Габриел Гарсија Маркес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabriel-garsija-markes/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 13:26:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Габриел Гарсија Маркес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabriel-garsija-markes/ 32 32 „Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izgubeniot-i-dosega-neobjaven-roman-na-nobelovetsot-gabriel-garsija-markes-se-gledame-vo-avgust-deneska-izleze-od-pechat-na-makedonski-jazik-istovremeno-so-tseliot-svet/ Wed, 06 Mar 2024 13:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=751910

„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а наскоро и во сите други книжевни продажни места.

Десет години по смртта на легендарниот колумбиски писател, книгата излегува од печат на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот.

Во личната заложба на неговите синови Родриго и Гонзало Гарсија Барча, како и уредникот Кристобал Пера,  за вакво синхронизирано објавување на романот, учествуваше и издавачката куќа „Арс Ламина“ од Македонија, која го објави романот во едицијата „Современи класици“ (во која има уште седум други класици од Маркес) – како нов, ексклузивен наслов во превод од шпански јазик на Огнена Никуљски. Со овој издавачки потег, Македонија достојно се позиционираше на книжевната мапа на светот.

Во едицијата „Современи класици“, досега се објавени и класиците „Сто години самотија“, „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“ и „Генералот во својот лавиринт“.
„Се гледаме во август“ е кус роман напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, кој е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини.

Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“...

Иако „Се гледаме во август“ е роман на лик (Ана Магдалена Бах), сепак, во суштината, станува збор за роман за љубовта, за илузијата, за скришното што си го доверуваме само себеси, не претпоставувајќи дека светот однапред го има средено сето тоа како наш запис, императив, како наша „опашка“ на предците, како продолжување на нешто што никогаш и не може да се скине, прекине...

Габриел Гарсија Маркес (1927 – 2014)  еден од најзначајните прозаисти на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1982 година за неговите романи и раскази, во кои фантастичното и реалното се вмрежени во раскошното структуриран свет што ги рефлектира животот и конфликтите на целиот континент.

Кон крајот на својот живот, Гарсија Маркес работеше на овој роман додека истовремено се бореше со деменцијата. Во неговите последни денови и со слабеење на меморијата, тој одлучи дека ова ново дело не треба да биде објавено по неговата смрт, и покрај тоа што го доби неговиот последен знак. Но, сега, десет години по неговата смрт, неговите синови одлучија книгата сепак да биде објавена. Така, „Се гледаме во август“ е неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет.

Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, со можност за нарачка онлајн преку www.literatura.mk.

The post „Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет appeared first on Република.

]]>

„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а наскоро и во сите други книжевни продажни места. Десет години по смртта на легендарниот колумбиски писател, книгата излегува од печат на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот. Во личната заложба на неговите синови Родриго и Гонзало Гарсија Барча, како и уредникот Кристобал Пера,  за вакво синхронизирано објавување на романот, учествуваше и издавачката куќа „Арс Ламина“ од Македонија, која го објави романот во едицијата „Современи класици“ (во која има уште седум други класици од Маркес) – како нов, ексклузивен наслов во превод од шпански јазик на Огнена Никуљски. Со овој издавачки потег, Македонија достојно се позиционираше на книжевната мапа на светот. Во едицијата „Современи класици“, досега се објавени и класиците „Сто години самотија“, „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“ и „Генералот во својот лавиринт“. „Се гледаме во август“ е кус роман напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, кој е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“... Иако „Се гледаме во август“ е роман на лик (Ана Магдалена Бах), сепак, во суштината, станува збор за роман за љубовта, за илузијата, за скришното што си го доверуваме само себеси, не претпоставувајќи дека светот однапред го има средено сето тоа како наш запис, императив, како наша „опашка“ на предците, како продолжување на нешто што никогаш и не може да се скине, прекине... Габриел Гарсија Маркес (1927 – 2014)  еден од најзначајните прозаисти на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1982 година за неговите романи и раскази, во кои фантастичното и реалното се вмрежени во раскошното структуриран свет што ги рефлектира животот и конфликтите на целиот континент. Кон крајот на својот живот, Гарсија Маркес работеше на овој роман додека истовремено се бореше со деменцијата. Во неговите последни денови и со слабеење на меморијата, тој одлучи дека ова ново дело не треба да биде објавено по неговата смрт, и покрај тоа што го доби неговиот последен знак. Но, сега, десет години по неговата смрт, неговите синови одлучија книгата сепак да биде објавена. Така, „Се гледаме во август“ е неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет. Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, со можност за нарачка онлајн преку www.literatura.mk.

The post „Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет appeared first on Република.

]]>
Маркес е најпреведуван писател на шпански јазик во овој век https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/markes-e-najpreveduvan-pisatel-na-shpanski-jazik-vo-ovoj-vek/ Tue, 28 Mar 2023 07:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=624484

Нова студија покажува дека Габриел Гарсија Маркес го „претрка“ Мигел де Сервантес за најпреведуваниот автор на шпански јазик на овој век, пренесува „Гардијан“.

Сепак, Сервантес и понатаму останува најпреведуваниот автор на шпански јазик во последните осум века.

Наодите за ваквата промена доаѓаат откако Институтот Сервантес, кој работи на промоција на шпанскиот јазик и култура, започна да обработува податоци за да ја оформи својата Светска мапа на преводи.

За да се оформи поголемата слика кои шпански автори се најпреведувани на 10 различки јазици – арапски, кинески, англиски, француски, италијански, јапонски, португалски, руски и шведски – Институтот се повикал на датабазата на Центарот за онлајн компјутерска библиотека „Ворлдкет“, која содржи 554,858,648 библиотечни податоци на 483 јазици.

10 најпреведени автори на десетте јазици од 2000 до 2021 година се Маркес, Изабел Аљенде, Борхес, Марио Варгас Љоса, Сервантес, Зафон, Реверте, Сепулведа, Болањо и Хавиер Мариас.

Сепак, според резултатите од 1950 па до денес, најпреведуваните автори се наброени по следниов редослед: на прво место е Сервантес, на второто Маркес, а потоа следуваат Аљенде, Борхес, Љоса, Лорка, Неруда, Фуентес, Перез-Реверте и Зафон.

The post Маркес е најпреведуван писател на шпански јазик во овој век appeared first on Република.

]]>

Нова студија покажува дека Габриел Гарсија Маркес го „претрка“ Мигел де Сервантес за најпреведуваниот автор на шпански јазик на овој век, пренесува „Гардијан“. Сепак, Сервантес и понатаму останува најпреведуваниот автор на шпански јазик во последните осум века. Наодите за ваквата промена доаѓаат откако Институтот Сервантес, кој работи на промоција на шпанскиот јазик и култура, започна да обработува податоци за да ја оформи својата Светска мапа на преводи. За да се оформи поголемата слика кои шпански автори се најпреведувани на 10 различки јазици – арапски, кинески, англиски, француски, италијански, јапонски, португалски, руски и шведски – Институтот се повикал на датабазата на Центарот за онлајн компјутерска библиотека „Ворлдкет“, која содржи 554,858,648 библиотечни податоци на 483 јазици. 10 најпреведени автори на десетте јазици од 2000 до 2021 година се Маркес, Изабел Аљенде, Борхес, Марио Варгас Љоса, Сервантес, Зафон, Реверте, Сепулведа, Болањо и Хавиер Мариас. Сепак, според резултатите од 1950 па до денес, најпреведуваните автори се наброени по следниов редослед: на прво место е Сервантес, на второто Маркес, а потоа следуваат Аљенде, Борхес, Љоса, Лорка, Неруда, Фуентес, Перез-Реверте и Зафон.

The post Маркес е најпреведуван писател на шпански јазик во овој век appeared first on Република.

]]>