Гане Тодоровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gane-todorovski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 10:56:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гане Тодоровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gane-todorovski/ 32 32 СВП ќе одбележи 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svp-ke-odbelezhi-90-godini-od-raganeto-na-petre-m-andreevski-i-95-godini-od-raganeto-na-gane-todorovski/ Fri, 19 Jul 2024 10:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=798425

Оваа година, во рамки на Програмата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат одбележани годишнините на двајца наши истакнати поети: 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски, соопштија организаторите.

Во рамки на одбележувањето, во соработка со Здружението на слепи лица на општина Велес, ќе биде издадено специјално издание со Брајово писмо, избор од антологиските песни на Петре М. Андреевски и Гане Тодоровски. Изборот го подготви професорката Кристина Николовска од катедрата за македоска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, велат од СВП.

The post СВП ќе одбележи 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски и 95 години од раѓањето на Гане Тодоровски appeared first on Република.

]]>

Има, така, некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш, без нив и ние не би биле тоа што сме https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ima-taka-nekoi-luge-koi-znaesh-deka-znaat-i-im-veruvash-bez-niv-i-nie-ne-bi-bile-toa-shto-sme/ Wed, 05 Jun 2024 13:13:24 +0000 https://republika.mk/?p=785013

Институтот за македонска литература денеска со свечен собир одбележа годишнини од раѓањето на писателите Гане Тодоровски (95 години) и Петре М. Андреевски (90 години).

Директорката на Институтот, Наташа Аврамовска, го нарече национален бард проф. Тодоровски, кој е еден од основачите на оваа институција. Нагласи дека особено ги задолжува „со неговата визија за потребата од научно проследување на сите области на развитокот на македонската литература“.

Со неговиот научен ангажман во проследувањето на претходниците на македонската книжевна и книжевно-научна мисла, со космополитизмот на неговата препејувачка дејност, а особено нѐ задолжува неговата лирика..., истакна Аврамовска.

За книжевната оставнина на Петре М. Андревски, пак, рече дека „нѐ задолжува подеднакво како заедница“.

Неговата поема „Дениција“ химнично не возвисува во исказот на љубовта и љубовноста. Неговата проза, од друга страна, во неговиот подвиг на повратокот, беспоштедно нѐ соочува со демоните на нашето историско траење и во соочувањето со нив ни ја нуди можноста за себеосозновање и излез од лавиринтот на повторливоста..., истакна Аврамовска.

Валентина Миронска-Христовска се осврна на творештвото на Тодоровски со кое, рече, ја задолжил и македонската литература, и македонската наука, и македонската култура воопшто. Тодоровски бил нејзин ментор и, како што рече, имал две татковини – литературата и Македонија.

Соња Елзесер во омажот за Тодоровски ја потенцираше неговата вештина во препевите од други јазици на македонски, да воведува нови зборови, т.е. да ги „помакедончува“ и да создава  „македонски верзии на бисерите на светската поезија.

Лорета Георгиевска-Јаковлева своето излагање го започна со зборовите: „Има така некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш. Без нив и ние не би биле тоа што сме“.

Творештвото на Петре М. Андреевски се изучува во гимназиите и е еден од столбовите со кои се идентификуваме, рече меѓу другото Георгиевска - Јаковлева и посочи дека со „Пиреј“ се отвора можност да се стекне увид во позадинските случувања на историското минато и ни нудат можност за опстојба на колективниот идентитет  во нови современи услови.

The post Има, така, некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш, без нив и ние не би биле тоа што сме appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература денеска со свечен собир одбележа годишнини од раѓањето на писателите Гане Тодоровски (95 години) и Петре М. Андреевски (90 години). Директорката на Институтот, Наташа Аврамовска, го нарече национален бард проф. Тодоровски, кој е еден од основачите на оваа институција. Нагласи дека особено ги задолжува „со неговата визија за потребата од научно проследување на сите области на развитокот на македонската литература“.
Со неговиот научен ангажман во проследувањето на претходниците на македонската книжевна и книжевно-научна мисла, со космополитизмот на неговата препејувачка дејност, а особено нѐ задолжува неговата лирика..., истакна Аврамовска.
За книжевната оставнина на Петре М. Андревски, пак, рече дека „нѐ задолжува подеднакво како заедница“.
Неговата поема „Дениција“ химнично не возвисува во исказот на љубовта и љубовноста. Неговата проза, од друга страна, во неговиот подвиг на повратокот, беспоштедно нѐ соочува со демоните на нашето историско траење и во соочувањето со нив ни ја нуди можноста за себеосозновање и излез од лавиринтот на повторливоста..., истакна Аврамовска.
Валентина Миронска-Христовска се осврна на творештвото на Тодоровски со кое, рече, ја задолжил и македонската литература, и македонската наука, и македонската култура воопшто. Тодоровски бил нејзин ментор и, како што рече, имал две татковини – литературата и Македонија. Соња Елзесер во омажот за Тодоровски ја потенцираше неговата вештина во препевите од други јазици на македонски, да воведува нови зборови, т.е. да ги „помакедончува“ и да создава  „македонски верзии на бисерите на светската поезија. Лорета Георгиевска-Јаковлева своето излагање го започна со зборовите: „Има така некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш. Без нив и ние не би биле тоа што сме“.
Творештвото на Петре М. Андреевски се изучува во гимназиите и е еден од столбовите со кои се идентификуваме, рече меѓу другото Георгиевска - Јаковлева и посочи дека со „Пиреј“ се отвора можност да се стекне увид во позадинските случувања на историското минато и ни нудат можност за опстојба на колективниот идентитет  во нови современи услови.

The post Има, така, некои луѓе кои знаеш дека знаат и им веруваш, без нив и ние не би биле тоа што сме appeared first on Република.

]]>
Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svechen-sobir-vo-chest-na-gane-todorovski-i-petre-m-andreevski/ Wed, 05 Jun 2024 08:27:58 +0000 https://republika.mk/?p=784083

Институтот за македонска литература при УКИМ – Скопје ја продолжува традицијата на чествување на великаните на современата македонска книжевност. На 5 јуни, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонска литература, овој пат вниманието се насочува кон Гане Тодоровски (по повод 95-годишнината од раѓањето) и кон Петре М. Андреевски (по повод 90-годишнината од раѓањето).
– Како институција што е од посебен национален интерес се чувствуваме почестени, но и обврзани, да потсетуваме на дејноста и опусот на сите оние имиња од македонската книжевна историја што ги пренесувале традициите и ги граделе културните вредности кај нас. Двајцата писатели не само што се класици на македонската книжевност туку и за двајцата може да се констатира дека пишуваат литература што станува носител на актуелното преку предавање на историското знаење. Затоа, за нас е многу важно да се погрижиме значајните личности од македонската книжевна историја да се актуализираат и кај младите генерации, па во таа насока настојуваме овие собири да ги реализираме во интеракција со учениците од средните училишта – вели проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на Организациониот одбор.
Со поздравна реч, соборот ќе го отвори директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, за поезијата проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

The post Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература при УКИМ – Скопје ја продолжува традицијата на чествување на великаните на современата македонска книжевност. На 5 јуни, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонска литература, овој пат вниманието се насочува кон Гане Тодоровски (по повод 95-годишнината од раѓањето) и кон Петре М. Андреевски (по повод 90-годишнината од раѓањето). – Како институција што е од посебен национален интерес се чувствуваме почестени, но и обврзани, да потсетуваме на дејноста и опусот на сите оние имиња од македонската книжевна историја што ги пренесувале традициите и ги граделе културните вредности кај нас. Двајцата писатели не само што се класици на македонската книжевност туку и за двајцата може да се констатира дека пишуваат литература што станува носител на актуелното преку предавање на историското знаење. Затоа, за нас е многу важно да се погрижиме значајните личности од македонската книжевна историја да се актуализираат и кај младите генерации, па во таа насока настојуваме овие собири да ги реализираме во интеракција со учениците од средните училишта – вели проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, претседателка на Организациониот одбор. Со поздравна реч, соборот ќе го отвори директорката на ИМЛ, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, за поезијата проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, книжевната дејност на Петре М. Андреевски ќе ја претстави проф. д-р Наташа Аврамовска, а за романот „Пиреј“ ќе зборува проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева.

The post Свечен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски appeared first on Република.

]]>