Гаја и градината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gaja-i-gradinata/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 10:42:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Гаја и градината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gaja-i-gradinata/ 32 32 Промоција на книгата „Гаја и градината“ во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-gaja-i-gradinata-vo-mkts/ Mon, 15 May 2023 10:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=640951

Вечерва, на 15 мај, во Младински културен центар (МКЦ) со почеток во 19 часот ќе се случи втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“.

Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во Гимназијата „Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија.

Текстот на Ева Божиновска зборува за враќањето кон природата и вредностите на градинарството во еден дистописки урбан свет.

Книгата е заедничко издание на МКЦ и Проектниот простор „Прес ту егзит“ од Скопје. Уредници на книгата се Христина Иваноска и Јане Чаловски, а графичкото уредување е на Русе Арсов. Ментори во проектот беа Душица Димитровска (илустрација), Хајан Алхалаби (пермакултура), Кристина Горовска (графички дизајн), Илиана Петрушевска (визуелна уметност).

Книгата „Гаја и градината“ е резултат на активното вклучување на младите во креирање на содржина на грижлив пристап кон природата преку интердисциплинарна едукативна програма.

Финансиска подршка за проектот е обезбедена од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит насловена „Недисциплинирано: Интердисциплинарни модели на истражувачка уметничка практика“ и меѓународниот проект „Big Time Takeover“ под водство на МКЦ и координација на Маргарита Арсова, во рамки на Ерасмус + програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади.

Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма, која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот. Од овој дијалог произлезе проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“, кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје.

„ГРАДИДНИНА“ има за цел да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање одговорност за својот посед и принос од работата. Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.

The post Промоција на книгата „Гаја и градината“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 15 мај, во Младински културен центар (МКЦ) со почеток во 19 часот ќе се случи втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“. Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во Гимназијата „Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија. Текстот на Ева Божиновска зборува за враќањето кон природата и вредностите на градинарството во еден дистописки урбан свет. Книгата е заедничко издание на МКЦ и Проектниот простор „Прес ту егзит“ од Скопје. Уредници на книгата се Христина Иваноска и Јане Чаловски, а графичкото уредување е на Русе Арсов. Ментори во проектот беа Душица Димитровска (илустрација), Хајан Алхалаби (пермакултура), Кристина Горовска (графички дизајн), Илиана Петрушевска (визуелна уметност). Книгата „Гаја и градината“ е резултат на активното вклучување на младите во креирање на содржина на грижлив пристап кон природата преку интердисциплинарна едукативна програма. Финансиска подршка за проектот е обезбедена од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит насловена „Недисциплинирано: Интердисциплинарни модели на истражувачка уметничка практика“ и меѓународниот проект „Big Time Takeover“ под водство на МКЦ и координација на Маргарита Арсова, во рамки на Ерасмус + програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади. Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма, која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот. Од овој дијалог произлезе проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“, кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје. „ГРАДИДНИНА“ има за цел да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање одговорност за својот посед и принос од работата. Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.

The post Промоција на книгата „Гаја и градината“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>