гасен интерконектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasen-interkonektor/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 21:38:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гасен интерконектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gasen-interkonektor/ 32 32 Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ochekuva-do-krajot-na-godinata-da-bidat-potpishani-dogovorite-za-izvedba-na-interkonektorot-so-grtsija/ Tue, 19 Nov 2024 21:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=839736

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и дека напролет ќе почне работата на терен.

Овој проект, според него, е многу важен за државата затоа што ќе имаме алтернативен извор на природен гас, посочувајќи дека веќе е потпишан и договор азербејџански „Сокар“ по цена и услови што се многу прифатливи.

Првиот тендер за изградба беше неуспешен по што беше распишан нов на кој се очекува да се пријават компании кои би имале интерес за изградба.

Интерконекторот е во должина од 123 километри, а од македонска страна треба да бидат изградени 67 километри од Гевгелија до Неготино.

Во моментот, единственото гасно поврзување на државата е преку Бугарија.

Следен приоритет, како што вели Мицкоски во интервјуто за косовската државна телевизија, ќе биде изградба на интерконектор и со Косово.

- Може да оствариме исклучително квалитетна комуникација на овој план односно гасот којшто дел ќе завршува кај нас, дел ќе завршува и во Косово имајќи предвид дека употребата на гас тука е многу помала претпоставувам поради големите количини на јаглен. Од 1.1 2026 година поради Планот за раст ќе мора сите компании кои извезуваат во Европската унија да користат електрична енергија којашто е произведена од т.н. зелена енергија. Од тие причини треба да го имате природниот гас како дел од своето производно портфолио, нешто за што ние сме подготвени да соработуваме истовремено и со размена на електрична енергија и тоа во период кога кај нас недостасува, а тука има повеќе и обратно, кога кај нас има повеќе, а во Косово недостасува, вели Мицкоски во интервјуто.

The post Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и дека напролет ќе почне работата на терен. Овој проект, според него, е многу важен за државата затоа што ќе имаме алтернативен извор на природен гас, посочувајќи дека веќе е потпишан и договор азербејџански „Сокар“ по цена и услови што се многу прифатливи. Првиот тендер за изградба беше неуспешен по што беше распишан нов на кој се очекува да се пријават компании кои би имале интерес за изградба. Интерконекторот е во должина од 123 километри, а од македонска страна треба да бидат изградени 67 километри од Гевгелија до Неготино. Во моментот, единственото гасно поврзување на државата е преку Бугарија. Следен приоритет, како што вели Мицкоски во интервјуто за косовската државна телевизија, ќе биде изградба на интерконектор и со Косово.
- Може да оствариме исклучително квалитетна комуникација на овој план односно гасот којшто дел ќе завршува кај нас, дел ќе завршува и во Косово имајќи предвид дека употребата на гас тука е многу помала претпоставувам поради големите количини на јаглен. Од 1.1 2026 година поради Планот за раст ќе мора сите компании кои извезуваат во Европската унија да користат електрична енергија којашто е произведена од т.н. зелена енергија. Од тие причини треба да го имате природниот гас како дел од своето производно портфолио, нешто за што ние сме подготвени да соработуваме истовремено и со размена на електрична енергија и тоа во период кога кај нас недостасува, а тука има повеќе и обратно, кога кај нас има повеќе, а во Косово недостасува, вели Мицкоски во интервјуто.

The post Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ke-se-gradi-gasen-interkonektor-megu-makedonija-i-srbija/ Thu, 05 Sep 2024 15:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=813594

Во делот на енергетиката разговаравме за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција, изјави заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски, по средбата во Белград со српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа и ќе се заврши еден проект кој што генерации политичари пред нас го спомнувале за изградба на гасовод низ Македонија. Со тоа Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Истокот и воена агресија во Украина ќе значи уште повеќе за македонската економија затоа што прво ќе може снабдувањето со гас во Македонија да се диверзифицира и да имаме три или четири извори на гас, а не само еден. Второ многу поважно е низ Македонија да оди транзит гас кој што ќе оди до големите европски држави со што македонското стопанство ќе наплаќа транзит и ќе остварува големи приходи, а стратешки Македонија ќе ја постави на мапата да не биде избегнувана и од една страна каде што некои други влади сакаа Македонија да ја направат слепо црево во делот на инфраструктурата и во делот на поврзувањето, ние сакаме да ја направиме центар во поврзувањето, изјави Николоски во Белград.

Според него, „клучниот гасовод кој што оди до Централна Европа, изградба на брза пруга со 200 километри на час што исто така оди до Централна Европа, завршување на Коридор 8 во делот на автопатско поврзување со Бугарија и Албанија и во перспектива и железничко, како и изградба на мултимодуларен комплекс кај Трубарево каде што треба да изградиме пристаниште на суво како што се нарекува, каде што треба да се претовара целата роба која што ќе доаѓа од солунското, драчкото и атинското пристаниште, мислам дека македонската економија во следните 10-15 години ќе ја стави во центарот на Балканот, што е наша основна задача, да ја покренеме Македонија, луѓе да доаѓаат во Македонија а не да си одат, да има повеќе работни места и да има добро платени работни места“.

Николоски дводневната посета на Белград ја оцени како успешна. Посочи дека се очекува посета на премиерот Вучевиќ во Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, до крајот на годината ќе има заедничка седница на двете влади, а од следната година ќе има по две заеднички седници на влади.

На новинарско прашање за изградба на брзата пруга, министерот Николоски одговори дека тоа е еден од неговите први приоритети.

Нашата цел е во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга, не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, ќе е одлична работа за Македонија. Некаде таму помеѓу 2030 и 2032 година да имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија, истакна Николоски.

The post Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија appeared first on Република.

]]>

Во делот на енергетиката разговаравме за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција, изјави заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски, по средбата во Белград со српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа и ќе се заврши еден проект кој што генерации политичари пред нас го спомнувале за изградба на гасовод низ Македонија. Со тоа Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Истокот и воена агресија во Украина ќе значи уште повеќе за македонската економија затоа што прво ќе може снабдувањето со гас во Македонија да се диверзифицира и да имаме три или четири извори на гас, а не само еден. Второ многу поважно е низ Македонија да оди транзит гас кој што ќе оди до големите европски држави со што македонското стопанство ќе наплаќа транзит и ќе остварува големи приходи, а стратешки Македонија ќе ја постави на мапата да не биде избегнувана и од една страна каде што некои други влади сакаа Македонија да ја направат слепо црево во делот на инфраструктурата и во делот на поврзувањето, ние сакаме да ја направиме центар во поврзувањето, изјави Николоски во Белград.
Според него, „клучниот гасовод кој што оди до Централна Европа, изградба на брза пруга со 200 километри на час што исто така оди до Централна Европа, завршување на Коридор 8 во делот на автопатско поврзување со Бугарија и Албанија и во перспектива и железничко, како и изградба на мултимодуларен комплекс кај Трубарево каде што треба да изградиме пристаниште на суво како што се нарекува, каде што треба да се претовара целата роба која што ќе доаѓа од солунското, драчкото и атинското пристаниште, мислам дека македонската економија во следните 10-15 години ќе ја стави во центарот на Балканот, што е наша основна задача, да ја покренеме Македонија, луѓе да доаѓаат во Македонија а не да си одат, да има повеќе работни места и да има добро платени работни места“. Николоски дводневната посета на Белград ја оцени како успешна. Посочи дека се очекува посета на премиерот Вучевиќ во Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, до крајот на годината ќе има заедничка седница на двете влади, а од следната година ќе има по две заеднички седници на влади. На новинарско прашање за изградба на брзата пруга, министерот Николоски одговори дека тоа е еден од неговите први приоритети.
Нашата цел е во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга, не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, ќе е одлична работа за Македонија. Некаде таму помеѓу 2030 и 2032 година да имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија, истакна Николоски.
 
The post Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија appeared first on Република.

]]>
Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-gasniot-interkonektor-mozhe-da-ni-zarobi-nad-700-milioni-evra-i-da-ja-zabavi-obnovlivata-energija/ Thu, 16 Nov 2023 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=702109

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, земјава може да се заглави уште повеќе од три децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија, оценува Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.

Со напуштањето на јагленот и нафтата, наведуваат од Еко-свест, се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.

Интерконекторот кој треба да носи гас од Грција ќе ја насочи државата кон комплицирана изградба на гасна мрежа во сите општини што ќе трае долго и според различни сценарија може да чини меѓу 240 и 745 милиони евра. Овие пари може поефикасно да се насочат кон развој на обновливи извори на енергија и забрзување на продирањето на постоечки ефикасни системи за готвење, загревање на вода и на домаќинствата кои користат комбинации од соларни панели и топлински пумпи, се посочува во соопштението.

Дополнително, истражувањето на јавното мислење и фокус групите кои ги спроведе Еко-свест, укажуваат дека повеќе од две третини од испитаниците би се приклучиле на гасна мрежа доколку цената на приклучок изнесува до 300 евра. Меѓутоа, проценката на Еко-свест е дека цената на приклучок нема да биде под 700 евра. Оваа цена пак е прифатлива за само 4 отсто од испитаниците.

Проценката е и дека воведувањето на гасот за домаќинствата ќе придонесе за сериозно изместување на пазарот на уреди за готвење, загревање на водата и на грејни тела со оглед на тоа што гасните уреди досега беа многу малку застапени на тој пазар, а со гасификацијата ќе се јави огромна потреба од нив. Тоа, дополнително ќе го забави преминот кон обновлива енергија кај домаќинствата. За проектот за гасниот цевковод од Грција не беше овозможена отворена консултација со сите засегнати страни во врска со неговото влијание врз животната средина. Интерконекторот од необјаснети причини е поделен на три различни проекти во Грција и Македонија што го прави уште покомплициран за изведба, посочуваат од Центарот.

Гасот како фосилно гориво, енормно ги зголемува емисиите на стакленички гасови, пред сѐ на јаглеродните оксиди. Едно од главните прашања кое се поставува е дали емисиите на стакленички гасови од гасниот интерконектор се во согласност со обврската на земјата да ги намали емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, согласно Парискиот договор, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија appeared first on Република.

]]>

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, земјава може да се заглави уште повеќе од три децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија, оценува Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Со напуштањето на јагленот и нафтата, наведуваат од Еко-свест, се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.