гаранции од ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/garantsii-od-eu/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 11:34:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png гаранции од ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/garantsii-od-eu/ 32 32 Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-promena-na-pregovarachkata-ramka-bestselno-e-i-site-chlenki-na-eu-so-iskluchok-na-bugarija-da-ni-dadat-garantsii-za-identitetot/ Thu, 08 Jun 2023 11:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=649215

Премиерот Димитар Коавчевски и на вчерашната лидерска средба се обиде да продава магла. Овојпат со најавата дека до крајот на јуни ќе стигне политичка одлука на една од највлијателните земји-членки на ЕУ.

 -Една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ, ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет. Тоа ќе биде направено од страна на нивниот Парламент, како врвно законодавно тело во оваа држава, изјави вчера Ковачевски, но не наведувајќи за која држава станува збор.

Ваквата најава на премиерот, што и претходно во неколку наврати беше споменато и од него и од вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, не е во функција на олеснување на носењето на уставните промени.

Напротив, тоа е обид за залажување на мнозинството граѓани, пред се етнички Маакедонци, кои со 80% се против вметнувањето на Бугарите во Уставот во услови кога официјална Софија тоа го наметна како услов и уцена за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ.

Носењето ваков документ нема никакво значење за успешно завршување на процесот на уставни промени, па токму и сите останати земји-членки да донесат вакви резолуции.

Зашто, суштината е во менувањето на преговарачката рамка, а тоа за власта во моментов изгледа невозможна мисија.

И не се ни обидува да стори нешто повеќе, сметајќи дека преговарачката рамка е Библија. Но, примерот на Србија и Косово кажува нешто сосема друго. ЕУ и САД објавија дека тоа што го договорија Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид ќе биде додадено во преговарачката рамка за Србија. Значи, ако се сака, се се може. 

Но, очигледно на Ковачевски му е најлесно да се предава и да крева раменици, а така не се стигнува до национален консензус. Од усвојувањето на т.н. француски, односно целосно бугарски предлог минаа цели 11 месеци, а власта за овој период не успеа да ги разубеди ни граѓаните, ни опозицијата во исправноста на својот потег, што повеќе од сигурно значи дека нешто големо навистина погрешила.

The post Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Коавчевски и на вчерашната лидерска средба се обиде да продава магла. Овојпат со најавата дека до крајот на јуни ќе стигне политичка одлука на една од највлијателните земји-членки на ЕУ.
 -Една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ, ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет. Тоа ќе биде направено од страна на нивниот Парламент, како врвно законодавно тело во оваа држава, изјави вчера Ковачевски, но не наведувајќи за која држава станува збор.
Ваквата најава на премиерот, што и претходно во неколку наврати беше споменато и од него и од вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, не е во функција на олеснување на носењето на уставните промени. Напротив, тоа е обид за залажување на мнозинството граѓани, пред се етнички Маакедонци, кои со 80% се против вметнувањето на Бугарите во Уставот во услови кога официјална Софија тоа го наметна како услов и уцена за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Носењето ваков документ нема никакво значење за успешно завршување на процесот на уставни промени, па токму и сите останати земји-членки да донесат вакви резолуции. Зашто, суштината е во менувањето на преговарачката рамка, а тоа за власта во моментов изгледа невозможна мисија. И не се ни обидува да стори нешто повеќе, сметајќи дека преговарачката рамка е Библија. Но, примерот на Србија и Косово кажува нешто сосема друго. ЕУ и САД објавија дека тоа што го договорија Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид ќе биде додадено во преговарачката рамка за Србија. Значи, ако се сака, се се може.  Но, очигледно на Ковачевски му е најлесно да се предава и да крева раменици, а така не се стигнува до национален консензус. Од усвојувањето на т.н. француски, односно целосно бугарски предлог минаа цели 11 месеци, а власта за овој период не успеа да ги разубеди ни граѓаните, ни опозицијата во исправноста на својот потег, што повеќе од сигурно значи дека нешто големо навистина погрешила.

The post Без промена на преговарачката рамка бесцелно е и сите членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ни дадат гаранции за идентитетот appeared first on Република.

]]>
Mицкоски со конкретен план за ЕУ интеграција и за заштита на македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-konkreten-plan-za-eu-integratsija-i-za-zashtita-na-makedonskiot-identiet/ Wed, 07 Jun 2023 17:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=648948

По денешната лидерска средба стана јасно кој за што е. Од една страна го имаме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој понуди конкретен план за ЕУ интегрција на земјата, и она што е најважно заштита на македонскиот идентиет.

Тој со еден потег ја разголи власта на која единствено и е важно да ги задоволи апетите на Бугарија не водејќи сметка за националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ опстоји на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин и под овие околности нема да поддржи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-liderskata-zavrshuva-so-neuspeh-jasno-e-deka-vlasta-nema-2-3-mnozinstvo-za-izmena-na-ustavot-zatoa-pobrzo-da-odime-na-izbori/

Мицкоски денеска имаше конкретни предлози. Учество во една широка влада, но без министри од ДУИ а уставните измени кои би се изгласале да важат од денот кога ќе започне ратификацијата во парламентите на земјите-членки на ЕУ.

Навистина разумен предлог.

Нејасно е зошто за Ковачевски ова е кршење на Преговарачката рамка. Тоа не е кршење туку ќе треба да се издејствува нејзината корекција. Да, во сегашната рамка стои дека ќе треба да се прават уставни измени па дури потоа да се отворат преговорите.

Тоа не невозможно, бидејќи рамката,-односно оквирот не е никаква света книга која не може да се промени. Пример е преговарачката рамка за Србија која се промени, односно се додаде она што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид. Значи сепак можело.

Мицкоски излезе и со конкретен план како да се добијат гаранции од ЕУ за заштита на нашиот национален идентитет. Тој предвидува лидерот на опозицијата преку разговори со неколку премиери на земји-членки на ЕУ да издејствува Унијата да изгласа документ во вид на потврда за заштита на македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик.

И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство-предложи Мицкоски.

The post Mицкоски со конкретен план за ЕУ интеграција и за заштита на македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

По денешната лидерска средба стана јасно кој за што е. Од една страна го имаме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој понуди конкретен план за ЕУ интегрција на земјата, и она што е најважно заштита на македонскиот идентиет. Тој со еден потег ја разголи власта на која единствено и е важно да ги задоволи апетите на Бугарија не водејќи сметка за националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ опстоји на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин и под овие околности нема да поддржи. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-liderskata-zavrshuva-so-neuspeh-jasno-e-deka-vlasta-nema-2-3-mnozinstvo-za-izmena-na-ustavot-zatoa-pobrzo-da-odime-na-izbori/ Мицкоски денеска имаше конкретни предлози. Учество во една широка влада, но без министри од ДУИ а уставните измени кои би се изгласале да важат од денот кога ќе започне ратификацијата во парламентите на земјите-членки на ЕУ. Навистина разумен предлог. Нејасно е зошто за Ковачевски ова е кршење на Преговарачката рамка. Тоа не е кршење туку ќе треба да се издејствува нејзината корекција. Да, во сегашната рамка стои дека ќе треба да се прават уставни измени па дури потоа да се отворат преговорите. Тоа не невозможно, бидејќи рамката,-односно оквирот не е никаква света книга која не може да се промени. Пример е преговарачката рамка за Србија која се промени, односно се додаде она што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид. Значи сепак можело. Мицкоски излезе и со конкретен план како да се добијат гаранции од ЕУ за заштита на нашиот национален идентитет. Тој предвидува лидерот на опозицијата преку разговори со неколку премиери на земји-членки на ЕУ да издејствува Унијата да изгласа документ во вид на потврда за заштита на македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик.
И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство-предложи Мицкоски.

The post Mицкоски со конкретен план за ЕУ интеграција и за заштита на македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>