Галеб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galeb/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 11:26:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галеб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galeb/ 32 32 „Галеб“ ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/galeb-gi-otvori-prashanata-kako-mozhe-da-se-izbegne-zagubata-i-dali-e-vozmozhno-chovekot-podobro-da-se-grizhi-za-lugeto-i-prirodata/ Tue, 23 Jul 2024 11:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=799487

„Галеб“- Антибајка за нереализираните амбиции и потребата на луѓето да страдаат

Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“ од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов.
Улогите ги толкуваа Јулијана Мирчевска, Илија Волчески, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата беше на Валентин Светозарев, а костимографијата на Благој Мицевски.

[caption id="attachment_799506" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption]

Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Сања Арсовска, вели дека драмскиот репертоар на „Охридско лето“ секогаш ги носи најдобрите драмски претстави со најдобрите театарски ансамбли, меѓу кои е и Битолскиот народен театар кој годинава доаѓа со премиера на Чеховиот „Галеб“.

Чеховата „Галеб“ е всушност антибајка за нереализираните амбиции, за чудна мазохистичка потреба на луѓето да страдаат и да им биде тешко во нивните животи, вели Арсовска.

[caption id="attachment_799507" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption]

Режисерката на претставата „Галеб“, Багријана Попов, која има интернационална кариера, веќе дваесет години соработува со Битолскиот народен театар, а исто така драмите на Чехов ги има режирано и во Австралија, Финска, како и во Бугарија.

Прекрасно е искуството и задоволство е што веќе 20 години се дружам со Битолскиот народен театар и сега првпат во Охрид имаме прилика да ја претставиме драмата „Галеб“. Чехов, оваа претстава ја нарекува комедија иако во некои сцени е испреплетена со страдања. Исто така, претставува и едно искуство на љубовта, природата, а централно место зазема и езерото со своите убавини. Затоа е перфектно, што претставата се изведе токму каде што имаме и поглед кон езерото, вели режисерката Попов.

[caption id="attachment_799508" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption]

Претставата „Галеб“ на „Охридско лето“ повторно ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата.

 

The post „Галеб“ ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата appeared first on Република.

]]>

„Галеб“- Антибајка за нереализираните амбиции и потребата на луѓето да страдаат Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“ од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов. Улогите ги толкуваа Јулијана Мирчевска, Илија Волчески, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата беше на Валентин Светозарев, а костимографијата на Благој Мицевски. [caption id="attachment_799506" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption] Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Сања Арсовска, вели дека драмскиот репертоар на „Охридско лето“ секогаш ги носи најдобрите драмски претстави со најдобрите театарски ансамбли, меѓу кои е и Битолскиот народен театар кој годинава доаѓа со премиера на Чеховиот „Галеб“.
Чеховата „Галеб“ е всушност антибајка за нереализираните амбиции, за чудна мазохистичка потреба на луѓето да страдаат и да им биде тешко во нивните животи, вели Арсовска.
[caption id="attachment_799507" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption] Режисерката на претставата „Галеб“, Багријана Попов, која има интернационална кариера, веќе дваесет години соработува со Битолскиот народен театар, а исто така драмите на Чехов ги има режирано и во Австралија, Финска, како и во Бугарија.
Прекрасно е искуството и задоволство е што веќе 20 години се дружам со Битолскиот народен театар и сега првпат во Охрид имаме прилика да ја претставиме драмата „Галеб“. Чехов, оваа претстава ја нарекува комедија иако во некои сцени е испреплетена со страдања. Исто така, претставува и едно искуство на љубовта, природата, а централно место зазема и езерото со своите убавини. Затоа е перфектно, што претставата се изведе токму каде што имаме и поглед кон езерото, вели режисерката Попов.
[caption id="attachment_799508" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption] Претставата „Галеб“ на „Охридско лето“ повторно ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата.  

The post „Галеб“ ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата appeared first on Република.

]]>
Галеб го покака Пленковиќ среде изјава за јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/galeb-go-pokaka-plenkovik-srede-izjava-za-javnosta/ Fri, 08 Sep 2023 07:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=679855

Додека даваше изјава за медиумите, галеб изврши нужда врз ракавот на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во тек на обраќањето на Пленковиќ за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.

Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка кажа Пленковиќ, бришејќи ги трагите од птичји измет од оделото.

https://www.youtube.com/watch?v=lWNzu9wUad8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Галеб го покака Пленковиќ среде изјава за јавноста appeared first on Република.

]]>

Додека даваше изјава за медиумите, галеб изврши нужда врз ракавот на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во тек на обраќањето на Пленковиќ за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.
Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка кажа Пленковиќ, бришејќи ги трагите од птичји измет од оделото.
https://www.youtube.com/watch?v=lWNzu9wUad8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Галеб го покака Пленковиќ среде изјава за јавноста appeared first on Република.

]]>
„Галеб“ – драма за конфликтот меѓу две генерации и последиците од невозвратената љубов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/galeb-drama-za-konfliktot-megju-dve-generacii-i-posledicite-od-nevozvratenata-ljubov/ Thu, 28 Jul 2022 11:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=534241

Култното дело на Чехов, „Галеб“  беше поставено вчеравечер во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“ во режија на извонредната Нела Витошевиќ а во изведба на професионалните актерите од Турски театар Скопје.

На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше доловена минливоста на животот во која се испреплетуваа синџир на ликови со промашени животи, несреќни судбини, невозвратени љубови, поставени во животни околности во кои не можат или не знаат да се справат.

Се обидовме да го најдеме современиот контекст за да најдеме современо видување на „Галеб“ и тука отворивме две важни теми. Едната беше конфликтот помеѓу две генерации, постара и помлада, како и последиците од невозвратена љубов.  Се обидовме да ставиме акцент на тоа како постарите генерации го кршат соништата на помладите и како на некој начин го убиваат детето во нас. Со актерите многу добро се рабравме, почнавме да истражуваме во тој правец и мислам дека без разлика колку е тежок текстот, на многу лесен начин дојдовме до правецот којшто го договоривме и до некои одредени сцени, решенија  и слично, и на крајот направивме едно уметничко дело на кое сите сме горди, вели режисерката Витошевиќ.

Ова е прва нејзина соработка со Турски театар Скопје, а како што кажа самата, „Галеб“ е дело што имала желба да го режира уште во студентските денови.

Чекав да имам прилика и услови во коишто ќе можам да го сработам на најдобар можен начин. Кога ми се јавија од Турски тетатар за соработка, јас веднаш се сетив на ова дело бидејќи Турскиот театар има неверојатна екипа на актери. Секој еден е приказна за себе и секој еден е многу сериозен во она што го работи на сцена. Сметав дека во таков добар ансамбл би било идеално да го поставам „Галеб“ бидејќи Чеков пред сè пишува студии за карактери во своите драми и затоа се одлучив тоа да биде „Галеб“ и токму со Турски театар, појаснува Витошевиќ.

Главниот лик на Ирина Николаевна Аркадина Трепљова го толкува извонредната актерка Несрин Таир која уште еднаш покажа дека е една од најдобрите наши актерки.

„Галеб“ е претстава за љубовта и театарот, но Нела има еден вид кршење на Чехов. Самата драма од Чехов колку и да е култна, тој трагикомичен начин што го има напишано Чехов, режисерката ја има модернизирано. Сите ликови во „Галеб“ се ставени во животни околности со кои ние можеме или не можеме да се справиме и во процесот на работа ние ги разделувавме од аспект на тоа да бидат поексцентрични. Таа нејзина модерна, урбана естетика што ја носи како режисер многу брзо и многу добро се прифати од професионалните актери во нашиот театар, истакна актерката Таир.

Според неа, Чехов и денес е актуелен зашто неговите драми  се видливи во секојдневието.

Мене Чехов ми е омилен автор и мислам дека еден вид магистерски труд е кога актер се занимава со дело од Чехов. Сметам дека со самото тоа што минувавме два месеци низ процес на животни ситуации и таков тип реплики коишто ги изразува тој и навидум, нели, ништо не му се случува во драмите, а во суштина има голема длабочина во многу ситуации и многу случки. На почетокот се чувствував неубаво зашто ми беше криво зошто го кршиме Чехов. Чехов го чувствувам како современ,секогаш присутен, неговите драми ги гледам во секојдневието, но откако ја направи Нела претставата и откако видов дека поентата ѝ беше да ископаме малку и од нашиот живот што драматуршки го направи Викторија Рангелова, сè беше поинаку.  Од нашиот живот му додадовме на Чехов, колку тој бил и тогаш современ и колку ние сега имаме такви ситуации ама немаме такви дела, па можеме да ги вметнеме како инстанци од аспект дека и ден денес има судир на генерации и слично, раскажа  актерката Несрин Таир.

Турски театар Скопје е чест гостин на „Охридско лето“ и секогаш  ги носи најдобрите театарски претстави на фестивалот.

 

The post „Галеб“ – драма за конфликтот меѓу две генерации и последиците од невозвратената љубов appeared first on Република.

]]>

Култното дело на Чехов, „Галеб“  беше поставено вчеравечер во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“ во режија на извонредната Нела Витошевиќ а во изведба на професионалните актерите од Турски театар Скопје. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше доловена минливоста на животот во која се испреплетуваа синџир на ликови со промашени животи, несреќни судбини, невозвратени љубови, поставени во животни околности во кои не можат или не знаат да се справат.
Се обидовме да го најдеме современиот контекст за да најдеме современо видување на „Галеб“ и тука отворивме две важни теми. Едната беше конфликтот помеѓу две генерации, постара и помлада, како и последиците од невозвратена љубов.  Се обидовме да ставиме акцент на тоа како постарите генерации го кршат соништата на помладите и како на некој начин го убиваат детето во нас. Со актерите многу добро се рабравме, почнавме да истражуваме во тој правец и мислам дека без разлика колку е тежок текстот, на многу лесен начин дојдовме до правецот којшто го договоривме и до некои одредени сцени, решенија  и слично, и на крајот направивме едно уметничко дело на кое сите сме горди, вели режисерката Витошевиќ.
Ова е прва нејзина соработка со Турски театар Скопје, а како што кажа самата, „Галеб“ е дело што имала желба да го режира уште во студентските денови.
Чекав да имам прилика и услови во коишто ќе можам да го сработам на најдобар можен начин. Кога ми се јавија од Турски тетатар за соработка, јас веднаш се сетив на ова дело бидејќи Турскиот театар има неверојатна екипа на актери. Секој еден е приказна за себе и секој еден е многу сериозен во она што го работи на сцена. Сметав дека во таков добар ансамбл би било идеално да го поставам „Галеб“ бидејќи Чеков пред сè пишува студии за карактери во своите драми и затоа се одлучив тоа да биде „Галеб“ и токму со Турски театар, појаснува Витошевиќ.
Главниот лик на Ирина Николаевна Аркадина Трепљова го толкува извонредната актерка Несрин Таир која уште еднаш покажа дека е една од најдобрите наши актерки.
„Галеб“ е претстава за љубовта и театарот, но Нела има еден вид кршење на Чехов. Самата драма од Чехов колку и да е култна, тој трагикомичен начин што го има напишано Чехов, режисерката ја има модернизирано. Сите ликови во „Галеб“ се ставени во животни околности со кои ние можеме или не можеме да се справиме и во процесот на работа ние ги разделувавме од аспект на тоа да бидат поексцентрични. Таа нејзина модерна, урбана естетика што ја носи како режисер многу брзо и многу добро се прифати од професионалните актери во нашиот театар, истакна актерката Таир.
Според неа, Чехов и денес е актуелен зашто неговите драми  се видливи во секојдневието.
Мене Чехов ми е омилен автор и мислам дека еден вид магистерски труд е кога актер се занимава со дело од Чехов. Сметам дека со самото тоа што минувавме два месеци низ процес на животни ситуации и таков тип реплики коишто ги изразува тој и навидум, нели, ништо не му се случува во драмите, а во суштина има голема длабочина во многу ситуации и многу случки. На почетокот се чувствував неубаво зашто ми беше криво зошто го кршиме Чехов. Чехов го чувствувам како современ,секогаш присутен, неговите драми ги гледам во секојдневието, но откако ја направи Нела претставата и откако видов дека поентата ѝ беше да ископаме малку и од нашиот живот што драматуршки го направи Викторија Рангелова, сè беше поинаку.  Од нашиот живот му додадовме на Чехов, колку тој бил и тогаш современ и колку ние сега имаме такви ситуации ама немаме такви дела, па можеме да ги вметнеме како инстанци од аспект дека и ден денес има судир на генерации и слично, раскажа  актерката Несрин Таир.
Турски театар Скопје е чест гостин на „Охридско лето“ и секогаш  ги носи најдобрите театарски претстави на фестивалот.  

The post „Галеб“ – драма за конфликтот меѓу две генерации и последиците од невозвратената љубов appeared first on Република.

]]>
Турскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Чехов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/turskiot-teatar-premierno-kje-ja-izvede-pretstavata-galeb-od-chehov/ Sat, 07 May 2022 17:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=499199

НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павловиќ Чехов, во режија на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат Ирина Николаевна Аркадина Трепљова – Несрин Таир, Константин Гаврилович Треплов – Хакан Даци / Осман Али, Петар Николајевич Сорин – Џенап Самет, Нина Михајловна Заречна – Стефанија Начевска / Сузан Акбелге, Маша – Ебру Мусли, Борис Алексеевич Тригорин – Селпин Керим, Евгениј Алексеевич Дорн – Метин Ибрахим, Семјон Семјонович Медведенко – Неат Али.

Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.

 

The post Турскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Чехов appeared first on Република.

]]>

НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павловиќ Чехов, во режија на Нела Витошевиќ. Улогите ги толкуваат Ирина Николаевна Аркадина Трепљова – Несрин Таир, Константин Гаврилович Треплов – Хакан Даци / Осман Али, Петар Николајевич Сорин – Џенап Самет, Нина Михајловна Заречна – Стефанија Начевска / Сузан Акбелге, Маша – Ебру Мусли, Борис Алексеевич Тригорин – Селпин Керим, Евгениј Алексеевич Дорн – Метин Ибрахим, Семјон Семјонович Медведенко – Неат Али. Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.  

The post Турскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Чехов appeared first on Република.

]]>