Габриелиус Ландсбергис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabrielius-landsbergis/ За подобро да се разбереме Tue, 10 May 2022 07:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Габриелиус Ландсбергис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabrielius-landsbergis/ 32 32 Единствен начин е да се отстрани Путин од власт: Шеф на дипломатијата на членка на ЕУ го шокира светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edinstven-nachin-e-da-se-otstrani-putin-od-vlast-shef-na-diplomatijata-na-chlenka-na-eu-go-shokira-svetot/ Tue, 10 May 2022 07:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=500191

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, порача дека рускиот претседател, Владимир Путин, треба да биде сменет од функцијата.

Ваквата реакција дојде по говорот на Путин на воената парада по повод Денот на победата во Москва.

Отстранувањето на рускиот претседател Владимир Путин од власт е единствениот начин да се заштитат Западот и неговите сојузници од идните закани од Москва – изјави Ландсбергис, во интервју за „Асошиејтед прес“.

Тој додаде дека годишниот говор на Путин на Денот на победата е „неповолен“ и ги покажува дека „мрачните лица“ на генералот и другите знаци на неуспех во војната во Украина. Сепак, тој додаде дека „ранетиот“ Путин може да биде уште поопасен и дека единствен начин да се отстрани заканата е да се отстрани од власт.

Од наша гледна точка, се додека сегашниот режим е на власт, земјите околу него ќе бидат во одредена опасност. Не само од претседателот туку и од целиот режим, бидејќи, знаете, некој би можел да го замени Путин од неговите во внатрешниот круг - вели литванскиот шеф на дипломатијата.

The post Единствен начин е да се отстрани Путин од власт: Шеф на дипломатијата на членка на ЕУ го шокира светот appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, порача дека рускиот претседател, Владимир Путин, треба да биде сменет од функцијата. Ваквата реакција дојде по говорот на Путин на воената парада по повод Денот на победата во Москва.
Отстранувањето на рускиот претседател Владимир Путин од власт е единствениот начин да се заштитат Западот и неговите сојузници од идните закани од Москва – изјави Ландсбергис, во интервју за „Асошиејтед прес“.
Тој додаде дека годишниот говор на Путин на Денот на победата е „неповолен“ и ги покажува дека „мрачните лица“ на генералот и другите знаци на неуспех во војната во Украина. Сепак, тој додаде дека „ранетиот“ Путин може да биде уште поопасен и дека единствен начин да се отстрани заканата е да се отстрани од власт.
Од наша гледна точка, се додека сегашниот режим е на власт, земјите околу него ќе бидат во одредена опасност. Не само од претседателот туку и од целиот режим, бидејќи, знаете, некој би можел да го замени Путин од неговите во внатрешниот круг - вели литванскиот шеф на дипломатијата.

The post Единствен начин е да се отстрани Путин од власт: Шеф на дипломатијата на членка на ЕУ го шокира светот appeared first on Република.

]]>
Џафери го прими литванскиот Шеф на дипломатијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-go-primi-litvanskiot-shef-na-diplomatijata/ Tue, 03 May 2022 14:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=496958

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на средба со литванскиот министер за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис, изрази благодарност за постојаниот интерес на Литванија за давањето поддршка на евроатланските и европските интеграции на Македонија.

Како што соопштија од неговиот Кабинет, Џафери, во разговорот изразил жалење за околностите во кои се случува оваа средба, кога е загрозена безбедноста на европскиот континент, односно кога Украина се соочува со неоправдана и неиспровоцирана воена агресија од страна на Руската Федерација, чин што глобалната заедница, вклучително и Македонија, силно го осудува и го прогласува за флагрантно кршење на територијалниот интегритет на суверена држава, со непочитување на меѓународно признатите граници и меѓународното право.

Претседателот на Собранието се осврнал на неговата неодамнешна посета на Украина, каде дал лична и институционална поддршка на напорите на украинските институции да ги вратат мирот и контролата врз целата своја територија. Тој потенцира дека Македонија како држава е приклучена кон сите мерки и обврски кои ги презема Европската Унија како поддршка на Украина и тоа се мерки што ги презема како држава членка на НАТО и земја кандидат за влез во ЕУ.

Министерот Ландсбергис истакнал дека силно ја поддржуваат европската интеграција на  Македонија и што е можно поскорото отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Тој истакна дека многу е важно земјава цврсто да се придржува кон сите санкции кон Русија воведени од Европската Унија.

Во однос на противењето на Република Бугарија и ставањето на вето за отпочнување на преговорите на Македонија, министерот Ландсбергис истакна дека тоа е неприфатливо, особено во овие тешки моменти кога е загрозена европската безбедност и единството и солидарноста помеѓу европските земји се клучни за надминување на кризата. Тој укажа дека Република Литванија многу напреднала на сите полиња и тоа на демократско, економско и институционално поле кога станала членка на ЕУ - се наведува во соопштението од Собранието.

Џафери и Ландсбергис на средбата се согласиле дека е потребна взаемна поголема соработка и поддршка како земји членки на НАТО, со цел надминување на кризните состојби на европскиот континент.

The post Џафери го прими литванскиот Шеф на дипломатијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на средба со литванскиот министер за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис, изрази благодарност за постојаниот интерес на Литванија за давањето поддршка на евроатланските и европските интеграции на Македонија. Како што соопштија од неговиот Кабинет, Џафери, во разговорот изразил жалење за околностите во кои се случува оваа средба, кога е загрозена безбедноста на европскиот континент, односно кога Украина се соочува со неоправдана и неиспровоцирана воена агресија од страна на Руската Федерација, чин што глобалната заедница, вклучително и Македонија, силно го осудува и го прогласува за флагрантно кршење на територијалниот интегритет на суверена држава, со непочитување на меѓународно признатите граници и меѓународното право. Претседателот на Собранието се осврнал на неговата неодамнешна посета на Украина, каде дал лична и институционална поддршка на напорите на украинските институции да ги вратат мирот и контролата врз целата своја територија. Тој потенцира дека Македонија како држава е приклучена кон сите мерки и обврски кои ги презема Европската Унија како поддршка на Украина и тоа се мерки што ги презема како држава членка на НАТО и земја кандидат за влез во ЕУ. Министерот Ландсбергис истакнал дека силно ја поддржуваат европската интеграција на  Македонија и што е можно поскорото отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Тој истакна дека многу е важно земјава цврсто да се придржува кон сите санкции кон Русија воведени од Европската Унија.