гаси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasi/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Aug 2023 11:32:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гаси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasi/ 32 32 Хеликоптер на МВР ќе го гаси пожарот над село Горно Врановци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/helikopter-na-mvr-ke-go-gasi-pozharot-nad-selo-gorno-vranovtsi/ Tue, 22 Aug 2023 11:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=674587

Поради зголемена опасност од навлегување на пожарот во квалитетна букова шума, за неколку минути над селото Горно Врановци, ќе полета хеликоптер на МВР со големо ведро од три тона, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Како што појаснуваат од ЦУК, се работи за пожар на поголема надморска височина од над 1.200 метри.

Претходно, беше информирано дека директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, утрово бил дел од хеликоптерско извидување на пожарот на планината Јакупица на просторот меѓу општините Чашка и Богомила.

Во текот на доцните попладневни часови во вчерашниот ден, пријавен е пожар над село Горно Врановци, општина Чашка. Пожарот е сериозен, гори трева, но, веќе на некои места е навлезен во шума. Можеби ќе има потреба од дополнителна хеликоптерска интервенција, изјави тогаш Ангелов.

Тој додаде дека екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола.

The post Хеликоптер на МВР ќе го гаси пожарот над село Горно Врановци appeared first on Република.

]]>

Поради зголемена опасност од навлегување на пожарот во квалитетна букова шума, за неколку минути над селото Горно Врановци, ќе полета хеликоптер на МВР со големо ведро од три тона, соопштија од Центарот за управување со кризи. Како што појаснуваат од ЦУК, се работи за пожар на поголема надморска височина од над 1.200 метри. Претходно, беше информирано дека директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, утрово бил дел од хеликоптерско извидување на пожарот на планината Јакупица на просторот меѓу општините Чашка и Богомила.
Во текот на доцните попладневни часови во вчерашниот ден, пријавен е пожар над село Горно Врановци, општина Чашка. Пожарот е сериозен, гори трева, но, веќе на некои места е навлезен во шума. Можеби ќе има потреба од дополнителна хеликоптерска интервенција, изјави тогаш Ангелов.
Тој додаде дека екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола.

The post Хеликоптер на МВР ќе го гаси пожарот над село Горно Врановци appeared first on Република.

]]>
Германија гаси три нуклеарни реактора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-gasi-tri-nuklearni-reaktora/ Sat, 01 Jan 2022 15:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=439343

Додека Европа се обидува да најде решене за една од најтешките енергетски кризи во својата историја, во петокот е започне гасењето на половината од германските нуклеарни капацитети, десет години по историската одлука на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел за напуштање на нуклеарната енергија.

Гаснењето на три од шест реактори кои сѐ уште работата, доаѓа во екот на европската енергетска криза која е предизвикана од лошото планирање на резервите и набавките на природен гас во подземните складишта во Европа, по што цените на енергенсите достигнаа рекордни нивоа.

Реакторите во германските села, северното Вродорф, централното Гронде и јужното Гриндреминен, целосно ќе престанат да работат до крајот на 2022 година. Нивниот вкупен капацитет изнесува 4 гигавати часа инсталирана моќност, што е еднакво на сила од илјада ветроцентрали.

Кон крајот на 2022 годиа на ред ќе дојдат и другите три централи, јужните Некарвестхајм и Исар 2, северната Емсланд, исто така, со капацитет од околу 4 гигавати.

Набрзо по никлеарната катастрофа во јапонска Фукушима во март 2011 година, тогашната канцеларка Ангела Меркел одлучи дека Германија постепено ќе се откажува од користењето на нуклеарната енергија.

И покрај напуштањето на атомската енергија чијшто удел во вкупното производство во 2020 година изнесувал околу 11 отсто, „сигурноста на снабдувањето во Геранија ќе биде гарантираа“, истакна во вторникот во соопштение Роберт Хабек, министетр за стопанство и заштита на климата од партијата Зелени.

За да се надомести гаснењето на нуклеарките и во очекувањето ткн обновливите извори на енергија во целост да го надоместат овој недостиг, Германија силно се снабдува со фосилни горива, особено со гас.

Но таквата енергетска сигурноста има своја цена, па европските цени на гасот, откако ЕУ се откажа од долгорочни договори со најголемиот добавувач руски „Газпром“ и се мина на берзанско тргување со енергенсот, веќе неколку месеци постојано растат. Ситуацијата се усложнува и откако новата гераманска влада поставува услови за давање одобрување за почеток на работата на руско-германскиот гасовод Северен тек 2, и се закани дека ќе го „затвори“ доколку Русија изведе инвазија врз Украина, што Москва повеќепати го отфрли како шпекулација која на Западот му е потребна за да го оправда своето зголемено воено присуство на руските граници.

The post Германија гаси три нуклеарни реактора appeared first on Република.

]]>

Додека Европа се обидува да најде решене за една од најтешките енергетски кризи во својата историја, во петокот е започне гасењето на половината од германските нуклеарни капацитети, десет години по историската одлука на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел за напуштање на нуклеарната енергија. Гаснењето на три од шест реактори кои сѐ уште работата, доаѓа во екот на европската енергетска криза која е предизвикана од лошото планирање на резервите и набавките на природен гас во подземните складишта во Европа, по што цените на енергенсите достигнаа рекордни нивоа. Реакторите во германските села, северното Вродорф, централното Гронде и јужното Гриндреминен, целосно ќе престанат да работат до крајот на 2022 година. Нивниот вкупен капацитет изнесува 4 гигавати часа инсталирана моќност, што е еднакво на сила од илјада ветроцентрали. Кон крајот на 2022 годиа на ред ќе дојдат и другите три централи, јужните Некарвестхајм и Исар 2, северната Емсланд, исто така, со капацитет од околу 4 гигавати. Набрзо по никлеарната катастрофа во јапонска Фукушима во март 2011 година, тогашната канцеларка Ангела Меркел одлучи дека Германија постепено ќе се откажува од користењето на нуклеарната енергија. И покрај напуштањето на атомската енергија чијшто удел во вкупното производство во 2020 година изнесувал околу 11 отсто, „сигурноста на снабдувањето во Геранија ќе биде гарантираа“, истакна во вторникот во соопштение Роберт Хабек, министетр за стопанство и заштита на климата од партијата Зелени. За да се надомести гаснењето на нуклеарките и во очекувањето ткн обновливите извори на енергија во целост да го надоместат овој недостиг, Германија силно се снабдува со фосилни горива, особено со гас. Но таквата енергетска сигурноста има своја цена, па европските цени на гасот, откако ЕУ се откажа од долгорочни договори со најголемиот добавувач руски „Газпром“ и се мина на берзанско тргување со енергенсот, веќе неколку месеци постојано растат. Ситуацијата се усложнува и откако новата гераманска влада поставува услови за давање одобрување за почеток на работата на руско-германскиот гасовод Северен тек 2, и се закани дека ќе го „затвори“ доколку Русија изведе инвазија врз Украина, што Москва повеќепати го отфрли како шпекулација која на Западот му е потребна за да го оправда своето зголемено воено присуство на руските граници.

The post Германија гаси три нуклеарни реактора appeared first on Република.

]]>