габична инфекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabichna-infektsija/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 09:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png габична инфекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/gabichna-infektsija/ 32 32 Нова габична инфекција станува глобална закана за јавното здравје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nova-gabichna-infektsija-stanuva-globalna-zakana-za-javnoto-zdravje/ Sun, 30 Jul 2023 09:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=666835

Новата габична инфекција „Candida auris“ претставува глобална закана за јавното здравје и може да предизвика сериозни инфекции на крвта, рани и респираторни инфекции.

Опасната и ретка инфекција првпат беше идентификувана во САД во државата Њујорк во 2016 година, а истражувачките лаборатории подоцна открија дека габата била присутна во земјата најмалку од 2013 година.

Стапката на смртност се проценува на 30 до 60 проценти, а особен ризик се луѓето кои веќе имаат сериозни здравствени проблеми.

Минатата година, најмногу случаи биле откриени во Невада и Калифорнија, но габичната инфекција е идентификувана кај пациенти во 29 држави.

Една теорија зад ненадејната експлозија на оваа габична инфекција ги обвинува климатските промени.

Луѓето и другите цицачи имаат поголема телесна температура отколку што можат да толерираат повеќето габични инфекции, така што тие историски биле заштитени од повеќето инфекции.

Сепак, зголемувањето на температурите може да им овозможи на габите да развијат толеранција кон потоплите средини, што на крајот може да предизвика луѓето да изгубат отпор.

Некои истражувачи веруваат дека тоа веќе се случува со инфекција со „Candida auris“.

Раст на бројот на случаи

Патогенот се појави спонтано пред 14 години на три континенти, и тоа во државите Венецуела, Индија и Јужна Африка.

Експертот за габични заболувања Артуро Касадевал, микробиолог, имунолог и професор на Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека ова е збунувачки бидејќи климата на овие места е сосема различна.

Имаме огромна заштита од габи поради температурата на нашето тело. Меѓутоа, ако светот стане потопол и габите почнат да се прилагодуваат на повисоките температури, некои ќе го достигнат она што јас го нарекувам температурна бариера“, вели Касадевал.

Имало 2.377 потврдени клинички случаи во САД минатата година, што претставува зголемување од над 1.200 проценти од 2017 година, но „Candida auris“ станува глобален проблем.

Во Европа, минатогодишното истражување покажало дека бројот на случаи речиси се удвоил помеѓу 2020 и 2021 година.

Експертите забележуваат дека иако скринингот и контролата на инфекции се подобрени, вртоглавиот број на случаи одразува вистинско зголемување.

„Кошмарно сценарио“

Луис Остроски, професор на Медицинскиот факултет во UTHealth Хјустон, смета дека „Candida auris“ е „еден вид на кошмарно сценарио“.

Таа е потенцијално отпорна на повеќе лекови и има способност многу ефикасно да се шири во здравствените установи. Никогаш не сме имале ваков патоген кога станува збор за габични инфекции“, вели тој.

Можно е габата отсекогаш да била меѓу микроорганизмите кои живеат во човечкото тело, но бидејќи не предизвикувала инфекција, никој не ја истражувал се додека неодамна не почнала да води до здравствени проблеми.

Експертите предупредуваат дека оваа габа претставува сериозна закана за здравјето на луѓето, како и дека најзагрозени се пациентите со намален имунитет во болниците и луѓето во домовите за стари лица.

„Candida auris“ не само што е предизвик за лекување, туку и тешко е да се дијагностицира, а многу лекари не се свесни ни дека постои.

Извор: Ал Џезира

The post Нова габична инфекција станува глобална закана за јавното здравје appeared first on Република.

]]>

Новата габична инфекција „Candida auris“ претставува глобална закана за јавното здравје и може да предизвика сериозни инфекции на крвта, рани и респираторни инфекции. Опасната и ретка инфекција првпат беше идентификувана во САД во државата Њујорк во 2016 година, а истражувачките лаборатории подоцна открија дека габата била присутна во земјата најмалку од 2013 година. Стапката на смртност се проценува на 30 до 60 проценти, а особен ризик се луѓето кои веќе имаат сериозни здравствени проблеми. Минатата година, најмногу случаи биле откриени во Невада и Калифорнија, но габичната инфекција е идентификувана кај пациенти во 29 држави. Една теорија зад ненадејната експлозија на оваа габична инфекција ги обвинува климатските промени. Луѓето и другите цицачи имаат поголема телесна температура отколку што можат да толерираат повеќето габични инфекции, така што тие историски биле заштитени од повеќето инфекции. Сепак, зголемувањето на температурите може да им овозможи на габите да развијат толеранција кон потоплите средини, што на крајот може да предизвика луѓето да изгубат отпор. Некои истражувачи веруваат дека тоа веќе се случува со инфекција со „Candida auris“.

Раст на бројот на случаи

Патогенот се појави спонтано пред 14 години на три континенти, и тоа во државите Венецуела, Индија и Јужна Африка. Експертот за габични заболувања Артуро Касадевал, микробиолог, имунолог и професор на Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека ова е збунувачки бидејќи климата на овие места е сосема различна.
Имаме огромна заштита од габи поради температурата на нашето тело. Меѓутоа, ако светот стане потопол и габите почнат да се прилагодуваат на повисоките температури, некои ќе го достигнат она што јас го нарекувам температурна бариера“, вели Касадевал.
Имало 2.377 потврдени клинички случаи во САД минатата година, што претставува зголемување од над 1.200 проценти од 2017 година, но „Candida auris“ станува глобален проблем. Во Европа, минатогодишното истражување покажало дека бројот на случаи речиси се удвоил помеѓу 2020 и 2021 година. Експертите забележуваат дека иако скринингот и контролата на инфекции се подобрени, вртоглавиот број на случаи одразува вистинско зголемување.

„Кошмарно сценарио“

Луис Остроски, професор на Медицинскиот факултет во UTHealth Хјустон, смета дека „Candida auris“ е „еден вид на кошмарно сценарио“.
Таа е потенцијално отпорна на повеќе лекови и има способност многу ефикасно да се шири во здравствените установи. Никогаш не сме имале ваков патоген кога станува збор за габични инфекции“, вели тој.
Можно е габата отсекогаш да била меѓу микроорганизмите кои живеат во човечкото тело, но бидејќи не предизвикувала инфекција, никој не ја истражувал се додека неодамна не почнала да води до здравствени проблеми. Експертите предупредуваат дека оваа габа претставува сериозна закана за здравјето на луѓето, како и дека најзагрозени се пациентите со намален имунитет во болниците и луѓето во домовите за стари лица. „Candida auris“ не само што е предизвик за лекување, туку и тешко е да се дијагностицира, а многу лекари не се свесни ни дека постои. Извор: Ал Џезира

The post Нова габична инфекција станува глобална закана за јавното здравје appeared first on Република.

]]>
Ретка габична инфекција пристигна во Европа, ја пренесуваат мачки и може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/retka-gabichna-infektsija-pristigna-vo-evropa-ja-prenesuvaat-machki-i-mozhe-da-vlijae-na-ochite-belite-drobovi-koskite-i-zglobovite/ Fri, 03 Mar 2023 13:24:15 +0000 https://republika.mk/?p=615595

Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габата. Но, инфекцијата може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите.

Во Европа, поточно во Велика Британија, се појави ретка инфекција која на луѓето ја пренесуваат мачки. Досега случаи на зараза се регистрирани само во Јужна Америка, а сега првите случаи на европско тло се забележани и во Велика Британија.

Станува збор за кожна болест, прилично болна, која меѓу другото се манифестира и со рани и чиреви, најчесто на рацете.

Здравствените служби во Обединетото Кралство тврдат дека сите тие се заразиле со габична инфекција од истата мачка што семејството ја донела од Бразил, каде што габата е сè пораспространета и станала опасност по јавното здравје.

Сите три заразени лица биле позитивни на бактеријата Sporothrix brasiliensis, само еден вид габа. Мајка, ќерка и ветеринар биле изгребани од истата мачка. Побарале лекарска помош и сите оздравеле. Инфекцијата обично се лекува со антигабични лекови повеќе од шест месеци, пишува Дејли Мејл.

Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габата. Но, инфекцијата може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите. Во ретки случаи, може да влијае на централниот нервен систем.

Габата се шири со каснување или гребење на заразена мачка. Нема регистрирани случаи на пренесување од човек на човек. Ретко, заразено лице може да добие пневмонија ако ги вдишува спорите на габата, што предизвикува симптоми како што се отежнато дишење, кашлица и треска.

Светската здравствена организација предупреди дека габичните инфекции стануваат голема закана за јавното здравје бидејќи поради климатските промени, животната средина станува се попогодна за нивен развој и размножување.

До средината на 1990-тите, габата Sporothrix brasiliensis беше во голема мера непозната. Првите случаи на зараза со овој патоген започнаа во Рио де Жанеиро, а беше утврдено дека преносот на луѓе се случува главно преку мачки скитници. Циркулацијата на габата Sporothrix brasiliensis е забележана и во Аргентина, Парагвај, Боливија, Колумбија и Панама.

Габите од родот Sporothrix живеат главно во почвата и некои растенија, но поради некоја причина во Јужна Америка тие многу добро се прилагодиле на мачките. Транзицијата кон луѓе беше само прашање на време, а во Аргентина, на пример, од 2011 година, бројот на заразени лица се зголеми за четири пати.

The post Ретка габична инфекција пристигна во Европа, ја пренесуваат мачки и може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите appeared first on Република.

]]>

Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габата. Но, инфекцијата може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите. Во Европа, поточно во Велика Британија, се појави ретка инфекција која на луѓето ја пренесуваат мачки. Досега случаи на зараза се регистрирани само во Јужна Америка, а сега првите случаи на европско тло се забележани и во Велика Британија. Станува збор за кожна болест, прилично болна, која меѓу другото се манифестира и со рани и чиреви, најчесто на рацете. Здравствените служби во Обединетото Кралство тврдат дека сите тие се заразиле со габична инфекција од истата мачка што семејството ја донела од Бразил, каде што габата е сè пораспространета и станала опасност по јавното здравје. Сите три заразени лица биле позитивни на бактеријата Sporothrix brasiliensis, само еден вид габа. Мајка, ќерка и ветеринар биле изгребани од истата мачка. Побарале лекарска помош и сите оздравеле. Инфекцијата обично се лекува со антигабични лекови повеќе од шест месеци, пишува Дејли Мејл. Симптомите на инфекција започнуваат со лезии или рани во близина на местото што било изложено на габата. Но, инфекцијата може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите. Во ретки случаи, може да влијае на централниот нервен систем. Габата се шири со каснување или гребење на заразена мачка. Нема регистрирани случаи на пренесување од човек на човек. Ретко, заразено лице може да добие пневмонија ако ги вдишува спорите на габата, што предизвикува симптоми како што се отежнато дишење, кашлица и треска. Светската здравствена организација предупреди дека габичните инфекции стануваат голема закана за јавното здравје бидејќи поради климатските промени, животната средина станува се попогодна за нивен развој и размножување. До средината на 1990-тите, габата Sporothrix brasiliensis беше во голема мера непозната. Првите случаи на зараза со овој патоген започнаа во Рио де Жанеиро, а беше утврдено дека преносот на луѓе се случува главно преку мачки скитници. Циркулацијата на габата Sporothrix brasiliensis е забележана и во Аргентина, Парагвај, Боливија, Колумбија и Панама. Габите од родот Sporothrix живеат главно во почвата и некои растенија, но поради некоја причина во Јужна Америка тие многу добро се прилагодиле на мачките. Транзицијата кон луѓе беше само прашање на време, а во Аргентина, на пример, од 2011 година, бројот на заразени лица се зголеми за четири пати.

The post Ретка габична инфекција пристигна во Европа, ја пренесуваат мачки и може да влијае на очите, белите дробови, коските и зглобовите appeared first on Република.

]]>