г20 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g20/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Sep 2023 09:19:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png г20 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g20/ 32 32 Москва ја пофали декларацијата на Г20 која не ја критикува руската војна во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-ja-pofali-deklaratsijata-na-g20-koja-ne-ja-kritikuva-ruskata-vojna-vo-ukraina/ Sun, 10 Sep 2023 09:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=680496

Русија ја пофали декларацијата на Групата 20 најголеми економии, која директно не ја критикуваше Москва за нејзината агресија врз Украина и оцени дека лидерите на Самитот во Њу Делхи дејствувале во интерес на решавање на конфликтот.

Учесниците на Г-20 вчера во Њу Делхи усвоија декларација со консензус, во која не се споменува осуда за Русија за војната, но се повикуваат сите земји да не користат сила за да окупираат територија.

Имаше многу тешки преговори за прашањето на Украина; пред сè, функционираше колективната позиција на земјите и партнерите на БРИКС. Сето тоа се одрази во избалансирана форма, изјави руската претставничка во Г20, Светлана Лукаш.

БРИКС е организација која ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Во неколку недели пред самитот овој викенд, земјите од Г-20 се мачеа да најдат консензус за конфликтот на Украина со Западот, кој побара Москва да биде повикана на одговорност за војната во Украина и Русија, која најави дека ќе блокира каква било резолуција која не ги одразува нејзините ставови.

Ова беше еден од најтешките самити на Г-20 во речиси дваесетгодишната историја на форумот. Беа потребни речиси 20 дена за да се договори декларацијата пред самитот и пет дена овде на самото место, истакна Лукаш.

Таа, исто така, рече дека тоа не е само поради некои несогласувања на темата Украина, туку и поради разликите во ставовите за сите клучни прашања, пред се климатските промени и транзицијата кон енергетски системи со ниска потрошувачка на јаглерод.

Украинското Министерство за надворешни работи вчера оцени дека заедничката декларација на Г-20 не е „нешто што е за гордеење“ и критикуваше дека во неа не се споменува нападот на Русија врз Украина.

The post Москва ја пофали декларацијата на Г20 која не ја критикува руската војна во Украина appeared first on Република.

]]>

Русија ја пофали декларацијата на Групата 20 најголеми економии, која директно не ја критикуваше Москва за нејзината агресија врз Украина и оцени дека лидерите на Самитот во Њу Делхи дејствувале во интерес на решавање на конфликтот. Учесниците на Г-20 вчера во Њу Делхи усвоија декларација со консензус, во која не се споменува осуда за Русија за војната, но се повикуваат сите земји да не користат сила за да окупираат територија. Имаше многу тешки преговори за прашањето на Украина; пред сè, функционираше колективната позиција на земјите и партнерите на БРИКС. Сето тоа се одрази во избалансирана форма, изјави руската претставничка во Г20, Светлана Лукаш. БРИКС е организација која ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Во неколку недели пред самитот овој викенд, земјите од Г-20 се мачеа да најдат консензус за конфликтот на Украина со Западот, кој побара Москва да биде повикана на одговорност за војната во Украина и Русија, која најави дека ќе блокира каква било резолуција која не ги одразува нејзините ставови.
Ова беше еден од најтешките самити на Г-20 во речиси дваесетгодишната историја на форумот. Беа потребни речиси 20 дена за да се договори декларацијата пред самитот и пет дена овде на самото место, истакна Лукаш.
Таа, исто така, рече дека тоа не е само поради некои несогласувања на темата Украина, туку и поради разликите во ставовите за сите клучни прашања, пред се климатските промени и транзицијата кон енергетски системи со ниска потрошувачка на јаглерод. Украинското Министерство за надворешни работи вчера оцени дека заедничката декларација на Г-20 не е „нешто што е за гордеење“ и критикуваше дека во неа не се споменува нападот на Русија врз Украина.

The post Москва ја пофали декларацијата на Г20 која не ја критикува руската војна во Украина appeared first on Република.

]]>
Реакција на украинското МНР на декларацијата на Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/reaktsija-na-ukrainskoto-mnr-na-deklaratsijata-na-g20/ Sat, 09 Sep 2023 18:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=680336

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на Г20 „не е нешто со што би можеле да се гордееме“ и упатува критика поради тоа што во завршниот документ од Самитот во Индија експлицитно не се споменува Русија.

Портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко објави дел од декларацијата, при што некои делови од текстот се пречкртани со црвено и коригирани, со цел да се потенцира ставот на Киев дека Украина е жртва на неиспровоцирана руска агресија.

Целосно е јасно дека учеството на украинската страна на состанокот ќе им овозможеше на учесниците на Г20 подобро да ја разберат ситуацијата, напиша Николенко на Фејсбук.

И покрај разочарување од текстот на декларацијата, Николенко им се заблагодари на сојузниците на Киев, кои се залагаа за подобрување на позицијата на Украина во декларацијата.

Украина им е благодарна на сите партнери кои се обидоа да внесат похрабра формулација во текстот, истакна Николенко.

Во завршната декларација од Самитот на Г20 лидерите на земјите-членки ја осудија „употребата на сила“ во Украина со цел територијално освојување, но експлицитно не ја споменаа Русија.

- Кога има војна во Украина, во согласност со Повелбата на ОН, сите земји мора да се воздржат од прибегнување кон закани или употреба на сила за да се обидат да освојат одредени територии, на штета на територијалниот интегритет и политичкиот суверенитет на која било земја, се наведува во декларацијата.

Но, во текстот не се споменува експлицитно руска „агресија“ во Украина, термин што беше користен во 2022 година за време на претходниот Самит на Г20 на Бали. Во декларацијата од Самитот на Бали беше наведено дека „најостро се осудува агресијата извршена врз Украина од страна на Руската Федерација“.

The post Реакција на украинското МНР на декларацијата на Г20 appeared first on Република.

]]>

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на Г20 „не е нешто со што би можеле да се гордееме“ и упатува критика поради тоа што во завршниот документ од Самитот во Индија експлицитно не се споменува Русија. Портпаролот на украинското МНР, Олег Николенко објави дел од декларацијата, при што некои делови од текстот се пречкртани со црвено и коригирани, со цел да се потенцира ставот на Киев дека Украина е жртва на неиспровоцирана руска агресија. Целосно е јасно дека учеството на украинската страна на состанокот ќе им овозможеше на учесниците на Г20 подобро да ја разберат ситуацијата, напиша Николенко на Фејсбук. И покрај разочарување од текстот на декларацијата, Николенко им се заблагодари на сојузниците на Киев, кои се залагаа за подобрување на позицијата на Украина во декларацијата. Украина им е благодарна на сите партнери кои се обидоа да внесат похрабра формулација во текстот, истакна Николенко. Во завршната декларација од Самитот на Г20 лидерите на земјите-членки ја осудија „употребата на сила“ во Украина со цел територијално освојување, но експлицитно не ја споменаа Русија. - Кога има војна во Украина, во согласност со Повелбата на ОН, сите земји мора да се воздржат од прибегнување кон закани или употреба на сила за да се обидат да освојат одредени територии, на штета на територијалниот интегритет и политичкиот суверенитет на која било земја, се наведува во декларацијата. Но, во текстот не се споменува експлицитно руска „агресија“ во Украина, термин што беше користен во 2022 година за време на претходниот Самит на Г20 на Бали. Во декларацијата од Самитот на Бали беше наведено дека „најостро се осудува агресијата извршена врз Украина од страна на Руската Федерација“.

The post Реакција на украинското МНР на декларацијата на Г20 appeared first on Република.

]]>
Украина разочарана од декларацијата на Г20: Не е за гордеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-razocharana-od-deklaratsijata-na-g20-ne-e-za-gordeene/ Sat, 09 Sep 2023 16:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=680309

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на групата Г20 „не е нешто со кое што би можеле да се гордееме“ и ги критикуваше дека во неа експлицитно не ја споменуваат Русија.

Портпаролот на МНР Олег Николенко објави исечеок од заедничката декларација.

Некои делови од текстот се пречкртани со црвено и коригирани, а овој текст ја одразува украинската позиција дека земјата е жртва на неиспровоцирана руска агресија.

„Целосно е јасно дека учеството на украинската страна на состанокот ќе им овозможи на учесниците на Г-20 подобро да ја разберат ситуацијата“, напиша тој на Фејсбук.

И покрај неговото разочарување од целокупниот текст, Николенко им се заблагодари на сојузниците на Украина кои го направија својот дел за да ја подобрат позицијата на Украина во декларацијата.

„Украина им е благодарна на сите партнери кои се обидоа да внесат похрабра формулација во текстот.

Во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи се наведува: Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот интегритет и суверенитет или политичка независност на која било држава.

Во текстот на декларацијата директно не се споменува нападот на Русија врз Украина и тековната војна.

The post Украина разочарана од декларацијата на Г20: Не е за гордеење appeared first on Република.

]]>

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на групата Г20 „не е нешто со кое што би можеле да се гордееме“ и ги критикуваше дека во неа експлицитно не ја споменуваат Русија. Портпаролот на МНР Олег Николенко објави исечеок од заедничката декларација. Некои делови од текстот се пречкртани со црвено и коригирани, а овој текст ја одразува украинската позиција дека земјата е жртва на неиспровоцирана руска агресија.
„Целосно е јасно дека учеството на украинската страна на состанокот ќе им овозможи на учесниците на Г-20 подобро да ја разберат ситуацијата“, напиша тој на Фејсбук.
И покрај неговото разочарување од целокупниот текст, Николенко им се заблагодари на сојузниците на Украина кои го направија својот дел за да ја подобрат позицијата на Украина во декларацијата.
„Украина им е благодарна на сите партнери кои се обидоа да внесат похрабра формулација во текстот.
Во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи се наведува: Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот интегритет и суверенитет или политичка независност на која било држава. Во текстот на декларацијата директно не се споменува нападот на Русија врз Украина и тековната војна.

The post Украина разочарана од декларацијата на Г20: Не е за гордеење appeared first on Република.

]]>
Г20: „Државите не смеат да користат сила за да окупираат територија на друга земја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g20-drzhavite-ne-smeat-da-koristat-sila-za-da-okupiraat-teritorija-na-druga-zemja/ Sat, 09 Sep 2023 15:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=680288

Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, државите мора да се воздржат од употреба на сила со цел окупација на територии, констатираа денеска земјите од Г20 во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи.

„Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот интегритет и суверенитет или политичка независност на која било држава“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Во текстот на декларацијата директно не се споменува нападот на Русија врз Украина и тековната војна.

Земјите од Г20 објавија за време на претходниот самит на Бали дека и покрај тоа што мнозинството земји го осудуваат нападот врз Украина, постојат различни мислења и толкувања на конфликтот.

The post Г20: „Државите не смеат да користат сила за да окупираат територија на друга земја“ appeared first on Република.

]]>

Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, државите мора да се воздржат од употреба на сила со цел окупација на територии, констатираа денеска земјите од Г20 во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи.
„Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот интегритет и суверенитет или политичка независност на која било држава“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.
Во текстот на декларацијата директно не се споменува нападот на Русија врз Украина и тековната војна. Земјите од Г20 објавија за време на претходниот самит на Бали дека и покрај тоа што мнозинството земји го осудуваат нападот врз Украина, постојат различни мислења и толкувања на конфликтот.

The post Г20: „Државите не смеат да користат сила за да окупираат територија на друга земја“ appeared first on Република.

]]>
Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/indiskiot-premier-modi-soopshti-deka-liderite-od-g20-se-dogovorile-za-tekstot-na-liderskata-deklaratsija/ Sat, 09 Sep 2023 12:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=680243

Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека лидерите од Г20 постигнале консензус за текстот на лидерската декларација и дека таа е усвоена, јави германската агенција ДПА.

Благодарение на напорната работа на сите тимови, постигнавме консензус за текстот на Декларацијата на лидерите на Самитот на Г20, им соопшти Моди на лидерите од блокот на Самитот во Делхи. - Најавувам прифаќање на оваа декларација, додаде Моди.

Објавата дојде откако делегатите од најмоќните земји во светот претходно постигнаа компромис за јазикот што ќе се користи за опишување на војната во Украина, според Ројтерс, пренесува БТА. Групата е длабоко поделена околу војната во Украина, при што западните земји се залагаат жестока осуда на Русија да биде вклучена во декларацијата, додека други инсистираа таа да се фокусира на пошироки економски прашања.

Формулацијата најверојатно ќе биде слична на декларацијата од Самитот во Индонезија во 2022 година, во која се забележува дека иако повеќето нации ја осудуваат Русија за инвазијата, постојат различни ставови.

Во претходниот нацрт на декларацијата во кој имал увид Ројтерс, ставот „геополитичка ситуација“ беше оставен празен, додека 75 други параграфи кои покриваат прашања од глобалниот долг и криптовалутите до климатските промени беа договорени.

The post Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација appeared first on Република.

]]>

Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека лидерите од Г20 постигнале консензус за текстот на лидерската декларација и дека таа е усвоена, јави германската агенција ДПА.
Благодарение на напорната работа на сите тимови, постигнавме консензус за текстот на Декларацијата на лидерите на Самитот на Г20, им соопшти Моди на лидерите од блокот на Самитот во Делхи. - Најавувам прифаќање на оваа декларација, додаде Моди.
Објавата дојде откако делегатите од најмоќните земји во светот претходно постигнаа компромис за јазикот што ќе се користи за опишување на војната во Украина, според Ројтерс, пренесува БТА. Групата е длабоко поделена околу војната во Украина, при што западните земји се залагаат жестока осуда на Русија да биде вклучена во декларацијата, додека други инсистираа таа да се фокусира на пошироки економски прашања. Формулацијата најверојатно ќе биде слична на декларацијата од Самитот во Индонезија во 2022 година, во која се забележува дека иако повеќето нации ја осудуваат Русија за инвазијата, постојат различни ставови. Во претходниот нацрт на декларацијата во кој имал увид Ројтерс, ставот „геополитичка ситуација“ беше оставен празен, додека 75 други параграфи кои покриваат прашања од глобалниот долг и криптовалутите до климатските промени беа договорени.

The post Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација appeared first on Република.

]]>
Африканската Унија стана постојана членка на Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afrikanskata-unija-stana-postojana-chlenka-na-g20/ Sat, 09 Sep 2023 09:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=680192

Африканската Унија е прифатена како постојана членка на Г20, изјави индискиот премиер Нарендра Моди во својот воведен говор на состанокот на Г20, што се одржува овој викенд во Делхи.

Моди го покани претседавачот на Африканската унија Азали Асумани да го заземе своето место на масата на лидерите на Г20 како претставник на постојана членка на блокот.

Во својот говор, Моди оцени дека светот страда од „криза на доверба“.

Постои огромна криза на доверба во светот. Војната го продлабочи овој дефицит на доверба. Меѓутоа, штом успеавме да го надминеме Ковид, тогаш ќе можеме да се справиме и со оваа криза на меѓусебна доверба“, истакна индискиот премиер.

Африканската Унија, која е континентална унија со 55 земји-членки, сега има ист статус како и Европската унија, која досега беше единствениот регионален блок со полноправно членство во Г20. Досега Африканската Унија беше „поканета меѓународна организација“.

Ја поздравуваме Африканската Унија како постојана членка на Г20 и силно веруваме дека вклучувањето на АУ во Г20 значително ќе придонесе за решавање на глобалните предизвици на нашето време“, се вели во нацрт-декларацијата од Самитот во Делхи, во која имале увид дел од меѓународните медиуми..

На состанокот се очекува да се разговара за прашања како обезбедување повеќе заеми за земјите во развој од мултилатерални институции, реформирање на архитектурата на меѓународниот долг, регулирање на криптовалутите и влијанието на геополитиката врз безбедноста на храната и енергијата.

Нацрт-декларацијата е долга 38 страници, со параграфи посветени на климатските промени и реформите на мултилатералните развојни банки. Параграфот со наслов „Геополитичка ситуација“ беше оставен празен, што според Ројтерс ја одразува длабоката поделеност меѓу членките на Г20 околу војната во Украина.

The post Африканската Унија стана постојана членка на Г20 appeared first on Република.

]]>

Африканската Унија е прифатена како постојана членка на Г20, изјави индискиот премиер Нарендра Моди во својот воведен говор на состанокот на Г20, што се одржува овој викенд во Делхи. Моди го покани претседавачот на Африканската унија Азали Асумани да го заземе своето место на масата на лидерите на Г20 како претставник на постојана членка на блокот. Во својот говор, Моди оцени дека светот страда од „криза на доверба“.
Постои огромна криза на доверба во светот. Војната го продлабочи овој дефицит на доверба. Меѓутоа, штом успеавме да го надминеме Ковид, тогаш ќе можеме да се справиме и со оваа криза на меѓусебна доверба“, истакна индискиот премиер.
Африканската Унија, која е континентална унија со 55 земји-членки, сега има ист статус како и Европската унија, која досега беше единствениот регионален блок со полноправно членство во Г20. Досега Африканската Унија беше „поканета меѓународна организација“.
Ја поздравуваме Африканската Унија како постојана членка на Г20 и силно веруваме дека вклучувањето на АУ во Г20 значително ќе придонесе за решавање на глобалните предизвици на нашето време“, се вели во нацрт-декларацијата од Самитот во Делхи, во која имале увид дел од меѓународните медиуми..
На состанокот се очекува да се разговара за прашања како обезбедување повеќе заеми за земјите во развој од мултилатерални институции, реформирање на архитектурата на меѓународниот долг, регулирање на криптовалутите и влијанието на геополитиката врз безбедноста на храната и енергијата. Нацрт-декларацијата е долга 38 страници, со параграфи посветени на климатските промени и реформите на мултилатералните развојни банки. Параграфот со наслов „Геополитичка ситуација“ беше оставен празен, што според Ројтерс ја одразува длабоката поделеност меѓу членките на Г20 околу војната во Украина.

The post Африканската Унија стана постојана членка на Г20 appeared first on Република.

]]>
Италијанската премиерка им врати на сите што имаа нешто да кажат за тоа што ја повела ќерка си на Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanskata-premierka-im-vrati-na-site-shto-imaa-neshto-da-kazat-za-toa-shto-ja-povela-kjerka-si-na-g20/ Thu, 17 Nov 2022 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=574813

Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на критиките за тоа што ја повела својата шестгодишна ќерка на Самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали.

Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатна дебата“ за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со неа било во текот на четири дена за време на средбата.

Италијанските медиуми претходно соопштија дека Мелони на Бали допатувала со својата ќерка и дадилката.

Дали мислите дека е ваша работа како ќе ја воспитувам ќерка ми?, реторички ги праша Мелони во својот пост „иницијаторите“ на дискусијата, додавајќи дека одговорот е „не“.

Лидерката на радикалната десничарска партија „Браќа од Италија“ истакнува дека има право да даде сè од себе за својата држава, без да ја лиши својата ќерка од мајка си.

The post Италијанската премиерка им врати на сите што имаа нешто да кажат за тоа што ја повела ќерка си на Г20 appeared first on Република.

]]>

Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на критиките за тоа што ја повела својата шестгодишна ќерка на Самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали. Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатна дебата“ за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со неа било во текот на четири дена за време на средбата. Италијанските медиуми претходно соопштија дека Мелони на Бали допатувала со својата ќерка и дадилката.
Дали мислите дека е ваша работа како ќе ја воспитувам ќерка ми?, реторички ги праша Мелони во својот пост „иницијаторите“ на дискусијата, додавајќи дека одговорот е „не“.
Лидерката на радикалната десничарска партија „Браќа од Италија“ истакнува дека има право да даде сè од себе за својата држава, без да ја лиши својата ќерка од мајка си.

The post Италијанската премиерка им врати на сите што имаа нешто да кажат за тоа што ја повела ќерка си на Г20 appeared first on Република.

]]>
Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-g20-usvoija-konechna-deklaracija-vo-koja-se-kritikuva-vojnata-vo-ukraina/ Wed, 16 Nov 2022 08:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=574329

Групата водечки светски економии Г20 денеска усвои заедничка декларација на крајот од дводневниот самит на Бали, која содржи остра реторика за руската инвазија врз Украина.

Како што пренесе ДПА, и покрај големите разлики, декларацијата беше усвоена од сите земји на Г20, вклучително и Русија.

Повеќето членови силно ја осудија војната во Украина, се вели во текстот, и покрај првичниот отпор од Москва на таквата референца.

Во текстот рускиот напад врз соседот се нарекува војна, а не „специјална воена операција“, како што бараше рускиот претседател Владимир Путин.

Москва на самитот ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој веќе си замина од Бали, неколку часа пред да биде усвоена конечната декларација.

Пред самитот, преговарачите не беа сигурни дали групата на земјите во развој и развиените земји ќе успее да договори заедничка декларација, со оглед на нејзините длабоки поделби околу војната во Украина.

Декларацијата упатува на резолуцијата на ОН од март во која се бара „целосно и безусловно повлекување“ на Русија од Украина.

Лидерите на Г20, исто така, издадоа јасно предупредување за нуклеарна војна.

Употребата или заканата за употреба на нуклеарно оружје е недозволива, се вели во заедничката декларација.

Неодамнешната руска анексија на четири украински региони предизвика загриженост дека Путин би можел да распореди нуклеарно оружје.

Западните држави сепак беа помалку успешни во постигнувањето силен заеднички јазик за енергетската безбедност, која во Европа е загрозена особено поради драстичното намалување на испораките на руска нафта и гас.

Лидерите на Г20 нагласија дека се „длабоко загрижени“ за глобалната безбедност на храната и го поддржуваат продолжувањето на договорот за извоз на жито, чија цел е да се обезбеди испорака од Украина.

Тие ветија дека ќе ги зголемат нивните напори за климатските промени, во услови кога земјите од Г20 се одговорни за 80 проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид.

Членки на Г20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Велика Британија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција и САД, како и Европската унија.

The post Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Групата водечки светски економии Г20 денеска усвои заедничка декларација на крајот од дводневниот самит на Бали, која содржи остра реторика за руската инвазија врз Украина. Како што пренесе ДПА, и покрај големите разлики, декларацијата беше усвоена од сите земји на Г20, вклучително и Русија.
Повеќето членови силно ја осудија војната во Украина, се вели во текстот, и покрај првичниот отпор од Москва на таквата референца.
Во текстот рускиот напад врз соседот се нарекува војна, а не „специјална воена операција“, како што бараше рускиот претседател Владимир Путин. Москва на самитот ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој веќе си замина од Бали, неколку часа пред да биде усвоена конечната декларација. Пред самитот, преговарачите не беа сигурни дали групата на земјите во развој и развиените земји ќе успее да договори заедничка декларација, со оглед на нејзините длабоки поделби околу војната во Украина. Декларацијата упатува на резолуцијата на ОН од март во која се бара „целосно и безусловно повлекување“ на Русија од Украина. Лидерите на Г20, исто така, издадоа јасно предупредување за нуклеарна војна.
Употребата или заканата за употреба на нуклеарно оружје е недозволива, се вели во заедничката декларација.
Неодамнешната руска анексија на четири украински региони предизвика загриженост дека Путин би можел да распореди нуклеарно оружје. Западните држави сепак беа помалку успешни во постигнувањето силен заеднички јазик за енергетската безбедност, која во Европа е загрозена особено поради драстичното намалување на испораките на руска нафта и гас. Лидерите на Г20 нагласија дека се „длабоко загрижени“ за глобалната безбедност на храната и го поддржуваат продолжувањето на договорот за извоз на жито, чија цел е да се обезбеди испорака од Украина. Тие ветија дека ќе ги зголемат нивните напори за климатските промени, во услови кога земјите од Г20 се одговорни за 80 проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид. Членки на Г20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Велика Британија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција и САД, како и Европската унија.

The post Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Патувал на Г20: Лавров хоспитализиран на Бали https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/patuval-na-g20-lavrov-hospitaliziran-na-bali/ Mon, 14 Nov 2022 09:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=573555

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше пренесен во болница по слетувањето на Бали каде што требаше да присуствува на самитот на Г20.

Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат идентификувани бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за тоа прашање.

Двајца од нив рекле дека Лавров имал проблеми со срцето.

Официјални претставници на локалната руска Амбасада досега не биле достапни за контакт.

The post Патувал на Г20: Лавров хоспитализиран на Бали appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше пренесен во болница по слетувањето на Бали каде што требаше да присуствува на самитот на Г20. Тројца индонезиски владини и медицински претставници изјавиле дека рускиот дипломат е хоспитализиран, но одбиле да бидат идентификувани бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за тоа прашање. Двајца од нив рекле дека Лавров имал проблеми со срцето. Официјални претставници на локалната руска Амбасада досега не биле достапни за контакт.

The post Патувал на Г20: Лавров хоспитализиран на Бали appeared first on Република.

]]>
Познато кога ќе се сретнат Путин и Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznato-koga-kje-se-sretnat-putin-i-zelenski/ Fri, 29 Apr 2022 19:52:40 +0000 https://republika.mk/?p=495541

Рускиот претседател Владимир Путин го прифати повикот на самиот Г20, кој ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември.

Синоќа разговарав телефонски со рускиот претседател кој изрази благодарност за повикот на самитот Г20 и го потврди своето присуство, изјави претседателот на Индонезија, Џоку Видодо.

Вчера и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека на повик на индонезискиот претседател ќе присуствува на самиотот Г20.

Видодо истакнал и дека во разговорот со Путин било зборувано и за важноста од постигнување на мировен договор со Украина и итен прекин на огнот во оваа земја

Индонезија сака да ги обедини членките на Г20. Немојте да дозволите да дојде до распад. Мирот и стабилноста се клучни за развојот на светската економија, рече Видодо.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници и натаму расправаат за тоа како да му пристапат на овој самит, откако домаќинот го потврди присуството на Путин. Бајден претходно  порача дека Русија треба да биде исфрлена од Г20, а повеќе членови од неговата администрација ги напуштија настаните на Г20, каде присуствуваа и руски колеги.

The post Познато кога ќе се сретнат Путин и Зеленски appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го прифати повикот на самиот Г20, кој ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември.
Синоќа разговарав телефонски со рускиот претседател кој изрази благодарност за повикот на самитот Г20 и го потврди своето присуство, изјави претседателот на Индонезија, Џоку Видодо.
Вчера и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави дека на повик на индонезискиот претседател ќе присуствува на самиотот Г20. Видодо истакнал и дека во разговорот со Путин било зборувано и за важноста од постигнување на мировен договор со Украина и итен прекин на огнот во оваа земја
Индонезија сака да ги обедини членките на Г20. Немојте да дозволите да дојде до распад. Мирот и стабилноста се клучни за развојот на светската економија, рече Видодо.
Американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници и натаму расправаат за тоа како да му пристапат на овој самит, откако домаќинот го потврди присуството на Путин. Бајден претходно  порача дека Русија треба да биде исфрлена од Г20, а повеќе членови од неговата администрација ги напуштија настаните на Г20, каде присуствуваа и руски колеги.

The post Познато кога ќе се сретнат Путин и Зеленски appeared first on Република.

]]>
Претставниците на САД, Велика Британија и Канада го напуштиле состанокот на Г20 кога зборувал рускиот министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretstavnicite-na-sad-velika-britanija-i-kanada-go-napushtile-sostanokot-na-g20-koga-zboruval-ruskiot-minister/ Thu, 21 Apr 2022 21:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=492018

Највисоките финансиски функционери на Велика Британија, САД и Канада го напуштиле состанокот на Г-20 во Вашингтон во моментите кога зборувале руските претставници, соопштипортпаролот на британската влада, откривајќи ги продлабочените поделби околу присуството на Русија во тоа тело.

На средбата присуствувале и украински претставници.

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен им рекла на присутните дека не го одобрува присуството на руски претставници на состанокот.

https://twitter.com/guardian/status/1516847656504643589?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516847656504643589%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917507%2Fnapustili-sastanak-kad-je-govorio-ruski-ministar-predsetavnici-sad-biritanije-kanade-i-ukrajine-bojkotovali-deo-susreta-g20

Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејликао и други високи функционери и се придружиле во напуштањето на салата, кога рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, го почнал своето обраќање.

https://twitter.com/nytimes/status/1516831593926692877?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516831593926692877%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917507%2Fnapustili-sastanak-kad-je-govorio-ruski-ministar-predsetavnici-sad-biritanije-kanade-i-ukrajine-bojkotovali-deo-susreta-g20

На средбата преку видео врска учествувале рускиот министер за финансии и гувернерот на руската Централна банка.

Пред состанокот, американските официјални лица изјавија дека Јелен нема да учествува на одредени сесии на собирот, на кој беше вклучена и Русија, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Еден од официјалните претставници потврдил дека министрите за финансии претходно разговарале за плановите за бојкот на учеството на Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека Русија повеќе не треба да биде во Г20. Сепак, исклучувањето на Русија ќе бара поддршка од сите членки, што се смета за малку веројатно, бидејќи Кина соопшти дека нема да го поддржи руското исклучување.

The post Претставниците на САД, Велика Британија и Канада го напуштиле состанокот на Г20 кога зборувал рускиот министер appeared first on Република.

]]>

Највисоките финансиски функционери на Велика Британија, САД и Канада го напуштиле состанокот на Г-20 во Вашингтон во моментите кога зборувале руските претставници, соопштипортпаролот на британската влада, откривајќи ги продлабочените поделби околу присуството на Русија во тоа тело. На средбата присуствувале и украински претставници. Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен им рекла на присутните дека не го одобрува присуството на руски претставници на состанокот. https://twitter.com/guardian/status/1516847656504643589?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516847656504643589%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917507%2Fnapustili-sastanak-kad-je-govorio-ruski-ministar-predsetavnici-sad-biritanije-kanade-i-ukrajine-bojkotovali-deo-susreta-g20 Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејликао и други високи функционери и се придружиле во напуштањето на салата, кога рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, го почнал своето обраќање. https://twitter.com/nytimes/status/1516831593926692877?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516831593926692877%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3917507%2Fnapustili-sastanak-kad-je-govorio-ruski-ministar-predsetavnici-sad-biritanije-kanade-i-ukrajine-bojkotovali-deo-susreta-g20 На средбата преку видео врска учествувале рускиот министер за финансии и гувернерот на руската Централна банка. Пред состанокот, американските официјални лица изјавија дека Јелен нема да учествува на одредени сесии на собирот, на кој беше вклучена и Русија, пренесува „Си-Ен-Ен“. Еден од официјалните претставници потврдил дека министрите за финансии претходно разговарале за плановите за бојкот на учеството на Русија. Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека Русија повеќе не треба да биде во Г20. Сепак, исклучувањето на Русија ќе бара поддршка од сите членки, што се смета за малку веројатно, бидејќи Кина соопшти дека нема да го поддржи руското исклучување.

The post Претставниците на САД, Велика Британија и Канада го напуштиле состанокот на Г20 кога зборувал рускиот министер appeared first on Република.

]]>
Москва го најави првото патување на Путин по нападите, ова е земјата што планира да ја посети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-go-najavi-prvoto-patuvanje-na-putin-po-napadite-ova-e-zemjata-shto-planira-da-ja-poseti/ Wed, 23 Mar 2022 09:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=477028

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на овогодинешниот Г20 самит во Индонезија, изјави во средата рускиот амбасадор во островската држава, спротивно на тврдењата на некои земји дека Русија ќе биде исфрлена од оваа група

САД и западните сојузници проценуваат дали Русија треба да остане дел од форматот што ги обединува дваесетте најголеми економии во светот по нападот на Украина. Обидот за исфрлање на Русија може да наиде на вето од другите членови на групата и да резултира со неприсуство и на други држави, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори.

Амбасадорот на Русија во Индонезија, актуелен претседавач на Г20, рече дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на самитот во ноември.

The post Москва го најави првото патување на Путин по нападите, ова е земјата што планира да ја посети appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на овогодинешниот Г20 самит во Индонезија, изјави во средата рускиот амбасадор во островската држава, спротивно на тврдењата на некои земји дека Русија ќе биде исфрлена од оваа група САД и западните сојузници проценуваат дали Русија треба да остане дел од форматот што ги обединува дваесетте најголеми економии во светот по нападот на Украина. Обидот за исфрлање на Русија може да наиде на вето од другите членови на групата и да резултира со неприсуство и на други држави, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори. Амбасадорот на Русија во Индонезија, актуелен претседавач на Г20, рече дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на самитот во ноември.

The post Москва го најави првото патување на Путин по нападите, ова е земјата што планира да ја посети appeared first on Република.

]]>