гари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gari/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 07:45:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gari/ 32 32 Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorata-echi-od-zurli-i-tapani-gari-slavi-golema-bogoroditsa/ Wed, 28 Aug 2024 07:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=810749

Како и секоја година во мијачкото село Гари се одржа големата традиционална прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица.

Жителите на селото, голем број луѓе кои потекнуваат од тука, но и оние кои се дојдени во живо да бидат дел од оваа традиција, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Во чест на празникот, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква.

Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.

Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.

Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот.

Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат.

Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица.

За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи.

Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести.

Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица.

Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! appeared first on Република.

]]>

Како и секоја година во мијачкото село Гари се одржа големата традиционална прослава на празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица. Жителите на селото, голем број луѓе кои потекнуваат од тука, но и оние кои се дојдени во живо да бидат дел од оваа традиција, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Во чест на празникот, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква. Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци. Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем. Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се почне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи. Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица. Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гората ечи од зурли и тапани – Гари слави Голема Богородица! appeared first on Република.

]]>
Петре Филиповски-Гарката сѐ уште живее – отворна изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/petre-filipovski-garkata-s-ushte-zhivee-otvorna-izlozhba-na-sliki-vo-spomen-sobata-na-zografot-vo-selo-gari/ Sun, 25 Aug 2024 06:46:17 +0000 https://republika.mk/?p=809852

Гарчанецот кој остави траен и сѐ уште жив белег со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сѐ уште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата...
Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организира изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари.

Неговите дела се иконостасите во манастирите Св.Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание.

Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски – Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.

The post Петре Филиповски-Гарката сѐ уште живее – отворна изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари appeared first on Република.

]]>

Гарчанецот кој остави траен и сѐ уште жив белег со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сѐ уште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата... Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организира изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари. Неговите дела се иконостасите во манастирите Св.Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание. Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски – Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.

The post Петре Филиповски-Гарката сѐ уште живее – отворна изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари appeared first on Република.

]]>
Гарци го слават својот великан: Со голема изложба одбележуваат 170 години од смртта на Петре Филиповски-Гарката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gartsi-go-slavat-svojot-velikan-so-golema-izlozhba-odbelezhuvaat-170-godini-od-smrtta-na-petre-filipovski-garkata/ Sat, 24 Aug 2024 11:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=809705

Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организираат изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари.

Гарчанецот кој остави траен и сеуште жив белек со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сеуште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата.

Неговите дела се иконостасите во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание.

Гарчани ги канат добронамерниците да присуствуваат на отворањето на изложбата во сабота во 19 часот. Изложбата е организирана од месната заедница, а со несебична помoш и подршка од МАНУ.

Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски - Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.

 

The post Гарци го слават својот великан: Со голема изложба одбележуваат 170 години од смртта на Петре Филиповски-Гарката appeared first on Република.

]]>

Годинава се навршуваат 170 години од смртта на големиот Петре Филиповски-Гарката. Гарчани горди на својот предок во негова чест и сеќавање организираат изложба на слики во спомен собата на зографот во село Гари. Гарчанецот кој остави траен и сеуште жив белек со своите резби и иконостасти во мноштво цркви и манастири на територијата на целиот Балкан сеуште живее и се проучува преку неговите уникатни дела кој изобилуваат со најситни детали запишани во библијата. Неговите дела се иконостасите во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Спас во Скопје, во Лесновскиот манастир, црквата Св Никола во Крушево која била запалена во 1903 година за време на Илинденското востание. Гарчани ги канат добронамерниците да присуствуваат на отворањето на изложбата во сабота во 19 часот. Изложбата е организирана од месната заедница, а со несебична помoш и подршка од МАНУ. Изложбата во чест на големиот Петре Филиповски - Гарката ќе може да се погледне до 5 септември.  

The post Гарци го слават својот великан: Со голема изложба одбележуваат 170 години од смртта на Петре Филиповски-Гарката appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Гари ставен под контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-kaj-gari-staven-pod-kontrola/ Sun, 18 Aug 2024 07:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=807610

Големиот пожар над дебарското село Гари е ставен под контрола и нема опасност по ова и по околните села, изјави за МИА командирот на дебарската противпожарна бригада Џетан Мифтароски.

Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата ‘Стогово’ на ЈП ‘Национални шуми’ успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот, изјави командирот на ТППЕ Дебар.

Во гасењето на пожарот, како што додава Мифтароски, во извесна мера помогнал и краткотрајниот дожд кој иако не бил обилен, бил во прилог на гасењето на огнот.

Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари, а потоа и до селото Осој.

Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и ситностеблеста шума, но денеска зафати и високостеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми, апелира Мифтароски.

The post Пожарот кај Гари ставен под контрола appeared first on Република.

]]>

Големиот пожар над дебарското село Гари е ставен под контрола и нема опасност по ова и по околните села, изјави за МИА командирот на дебарската противпожарна бригада Џетан Мифтароски. Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата ‘Стогово’ на ЈП ‘Национални шуми’ успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот, изјави командирот на ТППЕ Дебар. Во гасењето на пожарот, како што додава Мифтароски, во извесна мера помогнал и краткотрајниот дожд кој иако не бил обилен, бил во прилог на гасењето на огнот. Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари, а потоа и до селото Осој. Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и ситностеблеста шума, но денеска зафати и високостеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми, апелира Мифтароски.

The post Пожарот кај Гари ставен под контрола appeared first on Република.

]]>
Трет ден беснее пожарот во близина на Гари, жителите во паника ги напуштаат огништата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tret-den-besnee-pozharot-vo-blizina-na-gari-zhitelite-vo-panika-gi-napushtaat-ognishtata/ Sat, 17 Aug 2024 12:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=807484

Трет ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума. Жителите во паника зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат, не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи, објави МТВ.

Претседателот на месната заедница во село Гари, Стево Лазаревски вели дека ситуацијата е алармнтна, владее страв, луѓето почнуваат да ги напуштаат своите огништа. Пожарникарите заедно со шумската полиција се борат со огнената стихија. Очекуваат воздушна поддршка.

Според ЦУК, засега кај Гари има само чад, а пожарот е високо во планината. Воздухоплови ќе се употребат само ако има потреба, велат од ЦУК. Во Гари се ангажирани 10 припадници на Национални шуми и двајца пожарникари со лесно возило кои се подготвени за дејство.

Според Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“.

Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, додава Мифтароски.

Се јавиле и доброволци од соседните села, но поради ризикот што доаѓа од огнот, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.

Извор: МТВ

The post Трет ден беснее пожарот во близина на Гари, жителите во паника ги напуштаат огништата appeared first on Република.

]]>

Трет ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума. Жителите во паника зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат, не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи, објави МТВ. Претседателот на месната заедница во село Гари, Стево Лазаревски вели дека ситуацијата е алармнтна, владее страв, луѓето почнуваат да ги напуштаат своите огништа. Пожарникарите заедно со шумската полиција се борат со огнената стихија. Очекуваат воздушна поддршка. Според ЦУК, засега кај Гари има само чад, а пожарот е високо во планината. Воздухоплови ќе се употребат само ако има потреба, велат од ЦУК. Во Гари се ангажирани 10 припадници на Национални шуми и двајца пожарникари со лесно возило кои се подготвени за дејство. Според Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“. Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, додава Мифтароски. Се јавиле и доброволци од соседните села, но поради ризикот што доаѓа од огнот, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено. Извор: МТВ

The post Трет ден беснее пожарот во близина на Гари, жителите во паника ги напуштаат огништата appeared first on Република.

]]>
Ловци им помагаат на двајцата пожарникари и Национални шуми да се угаси огнот над Гари, од ЦУК за хеликоптер велат „кога ќе треба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lovtsi-im-pomagaat-na-dvajtsata-pozharnikari-i-natsionalni-shumi-da-se-ugasi-ognot-nad-gari-od-tsuk-za-helikopter-velat-koga-ke-treba/ Sat, 17 Aug 2024 10:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=807438

Од Центарот за управување со кризи велат дека засега немало, но доколку има потреба ќе се испрати воздушна помош за гаснењето на огнот во планината Стогово над дебарското село Гари.

Според хеликоптерското извидување од вчера доцна попладне – вечерта, пожарот над с.Гари е високо на планината. Од виденото и видеодокументираното, иако линијата на пожарот е голема, има само чад кон и околу Гари...
Мештаните, освен што се во информативна координација со ЦУК, преку претседателот на месната заедница, заедно со 10 луге од ЈП „Национални шуми“ и 2 пожарникара со лесно возило се подготвени за дејство ако има опасност, а и ловците од Гари се смоорганизирани и во координација со месната заедница и ЦУК исто така, бидејки го познаваат добро теренот и имаат план каде – на патот над Гари би била линијата на одбрана на селото...
Засега кај Гари има само чад, а пожарот е високо во планината...
Воздухоплови, ако има потреба, согласно ако има опасна ситуација ке бидат веднаш пренасочени кон Гари, велат од ЦУК.

Од вчерашното хеликоптерското извидување над Гари:


Од друга страна, пак, Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, вели дека иако нема опасност за селото, единствен спас е интервенција од воздух, која ја побарале уште вчера.

Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.

https://republika.mk/vesti/makedonija/edinstven-spas-za-gari-e-interventsija-od-vozduh-koja-ja-pobaravme-ushte-vchera-veli-komandirot-miftaroski/

Жителите, пак, се бесни и велат дека не гледаат дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasete-go-gari-pred-da-mu-nema-spas-baraat-zhitelite-otkako-ognot-e-se-poblisku-a-ni-tsuk-ni-nadlezhnite-ne-prezemaat-nishto/

The post Ловци им помагаат на двајцата пожарникари и Национални шуми да се угаси огнот над Гари, од ЦУК за хеликоптер велат „кога ќе треба“ appeared first on Република.

]]>

Од Центарот за управување со кризи велат дека засега немало, но доколку има потреба ќе се испрати воздушна помош за гаснењето на огнот во планината Стогово над дебарското село Гари.
Според хеликоптерското извидување од вчера доцна попладне – вечерта, пожарот над с.Гари е високо на планината. Од виденото и видеодокументираното, иако линијата на пожарот е голема, има само чад кон и околу Гари... Мештаните, освен што се во информативна координација со ЦУК, преку претседателот на месната заедница, заедно со 10 луге од ЈП „Национални шуми“ и 2 пожарникара со лесно возило се подготвени за дејство ако има опасност, а и ловците од Гари се смоорганизирани и во координација со месната заедница и ЦУК исто така, бидејки го познаваат добро теренот и имаат план каде – на патот над Гари би била линијата на одбрана на селото... Засега кај Гари има само чад, а пожарот е високо во планината... Воздухоплови, ако има потреба, согласно ако има опасна ситуација ке бидат веднаш пренасочени кон Гари, велат од ЦУК.
Од вчерашното хеликоптерското извидување над Гари: Од друга страна, пак, Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, вели дека иако нема опасност за селото, единствен спас е интервенција од воздух, која ја побарале уште вчера.
Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.
https://republika.mk/vesti/makedonija/edinstven-spas-za-gari-e-interventsija-od-vozduh-koja-ja-pobaravme-ushte-vchera-veli-komandirot-miftaroski/ Жителите, пак, се бесни и велат дека не гледаат дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasete-go-gari-pred-da-mu-nema-spas-baraat-zhitelite-otkako-ognot-e-se-poblisku-a-ni-tsuk-ni-nadlezhnite-ne-prezemaat-nishto/

The post Ловци им помагаат на двајцата пожарникари и Национални шуми да се угаси огнот над Гари, од ЦУК за хеликоптер велат „кога ќе треба“ appeared first on Република.

]]>
Eдинствен спас за Гари е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, вели командирот Мифтароски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edinstven-spas-za-gari-e-interventsija-od-vozduh-koja-ja-pobaravme-ushte-vchera-veli-komandirot-miftaroski/ Sat, 17 Aug 2024 09:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=807431

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/spasete-go-gari-pred-da-mu-nema-spas-baraat-zhitelite-otkako-ognot-e-se-poblisku-a-ni-tsuk-ni-nadlezhnite-ne-prezemaat-nishto/

Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата "Стогово" на ЈП" Национални шуми".

Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.

Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.

До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.

The post Eдинствен спас за Гари е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, вели командирот Мифтароски appeared first on Република.

]]>

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари. https://republika.mk/vesti/makedonija/spasete-go-gari-pred-da-mu-nema-spas-baraat-zhitelite-otkako-ognot-e-se-poblisku-a-ni-tsuk-ni-nadlezhnite-ne-prezemaat-nishto/ Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата "Стогово" на ЈП" Национални шуми".
Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.
Додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.
До сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири, вели Мифтароски.

The post Eдинствен спас за Гари е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, вели командирот Мифтароски appeared first on Република.

]]>
„Спасете го Гари пред да му нема спас!“ бараат жителите откако огнот е сè поблиску, а ни ЦУК ни надлежните не преземаат ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasete-go-gari-pred-da-mu-nema-spas-baraat-zhitelite-otkako-ognot-e-se-poblisku-a-ni-tsuk-ni-nadlezhnite-ne-prezemaat-nishto/ Sat, 17 Aug 2024 07:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=807397

Втор ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се вели дека овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума, но нема детали како се интервенира и што се презема.

Жителите утрово се уште позагрижени зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи.

Апели дека ситуацијата е доста сериозна и затоа е потребна брза интервенција од надлежните пристигаат уште од вчеравечер.

Превземете нешто додека не е премногу касно, вели постар жител на Гари, додавајќи дека засега никој ништо не превзема за да се угаси пожарот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shto-poskoro-da-se-ispratat-helikoteri-za-gasnene-na-pozharot-apeliraat-zhitelite-na-gari/

Се зборува дека го откажале хеликоптерот, па не се арни! Ситуацијата се влошува од час во час, гори сè повеќе и повеќе, а ние сме оставени овде сами на себе, коментира друг гаричанец, огорчен што никој не ги слуша нивните апели за помош.

Дека ситуацијата се влоши преку ноќ се гледа и преку сателитските снимки:

[caption id="attachment_807399" align="aligncenter" width="720"] Огнот кај Гари вчера, 16 август[/caption]

[caption id="attachment_807400" align="aligncenter" width="720"] Огнот целосно доближен до селото утрово, 17 август[/caption]

„Република“ во моментот ги очекува одговорите од ЦУК што се случува со овој пожар и каков е планот за интервенција.

Гари, пак, во моментов, како и секоја година за овој период, е полн со луѓе зошто селото секоја година со многу традиции и адети го слави патрониот празник Голема Богородица. Така и сега, полно е народ, зошто во родната грутка се вратени многу фамилии.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/zhivo-e-gari-mladite-gordo-ja-prodolzhuvaat-traditsijata-na-svoite-predtsi/

Но, и младо и старо нема мир пред пламените јазици, а си имаат само една молба до надлежните:

Спасете го Гари пред да му нема спас! 

 

 

The post „Спасете го Гари пред да му нема спас!“ бараат жителите откако огнот е сè поблиску, а ни ЦУК ни надлежните не преземаат ништо appeared first on Република.

]]>

Втор ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се вели дека овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума, но нема детали како се интервенира и што се презема. Жителите утрово се уште позагрижени зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи. Апели дека ситуацијата е доста сериозна и затоа е потребна брза интервенција од надлежните пристигаат уште од вчеравечер.
Превземете нешто додека не е премногу касно, вели постар жител на Гари, додавајќи дека засега никој ништо не превзема за да се угаси пожарот.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shto-poskoro-da-se-ispratat-helikoteri-za-gasnene-na-pozharot-apeliraat-zhitelite-na-gari/
Се зборува дека го откажале хеликоптерот, па не се арни! Ситуацијата се влошува од час во час, гори сè повеќе и повеќе, а ние сме оставени овде сами на себе, коментира друг гаричанец, огорчен што никој не ги слуша нивните апели за помош.
Дека ситуацијата се влоши преку ноќ се гледа и преку сателитските снимки: [caption id="attachment_807399" align="aligncenter" width="720"] Огнот кај Гари вчера, 16 август[/caption] [caption id="attachment_807400" align="aligncenter" width="720"] Огнот целосно доближен до селото утрово, 17 август[/caption] „Република“ во моментот ги очекува одговорите од ЦУК што се случува со овој пожар и каков е планот за интервенција. Гари, пак, во моментов, како и секоја година за овој период, е полн со луѓе зошто селото секоја година со многу традиции и адети го слави патрониот празник Голема Богородица. Така и сега, полно е народ, зошто во родната грутка се вратени многу фамилии. https://republika.mk/zivot/patuvanja/zhivo-e-gari-mladite-gordo-ja-prodolzhuvaat-traditsijata-na-svoite-predtsi/ Но, и младо и старо нема мир пред пламените јазици, а си имаат само една молба до надлежните: Спасете го Гари пред да му нема спас!     

The post „Спасете го Гари пред да му нема спас!“ бараат жителите откако огнот е сè поблиску, а ни ЦУК ни надлежните не преземаат ништо appeared first on Република.

]]>
Што поскоро да се испратат хеликотери за гаснење на пожарот, апелираат жителите на Гари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shto-poskoro-da-se-ispratat-helikoteri-za-gasnene-na-pozharot-apeliraat-zhitelite-na-gari/ Fri, 16 Aug 2024 12:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=807223

Жителите на дебарското село Гари се загрижени за пожарот кој беснее во нивна близина, на планината Стогово. Таму гори сува трева и според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) овој е еден од 12-те активни пожари во Македонија.

Според кажувањата на жителите, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу.

Апелираат што е можно поскоро да се испратат хеликоптери за гаснење на пожарот од воздух, за да не се случи најлошото, огнените јазици да се прошират и да ги зафатат куќите во селото Гари.

 

The post Што поскоро да се испратат хеликотери за гаснење на пожарот, апелираат жителите на Гари appeared first on Република.

]]>

Жителите на дебарското село Гари се загрижени за пожарот кој беснее во нивна близина, на планината Стогово. Таму гори сува трева и според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) овој е еден од 12-те активни пожари во Македонија. Според кажувањата на жителите, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу. Апелираат што е можно поскоро да се испратат хеликоптери за гаснење на пожарот од воздух, за да не се случи најлошото, огнените јазици да се прошират и да ги зафатат куќите во селото Гари.  

The post Што поскоро да се испратат хеликотери за гаснење на пожарот, апелираат жителите на Гари appeared first on Република.

]]>
Живо е Гари! Младите гордо ја продолжуваат традицијата на своите предци https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/zhivo-e-gari-mladite-gordo-ja-prodolzhuvaat-traditsijata-na-svoite-predtsi/ Wed, 30 Aug 2023 15:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=677325

На 1.100 метри надморска височина, во пазувите на Стогово, скриено меѓу бујните дрвја и зелените ливади, Гари му пркоси на времето и гордо останува на своето славно име - едно од најубавите села во Западна Македонија. Живо е Гари, посебно во август, кога еден по еден му се враќаат мештаните, оние што одбиваат да го продадат своето минато, своето име.

А, дека љубовта се пренесува преку крвта, преку генерации и генерации на гарци, се потврди и годинава, кога селото се наполни со млади. Оние што не заборавиле од каде доаѓаат, туку гордо ги прераскажуваат мијачките легенди и исправено ги носат македонските носии.

За празникот за време на кој најмногу живнува селото, Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, со денови се одржуваше традиционалната прослава. Зурлите ечеа и дење и ноќе, орото се виеше по секоја уличка.

Прославата на Богородица трае со векови. Адет е за овој празник да се прави свадба, но и ако некоја година помине без венчавка, не поминува без прослава. Гарци се собираат во ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, каде лежат чудотворните коски на еден светец.

Во гор­ни­от кат од цр­ква­та, ако пог­лед­нете на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци.

За Гари има многу да се кажува, ама најубаво е да се доживее. Па, следната година, кога ќе сакате да избегате од горештините, сетете се дека овде ќе ве пречекаат насмеани лица, од најмладо до најстаро ќе ви кажат каде е најубавата ледина, каде да си купите од најбкусните гарски сирења и овчо млеко, каде да мезнете пастрмка. Ќе сфатите зошто кој еднаш отишол, пак сака да се врати. Живо е Гари, жива е Македонија!

https://republika.mk/vesti/makedonija/gari-echeshe-od-zurli-i-tapani-gartsi-go-odbelezhaa-doaganeto-na-golema-bogoroditsa/

https://republika.mk/vesti/makedonija/slavnoto-selo-gari-go-proslavi-praznikot-golema-bogoroditsa/

https://republika.mk/zivot/patuvanja/gari-ubavina-shto-treba-da-se-dozivee/

The post Живо е Гари! Младите гордо ја продолжуваат традицијата на своите предци appeared first on Република.

]]>

На 1.100 метри надморска височина, во пазувите на Стогово, скриено меѓу бујните дрвја и зелените ливади, Гари му пркоси на времето и гордо останува на своето славно име - едно од најубавите села во Западна Македонија. Живо е Гари, посебно во август, кога еден по еден му се враќаат мештаните, оние што одбиваат да го продадат своето минато, своето име. А, дека љубовта се пренесува преку крвта, преку генерации и генерации на гарци, се потврди и годинава, кога селото се наполни со млади. Оние што не заборавиле од каде доаѓаат, туку гордо ги прераскажуваат мијачките легенди и исправено ги носат македонските носии. За празникот за време на кој најмногу живнува селото, Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, со денови се одржуваше традиционалната прослава. Зурлите ечеа и дење и ноќе, орото се виеше по секоја уличка.
Прославата на Богородица трае со векови. Адет е за овој празник да се прави свадба, но и ако некоја година помине без венчавка, не поминува без прослава. Гарци се собираат во ма­ла­та, но пре­крас­на цр­ква „Св. Бо­го­ро­ди­ца“, каде лежат чудотворните коски на еден светец. Во гор­ни­от кат од цр­ква­та, ако пог­лед­нете на­го­ре, ме­ѓу ико­ни­те се гле­да око. Око­то е на­цр­та­но во три­а­гол­ник, и ка­ко и да се дви­жи­те, тоа по­сто­ја­но ве сле­ди. Пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја, ка­ко што се прет­по­ста­ву­ва во до­ку­мен­ти­ра­ни­те за­пи­си за Га­ри, е де­ка тоа е ма­сон­ско око. Ама ло­кал­ни­те жи­те­ли не зна­ат да об­јас­нат што зна­чи овој знак. Над ол­та­рот има и сон­це со 16 кра­ци. Се­ла­ни­те ве­лат де­ка тоа им е сим­бол на ми­јач­ки­от крај и де­ка на вре­ме­то Ми­ја­ци­те, по­крај сво­јот ми­јач­ки ја­зик, си има­ле и ми­јач­ко зна­ме со сон­це со 16 кра­ци.
За Гари има многу да се кажува, ама најубаво е да се доживее. Па, следната година, кога ќе сакате да избегате од горештините, сетете се дека овде ќе ве пречекаат насмеани лица, од најмладо до најстаро ќе ви кажат каде е најубавата ледина, каде да си купите од најбкусните гарски сирења и овчо млеко, каде да мезнете пастрмка. Ќе сфатите зошто кој еднаш отишол, пак сака да се врати. Живо е Гари, жива е Македонија! https://republika.mk/vesti/makedonija/gari-echeshe-od-zurli-i-tapani-gartsi-go-odbelezhaa-doaganeto-na-golema-bogoroditsa/ https://republika.mk/vesti/makedonija/slavnoto-selo-gari-go-proslavi-praznikot-golema-bogoroditsa/ https://republika.mk/zivot/patuvanja/gari-ubavina-shto-treba-da-se-dozivee/

The post Живо е Гари! Младите гордо ја продолжуваат традицијата на своите предци appeared first on Република.

]]>
Гари ечеше од зурли и тапани – Гарци го одбележаа доаѓањето на Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gari-echeshe-od-zurli-i-tapani-gartsi-go-odbelezhaa-doaganeto-na-golema-bogoroditsa/ Sun, 27 Aug 2023 18:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=676454

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, се одржува традиционална прослава во славното мијачко село Гари.

Жителите на селото, но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“.

Истовремено, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква.

Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.

Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.

Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат.

Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се започне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи.

Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот.

Што се случило со Богородица после воскресението на Исус?

Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица.
Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гари ечеше од зурли и тапани – Гарци го одбележаа доаѓањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, се одржува традиционална прослава во славното мијачко село Гари. Жителите на селото, но и голем број луѓе кои потекнуваат од тука, се собираат во ова живописно населено место и со музика, зурли и тапани се движат низ сокаците кон главната селска црква посветена токму на празникот - Успение на пресвета Богородица“. Истовремено, девојките ги облекуваат своите најубави традиционални носии и се приклучуваат на поворката кон главната селска црква. Станува збор за православен храм изграден во 19 век. Црквата претставува правоаголна базилика, а се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци. Оваа црква, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем. Денот на Голема Богородица, црквата го одбележува како сеќавање на смртта на Богородица, и според евангелиската традиција, денот кога таа вискреснала на небото и го предала својот дух во рацете на Спасителот. Со оглед на тоа што Голема Богородица и претходи двонеделен пост, утре, верниците, особено жените, се причестуваат. Во Македонија, се верува дека Богородица е заштитник на сите живи суштества, особено на родилките и мајките. Затоа, на овој ден, дамите не треба да прават ништо, туку да го посветат денот на почитувањето на Богородица. За празникот Успение на Пресвета Богородица не е добро било што да се прави со рацете, или да се започне нов бизнис. До ден-денес треба да се завршат сите летни работи на терен, и дури од Мала Богородица треба да почне со нови, есенски работи. Иконата на Пресвета Богородица треба да биде во домот на секој христијанин. Во некои делови на Македонија сè уште се верува дека бојата на оваа икона, ако се меша со вода на овој ден, може да излечи многу женски болести. Исто така се верува дека билки и трева собрани на Голема Богородица имаат исклучително лековити својства. Се берат боровинки и лековити билки а се верува дека ќе донесат здравје и благосостојба на сите во домот. Што се случило со Богородица после воскресението на Исус? Преданието вели дека Богородица живеела 60. години, според некои извори 72., дека таа го надживеала својот син и како сведок на многу славни настани, ја продолжила неговата мисија. Библијата не дава сознанија за крајот на земниот живот на Богородица. Според традицијата и списите, кои немаат световен карактер, се смета дека мајката Божја до крајот на својот живот, после смртта и воскресението Христово, живеела во Ерусалим, опкружена со вниманието на апостолите и првата христијанска заедница.

The post Гари ечеше од зурли и тапани – Гарци го одбележаа доаѓањето на Голема Богородица appeared first on Република.

]]>