Галичка свадба 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galichka-svadba-2024/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 17:28:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галичка свадба 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galichka-svadba-2024/ 32 32 „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/galichka-svadba-e-chuvar-na-makedonskiot-kulturen-i-natsionalen-identitet/ Sun, 14 Jul 2024 17:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=796758

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина.

Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков.

Тој ги потенцира свадбарските обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора на „Галичка свадба“ како едни од најавтентичните обичаи во македонскиот фолклор и нематеријално културно добро со огромно значење за државата.

„Галичка свадба“ е атрактивна манифестација која привлекува голем број домашни и странски гости. Свадбарските обичаи започнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вчеравечер настап имаше и Националниот ансамбл „Танец“, кој го изведе „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.

Галичник и оваа година со успех ја афирмира богатата и уникатна традиција на свадбарските обреди, кои продолжија денеска на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, како финале на уште едно издание на единствената манифестација „Галичка свадба“.

фото: Министерство за култура и туризам

The post „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина.
Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков.
Тој ги потенцира свадбарските обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора на „Галичка свадба“ како едни од најавтентичните обичаи во македонскиот фолклор и нематеријално културно добро со огромно значење за државата. „Галичка свадба“ е атрактивна манифестација која привлекува голем број домашни и странски гости. Свадбарските обичаи започнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вчеравечер настап имаше и Националниот ансамбл „Танец“, кој го изведе „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник. Галичник и оваа година со успех ја афирмира богатата и уникатна традиција на свадбарските обреди, кои продолжија денеска на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, како финале на уште едно издание на единствената манифестација „Галичка свадба“. фото: Министерство за култура и туризам

The post „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет appeared first on Република.

]]>
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/galichka-svadba-od-12-do-14-juli-darijan-kochoski-i-stefana-dimitrova-godineshnite-zet-i-nevesta/ Wed, 03 Jul 2024 08:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=792925

Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски.

Како што објавија од МЗ Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.

Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!, се вели во објавата на Фејсбук на МЗ Галичник.

The post Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста appeared first on Република.

]]>

Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски. Како што објавија од МЗ Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.