Гаштарска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gashtarska/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 09:12:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гаштарска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gashtarska/ 32 32 Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-spored-ruski-forbs-e-megu-osumte-idni-zvezdi-vo-rusija/ Mon, 06 Feb 2023 09:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=605270

Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија.

Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“ на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.

За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“ а критичарите ја споредија со Ана Павлова.

Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, вели „Форбс“.

The post Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија appeared first on Република.

]]>

Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија. Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“ на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија. За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“ а критичарите ја споредија со Ана Павлова.
Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, вели „Форбс“.

The post Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија appeared first on Република.

]]>