Галовеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galovej/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Apr 2022 10:06:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галовеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galovej/ 32 32 Жител на Мешеишта се јавил во британска амбасада и се заканувал на амбасадорката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zitel-na-mesheishta-se-javil-vo-britanska-ambasada-i-se-zakanuval-na-ambasadorkata/ Tue, 26 Apr 2022 10:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=493715

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на општина Дебарца поради Загрозување на сигурноста од член 114 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот пред 12 дена се јавил на телефонскиот број на британската амбасада и оставил заканувачка порака.

Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје, не се јавувам во македонска полиција затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.

Поради тоа што постои можност осомничениот да се даде во бегство, доставен е предлог за мерка притвор.

The post Жител на Мешеишта се јавил во британска амбасада и се заканувал на амбасадорката appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на општина Дебарца поради Загрозување на сигурноста од член 114 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот пред 12 дена се јавил на телефонскиот број на британската амбасада и оставил заканувачка порака.
Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје, не се јавувам во македонска полиција затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“.
Поради тоа што постои можност осомничениот да се даде во бегство, доставен е предлог за мерка притвор.

The post Жител на Мешеишта се јавил во британска амбасада и се заканувал на амбасадорката appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија, Галовеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-na-velika-britanija-galovej/ Thu, 21 Apr 2022 13:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=491844

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба на државата, предизвиците од сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, криминалните афери од страна на владата на СДСМ и притисокот со кои се соочуваат просветните работници од страна на ресорните министерства и премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот Мицкоски во разговор со амбасадорката истакна дека ситуацијата секојдневно се влошува, потенцирајќи дека владата на СДСМ и Ковачевски ја носат државата во пропаст.

Според претседателот Мицкоски ваквата слика во државата покажува дека реформите се повеќе од потребни, како на промена на власта, така и во секој сегмент од животот, нагласувајќи дека со одржување на предвремени парламентарни избори граѓаните ќе изберат промени и иднина, како и дека ќе можат да ја казнат владата за сите лоши и штетни политики кои ги спроведуваат изминатите 5 години откако се на власт.

Воедно, претседателот Мицкоски и се заблагодари на Галовеј за досегашната поддршка која Обединетото Кралство на Велика Британија и ја дава на Македонија.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и интензивирање на соработката и пријателскиот однос.

The post Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија, Галовеј appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба на државата, предизвиците од сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, криминалните афери од страна на владата на СДСМ и притисокот со кои се соочуваат просветните работници од страна на ресорните министерства и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот Мицкоски во разговор со амбасадорката истакна дека ситуацијата секојдневно се влошува, потенцирајќи дека владата на СДСМ и Ковачевски ја носат државата во пропаст. Според претседателот Мицкоски ваквата слика во државата покажува дека реформите се повеќе од потребни, како на промена на власта, така и во секој сегмент од животот, нагласувајќи дека со одржување на предвремени парламентарни избори граѓаните ќе изберат промени и иднина, како и дека ќе можат да ја казнат владата за сите лоши и штетни политики кои ги спроведуваат изминатите 5 години откако се на власт. Воедно, претседателот Мицкоски и се заблагодари на Галовеј за досегашната поддршка која Обединетото Кралство на Велика Британија и ја дава на Македонија. Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и интензивирање на соработката и пријателскиот однос.

The post Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија, Галовеј appeared first on Република.

]]>
Ковачевски – Галовеј: Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-galovej-skopje-i-london-imaat-zaednichki-interes-severna-makedonija-da-obezbedi-odrzliva-energetska-nezavisnost/ Thu, 20 Jan 2022 13:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=447178

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните, соопшти владината прес служба.

 

Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство.

Претседателот на Владата Ковачевски потсети дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер, и дека народот на Македонија ја памети таа одлука како една од најзначајните во процесот на нашата евроинтеграција.

Амбасадорката Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија. Таа истакна дека Обединетото Кралство е силен и долгогодишен партнер на Македонија и ги поддржува нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме заедно на просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија, стои во соопштението.

The post Ковачевски – Галовеј: Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните, соопшти владината прес служба.  
Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство. Претседателот на Владата Ковачевски потсети дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер, и дека народот на Македонија ја памети таа одлука како една од најзначајните во процесот на нашата евроинтеграција. Амбасадорката Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Македонија. Таа истакна дека Обединетото Кралство е силен и долгогодишен партнер на Македонија и ги поддржува нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија. Ќе продолжиме да работиме заедно на просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија, стои во соопштението.

The post Ковачевски – Галовеј: Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност appeared first on Република.

]]>