галичица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galichica/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 09:10:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png галичица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galichica/ 32 32 Патот Охрид – Ресен преку Галичица затворен за сообраќај https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/patot-ohrid-resen-preku-galichitsa-zatvoren-za-soobrakaj/ Sat, 16 Nov 2024 09:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=838401

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, од вчера, 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштија од ЈП Македонија пат.

Од вчера започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година, потсетуваат од АМСМ.

The post Патот Охрид – Ресен преку Галичица затворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, од вчера, 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштија од ЈП Македонија пат. Од вчера започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година, потсетуваат од АМСМ.

The post Патот Охрид – Ресен преку Галичица затворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>
Се трага по Белгиец кој исчезнал на Галичица https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-traga-po-belgiets-koj-ischeznal-na-galichitsa/ Thu, 26 Sep 2024 10:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=819800

Седумдесет и едногодишен белгиски планинар е пријавен за исчезнат. Марк Јорис последен пат бил забележан во атарот на село Лакајца, струшко, на 18 ти септември каде се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката.

„Доколку го забележите јавете се на 112“, апелираат надлежните.

The post Се трага по Белгиец кој исчезнал на Галичица appeared first on Република.

]]>

Седумдесет и едногодишен белгиски планинар е пријавен за исчезнат. Марк Јорис последен пат бил забележан во атарот на село Лакајца, струшко, на 18 ти септември каде се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката.
„Доколку го забележите јавете се на 112“, апелираат надлежните.

The post Се трага по Белгиец кој исчезнал на Галичица appeared first on Република.

]]>
Активни два пожари на Галичица и на Мукос https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/aktivni-dva-pozhari-na-galichitsa-i-na-mukos/ Sun, 25 Aug 2024 16:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=810069

Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар, a еден бил ставен под контрола.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, утрово сè уште се активни два пожара, на Галичица Општина Чашка, на планината Мукос.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.

Во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а доколку граѓанин види пожар, што побрзо да го пријави истиот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

 

The post Активни два пожари на Галичица и на Мукос appeared first on Република.

]]>

Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар, a еден бил ставен под контрола. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, утрово сè уште се активни два пожара, на Галичица Општина Чашка, на планината Мукос. Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина. Во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а доколку граѓанин види пожар, што побрзо да го пријави истиот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.  

The post Активни два пожари на Галичица и на Мукос appeared first on Република.

]]>
Во три недели 667 пожари низ Македонија – денес дождот го изгаси оној на Галичица, ама сега бувна на Плачковица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tri-nedeli-667-pozhari-niz-makedonija-denes-dozhdot-go-izgasi-onoj-na-galichitsa-ama-sega-buvna-na-plachkovitsa/ Sun, 18 Aug 2024 14:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=807687

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево преку видео изјава, соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази.

Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.

Денеска заклучно со 13 часот, имаме вкупно 25 пожари на отворен простор и шумски пожари. Од нив, шест се целосно изгаснати, девет се ставени под контрола, додека 10 се сѐ уште активни. Првата добра вест, е, тоа што пожарот на Галичица е целосно изгаснат. Конечниот удар му го зададе дождот што заврна во оваа област. Пожарот што повеќе од 25 дена гори на територијата на ловиштето „Јасен“ и се движеше кон селото Белица, иако не е изгаснат, е со многу мал обем. Се надеваме дека во попладневните часови и таму ќе заврне дожд и целосно ќе биде изгаснат, дециден беше Ангелов.

Тој информираше дека тежок за гаснење е пожарот на територијата на Општина Долнени, што се движи во насока на село Зрзе и околината. Бидејќи во тамошен манастир се славел празник, Ангелов апелираше верниците да бидат исклучително внимателни, особено при палење свеќи.

Директорот на ЦУК рече дека постои вознемиреност кај населението во селото Цер, како и на останатите села во околината, бидејќи пожарот што се движи во таа насока, бил голем.

Таму денеска дејствуваме со 30 професионални војници, седуммина припадници на локалната Противпожарна единица, осум лица вработени во „Национални шуми“ и најмалку триесетина доброволци, појасни Ангелов.

Големи пожари, како што посочи тој, има и во општините Пласница, Дебар, како и во Долнени кај село Ропотово, каде има два пожара.

Нов пожар што изби предмалку е пожарот на планината Плачковица, некаде на меѓата помеѓу штипскиот дел и делот на општина Карбинци, рече Ангелов.

Итно бил упатен еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожар предмалку изби и на територијата на Општина Илинден, околу Миладиновци или во близина на „Окта“, додаде Ангелов.

The post Во три недели 667 пожари низ Македонија – денес дождот го изгаси оној на Галичица, ама сега бувна на Плачковица appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево преку видео изјава, соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази. Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.
Денеска заклучно со 13 часот, имаме вкупно 25 пожари на отворен простор и шумски пожари. Од нив, шест се целосно изгаснати, девет се ставени под контрола, додека 10 се сѐ уште активни. Првата добра вест, е, тоа што пожарот на Галичица е целосно изгаснат. Конечниот удар му го зададе дождот што заврна во оваа област. Пожарот што повеќе од 25 дена гори на територијата на ловиштето „Јасен“ и се движеше кон селото Белица, иако не е изгаснат, е со многу мал обем. Се надеваме дека во попладневните часови и таму ќе заврне дожд и целосно ќе биде изгаснат, дециден беше Ангелов.
Тој информираше дека тежок за гаснење е пожарот на територијата на Општина Долнени, што се движи во насока на село Зрзе и околината. Бидејќи во тамошен манастир се славел празник, Ангелов апелираше верниците да бидат исклучително внимателни, особено при палење свеќи. Директорот на ЦУК рече дека постои вознемиреност кај населението во селото Цер, како и на останатите села во околината, бидејќи пожарот што се движи во таа насока, бил голем.
Таму денеска дејствуваме со 30 професионални војници, седуммина припадници на локалната Противпожарна единица, осум лица вработени во „Национални шуми“ и најмалку триесетина доброволци, појасни Ангелов.
Големи пожари, како што посочи тој, има и во општините Пласница, Дебар, како и во Долнени кај село Ропотово, каде има два пожара.
Нов пожар што изби предмалку е пожарот на планината Плачковица, некаде на меѓата помеѓу штипскиот дел и делот на општина Карбинци, рече Ангелов.
Итно бил упатен еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожар предмалку изби и на територијата на Општина Илинден, околу Миладиновци или во близина на „Окта“, додаде Ангелов.

The post Во три недели 667 пожари низ Македонија – денес дождот го изгаси оној на Галичица, ама сега бувна на Плачковица appeared first on Република.

]]>
Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozharot-na-galichitsa-delumno-pod-kontrola-dejstvuvaat-nad-120-litsa/ Sat, 17 Aug 2024 15:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=807520

Пожарот на планината Галичица, меѓу Охридското и Преспанското Езеро, делумно е под контрола, дејствуваат над 120 лица, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава.

- Пожарот што повеќе од 20 дена гори делумно на територијата на ловиштето „Јасен“, а сега еден негов крак се движи кон селото Белица, е ставен под делумна контрола, неговото горење е значително намалено, на лице место дејствуваат 70 припадници на македонската Армија, заедно со локални пожарникари, како и вработени во „Национални шуми“, а на кракот кон „Јасен“ и вработени од ловиштето, појасни Ангелов.

До 13 часот во борбата со огнените јазици, дејствувале два хеликоптера, едниот армиски, другиот полициски, како и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на денешниот ден, до 16 часот, пријавени се вкупно 25 пожари на отворен простор низ државава. Во моментов, 11 се активни, шест се под контрола, а осум се изгаснати, соопштија од ЦУК.

Од 11 активни пожари во моментов, по два се во општините Долнени и Кичево. Еден е на територија на општините Охрид и Ресен, а по еден има на териториите на Дебар, Македонски Брод, Новаци, Пласница, Росоман, Чашка.

Од шесте под контрола, во три општини опожарена е мешана шума: Маврово - Ростуше, Чашка, на две места во Македонски Брод. Под контрола е и опожарената депонија во општина Делчево. Последниот пожар под контрола е на територија на општина Демир Хисар, на Илинска - Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица. Таму горела ниска вегетација.

The post Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица appeared first on Република.

]]>

Пожарот на планината Галичица, меѓу Охридското и Преспанското Езеро, делумно е под контрола, дејствуваат над 120 лица, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава.
- Пожарот што повеќе од 20 дена гори делумно на територијата на ловиштето „Јасен“, а сега еден негов крак се движи кон селото Белица, е ставен под делумна контрола, неговото горење е значително намалено, на лице место дејствуваат 70 припадници на македонската Армија, заедно со локални пожарникари, како и вработени во „Национални шуми“, а на кракот кон „Јасен“ и вработени од ловиштето, појасни Ангелов.
До 13 часот во борбата со огнените јазици, дејствувале два хеликоптера, едниот армиски, другиот полициски, како и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денешниот ден, до 16 часот, пријавени се вкупно 25 пожари на отворен простор низ државава. Во моментов, 11 се активни, шест се под контрола, а осум се изгаснати, соопштија од ЦУК. Од 11 активни пожари во моментов, по два се во општините Долнени и Кичево. Еден е на територија на општините Охрид и Ресен, а по еден има на териториите на Дебар, Македонски Брод, Новаци, Пласница, Росоман, Чашка. Од шесте под контрола, во три општини опожарена е мешана шума: Маврово - Ростуше, Чашка, на две места во Македонски Брод. Под контрола е и опожарената депонија во општина Делчево. Последниот пожар под контрола е на територија на општина Демир Хисар, на Илинска - Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица. Таму горела ниска вегетација.

The post Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица appeared first on Република.

]]>
На источниот фронт пожарот на Галичица е под контрола, денеска на терен се 100 пожарникари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-istochniot-front-pozharot-na-galichitsa-e-pod-kontrola-deneska-na-teren-se-100-pozharnikari/ Fri, 16 Aug 2024 10:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=807170

Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови - три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески.

На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони.

На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми.

Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот.

Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна.

Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.

 

The post На источниот фронт пожарот на Галичица е под контрола, денеска на терен се 100 пожарникари appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови - три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески. На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони. На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми. Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот. Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна. Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење.  

The post На источниот фронт пожарот на Галичица е под контрола, денеска на терен се 100 пожарникари appeared first on Република.

]]>
Во гаснење на пожарот на Галичица се вклучени 120 лица, два хеликоптери и се очекува да се вклучат уште три авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-gasnene-na-pozharot-na-galichitsa-se-vklucheni-120-litsa-dva-helikopteri-i-se-ochekuva-da-se-vkluchat-ushte-tri-avioni/ Thu, 15 Aug 2024 10:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=806800

Пожарот на планината Галичица од македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен, објави на фесјбук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух.

Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии, објави Пецаков.

Охридскиот градоначалник се надева дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.

Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори, објави Пецаков.

The post Во гаснење на пожарот на Галичица се вклучени 120 лица, два хеликоптери и се очекува да се вклучат уште три авиони appeared first on Република.

]]>

Пожарот на планината Галичица од македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен, објави на фесјбук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух.
Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии, објави Пецаков.
Охридскиот градоначалник се надева дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.
Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори, објави Пецаков.

The post Во гаснење на пожарот на Галичица се вклучени 120 лица, два хеликоптери и се очекува да се вклучат уште три авиони appeared first on Република.

]]>
Надлежните повикуваат да не се крева паника: Пожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nadlezhnite-povikuvaat-da-ne-se-kreva-panika-pozharot-na-galichitsa-ke-se-precheka-nad-lubanishta/ Thu, 15 Aug 2024 10:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=806791

На тешко пристапниот терен на сртот на планината Галичица, дополнително опасен и поради неексплодирани гранати од Првата и Втората светска војна, веќе десеттина дена надлежните се обидуваат да го стават под контрола пожарот што оди во две линии - на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен и кај месноста Војтино на охридската страна од планината.

Надлежните служби се постојано на терен. Она што е познато за денешните активности за гаснење на пожарот е дека ќе има поддршка и од воздухоплови. Планирано е над шумскиот пат над Љубаништа да се прави пречекување на оган за да не слегува надолу, информираат од РЦУК Охрид. Оттаму додаваат дека стратегијата што се применува кај ова жариште е иста како и кај другите девет активни пожари низ Македонија - да се заштитат објектите, имотот на гражаните, па потоа се останато.

Во врска со повиците за вклучување на доброволци од РЦУК повторуваат дека тоа треба да се одвива преку ТППЕ Охрид и Штабот за заштита и спасување, согласно потребите на надлежните институции.

Иако ситуацијата е сложена поради експлозивните средства на планината, се апелира да не се создава паника кај населението и да не се шират непроверени информации.

Исто така, Црвениот крст има подготвено храна и вода во случај надлежните да повикаат доброволци, а подготвено е и возило за итна помош.

The post Надлежните повикуваат да не се крева паника: Пожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа appeared first on Република.

]]>

На тешко пристапниот терен на сртот на планината Галичица, дополнително опасен и поради неексплодирани гранати од Првата и Втората светска војна, веќе десеттина дена надлежните се обидуваат да го стават под контрола пожарот што оди во две линии - на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен и кај месноста Војтино на охридската страна од планината. Надлежните служби се постојано на терен. Она што е познато за денешните активности за гаснење на пожарот е дека ќе има поддршка и од воздухоплови. Планирано е над шумскиот пат над Љубаништа да се прави пречекување на оган за да не слегува надолу, информираат од РЦУК Охрид. Оттаму додаваат дека стратегијата што се применува кај ова жариште е иста како и кај другите девет активни пожари низ Македонија - да се заштитат објектите, имотот на гражаните, па потоа се останато. Во врска со повиците за вклучување на доброволци од РЦУК повторуваат дека тоа треба да се одвива преку ТППЕ Охрид и Штабот за заштита и спасување, согласно потребите на надлежните институции. Иако ситуацијата е сложена поради експлозивните средства на планината, се апелира да не се создава паника кај населението и да не се шират непроверени информации. Исто така, Црвениот крст има подготвено храна и вода во случај надлежните да повикаат доброволци, а подготвено е и возило за итна помош.

The post Надлежните повикуваат да не се крева паника: Пожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа appeared first on Република.

]]>
Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-na-galichitsa-se-ushte-aktiven-na-sotsijalnite-mrezhi-povik-za-vkluchuvane-na-graganite-vo-gasneneto/ Thu, 15 Aug 2024 07:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=806682

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината.

Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури.

Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон планината е оневозможен од чад.

Изминатите денови беше дејствувано и од воздух, со ангажирани воздухолови. Хеликоптери и утрово го надлетува Охридското Езеро, но и гаснењето од воздух е отежнато бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите.

На терен постојано се распоредени неколку десетини пожарникари, волонтери на Планинската служба за спасување, на Националниот парк „Галичица“, на Црвениот крст од Охрид.

Како и при неодамнешните пожари над селата Опеница и Косел, и овојпат изостанува поголема поддршка од локалното население во гаснењето, што е од исклучителна важност кога се работи за локализирање пламен во тешко пристапен терен.

Последната информација во врска со пожарот на Галичица е повикот што од синоќа се шири преку социјалните мрежи, за масовно активно вклучување на граѓаните во справување со непогодата, преку дејствување што би го оневозможило ширењето на пламенот кон шумските појаси.

The post Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето appeared first on Република.

]]>

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури. Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон планината е оневозможен од чад. Изминатите денови беше дејствувано и од воздух, со ангажирани воздухолови. Хеликоптери и утрово го надлетува Охридското Езеро, но и гаснењето од воздух е отежнато бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите. На терен постојано се распоредени неколку десетини пожарникари, волонтери на Планинската служба за спасување, на Националниот парк „Галичица“, на Црвениот крст од Охрид. Како и при неодамнешните пожари над селата Опеница и Косел, и овојпат изостанува поголема поддршка од локалното население во гаснењето, што е од исклучителна важност кога се работи за локализирање пламен во тешко пристапен терен. Последната информација во врска со пожарот на Галичица е повикот што од синоќа се шири преку социјалните мрежи, за масовно активно вклучување на граѓаните во справување со непогодата, преку дејствување што би го оневозможило ширењето на пламенот кон шумските појаси.

The post Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето appeared first on Република.

]]>
При гаснење на пожарот на Галичица, спасена повредена туристка од Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pri-gasnene-na-pozharot-na-galichitsa-spasena-povredena-turistka-od-cheshka/ Thu, 08 Aug 2024 20:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=804730

Во драматична комбинирана акција од воздух и од земја, денеска е спасена 68-годишна туристка од Чешка, со тешка скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина.

Како што соопшти ЦУК, во акцијата за спасување биле вклучени спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и интервентен хеликоптерски превоз на МВР.

-Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината, наведуваат од ЦУК.

Повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично една недела цело време се ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и логистички за поткрепа на другите противпожарни сили. Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински места. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители  отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР.

-Практично, во 15.30 часот повредената беше безбедно пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците - спасителите од  Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се врати да им помогне на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“  во борбата со огнената стихија. Секоја чест на храбрите спасители и пилотите на МВР кои покажуваат на дело како сите и доброволци и припадници на институции и служби, обединето и координирано дејствуваат при спасување при животозагрозувачки ситуации во нашата држава, нешто што дава поттик за надоградба на таквата соработка, посочуваат од ЦУК во соопштението.

Од МВР ја потврдија спасувачката акција во која бил ангажиран хеликоптер Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици, кој потоа продолжил со активности за гасење на пожарот во реонот на Галичица.

The post При гаснење на пожарот на Галичица, спасена повредена туристка од Чешка appeared first on Република.

]]>

Во драматична комбинирана акција од воздух и од земја, денеска е спасена 68-годишна туристка од Чешка, со тешка скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина. Како што соопшти ЦУК, во акцијата за спасување биле вклучени спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и интервентен хеликоптерски превоз на МВР. -Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината, наведуваат од ЦУК. Повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично една недела цело време се ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и логистички за поткрепа на другите противпожарни сили. Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински места. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители  отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР. -Практично, во 15.30 часот повредената беше безбедно пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците - спасителите од  Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се врати да им помогне на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“  во борбата со огнената стихија. Секоја чест на храбрите спасители и пилотите на МВР кои покажуваат на дело како сите и доброволци и припадници на институции и служби, обединето и координирано дејствуваат при спасување при животозагрозувачки ситуации во нашата држава, нешто што дава поттик за надоградба на таквата соработка, посочуваат од ЦУК во соопштението. Од МВР ја потврдија спасувачката акција во која бил ангажиран хеликоптер Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици, кој потоа продолжил со активности за гасење на пожарот во реонот на Галичица.

The post При гаснење на пожарот на Галичица, спасена повредена туристка од Чешка appeared first on Република.

]]>
Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во провалија длабока 200 метри https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poznat-identitetot-na-dvete-litsa-shto-zaginaa-na-galichitsa-padnale-vo-provalija-dlaboka-200-metri/ Tue, 18 Jun 2024 08:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=788597

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

The post Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во провалија длабока 200 метри appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

The post Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во провалија длабока 200 метри appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-dvajtsa-zaginati-pri-izletuvane-na-patnichko-vozilo-vo-provalija-na-galichitsa/ Mon, 17 Jun 2024 17:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=788513

Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица. Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.
Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица на постара возраст. Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.

The post ЦУК: Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица, дека прво била утврдена точната локација, на место викано „Превој“ на планината Галичица. Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“. Според екипите што се на терен на местото на настанот има две починати лица на постара возраст. Екипа на МВР Охрид Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжија со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.

The post ЦУК: Двајца загинати при излетување на патничко возило во провалија на Галичица appeared first on Република.

]]>
Драма на Галичица: Со возило заглавиле среде планина, па барале да бидат спасени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drama-na-galichitsa-so-vozilo-zaglavile-srede-planina-pa-barale-da-bidat-spaseni/ Thu, 18 Jan 2024 09:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=734268

Спасени се лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По повик на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи утрово, од 5:00 до 8.00 часот, се одвивала спасувачка акција на Галичица. Во акцијата се вклучиле Секторот за операции и координација во ЦУК и Регионалниот ЦУК Охрид.

Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, кои согласно временската видливост итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка, соопшти ЦУК.

Од ЦУК информираат дека паралелно било комуницирано и со лицата од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување.

Според АМСМ, од 15 ноември 2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила се до 1 април 2024 година.

The post Драма на Галичица: Со возило заглавиле среде планина, па барале да бидат спасени appeared first on Република.

]]>

Спасени се лицата кои со моторно возило заглавиле на врвот на Галичица, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По повик на единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи утрово, од 5:00 до 8.00 часот, се одвивала спасувачка акција на Галичица. Во акцијата се вклучиле Секторот за операции и координација во ЦУК и Регионалниот ЦУК Охрид. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, кои согласно временската видливост итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка, соопшти ЦУК. Од ЦУК информираат дека паралелно било комуницирано и со лицата од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување. Според АМСМ, од 15 ноември 2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила се до 1 април 2024 година.

The post Драма на Галичица: Со возило заглавиле среде планина, па барале да бидат спасени appeared first on Република.

]]>
Утрово се спасувани заглавени лица во возило на Галичица, на место каде е забрането за возење https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-se-spasuvani-zaglaveni-litsa-vo-vozilo-na-galichitsa-na-mesto-kade-e-zabraneto-za-vozene/ Thu, 18 Jan 2024 08:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=734234

Рано утрово, по повик на 112 во ЦУК, од 05.00 часот па до 08.00 имаше спасителна акција на Галичица, што е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од ЦУК.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка. ЦУК информира дека паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, велат од ЦУК.

Инаку, согласно информацијата на АМСМ за сезонскиот режим на сообраќај, од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила. се до 01.04.2024 година. На самото место била поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

The post Утрово се спасувани заглавени лица во возило на Галичица, на место каде е забрането за возење appeared first on Република.

]]>

Рано утрово, по повик на 112 во ЦУК, од 05.00 часот па до 08.00 имаше спасителна акција на Галичица, што е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од ЦУК.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка. ЦУК информира дека паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, велат од ЦУК.
Инаку, согласно информацијата на АМСМ за сезонскиот режим на сообраќај, од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила. се до 01.04.2024 година. На самото место била поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

The post Утрово се спасувани заглавени лица во возило на Галичица, на место каде е забрането за возење appeared first on Република.

]]>
Спасени две лица завеани во снег на Галичица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-dve-litsa-zaveani-vo-sneg-na-galichitsa/ Fri, 12 Jan 2024 19:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=732436

Единицата за спасување на планина од Охрид спроведе успешна акција за евакуација на заглавени лица на планината Галичица.

Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска во 12:56 часот од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „Мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е затворен за сообраќај.

Од ЦУК веднаш била известена Единицата за спасување на планина од Охрид, од каде во оптимално брзо време биле лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, а извлечено е и заглавеното возило .

Акцијата била комплетно и успешно заокружена во 14:15 часот.

The post Спасени две лица завеани во снег на Галичица appeared first on Република.

]]>

Единицата за спасување на планина од Охрид спроведе успешна акција за евакуација на заглавени лица на планината Галичица. Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска во 12:56 часот од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „Мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е затворен за сообраќај. Од ЦУК веднаш била известена Единицата за спасување на планина од Охрид, од каде во оптимално брзо време биле лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, а извлечено е и заглавеното возило . Акцијата била комплетно и успешно заокружена во 14:15 часот.

The post Спасени две лица завеани во снег на Галичица appeared first on Република.

]]>
Кривична против директорот на „Галичица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-protiv-direktorot-na-galichitsa/ Fri, 22 Dec 2023 16:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=725771

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(53) од селото Велмеј, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопштува МВР, пријавениот, директор на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид, во текот на 2023 година не извршил надзор и контрола во сметководствената документација помеѓу извештајот за извршен превоз и направени трошоци за возила, како и врз евиденцијата за точено гориво со пристигнатите фактури.

Со тоа тој го оштетил ЈП „Национални шуми“ за износ од 1.079.689 денари.

 

The post Кривична против директорот на „Галичица“ appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(53) од селото Велмеј, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Како што соопштува МВР, пријавениот, директор на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид, во текот на 2023 година не извршил надзор и контрола во сметководствената документација помеѓу извештајот за извршен превоз и направени трошоци за возила, како и врз евиденцијата за точено гориво со пристигнатите фактури. Со тоа тој го оштетил ЈП „Национални шуми“ за износ од 1.079.689 денари.  

The post Кривична против директорот на „Галичица“ appeared first on Република.

]]>
Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-spasuvachka-aktsija-na-galichitsa-na-holandski-paraglajderist/ Wed, 02 Aug 2023 15:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=667981

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист.

Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

The post Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист. Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите. Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината. Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

The post Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист appeared first on Република.

]]>
Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/ Mon, 24 Jul 2023 10:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=664668

Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен и спасувачката служба на Црвен крст од Охрид вчера попладне во 17.30 часот ги пронајде тројцата американски државјани, кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.

Како што информира МВР, Н.А.(33) од САД вчера во 15.42 часот во СВР Битола пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк „Галичица“.

Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле.

Од МВР посочуваат дека веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен заедно со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршиле пребарување на теренот, по што лицата биле пронајдени. Лицата подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде биле прифатени и со возило од Националниот парк „Галичица“ биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца.

Сите тројца биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.

The post Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“ appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен и спасувачката служба на Црвен крст од Охрид вчера попладне во 17.30 часот ги пронајде тројцата американски државјани, кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“. Како што информира МВР, Н.А.(33) од САД вчера во 15.42 часот во СВР Битола пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк „Галичица“. Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле. Од МВР посочуваат дека веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен заедно со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршиле пребарување на теренот, по што лицата биле пронајдени. Лицата подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде биле прифатени и со возило од Националниот парк „Галичица“ биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца. Сите тројца биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.

The post Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк „Галичица“ appeared first on Република.

]]>
Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spaseni-tri-litsa-koi-se-izgubile-na-planinata-galichitsa/ Sun, 23 Jul 2023 17:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=664504

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на планината Галичица од страна на Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, успешно се спасени двајца мажи, странски државјани и една жена кои се изгубиле на оваа планина.

Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава за изгубените двајца мажи, странски државјани (од кои едниот имал повредена нога) и една жена во Националниот парк „Галичица“, во повисоките делови на истоимената планина. Двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50, информираат од ЦУК.

Како што информираат од ЦУК, веднаш по дојавата за помош од изгубените, на терен брзо излегла екипата на единицата за спасување на планина од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, којашто е доброволна волонтерска организација, што делува во регионот околу Охридското Езеро, односно на територија на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец. За настанот ЦУК ги извести дежурните во Подрачната едниница на ДЗС, а и во МВР - ЦИК од Охрид.

Според дадените информации, лицата утрово тргнале од Охрид со сино возило и застанале на паркингот „Г6“, а потоа пешки се упатиле нагоре по пешачкиот дел на Галичица. Почнале да пешачат од 09.30 часот, но лицата се изгубиле по планинските патеки, па попладне се јавиле за помош на 112 во ЦУК, по што веднаш е организирала спасителна акција.

ЦУК извести дека, согласно информацијата од МВР – ЦИК Охрид, изгубените лица се пронајдени и тоа, двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50 на планината. Во спасувачката акција, покрај единиците од планинарска служба Охрид и Ресен учествувала и патрола од Гранична Полиција од Св.Наум.

The post Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на планината Галичица од страна на Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, успешно се спасени двајца мажи, странски државјани и една жена кои се изгубиле на оваа планина.
Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава за изгубените двајца мажи, странски државјани (од кои едниот имал повредена нога) и една жена во Националниот парк „Галичица“, во повисоките делови на истоимената планина. Двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50, информираат од ЦУК.
Како што информираат од ЦУК, веднаш по дојавата за помош од изгубените, на терен брзо излегла екипата на единицата за спасување на планина од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, којашто е доброволна волонтерска организација, што делува во регионот околу Охридското Езеро, односно на територија на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец. За настанот ЦУК ги извести дежурните во Подрачната едниница на ДЗС, а и во МВР - ЦИК од Охрид. Според дадените информации, лицата утрово тргнале од Охрид со сино возило и застанале на паркингот „Г6“, а потоа пешки се упатиле нагоре по пешачкиот дел на Галичица. Почнале да пешачат од 09.30 часот, но лицата се изгубиле по планинските патеки, па попладне се јавиле за помош на 112 во ЦУК, по што веднаш е организирала спасителна акција. ЦУК извести дека, согласно информацијата од МВР – ЦИК Охрид, изгубените лица се пронајдени и тоа, двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50 на планината. Во спасувачката акција, покрај единиците од планинарска служба Охрид и Ресен учествувала и патрола од Гранична Полиција од Св.Наум.

The post Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица appeared first on Република.

]]>
Балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/balkanski-ris-snimen-vo-natsionalniot-park-galichitsa/ Sun, 09 Apr 2023 20:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=629167

Фото-камери поставени во Националниот парк „Галичица“ снимиле примерок на балкански рис во атарот на паркот.

Последните три години ова е осмипат поставените фото-камери да снимат рис во паркот.

Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во ова заштитено подрачје.

Истовремено, се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис, како и мерките за спречување на криволов во Националниот парк.

Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведе мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

The post Балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“ appeared first on Република.

]]>

Фото-камери поставени во Националниот парк „Галичица“ снимиле примерок на балкански рис во атарот на паркот. Последните три години ова е осмипат поставените фото-камери да снимат рис во паркот. Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во ова заштитено подрачје. Истовремено, се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис, како и мерките за спречување на криволов во Националниот парк. Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведе мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

The post Балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“ appeared first on Република.

]]>