Габриела Гајдова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabriela-gajdova/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 11:28:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Габриела Гајдова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabriela-gajdova/ 32 32 Дали судијката Гајдова ќе биде изземена од случајот „Скопски пазар“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-sudijkata-gajdova-ke-bide-izzemena-od-sluchajot-skopski-pazar/ Fri, 25 Oct 2024 11:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=830939

Одлука за случајот во кои се обвинети поранешни акционери на компанијата Скопски пазар, Апелацискиот суд во Скопје сè  уште не донесе. Покрај контроверзите кои досега го следат овој случај, а за кои веќе пишувавме, спорно е и учеството на судијката Габриела Гајдова во советотот на Апелација, кој треба да одлучува по поднесената жалба, пишува „МКД.мк“.

 

 

На 15 ноември 2023 година судијката Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд Скопје, со глас „за“ и од Весна Дамева, актуелната претседателка на Судскиот совет и сопруга на Младен Дамев, кој се јавува како оштетен во случајот за кој деновиве Гајдова треба да одлучува.

 

За време на изборот, Дамева за Габриела Гајдова, судијка од Основниот суд Велес, рече дека „таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”.

Значи Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд со глас и од Весна Дамева, а сега треба да одлучува за случај во кој управител на оштетениот е токму сопругот на Дамева и е во позиција да се „реваншира” на Дамева за силната поддршка при нејзиниот избор. Многумина очекуваа Гајдова да биде изземена од овој случај, но тоа не се случи.

Повеќе на МКД.мк

The post Дали судијката Гајдова ќе биде изземена од случајот „Скопски пазар“? appeared first on Република.

]]>

Одлука за случајот во кои се обвинети поранешни акционери на компанијата Скопски пазар, Апелацискиот суд во Скопје сè  уште не донесе. Покрај контроверзите кои досега го следат овој случај, а за кои веќе пишувавме, спорно е и учеството на судијката Габриела Гајдова во советотот на Апелација, кој треба да одлучува по поднесената жалба, пишува „МКД.мк“.  
 
На 15 ноември 2023 година судијката Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд Скопје, со глас „за“ и од Весна Дамева, актуелната претседателка на Судскиот совет и сопруга на Младен Дамев, кој се јавува како оштетен во случајот за кој деновиве Гајдова треба да одлучува.
 
За време на изборот, Дамева за Габриела Гајдова, судијка од Основниот суд Велес, рече дека „таа не само што учествува на конференции и тркалезни маси, туку е храбра и да го креира казненото право”. Значи Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд со глас и од Весна Дамева, а сега треба да одлучува за случај во кој управител на оштетениот е токму сопругот на Дамева и е во позиција да се „реваншира” на Дамева за силната поддршка при нејзиниот избор. Многумина очекуваа Гајдова да биде изземена од овој случај, но тоа не се случи. Повеќе на МКД.мк

The post Дали судијката Гајдова ќе биде изземена од случајот „Скопски пазар“? appeared first on Република.

]]>