Галерија Рудиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galerija-rudikj/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 06:56:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галерија Рудиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galerija-rudikj/ 32 32 Изложба на фотографии во Галерија „Рудиќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-vo-galerija-rudik/ Tue, 02 Apr 2024 06:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=761114

Во Галерија „Рудиќ“ денеска од 19 часот ќе биде поставена клупска изложба на фотографии, „Елема 2024“, која го означува творечкиот континуитет на Фото клубот „Елема“ низ годините на своето постоење и промовирање на фотографската уметност.

На изложбата, како што е најавено, ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори како што се Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.

Како што информираат од „Елема“, првата годишна клупска изложба ги најавува идните активности на Клубот.

The post Изложба на фотографии во Галерија „Рудиќ“ appeared first on Република.

]]>

Во Галерија „Рудиќ“ денеска од 19 часот ќе биде поставена клупска изложба на фотографии, „Елема 2024“, која го означува творечкиот континуитет на Фото клубот „Елема“ низ годините на своето постоење и промовирање на фотографската уметност. На изложбата, како што е најавено, ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори како што се Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ. Како што информираат од „Елема“, првата годишна клупска изложба ги најавува идните активности на Клубот.

The post Изложба на фотографии во Галерија „Рудиќ“ appeared first on Република.

]]>
Годишна изложба на фотографии на фото клубот ЕЛЕМА-Скопје во Галеријата „Рудиќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/godishna-izlozhba-na-fotografii-na-foto-klubot-elema-skopje-vo-galerijata-rudik/ Fri, 29 Mar 2024 08:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=759983

На втори април, во 19 часот, вторник, во Рудиќ галерија ќе биде поставена клубска изложба на фотографии, „ЕЛЕМА 2024“.

„ЕЛЕМА 2024“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема низ долгите години постоење и промовирање на фотографската уметност.

Како прва годишна клубска изложба она ги најавува идните активности на Клубот кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата за што ЕЛЕМА секогаш имала капацитет.

Ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори: Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.

 

The post Годишна изложба на фотографии на фото клубот ЕЛЕМА-Скопје во Галеријата „Рудиќ“ appeared first on Република.

]]>

На втори април, во 19 часот, вторник, во Рудиќ галерија ќе биде поставена клубска изложба на фотографии, „ЕЛЕМА 2024“. „ЕЛЕМА 2024“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема низ долгите години постоење и промовирање на фотографската уметност. Како прва годишна клубска изложба она ги најавува идните активности на Клубот кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата за што ЕЛЕМА секогаш имала капацитет. Ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори: Раде Луковиќ, Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски, Катарина Николов, Драгољуб Николовски и Боро Рудиќ.  

The post Годишна изложба на фотографии на фото клубот ЕЛЕМА-Скопје во Галеријата „Рудиќ“ appeared first on Република.

]]>
Заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил во Галеријата Рудиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zaednichka-izlozba-na-fotografii-na-ema-kushevska-i-mihajlo-filipovikj-fil-vo-galerijata-rudikj/ Wed, 14 Sep 2022 08:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=550567

В четврток, на 15 септември, во 20 часот во Галеријата Рудиќ ќе се отвори заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ - Фил, на тема „Над вода - под вода".

Љубовта кон природата и фотографијата, особено кон водите, ги поттикна да избегаат од градот и веќе 12 години живеат на струшкото крајбрежје, крај езерото кое е вечна инспирација за секој уметник.

На овој навидум мал простор, тие секојдневно пронаоѓаат нови мотиви, го запознаваат богатството на ендемската флора и фауна, ги откриваат убавините на четирите годишни времиња, а лете подводниот свет на нашето прекрасно Охридско езеро. Денот е прекраток, како што велат, да се регистрираат и овековечат сите случувања на малото по површина, но големо пространство со своите чудесии, од изгрејсонце, до зајдисонце.

Фил, роден во Хрватска, професионален фотограф и нуркач, ги замени солените јадрански води со слатката охридска и на оваа изложба ни' го пренесува подводниот свет на тишината.
Ема, родена во Скопје, чија прва љубов е сликарството, овие 12 години својот уметнички порив го изразува преку објективот на својата камера. Иако и таа обожува подводна фотографија, на оваа изложба ќе се претстави со надводниот свет, онака, како таа го доживува.

Ова е само мал дел од нивното творештво, во надеж дека во иднина повторно ќе имаат можност на јавноста да и' ги претстават своите дела.

Изложбата ќе трае до 8 октомври 2022 година.

The post Заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил во Галеријата Рудиќ appeared first on Република.

]]>

В четврток, на 15 септември, во 20 часот во Галеријата Рудиќ ќе се отвори заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ - Фил, на тема „Над вода - под вода". Љубовта кон природата и фотографијата, особено кон водите, ги поттикна да избегаат од градот и веќе 12 години живеат на струшкото крајбрежје, крај езерото кое е вечна инспирација за секој уметник. На овој навидум мал простор, тие секојдневно пронаоѓаат нови мотиви, го запознаваат богатството на ендемската флора и фауна, ги откриваат убавините на четирите годишни времиња, а лете подводниот свет на нашето прекрасно Охридско езеро. Денот е прекраток, како што велат, да се регистрираат и овековечат сите случувања на малото по површина, но големо пространство со своите чудесии, од изгрејсонце, до зајдисонце. Фил, роден во Хрватска, професионален фотограф и нуркач, ги замени солените јадрански води со слатката охридска и на оваа изложба ни' го пренесува подводниот свет на тишината. Ема, родена во Скопје, чија прва љубов е сликарството, овие 12 години својот уметнички порив го изразува преку објективот на својата камера. Иако и таа обожува подводна фотографија, на оваа изложба ќе се претстави со надводниот свет, онака, како таа го доживува. Ова е само мал дел од нивното творештво, во надеж дека во иднина повторно ќе имаат можност на јавноста да и' ги претстават своите дела. Изложбата ќе трае до 8 октомври 2022 година.

The post Заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил во Галеријата Рудиќ appeared first on Република.

]]>