гари каспаров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gari-kasparov/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 11:11:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гари каспаров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gari-kasparov/ 32 32 Каспаров: „Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на Путин https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kasparov-rusite-koi-denes-ginat-na-prvite-linii-na-konfliktot-se-borat-za-politichkiot-zhivot-na-putin/ Tue, 03 Sep 2024 11:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=812671

 Војната во Украина е само еден елемент од глобалната војна на „слободниот свет против диктатурите“, предупреди Гари Каспаров, познатиот руски шахист и активист против Кремљ.

Каспаров зборуваше на Бледскиот стратешки форум што се одржува во словенечката туристичка дестинација.

Зборувајќи за руската агресија врз Украина, познатиот шахист со хрватски пасош рече дека линиите на конфликтот во таа војна биле „јасни од самиот почеток“: диктатура и тиранија од една страна и либерално демократско уредување од друга страна.

„Војната во Украина е најважната, но само еден од многуте елементи на таа глобална војна против слободниот свет“, рече Каспаров.

„Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на рускиот претседател Владимир Путин и за „опстанокот на корумпираната, морално банкротирана мафијашка структура која денес ја претставува руската влада. Денес рускиот режим дојде до точка кога војната е единствениот начин да се остане на власт, истакна Каспаров.

Тој нагласи дека „демократскиот свет“ денес има огромна воена и економска предност, но „нема политичка волја да ја искористи“.

„Путин има план, Кина има план, исламистичките радикали имаат план, но слободниот свет нема. Влијанието на рускиот претседател денес може да се види низ целиот свет, од Николас Мадуро во Венецуела до Северна Кореја, рече Каспаров.

Тој смета дека денес Русија е изложена на ризик „да стане кинески сателит“, а Кина е „единствената земја која има територијални претензии кон Русија“ и тоа е околу 1,5 милиони квадратни километри, „од Владивосток до Бајкалското Езеро“. Познатиот шахист рече дека „Кина со големо задоволство ја следи оваа војна бидејќи ја ослабува и Русија и слободниот свет“, а таа е надвор од фокусот.

Каспаров се уште не ја гледа стратегијата на демократскиот дел од светот за победа на Украина.

Таа победа мора да вклучува целосно враќање на освоената територија, вклучително и Крим, воена отштета и процесуирање на воените злосторства. Мораме да го убиеме империјалниот вирус во Русија. Тоа можеме да го постигнеме само со враќање на украинското знаме во Севастопол“, заклучи Каспаров

The post Каспаров: „Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на Путин appeared first on Република.

]]>

 Војната во Украина е само еден елемент од глобалната војна на „слободниот свет против диктатурите“, предупреди Гари Каспаров, познатиот руски шахист и активист против Кремљ. Каспаров зборуваше на Бледскиот стратешки форум што се одржува во словенечката туристичка дестинација. Зборувајќи за руската агресија врз Украина, познатиот шахист со хрватски пасош рече дека линиите на конфликтот во таа војна биле „јасни од самиот почеток“: диктатура и тиранија од една страна и либерално демократско уредување од друга страна. „Војната во Украина е најважната, но само еден од многуте елементи на таа глобална војна против слободниот свет“, рече Каспаров.
„Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на рускиот претседател Владимир Путин и за „опстанокот на корумпираната, морално банкротирана мафијашка структура која денес ја претставува руската влада. Денес рускиот режим дојде до точка кога војната е единствениот начин да се остане на власт, истакна Каспаров.
Тој нагласи дека „демократскиот свет“ денес има огромна воена и економска предност, но „нема политичка волја да ја искористи“. „Путин има план, Кина има план, исламистичките радикали имаат план, но слободниот свет нема. Влијанието на рускиот претседател денес може да се види низ целиот свет, од Николас Мадуро во Венецуела до Северна Кореја, рече Каспаров.
Тој смета дека денес Русија е изложена на ризик „да стане кинески сателит“, а Кина е „единствената земја која има територијални претензии кон Русија“ и тоа е околу 1,5 милиони квадратни километри, „од Владивосток до Бајкалското Езеро“. Познатиот шахист рече дека „Кина со големо задоволство ја следи оваа војна бидејќи ја ослабува и Русија и слободниот свет“, а таа е надвор од фокусот.
Каспаров се уште не ја гледа стратегијата на демократскиот дел од светот за победа на Украина. Таа победа мора да вклучува целосно враќање на освоената територија, вклучително и Крим, воена отштета и процесуирање на воените злосторства. Мораме да го убиеме империјалниот вирус во Русија. Тоа можеме да го постигнеме само со враќање на украинското знаме во Севастопол“, заклучи Каспаров

The post Каспаров: „Русите кои денес гинат на првите линии на конфликтот се борат за „политичкиот живот“ на Путин appeared first on Република.

]]>
За Русите, светскиот шаховски првак Гари Каспаров е терорист и екстремист https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-rusite-svetskiot-shahovski-prvak-gari-kasparov-e-terorist-i-ekstremist/ Wed, 06 Mar 2024 17:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=752018

Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“.

Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД.

Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина.

Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.

The post За Русите, светскиот шаховски првак Гари Каспаров е терорист и екстремист appeared first on Република.

]]>

Руските власти го додадоа името на поранешниот повеќекратен светски шаховски првак и политички активист Гари Каспаров на списокот „терористи и екстремисти“. Каспаров е долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, а последните десет години живее во САД. Каспаров ја напушти Русија во страв дека може да се соочи со судски процес во 2013 година и од САД продолжува да биде жесток критичар на Путин и на руската агресија врз Украина. Каспаров во 2022 година веќе беше прогласен за „странски агент“, термин кој руските власти го користат за своите противници, новинари и борци за човекови права.

The post За Русите, светскиот шаховски првак Гари Каспаров е терорист и екстремист appeared first on Република.

]]>
Kaспаров го нападна Илон Маск: Toj е идиот, мојот телефон е подобар од него https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kasparov-go-napadna-ilon-mask-toj-e-idiot-mojot-telefon-e-podobar-od-nego/ Tue, 25 Oct 2022 10:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=565385

Легендарниот шахист, Русинот Гари Каспаров и најбогатиот човек на планетава, Американецот Илон Маск почнаа да „се препукуваат“ за војната во Украина, пред се, со различните ставови за решавање на воениот судир. Нивниот меѓусебен конфликт почна со интервјуто на велемајсторот за „Си-ен-би-си“.

– Трошоците се огромни, но Украина ја плаќа цената. Зошто луѓето кои живеат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина да им кажуваат на Украинците како да ги водат своите работи. Тоа е морален идиотизам и геополитичко слепило, изјави познатиот шахист.

Тој се приклучи на американската телевизиска програма додека натпис зад него истакнуваше „Слава на Украина“. Американскиот бизнисмен, очигледно засегнат од овој коментар, му одговори на Русинот на Твитер.

„Иако е точно тоа дека Каспаров е речиси исто толку добар во шах колку и мојот ‘Ајфон’, тој е идиот во секој друг поглед. Немам ни куќа, а камоли ’вила’,“ напиша Маск.

„Спејс-Икс“, кој е во сопственост на Илон Маск, ќе продолжи да го финансира „Старлинк“-сателитскиот интернет во Украина

The post Kaспаров го нападна Илон Маск: Toj е идиот, мојот телефон е подобар од него appeared first on Република.

]]>

Легендарниот шахист, Русинот Гари Каспаров и најбогатиот човек на планетава, Американецот Илон Маск почнаа да „се препукуваат“ за војната во Украина, пред се, со различните ставови за решавање на воениот судир. Нивниот меѓусебен конфликт почна со интервјуто на велемајсторот за „Си-ен-би-си“. – Трошоците се огромни, но Украина ја плаќа цената. Зошто луѓето кои живеат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина да им кажуваат на Украинците како да ги водат своите работи. Тоа е морален идиотизам и геополитичко слепило, изјави познатиот шахист. Тој се приклучи на американската телевизиска програма додека натпис зад него истакнуваше „Слава на Украина“. Американскиот бизнисмен, очигледно засегнат од овој коментар, му одговори на Русинот на Твитер. „Иако е точно тоа дека Каспаров е речиси исто толку добар во шах колку и мојот ‘Ајфон’, тој е идиот во секој друг поглед. Немам ни куќа, а камоли ’вила’,“ напиша Маск. „Спејс-Икс“, кој е во сопственост на Илон Маск, ќе продолжи да го финансира „Старлинк“-сателитскиот интернет во Украина

The post Kaспаров го нападна Илон Маск: Toj е идиот, мојот телефон е подобар од него appeared first on Република.

]]>
Русија ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-gi-stavi-kasparov-i-hodorkovski-na-spisokot-na-stranski-agenti/ Sat, 21 May 2022 06:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=505038

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил, денеска се ставени на списокот на „странски агенти” во Русија, соопшти руското Министерство за правда.

Терминот „странски агент”, што во превод значи „непријател на народот” од советската ера, нашироко се користи во Русија против опозиционерите, новинарите и активистите за човекови права обвинети дека спроведуваат политички активности финансирани во странство.

Со назначувањето странски агент, едно лице или ентитет подлежи на голем број ограничувања и процедури под закана од строги казни. Меѓу другото, тие треба да го наведат статусот на сите свои објави.

Во ажурираниот список објавен на веб-страницата на министерството се наведува дека Михаил Ходорковски (58) и Гери Каспаров (59) имаат „извори” во Украина за да ги финансираат своите активности.

Каспаров долго време му се спротивставува на Владимир Путин и речиси десет години живее во егзил во САД. Ходорковски беше еден од најмоќните руски бизнисмени во текот на 1990-тите пред да му се спротивстави на Кремљ кога Путин дојде на власт во 2000 година. Тој мина десет години во затвор, меѓу 2003 и 2013 година, и оттогаш живее во егзил. Со години ја финансираше опозициската организација Отворена Русија, која се самораспушти во мај 2021 година поради растечките репресии во земјата.

The post Русија ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти appeared first on Република.

]]>

Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил, денеска се ставени на списокот на „странски агенти” во Русија, соопшти руското Министерство за правда. Терминот „странски агент”, што во превод значи „непријател на народот” од советската ера, нашироко се користи во Русија против опозиционерите, новинарите и активистите за човекови права обвинети дека спроведуваат политички активности финансирани во странство. Со назначувањето странски агент, едно лице или ентитет подлежи на голем број ограничувања и процедури под закана од строги казни. Меѓу другото, тие треба да го наведат статусот на сите свои објави. Во ажурираниот список објавен на веб-страницата на министерството се наведува дека Михаил Ходорковски (58) и Гери Каспаров (59) имаат „извори” во Украина за да ги финансираат своите активности. Каспаров долго време му се спротивставува на Владимир Путин и речиси десет години живее во егзил во САД. Ходорковски беше еден од најмоќните руски бизнисмени во текот на 1990-тите пред да му се спротивстави на Кремљ кога Путин дојде на власт во 2000 година. Тој мина десет години во затвор, меѓу 2003 и 2013 година, и оттогаш живее во егзил. Со години ја финансираше опозициската организација Отворена Русија, која се самораспушти во мај 2021 година поради растечките репресии во земјата.

The post Русија ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти appeared first on Република.

]]>
Гари Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gari-kasparov-putin-kje-upotrebi-nuklearno-oruzje-samo-vo-eden-sluchaj/ Wed, 23 Mar 2022 10:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=477077

Шаховскиот велемајстор, Гaри Каспаров, познат како чест критичарт на руската политика, го даде своето мислење за тоа кога Москва би можела да користи нуклеарно оружје.

Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе бидат елиминирани доколку се пука со такво оружје - вели Каспаров на социјалните мрежи.

https://twitter.com/Kasparov63/status/1506468946463109127?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506468946463109127%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3897297%2Fsahovski-velemajstor-kasparov-putin-ce-upotrebiti-nuklearno-oruzje-samo-u-jednom-slucaju

Каспаров таквата порака ја дополнува со ироничлен коментар насочен кон Западот.

Или можеби тоа би било преголема „ескалација“, уништување на подморница што истрелала нуклеарна ракета кон Украина? - иронично праша Каспаров, критикувајќи го делувањето на Западот од почетокот на војната во Украина.

https://twitter.com/Kasparov63/status/1506469687290470400?cxt=HHwWgIC9_d2Mh-gpAAAA

The post Гари Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај appeared first on Република.

]]>

Шаховскиот велемајстор, Гaри Каспаров, познат како чест критичарт на руската политика, го даде своето мислење за тоа кога Москва би можела да користи нуклеарно оружје.
Единствениот ризик од употребата на нуклеарно оружје од страна на Путин во Украина е ако тој и неговите поданици се сигурни дека нема да има одговор. Секој командант на руска подморница треба да знае дека веднаш ќе бидат елиминирани доколку се пука со такво оружје - вели Каспаров на социјалните мрежи.
https://twitter.com/Kasparov63/status/1506468946463109127?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506468946463109127%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3897297%2Fsahovski-velemajstor-kasparov-putin-ce-upotrebiti-nuklearno-oruzje-samo-u-jednom-slucaju Каспаров таквата порака ја дополнува со ироничлен коментар насочен кон Западот.
Или можеби тоа би било преголема „ескалација“, уништување на подморница што истрелала нуклеарна ракета кон Украина? - иронично праша Каспаров, критикувајќи го делувањето на Западот од почетокот на војната во Украина.
https://twitter.com/Kasparov63/status/1506469687290470400?cxt=HHwWgIC9_d2Mh-gpAAAA

The post Гари Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај appeared first on Република.

]]>