Гаши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gashi/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 07:08:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гаши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gashi/ 32 32 Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-vo-riga-na-tretiot-parlamentaren-samit-na-megunarodnata-krimska-platforma/ Wed, 23 Oct 2024 07:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=830025

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина, стои во соопштението.

Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, а Вториот во 2023 година во Прага, Чешка Република.

The post Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија. На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина, стои во соопштението. Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот. Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, а Вториот во 2023 година во Прага, Чешка Република.

The post Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа appeared first on Република.

]]>
Гаши: Секој пратеник нека одлучи по свое сопствено убедување за интерпелацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-sekoj-pratenik-neka-odluchi-po-svoe-sopstveno-ubeduvane-za-interpelatsijata/ Mon, 02 Sep 2024 18:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=812478

Би сакал секој пратеник да гласа и да одлучи по свое сопствено убедување и со чиста совест на утрешната седница на која на дневен ред е мојата интерпелација. Ги молам и пратениците од мојата коалиција Вреди да гласаат на таков начин, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши и нагласи дека токму тоа е суштината на демократијата.

Како што кажа во интервју за ТВ Сител, не гледа дека со нешто ги прекршил своите овластувања и додаде дека најчесно и најодговорно ја врши својата работа како што знае, а утре пратениците ќе кажат дали е така или не. Убеден е, како што рече, дека вистината ќе излезе на виделина.

- Интерпелацијата е демократска алатка што ни овозможува да даваме отчет пред пратениците и пред граѓаните. Ќе ја почитувам секој одлука што ќе ја донесе Собранието. Убаво е сите да имаме различни мислења и токму тоа е суштината на демократијата, а би било лошо да има едноумие, систем што го поминале. Среќен сум што има интерпелација за да објасниме некои работи што и беа претставени на јавноста. Ќе образложам се како што било и се надевам дека пратениците ќе одлучат според нивната совест. Имам мирна душа и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал таква хистерија во јавноста. Во интерпелацијата во суштина нема ништо дека се прекршени принципите во работењето на Собранието или дека се скратени права на некој пратеник или пратеничка група, туку е за тривијални теми за некои медиуми кои сакаат лајкови и коментари на социјалните мрежи, рече Гаши.

За инцидентот што го предизвика неговото обезбедување на Меѓународниот аеродром во Скопје во случајот со претседателката на Косово посочи дека тој го испратил обезбедувањето како претходница бидејќи планирал и самиот да оди таму зашто имал информации дека може да се случи инцидент и сакал да ја смири ситуацијата.

-Имав информации дека може да дојде до потежок инцидент, реагирав и кога сакав да тргнам натаму слушнав дека е се решено и добро е што не дојде до поголем инцидент. Јавноста беше лошо информирана за тоа. Првата реченица која ја кажав за тој настан е дека секој што згрешил треба да одговара. Треба да се научиме дека никој не е над законот и секој кој ќе погреши, без разлика дали сум јас или кој било друг, никој никого не треба да штити, рече Гаши.

За патувањето на неговото семејство на веселба во Косово вели дека било уредно најавено два-три дена пред да се случи и дека биле побарани и скенирани нивните пасоши.

-Не е точно дека поминале граница без контрола. Сите контроли се поминати како што е по закон. Го известив моето обезбедување и сите органи на државата и МВР и МНР. Два- три дена претходно сите податоци и сите пасоши беа скенирани и испратени таму. Нема ништо спорно, посочи Гаши.

За намерата на Уставниот суд да отвори претставката за утврдување на уставноста на Законот за употреба на јазиците вели дека е убеден оти Законот е базиран на амандман на Уставот што е внесен уште во 2001 година и дека нема ништо спорно.

-Како институции треба да се однесуваме демократски. Кога знаеме дека сме во право и дека така пишува во Уставот зошто да се плашиме  дека некој ќе го интерпретира на поинаков начин, рече Гаши.

Оцени дека членството во НАТО и ЕУ се клучни за опстанокот во државата и дека се едно од најбитните сврзни ткива што ги држи сите граѓани и сите заедници заедно.

- Овој пат сме го трасирале во 90-тите години и секогаш мнозинството граѓани застанувале зад овие два процеси. На пат сме да ја оствариме и втората цел и мислам дека освен една партија никој нема против нашата држава да стане членка на ЕУ. Сакаме интеграција, но не по цена на загрозување на идентитетот, јазичен и културен на Македонците и на било која етничка заедница во државата. Сакаме да одиме во Европа со нашите идентитети и богатството на различности што го имаме, а не под услови некој да биде доведен во ситуација да биде загрозен и да не се чувствува комотно во својата идентитетска компонента да си го сака и да си го почитува македонскиот јазик, идентитет и култура, рече Гаши.

Посочи дека е реална европската перспектива на земјава и порача дека може да се преговара за се што е на маса.

- Една од алатките на интеграцијата на сите земји во Европската Унија е дијалогот. Се надевам дека со новите избори во Бугарија ќе има стабилна влада и  институции за да можеме да седнеме и да разговараме со нив. Убеден сум дека и кај нив ќе профункционира „сенсот“ дека ние сме соседни држави и дека е заеднички интерес и на нашите две држави и на регионот и на ЕУ, Република Македонија што побрзо да стане членка на Европската Унија, потенцира Гаши.

The post Гаши: Секој пратеник нека одлучи по свое сопствено убедување за интерпелацијата appeared first on Република.

]]>

Би сакал секој пратеник да гласа и да одлучи по свое сопствено убедување и со чиста совест на утрешната седница на која на дневен ред е мојата интерпелација. Ги молам и пратениците од мојата коалиција Вреди да гласаат на таков начин, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши и нагласи дека токму тоа е суштината на демократијата. Како што кажа во интервју за ТВ Сител, не гледа дека со нешто ги прекршил своите овластувања и додаде дека најчесно и најодговорно ја врши својата работа како што знае, а утре пратениците ќе кажат дали е така или не. Убеден е, како што рече, дека вистината ќе излезе на виделина. - Интерпелацијата е демократска алатка што ни овозможува да даваме отчет пред пратениците и пред граѓаните. Ќе ја почитувам секој одлука што ќе ја донесе Собранието. Убаво е сите да имаме различни мислења и токму тоа е суштината на демократијата, а би било лошо да има едноумие, систем што го поминале. Среќен сум што има интерпелација за да објасниме некои работи што и беа претставени на јавноста. Ќе образложам се како што било и се надевам дека пратениците ќе одлучат според нивната совест. Имам мирна душа и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал таква хистерија во јавноста. Во интерпелацијата во суштина нема ништо дека се прекршени принципите во работењето на Собранието или дека се скратени права на некој пратеник или пратеничка група, туку е за тривијални теми за некои медиуми кои сакаат лајкови и коментари на социјалните мрежи, рече Гаши. За инцидентот што го предизвика неговото обезбедување на Меѓународниот аеродром во Скопје во случајот со претседателката на Косово посочи дека тој го испратил обезбедувањето како претходница бидејќи планирал и самиот да оди таму зашто имал информации дека може да се случи инцидент и сакал да ја смири ситуацијата. -Имав информации дека може да дојде до потежок инцидент, реагирав и кога сакав да тргнам натаму слушнав дека е се решено и добро е што не дојде до поголем инцидент. Јавноста беше лошо информирана за тоа. Првата реченица која ја кажав за тој настан е дека секој што згрешил треба да одговара. Треба да се научиме дека никој не е над законот и секој кој ќе погреши, без разлика дали сум јас или кој било друг, никој никого не треба да штити, рече Гаши. За патувањето на неговото семејство на веселба во Косово вели дека било уредно најавено два-три дена пред да се случи и дека биле побарани и скенирани нивните пасоши. -Не е точно дека поминале граница без контрола. Сите контроли се поминати како што е по закон. Го известив моето обезбедување и сите органи на државата и МВР и МНР. Два- три дена претходно сите податоци и сите пасоши беа скенирани и испратени таму. Нема ништо спорно, посочи Гаши. За намерата на Уставниот суд да отвори претставката за утврдување на уставноста на Законот за употреба на јазиците вели дека е убеден оти Законот е базиран на амандман на Уставот што е внесен уште во 2001 година и дека нема ништо спорно. -Како институции треба да се однесуваме демократски. Кога знаеме дека сме во право и дека така пишува во Уставот зошто да се плашиме  дека некој ќе го интерпретира на поинаков начин, рече Гаши. Оцени дека членството во НАТО и ЕУ се клучни за опстанокот во државата и дека се едно од најбитните сврзни ткива што ги држи сите граѓани и сите заедници заедно. - Овој пат сме го трасирале во 90-тите години и секогаш мнозинството граѓани застанувале зад овие два процеси. На пат сме да ја оствариме и втората цел и мислам дека освен една партија никој нема против нашата држава да стане членка на ЕУ. Сакаме интеграција, но не по цена на загрозување на идентитетот, јазичен и културен на Македонците и на било која етничка заедница во државата. Сакаме да одиме во Европа со нашите идентитети и богатството на различности што го имаме, а не под услови некој да биде доведен во ситуација да биде загрозен и да не се чувствува комотно во својата идентитетска компонента да си го сака и да си го почитува македонскиот јазик, идентитет и култура, рече Гаши. Посочи дека е реална европската перспектива на земјава и порача дека може да се преговара за се што е на маса. - Една од алатките на интеграцијата на сите земји во Европската Унија е дијалогот. Се надевам дека со новите избори во Бугарија ќе има стабилна влада и  институции за да можеме да седнеме и да разговараме со нив. Убеден сум дека и кај нив ќе профункционира „сенсот“ дека ние сме соседни држави и дека е заеднички интерес и на нашите две држави и на регионот и на ЕУ, Република Македонија што побрзо да стане членка на Европската Унија, потенцира Гаши.

The post Гаши: Секој пратеник нека одлучи по свое сопствено убедување за интерпелацијата appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава и суспензија за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-i-suspenzija-za-chlenot-na-obezbeduvaneto-na-gashi-koj-izvadil-pishtol-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 05 Aug 2024 17:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=803553

„Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ.

Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.

Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.

ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите.

The post Кривична пријава и суспензија за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

„Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ. Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија. Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот. ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата. Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите.

The post Кривична пријава и суспензија за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-obidot-za-atentat-vrz-tramp-e-napad-kon-demokratijata/ Sun, 14 Jul 2024 11:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=796630

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на социјалните мрежи реагираше по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за кој вели дека е напад кон демократијата.

- Обидот за атентат врз кандидатот за претседател Трамп, е напад кон демократијата и е осуден од сите нас кои веруваме во вредностите на демократскиот плурализам. На поранешниот претседател Трамп му посакувам брзо закрепнување, уверен дека САД имаат доволно сила да го надминат овој инцидент за да продолжат да бидат знаме на демократијата во светот, вели Гаши во објавата на Фејсбук.

The post Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на социјалните мрежи реагираше по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за кој вели дека е напад кон демократијата. - Обидот за атентат врз кандидатот за претседател Трамп, е напад кон демократијата и е осуден од сите нас кои веруваме во вредностите на демократскиот плурализам. На поранешниот претседател Трамп му посакувам брзо закрепнување, уверен дека САД имаат доволно сила да го надминат овој инцидент за да продолжат да бидат знаме на демократијата во светот, вели Гаши во објавата на Фејсбук.

The post Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата appeared first on Република.

]]>
Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ostra-reaktsija-gashi-so-molitvata-vo-sobranieto-ja-narushi-sekularnosta-na-drzhavata/ Sat, 13 Jul 2024 07:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=796308

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност.

-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе.

-Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат.

-Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

The post Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата appeared first on Република.

]]>

Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Африм Гаши и претставници на бошњачката заедница при оддавање почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во Собранието се молеа. Опозицискиот СДСМ освен осуда дека на молитвата не ѝ е место во Собранието, побара институциите да реагираат и да има одговорност. -Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија апелираат да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе. -Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и поделби – велат од ВМРО-ДПМНЕ. За молитвата во Законодавниот дом реагира и опозицискиот СДСМ и ги повика институциите да реагираат. -Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата, тоа е непочитување и на Уставот. На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. Повикуваме надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност – велат од СДСМ.

The post Острa реакциja: Гаши со молитвата во Собранието ја наруши секуларноста на државата appeared first on Република.

]]>
Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Гаши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/majskiot-dogovor-nikogash-ne-bil-del-ni-od-ustavot-ni-od-ramkovniot-dogovor-ova-vladejachko-mnozinstvo-e-legitimno-veli-gashi/ Sun, 02 Jun 2024 09:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=784072

Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Претседателот на Собранието Африн Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на „Влен“, се само политичка опозициска реторика.

-Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши.

Прашан зошто свечената заклетва прво ја прочита на албански, а потоа на македонски јазик Гаши вели дека читал така како што беше прочитано од пратеничката која претседаваше. Смета дека не го прекршил законот.

Првата седница се очекува да ја свика откако ќе се формализираат пратеничките групи и координаторите. Првиот закон кој очекува да се донесе е тој за организација на министерствата и ресорите.

-Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите. Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.

The post Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Гаши appeared first on Република.

]]>

Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Претседателот на Собранието Африн Гаши во интервју за Радио Слободна Европа. Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на „Влен“, се само политичка опозициска реторика. -Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши, но таквиот договор никогаш не беше дел од уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право. Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, ВЛЕН доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели Гаши. Прашан зошто свечената заклетва прво ја прочита на албански, а потоа на македонски јазик Гаши вели дека читал така како што беше прочитано од пратеничката која претседаваше. Смета дека не го прекршил законот. Првата седница се очекува да ја свика откако ќе се формализираат пратеничките групи и координаторите. Првиот закон кој очекува да се донесе е тој за организација на министерствата и ресорите. -Како коалиција која е веќе на повидок меѓу ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, е договорено, новата влада да почне со нова организација на државата, организација на министерствата и ресорите. Сакаме прво да го донесеме тој закон, за да може владата која ќе се бира да биде избрана во рамките на тој закон и таа нова организација. Затоа ќе сакаме и ќе се потрудиме заеднички со сите политички партии во Собранието, да се договориме, тој закон да биде еден од првите кои ќе биде поставен на пленарната седница, вели Гаши.

The post Мајскиот договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор, ова владејачко мнозинство е легитимно, вели Гаши appeared first on Република.

]]>
Гаши: Не знам дали сме ветиле точен датум за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ne-znam-dali-sme-vetile-tochen-datum-za-ustavni-izmeni/ Sun, 02 Jun 2024 09:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=784070

Ние се обидуваме да градиме институции и да направиме Влада, не да размислуваме за напуштање, одговори за Радио Слободна Европа, Претседателот на Собранието Африм Гаши на прашањето што ако не го исполнат ветувањето за внесување на Бугарите во преамбулата до крајот на годината за да продолжат преговорите со ЕУ. Во програмата на „Влен“ крајот на 2024 година е посочен како краен датум за носењето на уставните измени.

The post Гаши: Не знам дали сме ветиле точен датум за уставни измени appeared first on Република.

Гаши: Сакам да ја вратиме довербата на граѓаните во Собранието и тоа да биде најпочитувана институција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-sakam-da-ja-vratime-doverbata-na-graganite-vo-sobranieto-i-toa-da-bide-najpochituvana-institutsija/ Fri, 31 May 2024 18:59:07 +0000 https://republika.mk/?p=783669

Ќе бидам тој ќе ја коригира власта, надзорот над работата на Владата е најбитна функција на Собранието. Ќе ги викаме министрите често за да ги прашаме за решенија за проблемите. Имам идеја, волја, имам многу политичка определба тоа да го направиме, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши кој функцијата ја презеде во вторникот.

Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Гаши истакна дека ќе работи со позитивен пристап и со добрина, консензуално и отворен за соработка со сите партии, вклучително и за опозициските затоа што, рече, во Собранието треба да бидат сите рамноправни.

Ќе го водам Собранието како прв меѓу еднаквите, ќе настојувам да бидам отворен со сите, особено да бидам глас на политичкото малцинство и на опозициските партии за да почувствваат дека Собранието е исто за сите. Раката е широко отворена за соработка, но за тоа требаат двајца, рече Гаши.

На прашањето што ќе биде со незавршените 46 седници од претходниот собраниски состав и 130 акти кои се во процедура, одговори дека ќе разгледаат кои се предлагачите на тие закони, дали ќе останат тие што се предложени од Владата или новата Влада нив ќе ги повлече или ќе се понудат нови решенија.

Ќе разговараме со нив и во координација со сите политички партии што ќе правиме со тие акти, рече Гаши и додаде дека нема да продолжи со праксата тој да одлучува автократски според тоа дали нешто му се допаѓа или не.

-Секогаш има можност за блокада, но јас не размислувам деструктивно, туку проактивно и конструктивно. Ќе настојуваме да има таква енергија и таков пристап. Сакам да ја вратиме довербата на Собранието кај граѓаните и тоа да биде најпочитувана институција во државата. Верувам ќе постигнеме големи успеси и тоа ќе го видиме по четири години. Ќе гоотвориме Собранието – тоа ќе биде агора на дебати, тоа е мојот сон. Дали во тоа ќе успееме зависи и од сите, а ние ќе дадеме се од себе, истакна претседателот на Собранието.

Соопшти дека в понеделник ќе има прва официјална координативна средба со парламентарните партии за да разговара кога би се одржала првата собраниска седница, со кој дневен ред и закони кои се приоритетни. Пред формирањето на Владата, очекува Собранието да го донесе новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови.

Мислам дека има слух од сите политички партии и ќе се донесе, претходно пратениците ќе имаат време да го видат и да дебатираат. За овој закон, како и за сите други закони сакам да имаме консензуален пристап, рече Гаши во интервјуто.

Следни за дебата во Собранието би биле измени на Законот за локална самоуправа за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалниците ќе станат министри.

Треба да се најдат законски измени за да не ги тераме гласачите на секои шест или осум месеци да излегуваат на гласање, додаде Гаши.

The post Гаши: Сакам да ја вратиме довербата на граѓаните во Собранието и тоа да биде најпочитувана институција appeared first on Република.

]]>

Ќе бидам тој ќе ја коригира власта, надзорот над работата на Владата е најбитна функција на Собранието. Ќе ги викаме министрите често за да ги прашаме за решенија за проблемите. Имам идеја, волја, имам многу политичка определба тоа да го направиме, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши кој функцијата ја презеде во вторникот.
Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Гаши истакна дека ќе работи со позитивен пристап и со добрина, консензуално и отворен за соработка со сите партии, вклучително и за опозициските затоа што, рече, во Собранието треба да бидат сите рамноправни.
Ќе го водам Собранието како прв меѓу еднаквите, ќе настојувам да бидам отворен со сите, особено да бидам глас на политичкото малцинство и на опозициските партии за да почувствваат дека Собранието е исто за сите. Раката е широко отворена за соработка, но за тоа требаат двајца, рече Гаши.
На прашањето што ќе биде со незавршените 46 седници од претходниот собраниски состав и 130 акти кои се во процедура, одговори дека ќе разгледаат кои се предлагачите на тие закони, дали ќе останат тие што се предложени од Владата или новата Влада нив ќе ги повлече или ќе се понудат нови решенија.
Ќе разговараме со нив и во координација со сите политички партии што ќе правиме со тие акти, рече Гаши и додаде дека нема да продолжи со праксата тој да одлучува автократски според тоа дали нешто му се допаѓа или не. -Секогаш има можност за блокада, но јас не размислувам деструктивно, туку проактивно и конструктивно. Ќе настојуваме да има таква енергија и таков пристап. Сакам да ја вратиме довербата на Собранието кај граѓаните и тоа да биде најпочитувана институција во државата. Верувам ќе постигнеме големи успеси и тоа ќе го видиме по четири години. Ќе гоотвориме Собранието – тоа ќе биде агора на дебати, тоа е мојот сон. Дали во тоа ќе успееме зависи и од сите, а ние ќе дадеме се од себе, истакна претседателот на Собранието.
Соопшти дека в понеделник ќе има прва официјална координативна средба со парламентарните партии за да разговара кога би се одржала првата собраниска седница, со кој дневен ред и закони кои се приоритетни. Пред формирањето на Владата, очекува Собранието да го донесе новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови.
Мислам дека има слух од сите политички партии и ќе се донесе, претходно пратениците ќе имаат време да го видат и да дебатираат. За овој закон, како и за сите други закони сакам да имаме консензуален пристап, рече Гаши во интервјуто.
Следни за дебата во Собранието би биле измени на Законот за локална самоуправа за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалниците ќе станат министри. Треба да се најдат законски измени за да не ги тераме гласачите на секои шест или осум месеци да излегуваат на гласање, додаде Гаши.

The post Гаши: Сакам да ја вратиме довербата на граѓаните во Собранието и тоа да биде најпочитувана институција appeared first on Република.

]]>
Гаши очекува здружената албанска опозиција да има над 15 пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ochekuva-zdruzhenata-albanska-opozitsija-da-ima-nad-15-pratenitsi/ Fri, 24 Nov 2023 10:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=715847

ДУИ викаат дека се интеграции во ЕУ и се интересираат за уставните измени, а главна цел на Али Ахмети е како да го донесе својот пријател и полубрат Никола Груевски. Заедно се научени и без него не може да си ја реализира целта. Изгледа сака да го подели ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел е како да остане на власт уште малку, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој сега е дел од здружениот Европски сојуз за промени.

Тој очекува да победат во албанскиот блок и вели дека тоа зависи од повеќе фактори. Гаши истакна дека ги повикале и Алијанса за Албанците да им се придружат, но не знаат дали ќе се одлучат на таков чекор.

-Сигурно повеќе од 15 пратеници, сепак зависи од бројките и излезноста. За првпат албанскиот гласач ќе биде исправен дали да гласа за ДУИ и партиите со нив или ќе гласа за албанската опозиција. Секоја трета опција ќе биде осудена на пропаст, рече Гаши во емисијата на „Слободен печат“.

Запрашан дали би преговарале и би седнале на маса со СДСМ, лидерот на Алтернатива вели дека нивниот концепт е да победат во албанскиот блок и потоа владината коалиција да се склучи меѓу победниците од двата блока.

-Сакаме да добиеме легитимитет од Албанците и да ги претставуваме нив. После тоа ќе видиме кој ќе биде победник од македонскиот блок и врз основа на нашите приоритети, ќе видиме со кого можеме да ги имплементираме, кажа Гаши.

The post Гаши очекува здружената албанска опозиција да има над 15 пратеници appeared first on Република.

]]>

ДУИ викаат дека се интеграции во ЕУ и се интересираат за уставните измени, а главна цел на Али Ахмети е како да го донесе својот пријател и полубрат Никола Груевски. Заедно се научени и без него не може да си ја реализира целта. Изгледа сака да го подели ВМРО-ДПМНЕ, а главна цел е како да остане на власт уште малку, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој сега е дел од здружениот Европски сојуз за промени. Тој очекува да победат во албанскиот блок и вели дека тоа зависи од повеќе фактори. Гаши истакна дека ги повикале и Алијанса за Албанците да им се придружат, но не знаат дали ќе се одлучат на таков чекор.
-Сигурно повеќе од 15 пратеници, сепак зависи од бројките и излезноста. За првпат албанскиот гласач ќе биде исправен дали да гласа за ДУИ и партиите со нив или ќе гласа за албанската опозиција. Секоја трета опција ќе биде осудена на пропаст, рече Гаши во емисијата на „Слободен печат“.
Запрашан дали би преговарале и би седнале на маса со СДСМ, лидерот на Алтернатива вели дека нивниот концепт е да победат во албанскиот блок и потоа владината коалиција да се склучи меѓу победниците од двата блока.
-Сакаме да добиеме легитимитет од Албанците и да ги претставуваме нив. После тоа ќе видиме кој ќе биде победник од македонскиот блок и врз основа на нашите приоритети, ќе видиме со кого можеме да ги имплементираме, кажа Гаши.

The post Гаши очекува здружената албанска опозиција да има над 15 пратеници appeared first on Република.

]]>
Африм Гаши бара предвремени избори есенва https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/afrim-gashi-bara-predvremeni-izbori-esenva/ Sat, 19 Aug 2023 14:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=673721

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, бара предвремени избори есенва. Причина е фактот што власта нема мнозинство за уставните промени. Според него, мнозинството сака да остане на власт со одолговлекување на гласањето за потребата од отворање на Уставот. Тој, во интервју за Алсат повтори и оти треба да се замени формулацијата „20%“ во Уставот.

„Ако не поминат уставните измени во оваа фаза, ако не се гласа за потребата за уставни измени, тогаш ќе биде евидентно дека нема двотретинско мнозинство за да се продолжи со процесот. Тогаш нема никаква смисла оваа Влада, ова владино мнозинство и овој состав на Парламентот, не за Владата, туку составот на Парламентот, ние треба да сфатиме дека овој состав на Парламентот не сака да се направат уставните измени. Тоа што треба да го направиме ние е итно да одиме на избори, да имаме нов состав. На избори сите партии ќе се соочат со своите гласачи за уставните измени, сите би добиле согласност да влезат во овој процес и после изборите јас сум убеден дека новиот парламентарен состав ќе ги изгласа уставните измени. Идејата е на есен да има избори и на крајот на есента да имаме нов состав на Парламентот и да продолжат со процесот таму кај што е застанат, да гласаме за потребата за уставни измени за веднаш потоа да се отворат поглавјата и да продолжи процесот за што поскора интеграција на земјата во ЕУ“, вели Гаши.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

The post Африм Гаши бара предвремени избори есенва appeared first on Република.

Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-medhiti-i-kasami-baraat-zaedno-so-ustavnite-izmeni-da-se-rasprava-i-za-albanskiot-jazik-i-koruptsijata/ Thu, 17 Aug 2023 10:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=672979

Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на заедничка прес-конференција пред Собранието побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот, со цел да се помине што побрзо првата фаза на уставните измени и како што велат, да влеземе во суштински процес на тие измени. Заедно со ова, тие од претседателот на Собранието Талат Џафери, побараа да ги стави и амандманите за, како што се вели во изјавата, за измена на навредливото именување на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите на политичка корупција.

 Ги повикуваме сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка и идеолошка припадност, итно, без дискусија и без никакво одлагање, да гласаат за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани. На овој начин, сите ние докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Додаде дека доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција.

Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме ни час повеќе. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се гласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори, за да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркање на интегративните процеси кон Европската Унија, рече Гаши.

На новинарско прашање како ќе се оди на предвремени избори, со оглед на тоа декa опозицискиот состав нема доволно пратеници за да ги изгласа предвремените избори, Гаши рече дека тоа е прашање за Владата, затоа што власта, како што кажа е за уште еден час повеќе или ден повеќе да остане на власт и дека за нив само тоа е важно и ништо друго.

Во однос на прашањето дали ќе се направи парламентарна група од пратениците на овие три партии, Гаши информираше дека во тек се преговори за тоа и дека тоа како можност не се исклучува, но и дека прашање е на време кој чекор попрво ќе се направи.

The post Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити денеска на заедничка прес-конференција пред Собранието побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот, со цел да се помине што побрзо првата фаза на уставните измени и како што велат, да влеземе во суштински процес на тие измени. Заедно со ова, тие од претседателот на Собранието Талат Џафери, побараа да ги стави и амандманите за, како што се вели во изјавата, за измена на навредливото именување на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите на политичка корупција.
 Ги повикуваме сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка и идеолошка припадност, итно, без дискусија и без никакво одлагање, да гласаат за потребата од промена на Уставот и предложените амандмани. На овој начин, сите ние докажуваме на која страна сме и која е нашата стратешка определба, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Додаде дека доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција.
Ако ова се покаже како точно, не треба да губиме ни час повеќе. Во тој случај, односно доколку нема доволно мнозинство да се гласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори, за да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркање на интегративните процеси кон Европската Унија, рече Гаши.
На новинарско прашање како ќе се оди на предвремени избори, со оглед на тоа декa опозицискиот состав нема доволно пратеници за да ги изгласа предвремените избори, Гаши рече дека тоа е прашање за Владата, затоа што власта, како што кажа е за уште еден час повеќе или ден повеќе да остане на власт и дека за нив само тоа е важно и ништо друго. Во однос на прашањето дали ќе се направи парламентарна група од пратениците на овие три партии, Гаши информираше дека во тек се преговори за тоа и дека тоа како можност не се исклучува, но и дека прашање е на време кој чекор попрво ќе се направи.

The post Гаши, Меџити и Касами бараат заедно со уставните измени да се расправа и за албанскиот јазик и корупцијата appeared first on Република.

]]>
Гаши: Би сакал да поминат уставните измени, но тоа не зависи од пратениците од мојата партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-bi-sakal-da-pominat-ustavnite-izmeni-no-toa-ne-zavisi-od-pratenitsite-od-mojata-partija/ Mon, 31 Jul 2023 10:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=667201

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши во интервју за „Локално“ вели дека тој лично би сакал да поминат уставните измени, но нагласува дека дека тоа не зависи од бројот на пратеници од неговата партија. Тој додава дека за конечниот начин на гласање на пратениците од неговата партија ќе одлучат партиските органи.

Јас би сакал да поминат и ние да го продолжиме нашиот интеграциски пат. Сепак, тоа не зависи од нашиот број на пратениците. Ако зборуваме хипотетички, макар да тоа е начин на кој може најдобро да се згреши, во случај да не поминат уставните измени, нема веќе никаква смисла да продолжи оваа кревко мнозинство, па затоа ќе мора да одиме на нови избори, за изнаоѓање на решение за евроинтеграцискиот процес. За тоа како ќе наликува тој пат за Албанија и за другите земји, мислам дека не треба да се оптоваруваме. Ние само ѝ посакуваме среќа на Албанија и на сите други земји од Западен Балкан. Ако може да не бидам скромен, за мене е гордост што со нашиот влез во владата во 2021-ва година успеавме да помогнеме за добивање на датум за преговори за Македонија и Албанија. А во однос на тоа каква би била нашата перспектива без евроинтеграција, би се воздржал од коментар, бидејќи јас во никој случај не можам да замислам такво сценарио. Ама, бидете сигурни би било мрачно, рече тој.

Вели дека според негови информации уставните измени нема да поминат, бидејќи, како што посочува: „самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат“.

Што се однесува на нашиот став околу уставните измени, за конечниот начин на гласање на нашите пратеници ќе одлучат партиските органи, но фактот што владата не го зеде во предвид нашиот предлог за уставниот амандман за борба против корупција или пак не сакаше ниту да слушне за доследното именување на албанскиот јазик во Уставот и отстранување на навредливиот еуфемизам 20 отсто е доволен показател за пристапот кој го има оваа влада кон уставните измени и воопшто, кон интеграцискиот процес – не сака меѓуетничка кохезија, не сака борба против корупцијата, а во меѓувреме глуми европска интеграција. Останува на 18 август ова да се потврди, рече тој.

Порачува дека и да има некое влијание од Исток, како од Русија или Кина, за спречување на евроинтеграцискиот процес, тоа не треба да не заплаши, бидејќи нашето општество е цврсто определено за западниот курс.

За борбата со корупцијата и излезот од лошата ситуација, Гаши смета дека е потребно целосно редефинирање на правосудниот систем под покровителство на правните институции на САД и Европската Унија. Гаши очекува уште многумина од самиот врв на ДУИ да се најдат на црната листа на Стејт департментот на САД.

Ако судиме според наши информации за поврзувањето на ДУИ со корупцијата, на таа црна листа би требало да бидат уште многумина од самиот врв на ДУИ, кои сериозно го заслужуваат тоа. Всушност, за албанскиот гласач тие одамна се на листи на корупција и криминал, иако успешно се криеле и заштитиле, а дали САД ќе ги стави и на својата листа, за тоа не можам да прејудицирам. Но фактот, дека нивниот градоначалник е ставен на таа листа, доволно зборува за каква партија зборуваме, рече тој.

За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички блок, Гаши вели дека мора да се воздигнат над личните, партиски и други интереси и да се обединат не само за „уривање на корумпираната ДУИ, туку за спасување на иднината на децата и младите“.

На прашањето дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ доколку партијата на Мицкоски победи на следните избори, Гаши нагласува дека тие не ги бираат партнерите по име или боја, туку, како што вели, по програмски определби и политички договори за соработка.

Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на следните избори и ако ние имаме покана за здружување во извршната власт, ќе треба да зборуваме за тоа кој ќе биде начинот на владеење, која ќе биде владината програма, кои ќе бидат роковите и кои се ќе бидат гаранциите дека договореното ќе се имплементира. Тек тогаш ќе одлучиме, нагласува Гаши.

The post Гаши: Би сакал да поминат уставните измени, но тоа не зависи од пратениците од мојата партија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши во интервју за „Локално“ вели дека тој лично би сакал да поминат уставните измени, но нагласува дека дека тоа не зависи од бројот на пратеници од неговата партија. Тој додава дека за конечниот начин на гласање на пратениците од неговата партија ќе одлучат партиските органи.
Јас би сакал да поминат и ние да го продолжиме нашиот интеграциски пат. Сепак, тоа не зависи од нашиот број на пратениците. Ако зборуваме хипотетички, макар да тоа е начин на кој може најдобро да се згреши, во случај да не поминат уставните измени, нема веќе никаква смисла да продолжи оваа кревко мнозинство, па затоа ќе мора да одиме на нови избори, за изнаоѓање на решение за евроинтеграцискиот процес. За тоа како ќе наликува тој пат за Албанија и за другите земји, мислам дека не треба да се оптоваруваме. Ние само ѝ посакуваме среќа на Албанија и на сите други земји од Западен Балкан. Ако може да не бидам скромен, за мене е гордост што со нашиот влез во владата во 2021-ва година успеавме да помогнеме за добивање на датум за преговори за Македонија и Албанија. А во однос на тоа каква би била нашата перспектива без евроинтеграција, би се воздржал од коментар, бидејќи јас во никој случај не можам да замислам такво сценарио. Ама, бидете сигурни би било мрачно, рече тој.
Вели дека според негови информации уставните измени нема да поминат, бидејќи, како што посочува: „самиот начин на кој е донесен предлогот во Собрание зборува за тоа дека на владејачкото мнозинство не му е умот во тоа дали ќе поминат уставните измени, туку да ја стави опозицијата на искушение и тоа да има влијание врз наредниот изборен резултат“.
Што се однесува на нашиот став околу уставните измени, за конечниот начин на гласање на нашите пратеници ќе одлучат партиските органи, но фактот што владата не го зеде во предвид нашиот предлог за уставниот амандман за борба против корупција или пак не сакаше ниту да слушне за доследното именување на албанскиот јазик во Уставот и отстранување на навредливиот еуфемизам 20 отсто е доволен показател за пристапот кој го има оваа влада кон уставните измени и воопшто, кон интеграцискиот процес – не сака меѓуетничка кохезија, не сака борба против корупцијата, а во меѓувреме глуми европска интеграција. Останува на 18 август ова да се потврди, рече тој.
Порачува дека и да има некое влијание од Исток, како од Русија или Кина, за спречување на евроинтеграцискиот процес, тоа не треба да не заплаши, бидејќи нашето општество е цврсто определено за западниот курс. За борбата со корупцијата и излезот од лошата ситуација, Гаши смета дека е потребно целосно редефинирање на правосудниот систем под покровителство на правните институции на САД и Европската Унија. Гаши очекува уште многумина од самиот врв на ДУИ да се најдат на црната листа на Стејт департментот на САД.
Ако судиме според наши информации за поврзувањето на ДУИ со корупцијата, на таа црна листа би требало да бидат уште многумина од самиот врв на ДУИ, кои сериозно го заслужуваат тоа. Всушност, за албанскиот гласач тие одамна се на листи на корупција и криминал, иако успешно се криеле и заштитиле, а дали САД ќе ги стави и на својата листа, за тоа не можам да прејудицирам. Но фактот, дека нивниот градоначалник е ставен на таа листа, доволно зборува за каква партија зборуваме, рече тој.
За здружувањето на албанската опозиција во еден заеднички блок, Гаши вели дека мора да се воздигнат над личните, партиски и други интереси и да се обединат не само за „уривање на корумпираната ДУИ, туку за спасување на иднината на децата и младите“. На прашањето дали би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ доколку партијата на Мицкоски победи на следните избори, Гаши нагласува дека тие не ги бираат партнерите по име или боја, туку, како што вели, по програмски определби и политички договори за соработка.
Ако ВМРО-ДПМНЕ победи на следните избори и ако ние имаме покана за здружување во извршната власт, ќе треба да зборуваме за тоа кој ќе биде начинот на владеење, која ќе биде владината програма, кои ќе бидат роковите и кои се ќе бидат гаранциите дека договореното ќе се имплементира. Тек тогаш ќе одлучиме, нагласува Гаши.

The post Гаши: Би сакал да поминат уставните измени, но тоа не зависи од пратениците од мојата партија appeared first on Република.

]]>
Гаши за Мерко: „Замрзнување на членството“ е пепел врз очите на јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-za-merko-zamrznuvane-na-chlenstvoto-e-pepel-vrz-ochite-na-javnosta/ Fri, 23 Jun 2023 09:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=654358

Лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши за „Дојче Веле“ го претстави својот став откако ДУИ побара „институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко, за сите тврдења од одлуката на Стејт департментот”.

„Треба да објасниме што се подразбира под поимот „сеопфатна истрага од институциите“. Да имавме ние достојни институции за истрага, не ќе требаше Соединетите Американски Држави да ни покажат кој е корумпиран и кој влијае врз правосудството. Ние знаеме дека кај нас институциите, особено од областа на правото, се заробени токму од ДУИ, за што ние постојано сме повикувале и посочувале, а сме имале забелешки и од американската амбасадорка во Скопје. Затоа кај нас поимот „сеопфатна истрага од институциите“ е еуфемизам за одолговлекување, судски лавиринти, застарување на дела, саботажа на судски процеси и т.н. За жал, Македонија стана заробена држава на бизнис-кланот на тесното раководството на ДУИ, на кои им успеа да имаат голема сила над институциите, а како што се информираме последните денови, семејствата на Ахмети и Груби влегуваат сега во скапи бизниси на стотици милиони евра, кои сигурно не се постигнати со просечна државна плата“ вели Гаши за „ДВ“.

За одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата, Гаши вели:

„Замрзнување на членството“ или „прекин на изборниот процес во огранокот на Струга“, е пепел врз очите на јавноста, купување на време, ублажување на угледот на партијата и барање начин на извлекување од калта на американската „црна листа“. Македонија е ДУИ-зирана, особено правосудниот систем. Албанците имаат една поговорка што гласи вака: „За селото што се гледа, не треба докази“. Ако некој уште не ја здогледал оваа ДУИ-зација на државата, тогаш проблемот не е веќе во „селото“, туку во „очите“. Токму ваквите примери, кои ние сме ги воочиле од поодамна, иако секогаш одговорот бил „да им веруваме на институциите“, беше причина ние да предложиме уставен амандман за борба против корупцијата, со тоа што ќе имаме уставно санкционирање на предметите од политичка корупција, така што тие никогаш не ќе може да застарат, како што се случи со предметот за Сашо Мијалков. Ама, како што јавноста знае, ни СДСМ ни ДУИ дури не се произнесоа, а камоли да го прифатат. А како ние можеме да тврдиме дека тежнееме кон ЕУ, ако имаме држава со ваков степен на корупција и интерференција на политиката во правосудството, кое ни го обелоденуваат нашите сојузници, а нашата власт тоа го прекрива и покрива, дури се преправа дека не знаела?!“.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

The post Гаши за Мерко: „Замрзнување на членството“ е пепел врз очите на јавноста appeared first on Република.