Галичник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galichnik/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 12:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галичник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galichnik/ 32 32 35. Ликовна колонија Галичник посветена на колективната културна меморија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/35-likovna-kolonija-galichnik-posvetena-na-kolektivnata-kulturna-memorija/ Tue, 06 Aug 2024 12:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=803906

Овогодинешната, јубилејна 35. Ликовна колонија Галичник започнува на 12-ти август со фокус на колективната културна меморија. На колонијата ќе учествуваат 10 уметници:: Кристине Ледерер – Австрија, Ивана Хостник – Србија/Словенија, Лучезар Бојаџиев – Бугарија, Софија Димова – Бугарија, Марина Касијаниду – Кипар, Елија Калогјани – Грција, Стефан Корнацки – Полска, Ил Џафери – Косово и Клелија Живковиќ и Дарко Алексовски од Македонија.

„Историската меморија, интерпретацијата и ангажманот на општествата се обликувани од нивната култура, институции и споделените наративи. Овој концептот на колективна меморија се протега надвор од личните сеќавања за да ги вклучи начините на кои заедницата ја одржува и пренесува својата историја. Спомениците, музеите, наставните програми, медиумите и обредите и ритуалите на заедницата сето тоа го прикажуваат. Заедничкото разбирање на минатото од овие компоненти ги обликува идентитетот и принципите на една заедница. Колективната култура на меморијата е длабоко важна во уметноста, бидејќи обезбедува богат извор на инспирација и служи како критичен медиум за истражување, зачувување и предизвикување на колективните сеќавања. Уметниците од различни дисциплини – литература, визуелни уметности, театар, филм и музика – играат клучна улога во обликувањето и одразувањето на разбирањето на општеството за неговото минато. Тие го прават тоа со толкување на историски настани, преиспитување на доминантните наративи и создавање простори за маргинализирани гласови.“, се вели во најавата за настанот.

Колонијата ќе трае до 19 август, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post 35. Ликовна колонија Галичник посветена на колективната културна меморија appeared first on Република.

]]>

Овогодинешната, јубилејна 35. Ликовна колонија Галичник започнува на 12-ти август со фокус на колективната културна меморија. На колонијата ќе учествуваат 10 уметници:: Кристине Ледерер – Австрија, Ивана Хостник – Србија/Словенија, Лучезар Бојаџиев – Бугарија, Софија Димова – Бугарија, Марина Касијаниду – Кипар, Елија Калогјани – Грција, Стефан Корнацки – Полска, Ил Џафери – Косово и Клелија Живковиќ и Дарко Алексовски од Македонија. „Историската меморија, интерпретацијата и ангажманот на општествата се обликувани од нивната култура, институции и споделените наративи. Овој концептот на колективна меморија се протега надвор од личните сеќавања за да ги вклучи начините на кои заедницата ја одржува и пренесува својата историја. Спомениците, музеите, наставните програми, медиумите и обредите и ритуалите на заедницата сето тоа го прикажуваат. Заедничкото разбирање на минатото од овие компоненти ги обликува идентитетот и принципите на една заедница. Колективната култура на меморијата е длабоко важна во уметноста, бидејќи обезбедува богат извор на инспирација и служи како критичен медиум за истражување, зачувување и предизвикување на колективните сеќавања. Уметниците од различни дисциплини – литература, визуелни уметности, театар, филм и музика – играат клучна улога во обликувањето и одразувањето на разбирањето на општеството за неговото минато. Тие го прават тоа со толкување на историски настани, преиспитување на доминантните наративи и создавање простори за маргинализирани гласови.“, се вели во најавата за настанот. Колонијата ќе трае до 19 август, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post 35. Ликовна колонија Галичник посветена на колективната културна меморија appeared first on Република.

]]>
„Скопје брас квинтет“ со проектот „Филмско-музичка фузија“ вечерва настапува во Галичник https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/skopje-bras-kvintet-so-proektot-filmsko-muzichka-fuzija-vecherva-nastapuva-vo-galichnik/ Thu, 01 Aug 2024 08:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=801228

Скопје Брас Квинтет ќе го отвори годинешното издание на Галичник Филм Фестивал на 1 август. Концертот е дел од проектот „Филмско-музичка фузија”, поддржан од Министерството за култура и туризам.

Во прилог е програмата на Фестивалот

The post „Скопје брас квинтет“ со проектот „Филмско-музичка фузија“ вечерва настапува во Галичник appeared first on Република.

]]>

Скопје Брас Квинтет ќе го отвори годинешното издание на Галичник Филм Фестивал на 1 август. Концертот е дел од проектот „Филмско-музичка фузија”, поддржан од Министерството за култура и туризам. Во прилог е програмата на Фестивалот

The post „Скопје брас квинтет“ со проектот „Филмско-музичка фузија“ вечерва настапува во Галичник appeared first on Република.

]]>
Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/domashni-posetiteli-i-stranski-turisti-povtorno-ke-uzhivaat-vo-atraktivnoto-dozhivuvane-koe-go-nudi-manifestatsijata-galichka-svadba/ Fri, 12 Jul 2024 08:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=796058

Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи овој викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид.

По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.

Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Тоа дополнително го истакнува значењето на оваа манифестација, која игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам.

Ваквиот начин на обележување на Галичката свадба прв пат е одржан во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија. Токму половина век од соработката со оваа манифестација годинава обележува Пивара Скопје, чија што поддршка и брендови прераснаа во своевиден симбол на настанот.

Традиционално, почетокот на свадбениот обред, вечерта в сабота, 13 јули, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи – пречек на тапаните, кои два дена ќе ечат низ Галичник, свекрвиното оро, а членовите на НУ „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“. Секогаш импресивна е и глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми кај опеаната „Упија“.

Денот на венчавката, недела, 14 јули, ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, меѓу кои таканареченото канење на мртвите, канењето на кумот, бричењето на зетот, бодинењето, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други обичаи. Ѝ годинава пејачка група ќе ги изведува подзаборавените обредни песни. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите.

И за годинешната манифестација ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, а организаторот и партнерите апелираат посетителите да се придржуваат до куќниот ред, да не возат доколку пијат и да се грижат за околината и природата во Галичник.

The post Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ appeared first on Република.

]]>

Годинешното издание на најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас ќе се одржи овој викенд, од 12 до 14 јули, во живописниот Галичник. Неколку илјади домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди овој единствен настан од ваков вид. По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски.   Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Тоа дополнително го истакнува значењето на оваа манифестација, која игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам. Ваквиот начин на обележување на Галичката свадба прв пат е одржан во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија. Токму половина век од соработката со оваа манифестација годинава обележува Пивара Скопје, чија што поддршка и брендови прераснаа во своевиден симбол на настанот.   Традиционално, почетокот на свадбениот обред, вечерта в сабота, 13 јули, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи – пречек на тапаните, кои два дена ќе ечат низ Галичник, свекрвиното оро, а членовите на НУ „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“. Секогаш импресивна е и глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми кај опеаната „Упија“. Денот на венчавката, недела, 14 јули, ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, меѓу кои таканареченото канење на мртвите, канењето на кумот, бричењето на зетот, бодинењето, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други обичаи. Ѝ годинава пејачка група ќе ги изведува подзаборавените обредни песни. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите.   И за годинешната манифестација ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, а организаторот и партнерите апелираат посетителите да се придржуваат до куќниот ред, да не возат доколку пијат и да се грижат за околината и природата во Галичник.  

The post Домашни посетители и странски туристи повторно ќе уживаат во атрактивното доживување кое го нуди манифестацијата „Галичка свадба“ appeared first on Република.

]]>
Несреќа на Галичник, тешко повредена девојка по пад од четирицикл https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nesreka-na-galichnik-teshko-povredena-devojka-po-pad-od-chetiritsikl/ Thu, 02 May 2024 10:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=773350

Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, од патот излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки управуван од Б.Л.(22) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

The post Несреќа на Галичник, тешко повредена девојка по пад од четирицикл appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, од патот излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки управуван од Б.Л.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

The post Несреќа на Галичник, тешко повредена девојка по пад од четирицикл appeared first on Република.

]]>
Галичани мака мачат со мечките, надлежните молчат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/galichani-maka-machat-so-mechkite-nadlezhnite-molchat/ Thu, 27 Jul 2023 08:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=665774

Жителите на Галичник веќе со години имаат секојдневни средби со мечки, за кои како што велат, нивниот број постојано се зголемува и поради тоа се загрижени за својата безбедност.

Оттаму информираат дека повеќе пати официјално побарале помош од Министерството за животна средина и до Државниот инспекторат за ловство преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.

„Ве информираме дека со пристуството на мечки во Галичник е загрижувачка, а веќе станува збор за неколку „семејства“ со мали мечиња. Галичник особено живее за време на летните месеци, каде што присутни се и повеќе дечиња, но поради појавата на мечки, жителите стравуваат за нивната безбедност, па движењето низ селото, но и во околината, па поради тоа апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, пишува во дописот.

Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња.

Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде – велат жителите на селото.

Тие потенцираат дека има страв кај населението и бараат во најбрз можен рок да се преземат мерки и активности, но никако не бараат дозвола за отстрел и инсистираат то да биде последна опција за решавање на проблемот.

The post Галичани мака мачат со мечките, надлежните молчат appeared first on Република.

]]>

Жителите на Галичник веќе со години имаат секојдневни средби со мечки, за кои како што велат, нивниот број постојано се зголемува и поради тоа се загрижени за својата безбедност. Оттаму информираат дека повеќе пати официјално побарале помош од Министерството за животна средина и до Државниот инспекторат за ловство преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.
„Ве информираме дека со пристуството на мечки во Галичник е загрижувачка, а веќе станува збор за неколку „семејства“ со мали мечиња. Галичник особено живее за време на летните месеци, каде што присутни се и повеќе дечиња, но поради појавата на мечки, жителите стравуваат за нивната безбедност, па движењето низ селото, но и во околината, па поради тоа апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, пишува во дописот.
Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња.
Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде – велат жителите на селото.
Тие потенцираат дека има страв кај населението и бараат во најбрз можен рок да се преземат мерки и активности, но никако не бараат дозвола за отстрел и инсистираат то да биде последна опција за решавање на проблемот.  

The post Галичани мака мачат со мечките, надлежните молчат appeared first on Република.

]]>
Исплакнете очи, исполнете души до Галичник во пролет https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/isplaknete-ochi-ispolnete-dushi-so-galichnik-vo-prolet/ Sat, 03 Jun 2023 11:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=647365

Галичник е преубаво село кога и да го посетите. Едно од најживописните села во Македонија, Галичник, веќе се буди од долгиот зимски сон и чека да го посетите.

А веднаш ако тргнете, нема да зажалите. Овие фотографии од Бистра се доказ дека до Галичник води пат послан со убавина.

The post Исплакнете очи, исполнете души до Галичник во пролет appeared first on Република.

]]>

Галичник е преубаво село кога и да го посетите. Едно од најживописните села во Македонија, Галичник, веќе се буди од долгиот зимски сон и чека да го посетите. А веднаш ако тргнете, нема да зажалите. Овие фотографии од Бистра се доказ дека до Галичник води пат послан со убавина.

The post Исплакнете очи, исполнете души до Галичник во пролет appeared first on Република.

]]>
Месна заедница Галичник: Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба, големец како него ниту имале ниту ќе имаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mesna-zaednitsa-galichnik-zhelbata-da-se-prisvoi-gorgija-pulevski-ostanuva-samo-zhelba-golemets-kako-nego-nitu-imale-nitu-ke-imaat/ Thu, 12 Jan 2023 21:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=596362

Месна заедница Галичник во името на секој Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија „Спона“, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.

Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник.

Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаме разбирање. Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита:

„Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ.

Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.

Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник 1875 година.“

Немаме никаква потреба ниту да додаваме ниту да одземаме зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.

Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка.

МЗГ очекува извинување од страна на „СПОНА“, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација, се вели во реакцијата на Месна заедница Галичник.

The post Месна заедница Галичник: Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба, големец како него ниту имале ниту ќе имаат appeared first on Република.

]]>

Месна заедница Галичник во името на секој Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија „Спона“, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.
Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник.   Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за истата имаме разбирање. Големец како него ниту имале ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита:   „Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ.   Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.   Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник 1875 година.“ Немаме никаква потреба ниту да додаваме ниту да одземаме зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.   Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар“ не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка.   МЗГ очекува извинување од страна на „СПОНА“, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација, се вели во реакцијата на Месна заедница Галичник.

The post Месна заедница Галичник: Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба, големец како него ниту имале ниту ќе имаат appeared first on Република.

]]>
Одржливоста – тема на Ликовната колонија „Галичник 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odrzlivosta-tema-na-likovnata-kolonija-galichnik-2022/ Fri, 19 Aug 2022 13:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=542052

Триесет и третото издание на Ликовната колонија „Галичник“ ќе се одржи од 21 до 28 август во селото Галичник.

Годинава тема на колонијата е одржливоста, а разговарање, размислување и дејствување, регионално и пошироко, по ова прашање е целта на учесниците: Марта Стисјак (Полска), Правдолуб Иванов (Бугарија), Ласе Лоренцен (Данска), Зоран Тодоровиќ (Србија), Валентин Стефаноф (Бугарија), Нина Ковачева (Бугарија), и македонските уметници Игор Сековски, Славица Јанешлиева и Гоце Наневски.

Како што истакнува Ана Франговска, организатор и куратор на Ликовната колонија „Галичник“, одново станува збор за одлична селекција на уметници, сите со веќе завидни биографии и огромно искуство во современата уметност во светот, претставници на своите земји на престижното Венециско биенале и секако уметници со исклучително меѓународно излагачко реноме.

Одржливоста, сфатена како процес на пребарување, треба да се однесува на сите димензии на неодржливоста, вклучувајќи ја и нејзината културна димензија. Зборот има неколку контрадикторни дефиниции, особено во зависност од тоа дали некој сака да ги нагласи „границите на (економскиот и индустрискиот) раст“ или верува во чудесната моќ на технологијата бесконечно да ги „заменува“ необновливите природни ресурси. Од културна перспектива, одржливоста може да се сфати како потрага по алтернативни групи на вредности и знаења за светот, реформирање на modi cognoscendi и формирање на разбирање на обрасците што ги поврзуваат економските, социјалните, политичките, културните и еколошките димензии на реалноста. Според тоа, културната димензија има основна вредност за целиот процес на пребарување на одржливоста, посочува Франговска, објаснувајќи ја одбраната тема како многу популарна, но истовремено и многу проблематична именка во современите уметности.

За Франговска квалитативниот императив е структурен елемент на колонијата.

Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на селото Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата. Колонијата ја потврдува својата тенденција на имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник, како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, различните; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија ’Галичник’ како специфика не само на национален, туку и на регионален план, додава таа.

The post Одржливоста – тема на Ликовната колонија „Галичник 2022“ appeared first on Република.

]]>

Триесет и третото издание на Ликовната колонија „Галичник“ ќе се одржи од 21 до 28 август во селото Галичник. Годинава тема на колонијата е одржливоста, а разговарање, размислување и дејствување, регионално и пошироко, по ова прашање е целта на учесниците: Марта Стисјак (Полска), Правдолуб Иванов (Бугарија), Ласе Лоренцен (Данска), Зоран Тодоровиќ (Србија), Валентин Стефаноф (Бугарија), Нина Ковачева (Бугарија), и македонските уметници Игор Сековски, Славица Јанешлиева и Гоце Наневски. Како што истакнува Ана Франговска, организатор и куратор на Ликовната колонија „Галичник“, одново станува збор за одлична селекција на уметници, сите со веќе завидни биографии и огромно искуство во современата уметност во светот, претставници на своите земји на престижното Венециско биенале и секако уметници со исклучително меѓународно излагачко реноме.
Одржливоста, сфатена како процес на пребарување, треба да се однесува на сите димензии на неодржливоста, вклучувајќи ја и нејзината културна димензија. Зборот има неколку контрадикторни дефиниции, особено во зависност од тоа дали некој сака да ги нагласи „границите на (економскиот и индустрискиот) раст“ или верува во чудесната моќ на технологијата бесконечно да ги „заменува“ необновливите природни ресурси. Од културна перспектива, одржливоста може да се сфати како потрага по алтернативни групи на вредности и знаења за светот, реформирање на modi cognoscendi и формирање на разбирање на обрасците што ги поврзуваат економските, социјалните, политичките, културните и еколошките димензии на реалноста. Според тоа, културната димензија има основна вредност за целиот процес на пребарување на одржливоста, посочува Франговска, објаснувајќи ја одбраната тема како многу популарна, но истовремено и многу проблематична именка во современите уметности.
За Франговска квалитативниот императив е структурен елемент на колонијата.
Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на селото Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата. Колонијата ја потврдува својата тенденција на имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник, како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, различните; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија ’Галичник’ како специфика не само на национален, туку и на регионален план, додава таа.
 
The post Одржливоста – тема на Ликовната колонија „Галичник 2022“ appeared first on Република.

]]>
Галичник одекнува со зурли и тапани: 48. издание на Галичка свадба https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/galichnik-odeknuva-so-zurli-i-tapani-48-izdanie-na-galichka-svadba/ Sun, 17 Jul 2022 07:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=530186

Денеска ќе биде кулминацијата на 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, што се одржува во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра.

Годинава, галички зет и невеста се Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник на 28 август.

Програмата на годинешната Галичка свадба почна на 15 јули, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

Инаку, програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

Годинешниот галички зет, Илчо Димитров, во текот на свеченостите ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски.

Свадбените активности, пак, традиционално почнаа на 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа следуваа свадбарските ритуали, а кулминацијата, односно венчавањето на младенците е денеска во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.

The post Галичник одекнува со зурли и тапани: 48. издание на Галичка свадба appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе биде кулминацијата на 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, што се одржува во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра. Годинава, галички зет и невеста се Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „да“ во Галичник на 28 август. Програмата на годинешната Галичка свадба почна на 15 јули, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт. Инаку, програмата на годинешната Галичка свадба започнува на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, кој родум е токму од Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт. Годинешниот галички зет, Илчо Димитров, во текот на свеченостите ја носи личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски. Свадбените активности, пак, традиционално почнаа на 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа следуваа свадбарските ритуали, а кулминацијата, односно венчавањето на младенците е денеска во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.  

The post Галичник одекнува со зурли и тапани: 48. издание на Галичка свадба appeared first on Република.

]]>
Галичник ќе биде отсечен најмалку една недела, големи снежни наноси и силен ветер го блокираат https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/galichnik-kje-bide-otsechen-najmalku-edna-nedela-golemi-snezni-nanosi-i-silen-veter-go-blokiraat/ Sat, 02 Apr 2022 13:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=482345

Новите снежни врнежи и силниот ветер кој дува создадоа нови проблеми за населението во Галичник.

Месната заедница преку социјалните мрежи информира дека снег со силен ветер вее од синоќа на Бистра, а на делот од патот кој бил исчистен се создаваат повторно снежни наноси.

-Прогнозата е дека попладнево врнежите ќе се интензивираат. Галичник ќе остане недостапен најмалку до наредниот викенд, велат од месната заедница.

Инаку, на почетокот од февруари поради снежни врнежи селото исто така беше отсечено. Патот непрооден, а надлежните служби доцнаа реагираа. По многубројните апели и спасувачката акција се започна со работа на терен.

Тогаш токму поради непроодност на патот и неможноста медицински екипи да пристигнат во Галичник дедо Павле, постојан жител на Галичник беше извлечен од селото со хеликоптер и во акција организирана од полициските „Тигри“, по што беше транспортиран во скопската болница „8 Септември“ на лекување.

The post Галичник ќе биде отсечен најмалку една недела, големи снежни наноси и силен ветер го блокираат appeared first on Република.

]]>

Новите снежни врнежи и силниот ветер кој дува создадоа нови проблеми за населението во Галичник. Месната заедница преку социјалните мрежи информира дека снег со силен ветер вее од синоќа на Бистра, а на делот од патот кој бил исчистен се создаваат повторно снежни наноси. -Прогнозата е дека попладнево врнежите ќе се интензивираат. Галичник ќе остане недостапен најмалку до наредниот викенд, велат од месната заедница. Инаку, на почетокот од февруари поради снежни врнежи селото исто така беше отсечено. Патот непрооден, а надлежните служби доцнаа реагираа. По многубројните апели и спасувачката акција се започна со работа на терен. Тогаш токму поради непроодност на патот и неможноста медицински екипи да пристигнат во Галичник дедо Павле, постојан жител на Галичник беше извлечен од селото со хеликоптер и во акција организирана од полициските „Тигри“, по што беше транспортиран во скопската болница „8 Септември“ на лекување.

The post Галичник ќе биде отсечен најмалку една недела, големи снежни наноси и силен ветер го блокираат appeared first on Република.

]]>
Во специјална корпа со хеликоптерот дедо Павле од Галичник пренесен во „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-specijalna-korpa-so-helikopterot-dedo-pavle-od-galichnik-prenesen-vo-8-mi-septemvri/ Wed, 09 Feb 2022 14:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=456284

Алпинистички тим на полициските „Тигри“ со полициски хеликоптер организираа успешна акција за спасување на дедо Павле Луканоски (78), повозрасен болен и изнемоштен човек од Галичник.

Денеска во координација меѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) е успешно реализирана спасувачка акција за спасување, евакуација, на повозрасно болно и изнемоштено лице од Галичник со хеликоптер до Медицински центар во Скопје. Прво е добиена дојава во Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Гостивар за состојбата со лицето и ситуацијата за отсеченост заради снежните наноси што го попречуваат патот кон селото, информираше првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов преку својот Фејсбук.

Тој објасни дека по направената координација меѓу Оперативниот центар во Секторот за координации, директорот на ЦУК со институциите коишто можат да помогнат е одлучено да се дејствува од воздух.

За таа цел МВР ги ангажирало Хеликоптерската единица и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на МВР, коишто утрово ја извршија задачата и болното и изнемоштено лице е пренесено за соодветно лекување во болницата „8-ми Септември“во Скопје.Инаку, претседателот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ, не информираше дека тие во неделата прво со свои локални сили со ратрак на жител од Галичник се обиделе да го пренеат болниот, кој западнал и делумно и во бесознание. Но, заради тешките теренски услови се случил дефект и поминиле низ голгота за да го вратат на безбедно. За среќа вчера успеале да го стабилизираат болниот и утрово да се реализира спасувачката акција од воздух со витло. Тоа значи дека болниот е подигнат во специјална корпа, носилка, од земја во хеликоптерот додека лебди во првиот момент кога временските услови го дозволиле тоа, напиша Ангелов.

The post Во специјална корпа со хеликоптерот дедо Павле од Галичник пренесен во „8 Септември“ appeared first on Република.