-blizu-istekuvanjeto/ Tue, 27 Sep 2022 11:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=554777

Шведската поморска управа (SMA) испрати предупредување поради оштетување и две истекувања на гас од гасоводот „Северен тек 1“ во сопственост на Русија во Балтичкото Море.

– Има две протекувања на Северен тек 1 – едно во шведската економска зона и едно во данската економска зона. Тие се многу блиску еден до друг, изјави портпаролот на SMA за Ројтерс.

Причините за истекувањето што се случи на североистокот на данскиот остров Борнхолм, засега се нејасни, рече тој.

Друг портпарол на SMA изјави за агенцијата дека шведските власти внимаваат дополнително за да се осигураат дека ниту еден брод не се приближува преблиску до локацијата.

Во понеделникот, Данска соопшти дека открила истекување во гасоводот Северен тек 2, во сопственост на Русија, југоисточно од Борнхолм.

Операторот на гасоводот потврди пад на притисокот на двете линии на Северен тек 1 и на Северен тек 2.

Во меѓувреме, во извештајот на весникот „Тагесшпигел“ се тврди дека германските власти се сомневаат дека нафтоводите биле предмет на намерен напад што би можело да го изврши Украина или пак Русија со намера да ја префрлат вината на Киев.

Димитри Песков, портпаролот на Владимир Путин, денеска изјави дека оштетувањата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ можеби биле предизвикани од саботажа.

Гасоводот „Северен тек 2“ беше завршен во септември 2021 година, но никогаш не почна да се употребува комерцијално, бидејќи Берлин го стопираше своето сертифицирање на неодредено време само неколку дена пред започнувањето на воената операција на Москва во Украина.

Северен тек 1 испорачуваше гас на Европа до крајот на август, кога Русија ги намали испораките, наведувајќи ги техничките тешкотии што произлегуваат од санкциите на Западот. ЕУ тврди дека затворањето на гасоводот било политички мотивирано.

И покрај тоа што цевководите не се во функција во моментов, тие сè уште се полни со гас и се под притисок, според германската новинска агенција ДПА.

The post Германските власти се сомневаат дека гасоводот е оштетен намерно, Шведска забрани пловидба близу истекувањето appeared first on Република.

]]>

Шведската поморска управа (SMA) испрати предупредување поради оштетување и две истекувања на гас од гасоводот „Северен тек 1“ во сопственост на Русија во Балтичкото Море.
– Има две протекувања на Северен тек 1 – едно во шведската економска зона и едно во данската економска зона. Тие се многу блиску еден до друг, изјави портпаролот на SMA за Ројтерс.
Причините за истекувањето што се случи на североистокот на данскиот остров Борнхолм, засега се нејасни, рече тој. Друг портпарол на SMA изјави за агенцијата дека шведските власти внимаваат дополнително за да се осигураат дека ниту еден брод не се приближува преблиску до локацијата. Во понеделникот, Данска соопшти дека открила истекување во гасоводот Северен тек 2, во сопственост на Русија, југоисточно од Борнхолм. Операторот на гасоводот потврди пад на притисокот на двете линии на Северен тек 1 и на Северен тек 2. Во меѓувреме, во извештајот на весникот „Тагесшпигел“ се тврди дека германските власти се сомневаат дека нафтоводите биле предмет на намерен напад што би можело да го изврши Украина или пак Русија со намера да ја префрлат вината на Киев. Димитри Песков, портпаролот на Владимир Путин, денеска изјави дека оштетувањата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ можеби биле предизвикани од саботажа. Гасоводот „Северен тек 2“ беше завршен во септември 2021 година, но никогаш не почна да се употребува комерцијално, бидејќи Берлин го стопираше своето сертифицирање на неодредено време само неколку дена пред започнувањето на воената операција на Москва во Украина. Северен тек 1 испорачуваше гас на Европа до крајот на август, кога Русија ги намали испораките, наведувајќи ги техничките тешкотии што произлегуваат од санкциите на Западот. ЕУ тврди дека затворањето на гасоводот било политички мотивирано. И покрај тоа што цевководите не се во функција во моментов, тие сè уште се полни со гас и се под притисок, според германската новинска агенција ДПА.

The post Германските власти се сомневаат дека гасоводот е оштетен намерно, Шведска забрани пловидба близу истекувањето appeared first on Република.

]]>