гасна конекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasna-konekcija/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 15:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гасна конекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasna-konekcija/ 32 32 Бугарија и Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bugarija-i-makedonija-kje-skluchat-dogovor-za-gasna-interkonekcija/ Thu, 20 Oct 2022 15:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=563662

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија.

Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово.

Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД ќе ги претстават пред јавноста правилата и процедурите за снабдување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултациите ќе продолжат до 27.10.2022 година и имаат за цел да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Македонија и комерцијалн пренос од Македонија во Бугарија.

 

The post Бугарија и Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција appeared first on Република.

]]>

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија. Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово. Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата. ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД ќе ги претстават пред јавноста правилата и процедурите за снабдување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултациите ќе продолжат до 27.10.2022 година и имаат за цел да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово. ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Македонија и комерцијалн пренос од Македонија во Бугарија.  

The post Бугарија и Македонија ќе склучат договор за гасна интерконекција appeared first on Република.

]]>