гасен терминал Александрополис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasen-terminal-aleksandropolis/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Sep 2022 09:15:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гасен терминал Александрополис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasen-terminal-aleksandropolis/ 32 32 Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-interkonektorot-pomegju-severna-makedonija-i-grcija-e-kluchen-energetski-infrastrukturen-objekt-vo-snabduvanjeto-so-priroden-gas/ Sat, 17 Sep 2022 09:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=551662

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија е домаќин на 37 состанок на Регионалниот Координативен Комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас („ 37th Regional Coordination Committee Meeting на GAS REGIONAL INITIATIVE – SOUTH SOUTH-EAST “).

Претставници од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори – АЦЕР, Енергетската Заедница и регулаторни тела меѓу кои експерти за регулативата во секторот за природен гас од Хрватска, Италија, Словенија, Албанија, Грција дискутираа за мерките кои земјите ги преземаат во пресрет на зимата и ги презентираа плановите во однос на снабдувањето со гасот.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на учесниците им посака добредојде и потенцираше дека е чест што РКЕ е домаќини на состанок каде релевантни чинители разговараат за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас.

„Пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, инвестирање во нови технологии во обновливи извори, како и гасификација, кои за нас се неизбежни инвестициски процеси и кои ќе донесат бенефит на долг рок. Еден релевантен проект, кој е од голема важност е интерконекторот помеѓу Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој ќе се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Македонија и регионот се зависни од гасот што го снабдува од Гаспром и тие причини треба да се размислува на диверзификација. Интерконекторот за гас помеѓу Грција и Македонија ќе го диверзифицира снабдувањето со енергија за Македонија и регионот и истиот ќе претставува добар напор за соработка.“ истакна Марко Бислимоски, во воведното обраќање.

Состанокот за Гасната регионална иницијатива се реализира благодарение на соработката со АЦЕР и Секретаријатот на Енергетската заедница, а нејзината интенција е интеграција на пазарите, обезбедување исти услови за пристап и правила на пазарот на гас во регионот, како и воспоставување на добро функционален, конкурентен, ликвиден и транспарентен пазар на гас.

The post Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија е домаќин на 37 состанок на Регионалниот Координативен Комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас („ 37th Regional Coordination Committee Meeting на GAS REGIONAL INITIATIVE – SOUTH SOUTH-EAST “). Претставници од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори – АЦЕР, Енергетската Заедница и регулаторни тела меѓу кои експерти за регулативата во секторот за природен гас од Хрватска, Италија, Словенија, Албанија, Грција дискутираа за мерките кои земјите ги преземаат во пресрет на зимата и ги презентираа плановите во однос на снабдувањето со гасот. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на учесниците им посака добредојде и потенцираше дека е чест што РКЕ е домаќини на состанок каде релевантни чинители разговараат за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас. „Пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, инвестирање во нови технологии во обновливи извори, како и гасификација, кои за нас се неизбежни инвестициски процеси и кои ќе донесат бенефит на долг рок. Еден релевантен проект, кој е од голема важност е интерконекторот помеѓу Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој ќе се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Македонија и регионот се зависни од гасот што го снабдува од Гаспром и тие причини треба да се размислува на диверзификација. Интерконекторот за гас помеѓу Грција и Македонија ќе го диверзифицира снабдувањето со енергија за Македонија и регионот и истиот ќе претставува добар напор за соработка.“ истакна Марко Бислимоски, во воведното обраќање. Состанокот за Гасната регионална иницијатива се реализира благодарение на соработката со АЦЕР и Секретаријатот на Енергетската заедница, а нејзината интенција е интеграција на пазарите, обезбедување исти услови за пристап и правила на пазарот на гас во регионот, како и воспоставување на добро функционален, конкурентен, ликвиден и транспарентен пазар на гас.

The post Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас appeared first on Република.

]]>
Левица: Власта троши 750 милиони евра во туѓи енергетски проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-vlasta-troshi-750-milioni-evra-vo-tugji-energetski-proekti/ Thu, 05 May 2022 11:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=498005

Премиерот Ковачевски вчера од Грција повторно го промовира гасниот терминал во Александрополус, за кој најави дека ќе биде од енергетско значење во Македонија. Инвестирање државни пари во странски капитални објекти под нејасни услови е уште едно нерационално и шарлатанско однесување на оваа владејачка гарнитура, која нема никаква визија, стратегија и план за управување со државата, реагираат од Левица.

За катастрофалната состојба во енергетиката, говорат ревизорските податоци, кои констатираа дека во периодот од 2011 до 2020 година,1,3 милијарди денари или околу 21,5 милиони евра, се потрошени во проекти кои не се завршени и опрема којашто не е ставена во употреба.

Во однос на проектот за модернизацијата на Блок 1 во РЕК Битола, ревизорите утврдиле дека проектот не е реализиран и истиот од 2011 година предизвикал непродуктивни расходи во вкупен износ од 1.296.211 илјади денари (околу 21 милиони евра). Најголем дел од расходите или 55% претставуваат адвокатски трошоци за застапување во арбитражна постапка и трошоци кои произлегуваат од изгубената постапка.

Од друга страна, владата на СДСМ и ДУИ ќе потроши 750 милиони евра за објект кој не е во сопственост на државата. Дополнително, американскиот ЛНГ ќе биде многу поскап за македонски услови во однос на рускиот природен гас, што дополнително ќе ја влоши економската состојба во Македонија, велат од партијата.

Повеќе од очигледно е, потенцираат од Левица, дека се работи за политичка, а не за економска одлука, со единствена цел власта да се допадне на странскиот фактор – без никаква грижа за економската и енергетската стабилност на државата.

Ако се знае дека цената за изградба на гасна централа се движи нешто помалку од 800 илјади евра за еден MW инсталирана моќност, излегува дека државата треба за 200 MW инсталирана моќност во Грција да плати 1.9 милиони евра за еден MW инсталирана моќност – или дупло повеќе од реалната цена.

Односно, вкупната вредност на гасна централа за производство на електрична енергија, со инсталирана моќност од 200 MW, по реални цени чини 160 милиони евра, додека во случајов на Владата ќе чини 380 милиони евра, велат од Левица.

Јавно прашуваат - во чиј џеб ќе завршат 200 милиони евра од овој бомбона бизнис?

Дополнително, потенцираат тие, пред јавноста не е презентиран никаков план за овој проект, ниту пак придобивките кои власта ги очекува од истиот, ако се земе во предвид фактот дека Грција и Бугарија се доминантни сопственици.

Оваа таканаречена инвестиција во американски гас е единствено за да се задоволат геостратешките интереси на САД во конфликтот со рускиот гас, кој е многу поповолен за Балканот. Повторно, цената за додворување на странскиот фактор и неговите бизнис-интереси ќе ја плати обичниот граѓанин, реагираат од Левица.

The post Левица: Власта троши 750 милиони евра во туѓи енергетски проекти appeared first on Република.

]]>

Премиерот Ковачевски вчера од Грција повторно го промовира гасниот терминал во Александрополус, за кој најави дека ќе биде од енергетско значење во Македонија. Инвестирање државни пари во странски капитални објекти под нејасни услови е уште едно нерационално и шарлатанско однесување на оваа владејачка гарнитура, која нема никаква визија, стратегија и план за управување со државата, реагираат од Левица.
За катастрофалната состојба во енергетиката, говорат ревизорските податоци, кои констатираа дека во периодот од 2011 до 2020 година,1,3 милијарди денари или околу 21,5 милиони евра, се потрошени во проекти кои не се завршени и опрема којашто не е ставена во употреба. Во однос на проектот за модернизацијата на Блок 1 во РЕК Битола, ревизорите утврдиле дека проектот не е реализиран и истиот од 2011 година предизвикал непродуктивни расходи во вкупен износ од 1.296.211 илјади денари (околу 21 милиони евра). Најголем дел од расходите или 55% претставуваат адвокатски трошоци за застапување во арбитражна постапка и трошоци кои произлегуваат од изгубената постапка. Од друга страна, владата на СДСМ и ДУИ ќе потроши 750 милиони евра за објект кој не е во сопственост на државата. Дополнително, американскиот ЛНГ ќе биде многу поскап за македонски услови во однос на рускиот природен гас, што дополнително ќе ја влоши економската состојба во Македонија, велат од партијата.
Повеќе од очигледно е, потенцираат од Левица, дека се работи за политичка, а не за економска одлука, со единствена цел власта да се допадне на странскиот фактор – без никаква грижа за економската и енергетската стабилност на државата.
Ако се знае дека цената за изградба на гасна централа се движи нешто помалку од 800 илјади евра за еден MW инсталирана моќност, излегува дека државата треба за 200 MW инсталирана моќност во Грција да плати 1.9 милиони евра за еден MW инсталирана моќност – или дупло повеќе од реалната цена. Односно, вкупната вредност на гасна централа за производство на електрична енергија, со инсталирана моќност од 200 MW, по реални цени чини 160 милиони евра, додека во случајов на Владата ќе чини 380 милиони евра, велат од Левица.
Јавно прашуваат - во чиј џеб ќе завршат 200 милиони евра од овој бомбона бизнис? Дополнително, потенцираат тие, пред јавноста не е презентиран никаков план за овој проект, ниту пак придобивките кои власта ги очекува од истиот, ако се земе во предвид фактот дека Грција и Бугарија се доминантни сопственици.

Оваа таканаречена инвестиција во американски гас е единствено за да се задоволат геостратешките интереси на САД во конфликтот со рускиот гас, кој е многу поповолен за Балканот. Повторно, цената за додворување на странскиот фактор и неговите бизнис-интереси ќе ја плати обичниот граѓанин, реагираат од Левица.

The post Левица: Власта троши 750 милиони евра во туѓи енергетски проекти appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ: Изградбата на „Александрополис“е историски настан за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-micotakis-petkov-vuchikj-izgradbata-na-aleksandropolis-e-istoriski-nastan-za-regionot/ Tue, 03 May 2022 12:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=496856

Важноста на новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александруполи за енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите, ја истакнаа премиерите на Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шатл Мишел, за време на свечената церемонија во грчкиот град, по повод започнување на реализацијата на изградбата на пловниот терминал за ЛНГ, јави дописничката на МИА од Атина.

Веднаш по поздравните обраќања премиерите на Бугарија и Грција го потпишаа Договорот за започнување на реализацијата на проектот.

Премиерот Ковачевски во обраќањето рече дека „ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката“ и станува збор за проект за „долгорочна енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време“.

Тој додаде дека користењето на нови извори на енергија и замената на јагленот со гас се нашите најважни стратешки интереси.

Грчкиот премиер рече дека присуството на балканските лидери на манифестацијата го претставува единството на Балканот, но и дека „нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент“.

Мицотакис истакна дека со овој, но и со други планирани проекти набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа.

Осврнувајќи се на присуството на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, Мицотакис рече дека тоа „ја симболизира европската димензија на овој проект“, кој е „со важен геополитички отпечаток“.

Мишел, од своја страна, рече дека новиот терминал нема да помогнеме само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени, а овој проект испраќа јасна порака дека ја земаме судбината во наши раце.

– Не седиме и разговараме за стратешката автономија, туку сме активни, сите заедно, со нашите пријатели од Балканот сакаме да ја изградиме нашата заедничка иднина, рече Мишел.

Бугарскиот премиер Петков истакна дека е потребно земјите да работат заедно, потенцирајќи дека „економскиот притисок на Кремљ врз Бугарија и Европската унија нема да успеат“. Споменувајќи го денешниот настан како доказ за тоа, Птеков додаде дека Грција и Бугарија со поддршка на европските институции ги поставуваат темелите за интерконекторот меѓу двете земји што „ќе ја смени енергетската мапа на Европа“.

Претседателот на Србија Вучиќ се осврна на потребата за взаемна соработка, нагласувајќи дека со поддршка на ЕУ ќе земјите од регионот ќе успеат да ги надминат сите тешкотии.

The post Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ: Изградбата на „Александрополис“е историски настан за регионот appeared first on Република.

Петков: Изградбата на терминал за течен гас ќе ја промени енергетската карта на целиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-izgradbata-na-terminal-za-techen-gas-kje-ja-promeni-energetskata-karta-na-celiot-region/ Tue, 03 May 2022 10:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=496762

Убеден сум дека денешниот ден ќе остане во политичката историја на односите меѓу Бугарија и Грција. Ќе остане запаметено по нашата потрага по економска слобода и политичка независност“.

Ова го изјави премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Грција, каде што почна изградбата на терминал за течен природен гас кај Александрополис.

Тој изрази благодарност за помошта што Грција и ја дава на Бугарија во овој критичен момент.

Ние, земјите од слободна и демократска Европа, можеме само да се спротивставиме на руската инвазија на Украина и на притисокот без преседан што Русија во моментов ни го врши за заедно да го прекинеме снабдувањето со гас и да водиме политика која ги почитува принципите на меѓународното право. Економската уцена на Кремљ кон Бугарија и ЕУ нема да успее, бидејќи ние ќе се спротивставиме и денешниот настан е доказ за тоа“, дециден беше бугарскиот премиер.

Според него, проектот за пловечкиот терминал за течен гас не е само енергетски, туку и геополитички проект кој ќе ја промени енергетската карта на целиот регион.

The post Петков: Изградбата на терминал за течен гас ќе ја промени енергетската карта на целиот регион appeared first on Република.

]]>

Убеден сум дека денешниот ден ќе остане во политичката историја на односите меѓу Бугарија и Грција. Ќе остане запаметено по нашата потрага по економска слобода и политичка независност“.
Ова го изјави премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Грција, каде што почна изградбата на терминал за течен природен гас кај Александрополис. Тој изрази благодарност за помошта што Грција и ја дава на Бугарија во овој критичен момент.