гасификација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasifikacija/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 16:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гасификација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasifikacija/ 32 32 Шест нови еколошки автобуси и гасификација на Скопје, најави министерот за животна средина Меџити https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shest-novi-ekoloshki-avtobusi-i-gasifikatsija-na-skopje-najavi-ministerot-za-zhivotna-sredina-medhiti/ Sun, 06 Oct 2024 16:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=823567

Министерот за животна средина, Изет Меџити, денеска најави нови мерки за справување со аерозагадувањето, вклучувајќи проширување на мрежата на централно греење во Скопје и воведување шест еколошки автобуси за ЈСП. Исто така, тој истакна дека целата држава ќе биде гасифицирана во рамките на долгорочниот план за намалување на загадувањето.

Во тек е имплементација на проектот ЕУ за чист воздух, во кој Европската делегација во нашата држава вложува 10 милиони евра за 4 града во државата што во изминатиот период забележаа најголеми скокови на концентрација на загадување на воздухот – Скопје, Куманово, Тетово и Битола. Со проектот ќе се делува на намалување на загадувањето од системите за греење со замена на стари неефикасни котли во 70 јавни установи, ќе се донираат 6 еколошки автобуси на Град Скопје, ќе се засадат зелени појаси и ќе поддржи создавање на предуслови за проширување на централното греење во Скопје со изработка на студија и набавка на инструменти за анализа на тешки метали во концентрациите на ПМ за Централната лабораторија – рече Меџити.

Меџити нагласи дека проблемот со аерозагадувањето не може да се реши со една мерка, туку бара континуиран пристап и повеќе различни активности за постигнување долгорочни резултати.

The post Шест нови еколошки автобуси и гасификација на Скопје, најави министерот за животна средина Меџити appeared first on Република.

]]>

Завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zavrsheni-se-gradeznite-raboti-na-gasovodot-negotino-kavadarci-bitola/ Thu, 01 Dec 2022 07:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=580288

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи присуствуваа на настан по повод завршувањето на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод на делницата Неготино-Кавадарци-Битола во должина од 92 км.

Премиерот Ковачевски во изјавата за медиумите истакна дека ова значи спојување на целата делница од Клечовце (Куманово), до Битола во должина од околу 188 километри.

„На овој начин се исполнува планот за реализација на овој дел од големиот проект за гасификација на државата. Важно е тоа што изминатите години и во услови на пандемија, сега и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза, стратешките проекти за државата се реализираат. Гасификацијата значи придобивка за граѓаните, за компаниите, за индустриските зони, а секако има големо влијание и за заштита на животната средина. Компаниите од овој регион, а и регионот на Прилеп и Битола сега можат да прават планови за користење на природниот гас во нивните производствени процеси, и на тој начин да бидат поконкурентни од компаниите во регионот. Токму овде во близина, на оваа делница ќе се гради и планираниот интерконективен гасовод со нашиот сосед Република Грција или од Неготино – до граница со Грција во должина од 67км. Сега ќе имаме пристап до природен гас од целиот свет, од сите држави кои го произведуваат да може да се донесе до Македонија. Во Грција работи веќе еден терминал на течен природен гас на островот Равитуса, дополнително ние ќе бидеме еден од акционерите во терминалот за течен природен гас во Александруполи и со тоа обезбедивме закуп на капацитет, што ќе ни овозможи стабилно снабдување на природен гас по конкурентни цени“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски истакна дека денеска во Кавадарци го финишираме проектот со заварување на последната цевка од магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, со што оваа делница комплетно ја затвораме.

„Вредноста на овој проект кој го поврзува централниот дел од државата со Пелагонискиот Регион изнесува преку 36 милиони евра и претставува еден од најзначајните капитални инвестиции во нашата држава.

Оваа енергетска криза сите не натера побрзо да транзитираме кон други извори на енергија, веруваме дека со изградбата на гасоводот во државата значително ќе влијаеме врз намалување на трошоците на компаниите и граѓаните", рече Бочварски.

Директорот на НЕР, Реџепи рече дека со потребните технички тестирања и испитувања, ќе почнеме со постапката за добивање на употребната дозвола.

„Ги правиме сите напори, тоа да биде брзо и конечно наредната зима, целиот централен и Пелагониски Регион, да имаат пристап и да можат следните години да користат природен гас, како еколошки, економски и едноставен енергенс за користење. На оваа делница ќе се приклучи и новиот интерконектор со Република Грција, кој треба да почне да се гради наредната година и заврши до крајот на 2024 година. Со тоа ние ќе им овозможиме на нашите снабдувачи и трговци да имаат повеќе извори за снабдување. Со тоа креираме и стабилност и диверсификација и поевтини извори за снабдување, значи ќе имаме директна конекција и до ТАП, и до ЛНГ терминалите во Грција. Се надевам дека и договорот за ЈПП, за изградба и оперирање на дистрибутивната мрежа за природен гас, ќе биде потпишан до пролет, и со тоа да се почне масовната изградба на дистрибутивната мрежа на 38 општини во државата, со што голем број на домаќинства, индустрии, итн. ќе имаат можност да користат природен гас“, рече Реџепи.

Во изминатиот период, со посветена работа на директорот на НЕР Бајрам Реџепи и на сите вработени во НЕР успешно е завршена реализацијата на делниците Штип-Неготино 36км и делницата Неготино- Кавадарци-Битола со должина 92км. Делницата Скопје-Тетово-Гостивар 76км и кракот Тетово од 10км, е во завршна фаза и се очекува наскоро да заврши, таму најголемиот дел од работата е завршена.

The post Завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи присуствуваа на настан по повод завршувањето на градежните работи за изградба на магистралниот гасовод на делницата Неготино-Кавадарци-Битола во должина од 92 км. Премиерот Ковачевски во изјавата за медиумите истакна дека ова значи спојување на целата делница од Клечовце (Куманово), до Битола во должина од околу 188 километри.
„На овој начин се исполнува планот за реализација на овој дел од големиот проект за гасификација на државата. Важно е тоа што изминатите години и во услови на пандемија, сега и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза, стратешките проекти за државата се реализираат. Гасификацијата значи придобивка за граѓаните, за компаниите, за индустриските зони, а секако има големо влијание и за заштита на животната средина. Компаниите од овој регион, а и регионот на Прилеп и Битола сега можат да прават планови за користење на природниот гас во нивните производствени процеси, и на тој начин да бидат поконкурентни од компаниите во регионот. Токму овде во близина, на оваа делница ќе се гради и планираниот интерконективен гасовод со нашиот сосед Република Грција или од Неготино – до граница со Грција во должина од 67км. Сега ќе имаме пристап до природен гас од целиот свет, од сите држави кои го произведуваат да може да се донесе до Македонија. Во Грција работи веќе еден терминал на течен природен гас на островот Равитуса, дополнително ние ќе бидеме еден од акционерите во терминалот за течен природен гас во Александруполи и со тоа обезбедивме закуп на капацитет, што ќе ни овозможи стабилно снабдување на природен гас по конкурентни цени“, рече Ковачевски.
Министерот Бочварски истакна дека денеска во Кавадарци го финишираме проектот со заварување на последната цевка од магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, со што оваа делница комплетно ја затвораме.
„Вредноста на овој проект кој го поврзува централниот дел од државата со Пелагонискиот Регион изнесува преку 36 милиони евра и претставува еден од најзначајните капитални инвестиции во нашата држава. Оваа енергетска криза сите не натера побрзо да транзитираме кон други извори на енергија, веруваме дека со изградбата на гасоводот во државата значително ќе влијаеме врз намалување на трошоците на компаниите и граѓаните", рече Бочварски.
Директорот на НЕР, Реџепи рече дека со потребните технички тестирања и испитувања, ќе почнеме со постапката за добивање на употребната дозвола.
„Ги правиме сите напори, тоа да биде брзо и конечно наредната зима, целиот централен и Пелагониски Регион, да имаат пристап и да можат следните години да користат природен гас, како еколошки, економски и едноставен енергенс за користење. На оваа делница ќе се приклучи и новиот интерконектор со Република Грција, кој треба да почне да се гради наредната година и заврши до крајот на 2024 година. Со тоа ние ќе им овозможиме на нашите снабдувачи и трговци да имаат повеќе извори за снабдување. Со тоа креираме и стабилност и диверсификација и поевтини извори за снабдување, значи ќе имаме директна конекција и до ТАП, и до ЛНГ терминалите во Грција. Се надевам дека и договорот за ЈПП, за изградба и оперирање на дистрибутивната мрежа за природен гас, ќе биде потпишан до пролет, и со тоа да се почне масовната изградба на дистрибутивната мрежа на 38 општини во државата, со што голем број на домаќинства, индустрии, итн. ќе имаат можност да користат природен гас“, рече Реџепи.
Во изминатиот период, со посветена работа на директорот на НЕР Бајрам Реџепи и на сите вработени во НЕР успешно е завршена реализацијата на делниците Штип-Неготино 36км и делницата Неготино- Кавадарци-Битола со должина 92км. Делницата Скопје-Тетово-Гостивар 76км и кракот Тетово од 10км, е во завршна фаза и се очекува наскоро да заврши, таму најголемиот дел од работата е завршена.

The post Завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола appeared first on Република.

]]>
Владата повторно ја одложи гасификацијата на земјата за уште една година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-povtorno-ja-odlozi-gasifikacijata-na-zemjata-za-ushte-edna-godina/ Tue, 27 Sep 2022 06:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=554631

Владата на седница минатата недела донела одлука уште еднаш да го одложи почетокот на гасификацијата на земјата и тоа повторно на уште една година. Тоа значи дека нови 12 месеци ќе бидат потребни за да се склучи договорот со операторот од јавно-приватното партнерство, а кој ќе треба да донесе природен гас до домовите и до останатите потрошувачи.

Владата на крајот од минатата година веќе еднаш донесе одлука за одложување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за гасификација на земјата за една година. Рокот од 24 месеци, воспоставен пред три години, сега се зголемува на 48. Гасификацијата во населените места требаше да започне на почетокот од оваа година, но нема да стартува ниту следната.

Иако имаше кандидати, не е одредено која компанија како приватен партнер ќе го донесе гасот во домовите и останатите потрошувачи преку изградба и одржување на гасната мрежа.

Владата две години одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, откако претходно заврши првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор

За минатото одложување, аргумент на Владата беше ситуацијата со пандемијата, но овој пат нема јасна причина зошто се одолговлекува изградбата на мрежата уште повеќе, ако се знае дека во наредниот период треба да започне изградбата на гасоводот што ќе доаѓа од Солун.

Инаку одбраната компанија, според условите од договорот, ќе треба да инвестира 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата. Оној што ќе го добие 35-годишниот договор ќе има право да менаџира и да остварува приход од системот со обезбедување на загревање на јавните установи, како и на комерцијалниот сектор и домаќинствата. Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина.

The post Владата повторно ја одложи гасификацијата на земјата за уште една година appeared first on Република.

]]>

Владата на седница минатата недела донела одлука уште еднаш да го одложи почетокот на гасификацијата на земјата и тоа повторно на уште една година. Тоа значи дека нови 12 месеци ќе бидат потребни за да се склучи договорот со операторот од јавно-приватното партнерство, а кој ќе треба да донесе природен гас до домовите и до останатите потрошувачи. Владата на крајот од минатата година веќе еднаш донесе одлука за одложување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за гасификација на земјата за една година. Рокот од 24 месеци, воспоставен пред три години, сега се зголемува на 48. Гасификацијата во населените места требаше да започне на почетокот од оваа година, но нема да стартува ниту следната. Иако имаше кандидати, не е одредено која компанија како приватен партнер ќе го донесе гасот во домовите и останатите потрошувачи преку изградба и одржување на гасната мрежа. Владата две години одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, откако претходно заврши првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор За минатото одложување, аргумент на Владата беше ситуацијата со пандемијата, но овој пат нема јасна причина зошто се одолговлекува изградбата на мрежата уште повеќе, ако се знае дека во наредниот период треба да започне изградбата на гасоводот што ќе доаѓа од Солун. Инаку одбраната компанија, според условите од договорот, ќе треба да инвестира 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата. Оној што ќе го добие 35-годишниот договор ќе има право да менаџира и да остварува приход од системот со обезбедување на загревање на јавните установи, како и на комерцијалниот сектор и домаќинствата. Во најраната фаза ќе треба да ги гасифицира Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Неготино, Прилеп, Свети Николе, Штип, Битола, Гостивар, Тетово, Кратово и повеќе рурални средини во непосредна близина.

The post Владата повторно ја одложи гасификацијата на земјата за уште една година appeared first on Република.

]]>
Германија воведува данок на гас за потрошувачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-voveduva-danok-na-gas-za-potroshuvachite/ Mon, 15 Aug 2022 14:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=540581

Германија најави воведување данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, со цел да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас.

Високите цени на енергијата станаа доминантна политичка тема во најголемата европска економија, затоа што трошоците за живот вртоглаво растат, а една од причините е и војната во Украина. Данокот го одреди „Трејдинг Хаб Јуроп“ (Trading Hub Europe), тело основано од разни дистрибутери на гас во земјата.

Надоместокот е наменет за да им се помогне на увозниците на гас, што мора да купуваат поскап од добавувачи надвор од Русија и трпат огромни загуби. Официјално во сила ќе биде од 1 октомври, но, не се очекува да влијае на сметките за гас до ноември или декември поради регулативи што ги штитат потрошувачите од промени на цени

The post Германија воведува данок на гас за потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Германија најави воведување данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, со цел да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас. Високите цени на енергијата станаа доминантна политичка тема во најголемата европска економија, затоа што трошоците за живот вртоглаво растат, а една од причините е и војната во Украина. Данокот го одреди „Трејдинг Хаб Јуроп“ (Trading Hub Europe), тело основано од разни дистрибутери на гас во земјата. Надоместокот е наменет за да им се помогне на увозниците на гас, што мора да купуваат поскап од добавувачи надвор од Русија и трпат огромни загуби. Официјално во сила ќе биде од 1 октомври, но, не се очекува да влијае на сметките за гас до ноември или декември поради регулативи што ги штитат потрошувачите од промени на цени

The post Германија воведува данок на гас за потрошувачите appeared first on Република.

]]>