Гашиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gashik/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 14:11:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гашиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gashik/ 32 32 Спасовски-Гашиќ: Разговори за јакнење на билатералната соработка и за илегалната миграција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-gashik-razgovori-za-jaknene-na-bilateralnata-sorabotka-i-za-ilegalnata-migratsija/ Mon, 13 Nov 2023 14:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=701125

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Белград, по повод учеството на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, денеска оствари средба со својот српски колега, министерот за внатрешни работи на Република Србија Братислав Гашиќ, на која се разговарало за јакнење на билатералната соработка и за заедничкото дејствување за илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Белград.

- Од аспект на нашата соработка на мултилатерално ниво, задоволство ми е да констатирам дека е евидентна нашата посветеност на регионалната соработка што – впрочем – се огледува преку заедничкото дејствување и активност во сите регионални иницијативи и процеси. Во овој аспект, би ја споменал и Специјалната мерка односно Заедничката операција функционална речиси од самиот почеток на миграциската криза која заврши со распоредувањето на припадници на постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во рамки на која српски полициски службеници заеднички работеа со македонските полициски службеници, оставајќи личен печат на управувањето со миграциите и борбата против илегалната миграција, рече министерот Спасовски, информирајќи го колегата Гашиќ за состојбите со управување со миграцијата и криумчарење мигранти.

Како што изјави министерот Спасовски, една од темите била и илегалната миграција, која, подвлече, е генерален проблем за сите држави во регионот.

- Македонија има извонредни резултати во спречувањето на илегалната миграција, со оглед на фактот што во првите десет месеци имаме намалување за 50 отсто споредбено со истиот период лани, иако е зголемен и бројот на случаи кои што се откриени на криумчарењето на мигранти. Така да Македонија не е атрактивна во моментов, но ние мораме интензивно да работиме. Задоволни сме со Фронтекс, со операцијализацијата на мисијата и со заедничката мисија на заштита на границите, изјави министерот Спасовски.

Тој оцени дека зголемувањето на оперативната соработка и нејзиното продлабочување со Република Србија е наш приоритет, за да учествуваме заеднички во зачувувањето на националната безбедноси и на регионално ниво.

Спасовски на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) оцени дека успешната имплементација на Договорот за автоматизирана размена на податоци e доказ за нашата решителност да се вклопиме во безбедносниот систем на Европската Унија.

The post Спасовски-Гашиќ: Разговори за јакнење на билатералната соработка и за илегалната миграција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Белград, по повод учеството на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, денеска оствари средба со својот српски колега, министерот за внатрешни работи на Република Србија Братислав Гашиќ, на која се разговарало за јакнење на билатералната соработка и за заедничкото дејствување за илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Белград. - Од аспект на нашата соработка на мултилатерално ниво, задоволство ми е да констатирам дека е евидентна нашата посветеност на регионалната соработка што – впрочем – се огледува преку заедничкото дејствување и активност во сите регионални иницијативи и процеси. Во овој аспект, би ја споменал и Специјалната мерка односно Заедничката операција функционална речиси од самиот почеток на миграциската криза која заврши со распоредувањето на припадници на постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во рамки на која српски полициски службеници заеднички работеа со македонските полициски службеници, оставајќи личен печат на управувањето со миграциите и борбата против илегалната миграција, рече министерот Спасовски, информирајќи го колегата Гашиќ за состојбите со управување со миграцијата и криумчарење мигранти. Како што изјави министерот Спасовски, една од темите била и илегалната миграција, која, подвлече, е генерален проблем за сите држави во регионот. - Македонија има извонредни резултати во спречувањето на илегалната миграција, со оглед на фактот што во првите десет месеци имаме намалување за 50 отсто споредбено со истиот период лани, иако е зголемен и бројот на случаи кои што се откриени на криумчарењето на мигранти. Така да Македонија не е атрактивна во моментов, но ние мораме интензивно да работиме. Задоволни сме со Фронтекс, со операцијализацијата на мисијата и со заедничката мисија на заштита на границите, изјави министерот Спасовски. Тој оцени дека зголемувањето на оперативната соработка и нејзиното продлабочување со Република Србија е наш приоритет, за да учествуваме заеднички во зачувувањето на националната безбедноси и на регионално ниво. Спасовски на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) оцени дека успешната имплементација на Договорот за автоматизирана размена на податоци e доказ за нашата решителност да се вклопиме во безбедносниот систем на Европската Унија.

The post Спасовски-Гашиќ: Разговори за јакнење на билатералната соработка и за илегалната миграција appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabik-nema-da-predlozham-smena-na-ministerot-bratislav-gashik/ Thu, 15 Jun 2023 13:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=651765

Нема да предложам разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, тој нема лична одговорност за трагедиите што се случија, работеше сериозно и одговорно, полицијата постапи ефикасно и брзо по злосторството, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ во српското Собрание за време на расправата за предлогот за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, поднесен од група пратеници од опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Шефот на пратеничката група на Народната странка (НС) Мирослав Алексиќ како овластен предлагач побара одговорност од Гашиќ по масовните убиства во Србија, велејќи дека никој не вели дека некој е виновен туку дека е одговорен.

Премиерката Ана Брнабиќ за време на дискусијата праша која е лична одговорност на министерот Гашиќ.

Овој кворум на најдобар начин покажа колку навистина се грижите да зборувате за овие работи. Барањето за разрешување на Гашиќ е едно од вашите основни барања овде, како и на протестот, па дали е можно два дена вие како организатори на протестот да не можете да се соберете за да имате кворум да разговарате за тоа, праша Брнабиќ.

Таа посочи дека тоа покажува непочитување кон оние луѓе кои секојдневно шетаат и протестираат, но и кон институциите.

Прозивате мртви деца и ја споредувате власта со тоа, вам на честа. А за вашата чест ви кажав што мислам пред неколку недели, изјави Брнабиќ.

Таа кажа дека никому не треба да му се заканува и ја обвини опозицијата дека создава атмосфера во која се закануваат и напаѓаат само владини претставници.

Резултатот од таа атмосфера е физички нападнати само нашите пратеници, луѓе кои се доволно храбри да го кажат своето мислење кое е различно од вашето. Нападнати се Лав Пајкиќ, Света Вујачиќ, Бакарец, тие се физички нападнати. И мене ми се закануваа, тоа стана како ’добар ден‘, толку е брутално што веќе не можете ни да се борите против тоа. Претпоставувам дека заслужуваме да не бркаат по улиците, да ни сè закануваат, а на оние кои се борат против насилството им е дозволено да не тепаат. Да не зборуваме за заканите кон Вучиќ и неговото семејство, од Вукан до Данило, рече премиерката.

The post Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ appeared first on Република.

]]>

Нема да предложам разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, тој нема лична одговорност за трагедиите што се случија, работеше сериозно и одговорно, полицијата постапи ефикасно и брзо по злосторството, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ во српското Собрание за време на расправата за предлогот за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, поднесен од група пратеници од опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград. Шефот на пратеничката група на Народната странка (НС) Мирослав Алексиќ како овластен предлагач побара одговорност од Гашиќ по масовните убиства во Србија, велејќи дека никој не вели дека некој е виновен туку дека е одговорен. Премиерката Ана Брнабиќ за време на дискусијата праша која е лична одговорност на министерот Гашиќ.
Овој кворум на најдобар начин покажа колку навистина се грижите да зборувате за овие работи. Барањето за разрешување на Гашиќ е едно од вашите основни барања овде, како и на протестот, па дали е можно два дена вие како организатори на протестот да не можете да се соберете за да имате кворум да разговарате за тоа, праша Брнабиќ.
Таа посочи дека тоа покажува непочитување кон оние луѓе кои секојдневно шетаат и протестираат, но и кон институциите.
Прозивате мртви деца и ја споредувате власта со тоа, вам на честа. А за вашата чест ви кажав што мислам пред неколку недели, изјави Брнабиќ.
Таа кажа дека никому не треба да му се заканува и ја обвини опозицијата дека создава атмосфера во која се закануваат и напаѓаат само владини претставници.
Резултатот од таа атмосфера е физички нападнати само нашите пратеници, луѓе кои се доволно храбри да го кажат своето мислење кое е различно од вашето. Нападнати се Лав Пајкиќ, Света Вујачиќ, Бакарец, тие се физички нападнати. И мене ми се закануваа, тоа стана како ’добар ден‘, толку е брутално што веќе не можете ни да се борите против тоа. Претпоставувам дека заслужуваме да не бркаат по улиците, да ни сè закануваат, а на оние кои се борат против насилството им е дозволено да не тепаат. Да не зборуваме за заканите кон Вучиќ и неговото семејство, од Вукан до Данило, рече премиерката.

The post Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ appeared first on Република.

]]>