Галаб Донев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galab-donev/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 19:27:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Галаб Донев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/galab-donev/ 32 32 Донев: Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/donev-bugarija-nikogash-ne-bila-zakana-za-natsionalnata-bezbednost-na-severna-makedonija/ Mon, 06 Feb 2023 19:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=605649

Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели.

Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Македонија, и прва и обезбедила воена опрема.

Тој нема информации оти и некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје.

- Нема да го прекинеме дијалогот со Република Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев.

Запрашан дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“.

The post Донев: Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели. Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Македонија, и прва и обезбедила воена опрема. Тој нема информации оти и некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје. - Нема да го прекинеме дијалогот со Република Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев. Запрашан дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“.

The post Донев: Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Македонија appeared first on Република.

]]>
Радев: Следен вршител на должноста премиер ќе биде Галаб Донев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-sleden-vrshitel-na-dolzhnosta-premier-ke-bide-galab-donev/ Sat, 21 Jan 2023 11:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=599335

Следен технички премиер ќе биде стариот технички премиер, чие име е Галаб Донев. Ниту за секунда не дозволив други опции. Тоа за „Дарик радио“ го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесе БТА. Причината за неговиот коментар е нереализирањето на третиот мандат за формирање влада во таа држава.

Нема Радев модел, има Устав. Таму многу јасно пишува дека кога партиите не можат да формираат влада, претседателот е должен да именува. Партиите, што сакаат да ја избегнат одговорноста за владеење во време на криза, се кријат зад преодната влада, рече Радев.

The post Радев: Следен вршител на должноста премиер ќе биде Галаб Донев appeared first on Република.

Османи на средба со бугарскиот премиер Донев: Двете Влади да дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-bugarskiot-premier-donev-dvete-vladi-da-dejstvuvaat-vo-nasoka-na-realiziranjeto-na-konkretni-proekti/ Tue, 08 Nov 2022 14:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=571496

Во рамките на посетата на Софија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба премиерот на Република Бугарија, Галаб Донев.

На средбата стана збор за севкупните односи и соработка меѓу двете држави, со фокус врз економската соработка и подготвеноста за заедничкото справување со последиците од енергетската криза.

Соговорниците изразија задоволство што само во изминатава недела, два клучни настани - oтпочнувањето со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8 и потпишувањето на Договорот за меѓусистемско поврзување за интерконективна точка  Ќустендил-Жидилово,  јасно ја демонстрираат определбата на двете Влади да дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти кои инфраструктурно и енергетски ќе ги поврзат двете земји и ќе претставуваат придонес во  заедничките напори на земјите од европскиот континент соодветно да одговорат на актуелните предизвици.

Воедно, изразија задоволство и разменија конкретни предлози за успешно реализирање на претстојниот Бизнис форум, којшто двете земји планираат да го одржат во текот на месец декември, а кој се очекува да донесе конкретни придобивки за граѓаните од двете земји, на планот на економската соработка.

The post Османи на средба со бугарскиот премиер Донев: Двете Влади да дејствуваат во насока на реализирањето на конкретни проекти appeared first on Република.

Ковачевски-Донев: Интензивирање и унапредување на соработката меѓу двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-donev-intenziviranje-i-unapreduvanje-na-sorabotkata-megju-dvete-zemji/ Sat, 29 Oct 2022 15:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=567194

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска имале билатерална средба со фокус на интензивирањето и унапредувањето на соработката меѓу двете земји.

-Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете земји за напредок на меѓусебните односи, соопшти владината прес-служба.

Како што информираат од Владата, двајцата премиери зборувале и за можностите за проширување на капацитетите на гасоводот и продлабочената соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент

The post Ковачевски-Донев: Интензивирање и унапредување на соработката меѓу двете земји appeared first on Република.

Бугарскиот премиер: Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот е обврска не само кон Бугарија, туку и кон земјите од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-premier-vnesuvanjeto-na-bugarite-vo-preambulata-na-ustavot-e-obvrska-ne-samo-kon-bugarija-tuku-i-kon-zemjite-od-eu/ Sat, 29 Oct 2022 13:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=567135

Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на Република Македонија е еден од условите кои земјата ги презема како обврска не само во билатералниот протокол од Договорот за добрососедство и соработка, туку со потпишувањето на т.н. „француски договор“. Тоа е обврска не само кон Бугарија, туку и кон сите останати земји членки на Европската унија, изјави денеска бугарскиот премиер Галaб Донев, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Прашан дали Бугарија може да даде гаранции дека доколку се направат уставните измени нема да има повеќе нови блокади на европскиот пат, Донев рече дека патот за членство на Република Македонија во Европската унија поминува низ потписот на апсолутно сите 27 земји членки на ЕУ.

Бугарскиот премиер, исто така, изрази благодарност до премиерот Ковачевски, оценувајќи дека Владата на Република Македонија држи многу точна, јасна и европска позиција.

– Позиција што ќе ја изнесе Република Македонија на вистинскиот пат за членство во ЕУ, кон еден свет со повеќе вредности и слободи

и благосостојба, рече Донев.

Денешниот пример за отпочнување на источниот дел од Коридорот 8, Донев рече дека, е дел од оние проекти и дејствија што треба да ги преземаат владите за да има многу подобар живот и тоа е примерот што треба да се следи.

– Се останато само пречи на нашиот пат кон заедничките вредности и добросостојбата на двата народа, нагласи Донев.

Со членството во ЕУ, според Донев, обврските на земјата се прошируваат, исто како и правата и слободите на граѓаните.

– Затоа има голем број договори, конвенции и Копенхашките критериуми кои треба да ги исполни секоја една држава, така што граѓаните на ЕУ ги уживаат еднакво исто сите права и обврски кои ги има секој еден граѓанин на ЕУ. Тоа е еден долг и сложен процес, но резултатот и изминатиот пат е еден подобар живот за граѓаните на земјата која станува членка на ЕУ. Едно подобро ниво на живот, подобра благосостојба, живот без граници меѓу државите, слободен проток на стоки и луѓе. Тоа се основните принципи кои си ги поставува ЕУ како цел, изјави Донев, по означувањето на почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8.

The post Бугарскиот премиер: Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот е обврска не само кон Бугарија, туку и кон земјите од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на Република Македонија е еден од условите кои земјата ги презема како обврска не само во билатералниот протокол од Договорот за добрососедство и соработка, туку со потпишувањето на т.н. „француски договор“. Тоа е обврска не само кон Бугарија, туку и кон сите останати земји членки на Европската унија, изјави денеска бугарскиот премиер Галaб Донев, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот со градба на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Прашан дали Бугарија може да даде гаранции дека доколку се направат уставните измени нема да има повеќе нови блокади на европскиот пат, Донев рече дека патот за членство на Република Македонија во Европската унија поминува низ потписот на апсолутно сите 27 земји членки на ЕУ. Бугарскиот премиер, исто така, изрази благодарност до премиерот Ковачевски, оценувајќи дека Владата на Република Македонија држи многу точна, јасна и европска позиција. – Позиција што ќе ја изнесе Република Македонија на вистинскиот пат за членство во ЕУ, кон еден свет со повеќе вредности и слободи
и благосостојба, рече Донев.
Денешниот пример за отпочнување на источниот дел од Коридорот 8, Донев рече дека, е дел од оние проекти и дејствија што треба да ги преземаат владите за да има многу подобар живот и тоа е примерот што треба да се следи.
– Се останато само пречи на нашиот пат кон заедничките вредности и добросостојбата на двата народа, нагласи Донев.
Со членството во ЕУ, според Донев, обврските на земјата се прошируваат, исто како и правата и слободите на граѓаните.
– Затоа има голем број договори, конвенции и Копенхашките критериуми кои треба да ги исполни секоја една држава, така што граѓаните на ЕУ ги уживаат еднакво исто сите права и обврски кои ги има секој еден граѓанин на ЕУ. Тоа е еден долг и сложен процес, но резултатот и изминатиот пат е еден подобар живот за граѓаните на земјата која станува членка на ЕУ. Едно подобро ниво на живот, подобра благосостојба, живот без граници меѓу државите, слободен проток на стоки и луѓе. Тоа се основните принципи кои си ги поставува ЕУ како цел, изјави Донев, по означувањето на почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8.

The post Бугарскиот премиер: Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот е обврска не само кон Бугарија, туку и кон земјите од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски во Софија бара чаре за енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-sofija-bara-chare-za-energetskata-kriza/ Mon, 05 Sep 2022 13:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=547662

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија имаше работна средба со премиерот на Република Бугарија Галаб Донев, по што беа одржани работни состаноци со ресорите од секторите економија и енергетика од двете земји.

Во состав на официјална делегација на работните состаноци присуствуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Виктор Андонов, соработник за енергетика.

Од бугарска страна на состаноците беа присутни Николај Милков, министер за надворешни работи, Росен Христов, министер за енергетика, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Нина Колева,шеф на политичкиот кабинет на премиерот, Андреј Техов, советник за надворешна политика на претседателот, Љубомира Ганчева, раководител на политичка канцеларија на министерот за енергетика, Славина Иванова, советник на министерот за енергетика и Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“.

На средбата беше дискутирано за состојбата во енергетскиот сектор и кризата на светско ниво предизвикана од воената агресија врз Украина.

Двајцата премиери разговараа дека приоритет во преден план треба да биде фокус на решавањето на енергетската криза и недостигот на енергенси. По завршувањето на работните состаноци предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

The post Ковачевски во Софија бара чаре за енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија имаше работна средба со премиерот на Република Бугарија Галаб Донев, по што беа одржани работни состаноци со ресорите од секторите економија и енергетика од двете земји. Во состав на официјална делегација на работните состаноци присуствуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Виктор Андонов, соработник за енергетика. Од бугарска страна на состаноците беа присутни Николај Милков, министер за надворешни работи, Росен Христов, министер за енергетика, Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Нина Колева,шеф на политичкиот кабинет на премиерот, Андреј Техов, советник за надворешна политика на претседателот, Љубомира Ганчева, раководител на политичка канцеларија на министерот за енергетика, Славина Иванова, советник на министерот за енергетика и Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“. На средбата беше дискутирано за состојбата во енергетскиот сектор и кризата на светско ниво предизвикана од воената агресија врз Украина. Двајцата премиери разговараа дека приоритет во преден план треба да биде фокус на решавањето на енергетската криза и недостигот на енергенси. По завршувањето на работните состаноци предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

The post Ковачевски во Софија бара чаре за енергетската криза appeared first on Република.

]]>