г.г. Стефан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g-g-stefan/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 17:14:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png г.г. Стефан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g-g-stefan/ 32 32 Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-i-srpskiot-patrijarh-porfirij-vo-poseta-na-nishkata-eparhija/ Mon, 14 Oct 2024 17:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=826773

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со српскиот патријарх Порфириј се во посета на Нишката епархија, каде денеска на празникот Покров на Пресвета Богородица ќе отслужат света литургија во Богородичниот манастир во Ѓунис.

Свечен пречек на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан во Ниш беше организиран вчера во Соборниот храм „Слегувањето на Светиот Дух на апостолите“, а по тој повод во соборниот храм во Ниш се служеше свечен чин на доксологија.

Митрополитот Нишки г. Арсеније ја изрази својата голема радост затоа што првпат архиепископот Охридски и Македонски официјално ги посетува Ниш и Нишката епархија, донесувајќи го благословот на светите Климент и Наум Охридски, Гаврил Лесновски и Јоаким Осоговски, а воедно и братски љубовта на македонскиот народ.

Силно ја чувствуваме љубовта на Вашиот народ, но и со сето срце возвраќаме, рече митрополитот Арсеније, се наведува на порталот на СПЦ.

Архиепископот Стефан потоа одржа беседа исполнета со благодарност за топлиот и братски пречек во Нишкиот соборен храм.

Колку е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно! Денеска не ми паѓа друга мисла освен оваа. Ви благодариме за љубовта и гостопримството што секогаш ни ги покажувате. Овде се чувствувам како дома, бидејќи служев војска во Ниш, кога го посетував овој храм, кој денес е поубав и повеличенствен од тогаш, во 1983 година, рече архиепископот Стефан, благословувајќи ги многубројните граѓани на Ниш кои дојдоа во Соборниот храм да ги поздрават драгите гости, се наведува во соопштенеито на СПЦ.

На вчерашниот свечен чин на доксологија, чиноначалствуваше архимандрит Серафим, игумен на Суковскиот манастир, а присуствуваа и Високопреосветените митрополити дебарско-кичевскиот Петар, преспанско-пелагонски Тимотеј, како и пакрачкиот и славонски епископ Јован, никшиќкиот Методиј и хераклејскиот Климент.

The post Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија appeared first on Република.

]]>

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со српскиот патријарх Порфириј се во посета на Нишката епархија, каде денеска на празникот Покров на Пресвета Богородица ќе отслужат света литургија во Богородичниот манастир во Ѓунис. Свечен пречек на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан во Ниш беше организиран вчера во Соборниот храм „Слегувањето на Светиот Дух на апостолите“, а по тој повод во соборниот храм во Ниш се служеше свечен чин на доксологија. Митрополитот Нишки г. Арсеније ја изрази својата голема радост затоа што првпат архиепископот Охридски и Македонски официјално ги посетува Ниш и Нишката епархија, донесувајќи го благословот на светите Климент и Наум Охридски, Гаврил Лесновски и Јоаким Осоговски, а воедно и братски љубовта на македонскиот народ.
Силно ја чувствуваме љубовта на Вашиот народ, но и со сето срце возвраќаме, рече митрополитот Арсеније, се наведува на порталот на СПЦ.
Архиепископот Стефан потоа одржа беседа исполнета со благодарност за топлиот и братски пречек во Нишкиот соборен храм.
Колку е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно! Денеска не ми паѓа друга мисла освен оваа. Ви благодариме за љубовта и гостопримството што секогаш ни ги покажувате. Овде се чувствувам како дома, бидејќи служев војска во Ниш, кога го посетував овој храм, кој денес е поубав и повеличенствен од тогаш, во 1983 година, рече архиепископот Стефан, благословувајќи ги многубројните граѓани на Ниш кои дојдоа во Соборниот храм да ги поздрават драгите гости, се наведува во соопштенеито на СПЦ.
На вчерашниот свечен чин на доксологија, чиноначалствуваше архимандрит Серафим, игумен на Суковскиот манастир, а присуствуваа и Високопреосветените митрополити дебарско-кичевскиот Петар, преспанско-пелагонски Тимотеј, како и пакрачкиот и славонски епископ Јован, никшиќкиот Методиј и хераклејскиот Климент.  

The post Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија appeared first on Република.

]]>
Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-da-gi-zatsvrstime-edinstvoto-i-slogata-da-gi-nadmineme-raznoglasijata-i-megusebnite-podelbi/ Sun, 05 May 2024 07:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=774374

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски Синод, по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија:

„Денес сето создание се весели и се радува,

зашто – Христос воскресна[1].

Возљубени празникољупци,

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата.

Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот.

Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот,

Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење.

Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа.

Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот.

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно.

Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата.

Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско.

Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања.

Возљубени родољупци,

Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј.

Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква.

Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“

The post Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, заедно со Светиот архијерејски Синод, по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија: „Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна[1]. Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата. Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот. Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот, Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење. Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа. Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот. Возљубени чеда во Господа, Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно. Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата. Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско. Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања. Возљубени родољупци, Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј. Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква. Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“

The post Г.Г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби appeared first on Република.

]]>
Да се обединиме како народ против сите желни да ни приграбат сѐ што е наше – македонско https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-se-obedinime-kako-narod-protiv-site-zhelni-da-ni-prigrabat-s-shto-e-nashe-makedonsko/ Thu, 02 May 2024 06:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=773192

† СТЕФАН,
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

Денес сето создание се весели и се радува,
зашто – Христос воскресна[1].

Возљубени празникољупци,

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата.

Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот.

Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот,

Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење.

Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа.

Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот.

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно.

Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот[7].

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата.

Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско.

Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања.

Возљубени родољупци,

Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква –  блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј.

Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква.

Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден,  ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!

† СТЕФАН
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

† ПЕТАР,
Митрополит Преспанско-пелагониски и   администратор Австралиско-новозеландски

† ТИМОТЕЈ,
Митрополит Дебарско-кичевски и  администратор  Австралиско-сиднејски

† НАУМ,
Митрополит Струмички

† АГАТАНГЕЛ,
Митрополит Повардарски

† ЈОВАН,
Митрополит Крушевско-демирхисарски

† МЕТОДИЈ,
Митрополит Американско-канадски

† ПИМЕН,
Митрополит Европски

† ИЛАРИОН,
Митрополит Брегалнички

† ЈОСИФ,
Митрополит Тетовско-гостиварски

† ГРИГОРИЈ,
Митрополит Кумановско-осоговски

† ЈОАКИМ,
Епископ Дељадровско-илинденски

† МАРКО,
Епископ Делчевско-каменички

------------------
[1] Припев на IX песна од Пасхалниот канон.

[2] Сп. Свети Климент Охридски, Собрани дела: Слова, поуки, житија, Скопје 2012, 300.

[3] Сп. Јн 14, 6.

[4] Сп. 1 Птр 1, 8.

[5] Сп. 2 Кор 5, 17.

[6] Сп. Пасхална стихира на Слава и ниње: „Ден е на Воскресение…“

[7] Сп. Тит 3, 7.

The post Да се обединиме како народ против сите желни да ни приграбат сѐ што е наше – македонско appeared first on Република.

]]>

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Денес сето создание се весели и се радува, зашто – Христос воскресна[1]. Возљубени празникољупци, Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата. Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот. Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот, Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење. Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа. Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот. Возљубени чеда во Господа, Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно. Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот[7]. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата. Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско. Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања. Возљубени родољупци, Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква –  блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј. Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква. Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден,  ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе! † СТЕФАН АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ заедно со членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија † ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и   администратор Австралиско-новозеландски † ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и  администратор  Австралиско-сиднејски † НАУМ, Митрополит Струмички † АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски † ЈОВАН, Митрополит Крушевско-демирхисарски † МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски † ПИМЕН, Митрополит Европски † ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички † ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски † ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски † ЈОАКИМ, Епископ Дељадровско-илинденски † МАРКО, Епископ Делчевско-каменички ------------------ [1] Припев на IX песна од Пасхалниот канон. [2] Сп. Свети Климент Охридски, Собрани дела: Слова, поуки, житија, Скопје 2012, 300. [3] Сп. Јн 14, 6. [4] Сп. 1 Птр 1, 8. [5] Сп. 2 Кор 5, 17. [6] Сп. Пасхална стихира на Слава и ниње: „Ден е на Воскресение…“ [7] Сп. Тит 3, 7.

The post Да се обединиме како народ против сите желни да ни приграбат сѐ што е наше – македонско appeared first on Република.

]]>
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-ohridski-i-makedonski-g-g-stefan-upati-chestitka-po-povod-ramazan-bajram-do-poglavarot-na-ivz/ Thu, 11 Apr 2024 06:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=764770

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ Реис-ул Улема Хаџи Шаќир Ефенди Фетахи.

- Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа.

Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот! Честит празник!, се наведува во честитката од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

The post Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ appeared first on Република.

]]>

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ Реис-ул Улема Хаџи Шаќир Ефенди Фетахи. - Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа. Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот! Честит празник!, се наведува во честитката од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

The post Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ appeared first on Република.

]]>
Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-na-mpts-oa-g-g-stefan-isprati-telegrama-so-sochuvstvo-do-ruskiot-patrijarh-g-g-kiril/ Sun, 24 Mar 2024 16:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=758225

Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва.

Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се посочува во телеграмата.

Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегоа во концертната сала во Красногорск, кај Москва, и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар.

Бројот на жртвите од масовното пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва достигна 137, а меѓу нив има и три деца, соопштија руските денеска власти.

The post Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил appeared first on Република.

]]>

Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва.
Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се посочува во телеграмата.
Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегоа во концертната сала во Красногорск, кај Москва, и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар. Бројот на жртвите од масовното пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва достигна 137, а меѓу нив има и три деца, соопштија руските денеска власти.

The post Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-otsluzhi-moleben-na-grobot-na-sv-kiril-solunski-vo-rim/ Tue, 27 Feb 2024 16:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=748998

о повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, на денот кога се празнува неговиот спомен, пред неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“) во Рим, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи молебен кон светителот. На молебенот сослужуваа и митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, објави црковно-информативниот портал „Литургија.мк“.

Меѓу присутните беа и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Марија Ефремова, амбасадорот во Рим Весел Мемеди и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски факултет во Скопје.

The post Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим appeared first on Република.

]]>

о повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, на денот кога се празнува неговиот спомен, пред неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“) во Рим, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужи молебен кон светителот. На молебенот сослужуваа и митрополитот Европски г. Пимен и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, објави црковно-информативниот портал „Литургија.мк“. Меѓу присутните беа и директорот на Комисијата за верски прашања (КОВРЗГ) Даријан Сотировски, амбасадорот на Република Македонија во Ватикан Марија Ефремова, амбасадорот во Рим Весел Мемеди и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески од Православниот Богословски факултет во Скопје.

The post Г.г. Стефан отслужи молебен на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан: Верата ќе ни опстои, но се иселувањето ќе ги доведеме во прашање опстојувањето на државата, јазикот, традициите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-verata-ke-ni-opstoi-no-se-iseluvaneto-ke-gi-dovedeme-vo-prashane-opstojuvaneto-na-drzhavata-jazikot-traditsiite/ Wed, 21 Feb 2024 20:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=746742

Ние како црква немаме проблеми со секуларизмот, ниту, пак, со било какво општествено уредување, коешто е избрано од мнозинството на народот. Впрочем, црквата живеела и во потешки времиња и секогаш пронаоѓала начини да ја извршува својата мисија. Но точна е констатацијата дека некои, водејќи се од погрешно толкување за идејата на секуларизмот, сакаат сосема да ја исклучат црквата од општеството и секој јавен став на Црквата да го сметаат за вмешување во државните работи. Тоа ние го сметаме за неприфатливо, вели меѓудругото поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во инревјуто за порталот Литургија.мк.

Ваше Блаженство, пред 25 години, во 1999 година на Црковно-народниот собор во Охрид, бевте избран за петти Архиепископ на Македонската Православна Црквa (МПЦ). Во изминативе 25 години, Синодот на МПЦ растеше и денес брои деветнаесет архиjереји, што говори дека сме жива црква. Како народ, колку сме воцрковени и колку нашата црква успева да ја доближи верата до секој Македонец?

„Како да беше вчера! Поминаа незабележително, иако 25 години и не се малку. Но и не се битни годините, туку побитно е како поминале, и што останало и што ќе остане запаметено. Историјата секому ќе му забележи, и што е направено и што не е. Пред четврт век, со Божји благослов и со волјата на народот, ни се довери, ако може така да се рече, нам, на втората генерација архијереји, да го продолжиме раководењето на возобновената Охридска Архиепископија како МПЦ. Тоа беа години на исчекувања, години во кои продолжи отфрлувањето и понижувањето, но беа и години во кои опстојувавме во барањето на правдата и бранењето на нашата вистина. Не отстапивме од она за кое се залагаа сите наши претходници од Арсениј до Доситеј и наваму. И, да Му благодариме на Бога, се исполни времето: на 9 мај 2022 година, со Одлука на Цариградската Патријаршија, со благослов на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бевме примени во канонско и евхаристиско единство со останатите помесни Цркви, а на 5 јуни истата година, од Неговата Светост Патријархот Порфириј, го примивме Томосот за автокефалност, што ни го додели Архијерејскиот собор на Српската Православна Црква. За жал, и во ова време во недостаток на верската поука во училиштата, духовната литература и проповедта во храмовите се единствените помагала за запознавање на народот со вистините и со учењето на Светата Црква. Но, да се надеваме на подобри времиња“.

Која е визијата за понатамошен развој, но и за зачувување на културното богатство, кое е многубројно во нашата Татковина?

„Честопати велам дека нашата татковина е земја-храм, земја-манастир, земја-крст. Нашиот народ и кога за ништо друго немал ‒ за Бога и за верата своја имал. Низ сиве изминати години, во своето служење на нивата Господова, се обидувам да го продолжам градителското и обновителското дело на моите претходници на архиепископската катедра на нашата помесна Црква. А истото успешно го прават и останатите браќа архијереји. Изградени се и се градат многу сакрални објекти и тоа не само во Скопската епархија, туку и ширум нашата земја, како и меѓу нашите иселеници по светот. Многу е и направено и се прави, но и уште многу треба да се направи! Притоа, едно секогаш треба да помниме, богоугодно е храмови и манастири да градиме, но, потребно е и откако ќе ги изградиме храмовите да ги исполнуваме со верници, а манастирите со монаси, зашто само храмови полни со верен народ и манастири со монаси, се убави храмови и живи манастири“.

Македонската Православна Црква интензивно вложува и во богословското образование на својот кадар. Колку младите во Македонија се заинтересирани за изучување на богословските науки?

„Улогата на образовните богословски институции во животот на една црква е огромна, незаменлива. Во нив идните православни пастири се учат на богомислие и богољубие, се учат како за Бога да словат и како на Бога да Му се молат. Да, со радост можеме да кажеме дека денес нашиот Факултет и нашата Богословија имаат професори коишто, покрај во нашите образовни институции, се образувани и на врвните богословски центри во, Солун, Санкт Петербург, Москва, Букурешт, Софија, Рим, Бари, Берлин, Келн…, што говори дека на кадровско ниво образовните центри ни се во добри раце. Што се однесува до правото за запишување на последипломски и докторски студии за студенти коишто дипломирале на прв циклус студии на други научни области, одговорот е – да. Оние коишто студирале на факултети од хуманистичките науки, можат да се за запишат на магистерски студии на Богословскиот факултет, доколку за тоа добијат благослов од Светиот архијерејски синод“.

Во последниве години сѐ повеќе млади луѓе се иселуваат од Македонија. Колку МПЦ учествува во животот на нашите во дијаспората и како ја гледате иднината на дијаспората на МПЦ?

„Секој престој меѓу иселените нашинци секогаш ми донесува две спротивни емоции. Од една страна, радосен сум затоа што и денес потврдуваме дека како народ каде и да сме ‒ верата прадедовска не ја забораваме, од друга страна, секогаш сум и по малку тажен, затоа што самиот факт дека на Запад се јавува сѐ поголема потреба за наши нови храмови и дека постоечките сѐ повеќе се полнат, е и јасен знак дека татковината ни се празни. Тоа е сериозен проблем пред кој како народ и како општество сме исправени и се надевам дека во скоро време процесот на силно иселување, кој во последниве деценија-две ја зафати Македонија, ќе престане. Во спротивно, верата ќе ни опстои, за тоа сум спокоен, но ќе ги доведеме во прашање опстојот на државата, јазикот, традициите. Нашата црква ќе има иднина во дијаспората, а на нас коишто живееме во татковината, е да ја направиме Македонија попристојно место за живеење, место од кое младите не ќе сакаат да заминуваат, а заминатите ќе сакаат да се вратат“.

Секуларизмот е принцип на општествено уредување, според кој државните институции се одвоени од религиските институции. Но, денес секуларизмот се користи како изговор за целосно истиснување на црквата од општествениот живот. Сепак, во нашата држава верниците се вклучени во сите општествени настани и често јавно го искажуваат својот став по многу отворени прашања од секојдневното живеење. Дали МПЦ е доволно влијателна, или треба повеќе да се истакне нејзиното влијание во општеството, за креирање на современиот македонски христијански етос?

„Ние како црква немаме проблеми со секуларизмот, ниту, пак, со било какво општествено уредување, коешто е избрано од мнозинството на народот. Впрочем, Црквата живеела и во потешки времиња, и во оние на иноверно владеење и во доба на атеистички систем… и секогаш, во сите тие различни опстојателства, пронаоѓала начини да ја извршува својата мисија ‒ да ја сведочи верата во Отецот и Синот и Светиот Дух и да се грижи за својата паства. Но точна е констатацијата дека некои, водејќи се од погрешно толкување за идејата на секуларизмот, сакаат сосема да ја исклучат Црквата од општеството и секој јавен став на Црквата да го сметаат за вмешување во државните работи. Тоа ние го сметаме за неприфатливо. Црквата не се меша во државното уредување, но секаде и секогаш, по секоја цена ќе го брани достоинството на човекот“.

Човековиот живот сѐ повеќе се третира само во неговата земна димензија. Чувството за вечноста се заборава, а свеста за грев и за морални ограничувања, се прави обид да се избрише. Нашата Црква покажа одлучно спротивставување при обидот на некои групи и поединци грешните тенденции да се прикажат како „норма“. Но, постои повик на некои таканаречени правни експерти за адаптирање на религиозните гледишта и верувања, согласно со ЛГБТ наративите. Можеме ли како народ да ги зачуваме традиционалните вредности, кои претставуваат темел на нашето опстојување?

„Црквата никогаш никого на ништо нема да присилува, никогаш никому нема да му заповеда како да го живее својот личен живот. На црквата ѝ е туѓа нападноста, зашто таа исповеда вера во Троичниот Бог, Кој е Бог на љубовта. Љубовта Божја, пак, не може да биде агресивна. Но, не можеме да стоиме со наведнати глави и да молчиме кога некои од силните на денот нѐ прават слепи при очи со нивните наративи, кога се градат апсолутно невистинити квази-теории за постоење на кој знае колку родови кога се подбиваат со народот и ѝ се закануваат на Црквата, кога за паради на ‘гордост’ се нарекуваат јавни бесрамни чинови, кои дрско го навредуваат човековото достоинство.

Kоја е вашата порака до верниците?

„Мојата порака до верниците е да му благодариме на Господа за сите и за сè, срцата да ни бидат горе, упатени кон небесата, кон Господа, и да живееме ангелоподобно, прифаќајќи го за средиште на нашите животи Царот на славата. За тоа, пак, да биде така, секој кој е крстен и е христијанин треба, следејќи го светиот апостол Павле, да се стреми да се распне себеси со Христос, та да почувствува дека веќе не тој, туку дека Христос живее во него. А за тоа, животот треба да ни биде литургија, односно да ни биде заеднички благодарствен, евхаристиски принос.

The post Г.г. Стефан: Верата ќе ни опстои, но се иселувањето ќе ги доведеме во прашање опстојувањето на државата, јазикот, традициите appeared first on Република.

]]>

Ние како црква немаме проблеми со секуларизмот, ниту, пак, со било какво општествено уредување, коешто е избрано од мнозинството на народот. Впрочем, црквата живеела и во потешки времиња и секогаш пронаоѓала начини да ја извршува својата мисија. Но точна е констатацијата дека некои, водејќи се од погрешно толкување за идејата на секуларизмот, сакаат сосема да ја исклучат црквата од општеството и секој јавен став на Црквата да го сметаат за вмешување во државните работи. Тоа ние го сметаме за неприфатливо, вели меѓудругото поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во инревјуто за порталот Литургија.мк. Ваше Блаженство, пред 25 години, во 1999 година на Црковно-народниот собор во Охрид, бевте избран за петти Архиепископ на Македонската Православна Црквa (МПЦ). Во изминативе 25 години, Синодот на МПЦ растеше и денес брои деветнаесет архиjереји, што говори дека сме жива црква. Како народ, колку сме воцрковени и колку нашата црква успева да ја доближи верата до секој Македонец? „Како да беше вчера! Поминаа незабележително, иако 25 години и не се малку. Но и не се битни годините, туку побитно е како поминале, и што останало и што ќе остане запаметено. Историјата секому ќе му забележи, и што е направено и што не е. Пред четврт век, со Божји благослов и со волјата на народот, ни се довери, ако може така да се рече, нам, на втората генерација архијереји, да го продолжиме раководењето на возобновената Охридска Архиепископија како МПЦ. Тоа беа години на исчекувања, години во кои продолжи отфрлувањето и понижувањето, но беа и години во кои опстојувавме во барањето на правдата и бранењето на нашата вистина. Не отстапивме од она за кое се залагаа сите наши претходници од Арсениј до Доситеј и наваму. И, да Му благодариме на Бога, се исполни времето: на 9 мај 2022 година, со Одлука на Цариградската Патријаршија, со благослов на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, бевме примени во канонско и евхаристиско единство со останатите помесни Цркви, а на 5 јуни истата година, од Неговата Светост Патријархот Порфириј, го примивме Томосот за автокефалност, што ни го додели Архијерејскиот собор на Српската Православна Црква. За жал, и во ова време во недостаток на верската поука во училиштата, духовната литература и проповедта во храмовите се единствените помагала за запознавање на народот со вистините и со учењето на Светата Црква. Но, да се надеваме на подобри времиња“. Која е визијата за понатамошен развој, но и за зачувување на културното богатство, кое е многубројно во нашата Татковина? „Честопати велам дека нашата татковина е земја-храм, земја-манастир, земја-крст. Нашиот народ и кога за ништо друго немал ‒ за Бога и за верата своја имал. Низ сиве изминати години, во своето служење на нивата Господова, се обидувам да го продолжам градителското и обновителското дело на моите претходници на архиепископската катедра на нашата помесна Црква. А истото успешно го прават и останатите браќа архијереји. Изградени се и се градат многу сакрални објекти и тоа не само во Скопската епархија, туку и ширум нашата земја, како и меѓу нашите иселеници по светот. Многу е и направено и се прави, но и уште многу треба да се направи! Притоа, едно секогаш треба да помниме, богоугодно е храмови и манастири да градиме, но, потребно е и откако ќе ги изградиме храмовите да ги исполнуваме со верници, а манастирите со монаси, зашто само храмови полни со верен народ и манастири со монаси, се убави храмови и живи манастири“. Македонската Православна Црква интензивно вложува и во богословското образование на својот кадар. Колку младите во Македонија се заинтересирани за изучување на богословските науки? „Улогата на образовните богословски институции во животот на една црква е огромна, незаменлива. Во нив идните православни пастири се учат на богомислие и богољубие, се учат како за Бога да словат и како на Бога да Му се молат. Да, со радост можеме да кажеме дека денес нашиот Факултет и нашата Богословија имаат професори коишто, покрај во нашите образовни институции, се образувани и на врвните богословски центри во, Солун, Санкт Петербург, Москва, Букурешт, Софија, Рим, Бари, Берлин, Келн…, што говори дека на кадровско ниво образовните центри ни се во добри раце. Што се однесува до правото за запишување на последипломски и докторски студии за студенти коишто дипломирале на прв циклус студии на други научни области, одговорот е – да. Оние коишто студирале на факултети од хуманистичките науки, можат да се за запишат на магистерски студии на Богословскиот факултет, доколку за тоа добијат благослов од Светиот архијерејски синод“. Во последниве години сѐ повеќе млади луѓе се иселуваат од Македонија. Колку МПЦ учествува во животот на нашите во дијаспората и како ја гледате иднината на дијаспората на МПЦ? „Секој престој меѓу иселените нашинци секогаш ми донесува две спротивни емоции. Од една страна, радосен сум затоа што и денес потврдуваме дека како народ каде и да сме ‒ верата прадедовска не ја забораваме, од друга страна, секогаш сум и по малку тажен, затоа што самиот факт дека на Запад се јавува сѐ поголема потреба за наши нови храмови и дека постоечките сѐ повеќе се полнат, е и јасен знак дека татковината ни се празни. Тоа е сериозен проблем пред кој како народ и како општество сме исправени и се надевам дека во скоро време процесот на силно иселување, кој во последниве деценија-две ја зафати Македонија, ќе престане. Во спротивно, верата ќе ни опстои, за тоа сум спокоен, но ќе ги доведеме во прашање опстојот на државата, јазикот, традициите. Нашата црква ќе има иднина во дијаспората, а на нас коишто живееме во татковината, е да ја направиме Македонија попристојно место за живеење, место од кое младите не ќе сакаат да заминуваат, а заминатите ќе сакаат да се вратат“. Секуларизмот е принцип на општествено уредување, според кој државните институции се одвоени од религиските институции. Но, денес секуларизмот се користи како изговор за целосно истиснување на црквата од општествениот живот. Сепак, во нашата држава верниците се вклучени во сите општествени настани и често јавно го искажуваат својот став по многу отворени прашања од секојдневното живеење. Дали МПЦ е доволно влијателна, или треба повеќе да се истакне нејзиното влијание во општеството, за креирање на современиот македонски христијански етос? „Ние како црква немаме проблеми со секуларизмот, ниту, пак, со било какво општествено уредување, коешто е избрано од мнозинството на народот. Впрочем, Црквата живеела и во потешки времиња, и во оние на иноверно владеење и во доба на атеистички систем… и секогаш, во сите тие различни опстојателства, пронаоѓала начини да ја извршува својата мисија ‒ да ја сведочи верата во Отецот и Синот и Светиот Дух и да се грижи за својата паства. Но точна е констатацијата дека некои, водејќи се од погрешно толкување за идејата на секуларизмот, сакаат сосема да ја исклучат Црквата од општеството и секој јавен став на Црквата да го сметаат за вмешување во државните работи. Тоа ние го сметаме за неприфатливо. Црквата не се меша во државното уредување, но секаде и секогаш, по секоја цена ќе го брани достоинството на човекот“. Човековиот живот сѐ повеќе се третира само во неговата земна димензија. Чувството за вечноста се заборава, а свеста за грев и за морални ограничувања, се прави обид да се избрише. Нашата Црква покажа одлучно спротивставување при обидот на некои групи и поединци грешните тенденции да се прикажат како „норма“. Но, постои повик на некои таканаречени правни експерти за адаптирање на религиозните гледишта и верувања, согласно со ЛГБТ наративите. Можеме ли како народ да ги зачуваме традиционалните вредности, кои претставуваат темел на нашето опстојување? „Црквата никогаш никого на ништо нема да присилува, никогаш никому нема да му заповеда како да го живее својот личен живот. На црквата ѝ е туѓа нападноста, зашто таа исповеда вера во Троичниот Бог, Кој е Бог на љубовта. Љубовта Божја, пак, не може да биде агресивна. Но, не можеме да стоиме со наведнати глави и да молчиме кога некои од силните на денот нѐ прават слепи при очи со нивните наративи, кога се градат апсолутно невистинити квази-теории за постоење на кој знае колку родови кога се подбиваат со народот и ѝ се закануваат на Црквата, кога за паради на ‘гордост’ се нарекуваат јавни бесрамни чинови, кои дрско го навредуваат човековото достоинство. Kоја е вашата порака до верниците? „Мојата порака до верниците е да му благодариме на Господа за сите и за сè, срцата да ни бидат горе, упатени кон небесата, кон Господа, и да живееме ангелоподобно, прифаќајќи го за средиште на нашите животи Царот на славата. За тоа, пак, да биде така, секој кој е крстен и е христијанин треба, следејќи го светиот апостол Павле, да се стреми да се распне себеси со Христос, та да почувствува дека веќе не тој, туку дека Христос живее во него. А за тоа, животот треба да ни биде литургија, односно да ни биде заеднички благодарствен, евхаристиски принос.  

The post Г.г. Стефан: Верата ќе ни опстои, но се иселувањето ќе ги доведеме во прашање опстојувањето на државата, јазикот, традициите appeared first on Република.

]]>
Божикно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhikno-poslanie-na-poglavarot-na-mpts-oa-g-g-stefan/ Fri, 05 Jan 2024 10:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=729928

Христос е нашиот мир, Кој нè измири со Својот Отец, преку Своето воплотување

Возљубени празникољупци,

Со раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, Божјата светлина го огреа сиот свет. Бог Словото слезе на земјата и стана Човек, за да го обнови единството на Бога со човекот, зашто, според зборовите на свети Григориј Богослов, пред овој спасителен настан се беше отворила „голема и непремостлива провалија“, меѓу Создателот и првиот Адам. Но, со раѓањето на Богомладенецот се објави Божјата неизмерна добрина и Неговото човекољубие победи. Затоа и нашиот свети Климент Охридски, созерцавајќи го Рождеството Христово, воскликнува: „Радувај се, првосоздаден Адаме, бидејќи ти не беше оставен во адот! Ете, твојот Спасител и Избавител доаѓа да се роди од Дева; и Бог станува Човек, за да ја обожи човечката природа“ .
Па, да се радуваме со непоминливата радост од таа Витлеемска ноќ, со радоста на ангелите, со радоста на пастирите, со радоста на мудреците, да се радуваме со сите коишто во изминативе дваесет столетија се радуваа на тој спасоносен и неповторлив настан!

Возљубени во Господа,

Гледајќи го чудесното и надумно раѓање на Богомладенецот, во Витлеем Јудејски, ангелите ја запеаја небесната химна на животот. Опколувајќи ги јаслите како херувимски престол, небесните сили посведочија пред целото создание дека неискажливиот и неспознатлив Бог дојде и се всели помеѓу нас. Ова е небесна глетка од која запира здивот, зашто таа ја надминува логиката на овој свет. Зарем може човекот вистински да го разбере Божјото воплотување, па колку и да се труди? Зашто Христос не дојде како гостин, само за да нè посети и незабележително да замине. Дојде за да остане со нас во сите дни до свршетокот на светот. Та, тоа значи и Неговото име Емануил – со нас е Бог. Но, што ја прави оваа тајна уште поголема и понеразбирлива за човекот? – Тоа што сесилниот Бог и Господ на вселената не дојде како моќен владетел за да ја наметне Својата волја и да ја покори нашата волја. Тој дојде како слуга, смирен и кроток, за уште еднаш да му ја покаже на човекот Својата неискажлива љубов, со која некогаш го создаде, и да го потсети дека и тој е повикан кон таа љубов. Дојде како Младенец, предавајќи се во прегратките на Богородица и доверувајќи му се Себеси на човекот. И се покажа дека сѐ што доаѓа од небесата и од Бога е секогаш спасоносно и вечно, зашто вечен е и самиот Бог!

Возљубени чеда на Христа Богомладенецот,

Такви се Божјата љубов и Божјата доверба кон човекот. Но, како човештвото Му возвраќа на Бога за тоа? Како луѓето го примија овој највозвишен дар Божји? Зашто, Бог со Своето воплотување еднаш засекогаш му се даде на човекот, постанувајќи во сè сличен на него освен во гревот . Ако се задлабочиме во евангелските текстови, може да препознаеме неколку групи на луѓе, според тоа како во она време човештвото ја прими веста за Христовото воплотување.
Во првата група се сите коишто им се придружија на ангелите и заедно со нив покажаа дека небесата и земјата можат заедно да ликуваат. Тие се покажаа достојни за Божјата доверба и за подадената рака од Бога кон човекот. Во оваа група се и неуките пастири, но и источните мудреци. Првите, кога на чудесен начин дознаа за уште почудесното раѓање, со радост поитаа кон Богомладенецот и се удостоија да се приопштат кон небесните хорови. Со својата вера, тие се покажаа помудри од многумина учени луѓе. Но, тие не се единствените кои Го познаа воплотениот Бог Којшто се роди во Витлеемската пештера. Кон ангелскиот хор се приклучија и источните мудреци, за кои црковното предание вели дека биле најумните луѓе на своето време. Скромната средина во која се роди Христос, за нив не беше пречка во Него да Го познаат вистинскиот Бог и Спасител – Владетелот и Создателот на светот.
Но, за жал, меѓу луѓето имаше и такви кои не се радуваа за Христовото раѓање. Избезумен од оваа вест и загрижен за својата земна власт, царот Ирод побрза за да ѝ стави крај на оваа небоземна радост и ја пролеа крвта илјадници невини деца. Во Евангелието среќаваме уште една група на луѓе – оние кои, заслепени од животните грижи, не покажаа интерес за раѓањето на Богочовекот. Едни од нив одбија да го примат, а други побараа да си замине од нив . Овие согледувања природно го отвораат прашањето: Зарем Богочовекот Христос дојде за да го подели човештвото? Зарем дојде за да создаде свои приврзаници и свои противници? Се разбира дека не! Напротив! Христос дојде за да биде со нас и да остане со нас. Да нè соедини со Себе и да нè обедини во Себе. Но, само доколку тоа е и наша волја.

Возљубени чеда на Македонската Православна Црква,

Иако поминаа повеќе од две илјадалетија од овој Божествен настан, нештата во светот не се променети. Така е зашто човечките добродетели, но и човечките слабости, остануваат исти во секоја епоха, а слободата е неотповиклив дар Божји за човекот. И денес гледаме страшни поделби во светот. Изгледа како омразата да царува, а љубовта да згаснува. Се чини дека човештвото никогаш не било толку поделено и спротивставено. Братоубиствените војни леат реки од невина крв, која не е различна од онаа на витлеемските младенци. Поделби гледаме и внатре во Црквата. Православието никогаш не доживеало толкава подвоеност и внатрешно неединство. За жал, поделбите на различни основи не ја одминуваат ниту нашата македонска земја. А духовното и национално единство ни е попотребно од било кога, за да можеме како Црква и како народ да опстоиме и да зачуваме сѐ што е наше – македонско. Па се поставува прашањето: што можеме да направиме тука ние како Црква? Можеме да го направиме токму тоа за што сме повикани – да се обединиме и да се обединуваме, онака како што некогаш се обединија луѓето и ангелите пред Витлеемската пештера. Само така ќе го исполниме Христовиот повик од Гетсиманија: да бидат сите едно. Вакво обединување е можно само со Христа и во Христа, Кој единствен го помири небесното со земното.
Токму во името на мирот и на добрата волја, во средината на 2022 година се збидна и прифаќањето во канонско единство и признавањето на автокефалниот статус на нашата Света Црква, со што таа повторно беше вброена помеѓу помесните Православни Цркви. Таа подадена рака во името на љубовта, даде можност да се надмине повеќегодишната поделба на православните христијани во нашата Македонска Црква, да си простиме и меѓусебно да се измириме, та, еве, сега повторно заедно да му се радуваме на овогодишниов Божик.
Па, само луѓе и народи во кои и помеѓу кои е присутен Христовиот мир, имаат добра волја, и го бранат и го чуваат мирот и со Бога, и во себе и со сите околу себе!
Амин!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Честито и од Бога благословено Новото 2024-то лето Господово!“.

Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

The post Божикно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан appeared first on Република.

]]>

Христос е нашиот мир, Кој нè измири со Својот Отец, преку Своето воплотување Возљубени празникољупци, Со раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, Божјата светлина го огреа сиот свет. Бог Словото слезе на земјата и стана Човек, за да го обнови единството на Бога со човекот, зашто, според зборовите на свети Григориј Богослов, пред овој спасителен настан се беше отворила „голема и непремостлива провалија“, меѓу Создателот и првиот Адам. Но, со раѓањето на Богомладенецот се објави Божјата неизмерна добрина и Неговото човекољубие победи. Затоа и нашиот свети Климент Охридски, созерцавајќи го Рождеството Христово, воскликнува: „Радувај се, првосоздаден Адаме, бидејќи ти не беше оставен во адот! Ете, твојот Спасител и Избавител доаѓа да се роди од Дева; и Бог станува Човек, за да ја обожи човечката природа“ . Па, да се радуваме со непоминливата радост од таа Витлеемска ноќ, со радоста на ангелите, со радоста на пастирите, со радоста на мудреците, да се радуваме со сите коишто во изминативе дваесет столетија се радуваа на тој спасоносен и неповторлив настан! Возљубени во Господа, Гледајќи го чудесното и надумно раѓање на Богомладенецот, во Витлеем Јудејски, ангелите ја запеаја небесната химна на животот. Опколувајќи ги јаслите како херувимски престол, небесните сили посведочија пред целото создание дека неискажливиот и неспознатлив Бог дојде и се всели помеѓу нас. Ова е небесна глетка од која запира здивот, зашто таа ја надминува логиката на овој свет. Зарем може човекот вистински да го разбере Божјото воплотување, па колку и да се труди? Зашто Христос не дојде како гостин, само за да нè посети и незабележително да замине. Дојде за да остане со нас во сите дни до свршетокот на светот. Та, тоа значи и Неговото име Емануил – со нас е Бог. Но, што ја прави оваа тајна уште поголема и понеразбирлива за човекот? – Тоа што сесилниот Бог и Господ на вселената не дојде како моќен владетел за да ја наметне Својата волја и да ја покори нашата волја. Тој дојде како слуга, смирен и кроток, за уште еднаш да му ја покаже на човекот Својата неискажлива љубов, со која некогаш го создаде, и да го потсети дека и тој е повикан кон таа љубов. Дојде како Младенец, предавајќи се во прегратките на Богородица и доверувајќи му се Себеси на човекот. И се покажа дека сѐ што доаѓа од небесата и од Бога е секогаш спасоносно и вечно, зашто вечен е и самиот Бог! Возљубени чеда на Христа Богомладенецот, Такви се Божјата љубов и Божјата доверба кон човекот. Но, како човештвото Му возвраќа на Бога за тоа? Како луѓето го примија овој највозвишен дар Божји? Зашто, Бог со Своето воплотување еднаш засекогаш му се даде на човекот, постанувајќи во сè сличен на него освен во гревот . Ако се задлабочиме во евангелските текстови, може да препознаеме неколку групи на луѓе, според тоа како во она време човештвото ја прими веста за Христовото воплотување. Во првата група се сите коишто им се придружија на ангелите и заедно со нив покажаа дека небесата и земјата можат заедно да ликуваат. Тие се покажаа достојни за Божјата доверба и за подадената рака од Бога кон човекот. Во оваа група се и неуките пастири, но и источните мудреци. Првите, кога на чудесен начин дознаа за уште почудесното раѓање, со радост поитаа кон Богомладенецот и се удостоија да се приопштат кон небесните хорови. Со својата вера, тие се покажаа помудри од многумина учени луѓе. Но, тие не се единствените кои Го познаа воплотениот Бог Којшто се роди во Витлеемската пештера. Кон ангелскиот хор се приклучија и источните мудреци, за кои црковното предание вели дека биле најумните луѓе на своето време. Скромната средина во која се роди Христос, за нив не беше пречка во Него да Го познаат вистинскиот Бог и Спасител – Владетелот и Создателот на светот. Но, за жал, меѓу луѓето имаше и такви кои не се радуваа за Христовото раѓање. Избезумен од оваа вест и загрижен за својата земна власт, царот Ирод побрза за да ѝ стави крај на оваа небоземна радост и ја пролеа крвта илјадници невини деца. Во Евангелието среќаваме уште една група на луѓе – оние кои, заслепени од животните грижи, не покажаа интерес за раѓањето на Богочовекот. Едни од нив одбија да го примат, а други побараа да си замине од нив . Овие согледувања природно го отвораат прашањето: Зарем Богочовекот Христос дојде за да го подели човештвото? Зарем дојде за да создаде свои приврзаници и свои противници? Се разбира дека не! Напротив! Христос дојде за да биде со нас и да остане со нас. Да нè соедини со Себе и да нè обедини во Себе. Но, само доколку тоа е и наша волја. Возљубени чеда на Македонската Православна Црква, Иако поминаа повеќе од две илјадалетија од овој Божествен настан, нештата во светот не се променети. Така е зашто човечките добродетели, но и човечките слабости, остануваат исти во секоја епоха, а слободата е неотповиклив дар Божји за човекот. И денес гледаме страшни поделби во светот. Изгледа како омразата да царува, а љубовта да згаснува. Се чини дека човештвото никогаш не било толку поделено и спротивставено. Братоубиствените војни леат реки од невина крв, која не е различна од онаа на витлеемските младенци. Поделби гледаме и внатре во Црквата. Православието никогаш не доживеало толкава подвоеност и внатрешно неединство. За жал, поделбите на различни основи не ја одминуваат ниту нашата македонска земја. А духовното и национално единство ни е попотребно од било кога, за да можеме како Црква и како народ да опстоиме и да зачуваме сѐ што е наше – македонско. Па се поставува прашањето: што можеме да направиме тука ние како Црква? Можеме да го направиме токму тоа за што сме повикани – да се обединиме и да се обединуваме, онака како што некогаш се обединија луѓето и ангелите пред Витлеемската пештера. Само така ќе го исполниме Христовиот повик од Гетсиманија: да бидат сите едно. Вакво обединување е можно само со Христа и во Христа, Кој единствен го помири небесното со земното. Токму во името на мирот и на добрата волја, во средината на 2022 година се збидна и прифаќањето во канонско единство и признавањето на автокефалниот статус на нашата Света Црква, со што таа повторно беше вброена помеѓу помесните Православни Цркви. Таа подадена рака во името на љубовта, даде можност да се надмине повеќегодишната поделба на православните христијани во нашата Македонска Црква, да си простиме и меѓусебно да се измириме, та, еве, сега повторно заедно да му се радуваме на овогодишниов Божик. Па, само луѓе и народи во кои и помеѓу кои е присутен Христовиот мир, имаат добра волја, и го бранат и го чуваат мирот и со Бога, и во себе и со сите околу себе! Амин! ХРИСТОС СЕ РОДИ! Честито и од Бога благословено Новото 2024-то лето Господово!“. Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан  

The post Божикно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан appeared first on Република.

]]>
Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-vistinsko-vreme-e-samoproglasenite-bortsi-za-pravata-na-zhenite-da-se-zaprashaat-kako-ke-se-ragaat-i-vospituvaat-idnite-pokolenija/ Mon, 28 Aug 2023 16:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=676657

Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.

До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан.

Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата.

Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.

The post Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан денеска во обраќањето по повод големиот христијански празник во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка рече дека сите оние кои се загрижени за третманот и правата на жената, се непознавачи на нејзиното вистинско место во христијанството.
До каде ќе стигне светот со истополовите бракови и со хуруршката промена на полови? Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија? Пресвета Богородица била и останува да биде идеал за мајка. И со покажаната љубов и со трпението и со подготвеноста за страдање и подготвеноста за саможртва, рече г.г. Стефан.
Големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска се одбележува во сите православни храмови низ државата. Во истоимениот манастир во Матка традиционално се одржува крводарителска акција.

The post Г.г Стефан: Вистинско време е самопрогласените борци за правата на жените да се запрашаат како ќе се раѓаат и воспитуваат идните поколенија appeared first on Република.

]]>
На Пресвета Богородица г.г. Стефан ќе врши богослужба во манастирот во Матка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-presveta-bogoroditsa-g-g-stefan-ke-vrshi-bogosluzhba-vo-manastirot-vo-matka/ Sat, 26 Aug 2023 07:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=675916

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан задутре на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со светата Божествена литургија (8:30) во манастирот во Матка, крај Скопје.

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манаст

Во предвечерието на празникот утре во 18:30 часот во манастирот Успение на пресвета Богородица ќе се одржи вечерна богослужба, а во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение.

Традиционално на денот на празникот односно во понеделник во дворот на манастирот се одржува крводарителска акција.

Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринството на манастирот.

Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

The post На Пресвета Богородица г.г. Стефан ќе врши богослужба во манастирот во Матка appeared first on Република.

]]>

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан задутре на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со светата Божествена литургија (8:30) во манастирот во Матка, крај Скопје. Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манаст Во предвечерието на празникот утре во 18:30 часот во манастирот Успение на пресвета Богородица ќе се одржи вечерна богослужба, а во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение. Традиционално на денот на празникот односно во понеделник во дворот на манастирот се одржува крводарителска акција.
Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринството на манастирот.
Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.  

The post На Пресвета Богородица г.г. Стефан ќе врши богослужба во манастирот во Матка appeared first on Република.

]]>
Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arhiepiskopot-stefan-ke-chinonachalstvuva-so-bozhestvenata-liturgija-vo-manastirot-vo-matka-na-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ Mon, 21 Aug 2023 08:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=674086

Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, деновиве се подготвува за одбележување на еден од најголемите христијански празници Успението на Мајката Божја.

Во предвечерието на празникот на 27 август во 18:30 часот во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, додека во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение.

На денот на празникот во 8:30 часот ќе започне Божествената литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

-Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринствпото на манастирот.

Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко во Скопско, традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

The post Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>

Сестринството од манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, деновиве се подготвува за одбележување на еден од најголемите христијански празници Успението на Мајката Божја. Во предвечерието на празникот на 27 август во 18:30 часот во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, додека во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение. На денот на празникот во 8:30 часот ќе започне Божествената литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски Стефан. -Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка - Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринствпото на манастирот. Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко во Скопско, традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

The post Архиепископот Стефан ќе чиноначалствува со Божествената литургија во манастирот во Матка на празникот Успение на Пресвета Богородица appeared first on Република.

]]>
Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-sobrani-sme-da-im-kazheme-da-na-zhivotot-i-na-svetosta-na-semejstvoto-oformeno-od-eden-mazh-i-edna-zhena/ Thu, 29 Jun 2023 17:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=656581

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“.

Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“.

-Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ.

Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество.

-Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.

Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената.

-Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот.

Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците.

Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили - децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не протестира против некоја личност и не отфрла никого. Нејзиното постоење е непрестаен бунт, но не против човек, туку против злото, гревот и смртта во кои, за жал, запаѓа светот. Единствена цел на Црквата е да го љуби и преобразува овој свет, но непоистоветувајќи се со него, порача архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во обраќањето на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција што се одржува попладнево во дворот на храмот „Св. Климент Охридски“. Како што истакна г. г. Стефан, „денес светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество и го гледаме вистинското лице. Се подметнува поимот род кој е свесно избран. Има убав контекст, но во намерите на новите теоретичари и идеолози не носи ништо добро“. -Сосема ги разбираме загриженоста и стравот, особено на родителите, за иднината на своите деца, ако тие два закона или нови слични закони станат обрзвувачка реалност. Да престане унакажувањето на образовниот систем со родова идеологија и сексуализација на нашите најмлади, да престане крајно неприфатливото да им се одзема на родителите од нивните родителски права и на децата од нивното детство. До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?, рече поглаварот на МПЦ. Според него, секуларно општество не значи и безбожно општество. -Немаме ништо против секуларниот менталитет, но се прашуваме дали тоа значи да се изопшти Црквата од општествениот живот? Свесни сме за намерите на организации и движења кои зајакнаа, влегоа во државните институции и пишуваат закони како двата несреќни закона - за родова еднаквост и матична евиденција, кои целат не само да ја секуларизираат црквата, туку и да ја присилат да зборува со некојси светски поредок кој им е туѓ на апостолите, светите оци и светото Евангелие. И кога најдобронамерно ќе кажеме нешто, се обидуваат да не замолчат со промена на тезите за секуларниот, световен карактер на државата, секогаш како по правило, толкувајќи ја секуларноста спротивна на Уставот во кој Црквата и останатите верски заедници имаат свое место и свои загарнтирани права, подвлече неговото блаженство г. г. Стефан.   Тој се осврна и на ставот на Црквата кон жената. -Собрани сме тука јасно и гласно да ја кажеме вистината, наместо професионалните експерти за менување тези. Жените во Македонија верувам не сакаат лажна еднаквост и лажни права, и не сакаат да бидат ослободувани од Црквата каде ја живеат својата вистинска слобода. Црквата е преполна со смели, самостојни и реализирани жени кои доаѓаат самостојно и во неа гледаат сигурно засолништво од овој заразан бунт, нагласи г. г. Стефан. Поглаварот на МПЦ упати апел до верниците да застанат во одбрана на семејството и да го запазат ликот Божји во човекот. Сенародниот собир се одржува под мотото „Имаме должност“, а го организира Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). На него присуствуваат верници од Скопје, но и од други делови на државата. Собирот почна со молитвата Оче наш  од страна на владиците. Светиот архиерејски Синод на МПЦ - ОА на прес-конференцијата во вторникот упати апел за учество на собирот и потенцира дека тој не е насочен против никого, туку исклучиво против содржината на овие предлог закони.

The post Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена appeared first on Република.

]]>
Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-da-go-prodolzhime-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite/ Tue, 27 Jun 2023 09:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=655574

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.

Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права.

Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА.

Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци, и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон бога и кон својот род – рече поглаварот на МПЦ-ОА во видеообраќањето.
Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот, на кои пишува: „Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција“. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот, гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“. Македонската православна црква-Охридска архиепископија првично го најави протестот веднаш по седницата на Синодот на МПЦ-ОА што се одржа на 20 јуни, а како мотив за протестот, како што беше наведено во соопштението по седницата на Синодот, се зачувување на достоинството и слободата и заштита на основните верски права. Светиот синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството, особено за неговата основна клетка – семејството – соопштија пред една недела од САС МПЦ-ОА. Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

The post Имаме обврска кон бога и кон својот род: Поглаварот г.г. Стефан лично го повикува народот на протест appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-imame-sveta-dolzhnost-ona-shto-sme-go-primile-i-nasledile-od-predtsite-da-go-prodolzhime/ Mon, 26 Jun 2023 07:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=655118

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видео обраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што во четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата.   Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА кое е проследено и со видео обраќање на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме appeared first on Република.

]]>
Г.Г. Стефан со велигденска порака: Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-so-veligdenska-poraka-seta-nasha-vera-vo-vechnozhiviot-bog-se-potpira-vrz-najgolemiot-nastan-vo-istorijata-vrz-hristovoto-voskresenie/ Sat, 15 Apr 2023 07:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=630932

Возљубени празникољупци,
Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера2! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие.

Кога гревот, кој е беззаконие3, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот4. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание.

И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси5, умирајќи за нашите гревови6, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта!
Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение7. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне8. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение.

Возљубени чеда во Господа,
Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот.
Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,
Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови9. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат10. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата.

Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство.

Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година.

Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент.
Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе!„, гласи пораката од Архиепископот Охридски Македонски, Г.Г. Стефан.

The post Г.Г. Стефан со велигденска порака: Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! appeared first on Република.

]]>

Возљубени празникољупци, Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера2! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие. Кога гревот, кој е беззаконие3, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот4. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание. И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси5, умирајќи за нашите гревови6, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта! Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение7. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне8. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение. Возљубени чеда во Господа, Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот. Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква, Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови9. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат10. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата. Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство. Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година. Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент. Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе!„, гласи пораката од Архиепископот Охридски Македонски, Г.Г. Стефан.

The post Г.Г. Стефан со велигденска порака: Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! appeared first on Република.

]]>
Г.г. Стефан денеска ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-deneska-ke-chinonachalstvuva-so-liturgijata-vo-hramot-sveti-naum-ohridski-vo-radishani/ Sat, 15 Apr 2023 06:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=630901

Денеска, на Велика сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ќе чиноначалствува со светата Василиева литургија во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани.

-Прославата на Христовото воскресение ‒ победата на животот над смртта, ќе почна во ноќта на 15 наспроти 16 април, со раздавање на светиот Благодатен Оган, по што ќе биде отслужена Пасхална полуноќница. На неа, радосно пеејќи „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите го воспеваат на небесата, а и нас на земјата удостој нè, со чисто срце да Те славиме”, Архиепископот, свештенослужителите и верниот народ ќе извршат трократен опход околу Соборниот храм, информираат за МИА од МПЦ ‒ ОА.

Во неделата наутро, на денот во кој Црквата го прославува светлото Христово Воскресение, г.г. Стефан ќе отслужи Пасхална Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.

The post Г.г. Стефан денеска ќе чиноначалствува со литургијата во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани appeared first on Република.

Г.г Стефан ноќта спроти Велигден нема да биде во Сорниот храм https://arhiva3.republika.mk/vesti/g-g-stefan-nokta-sproti-veligden-nema-da-bide-vo-sorniot-hram/ Fri, 14 Apr 2023 14:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=630810

 Утре, на Велика сабота, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ќе чиноначалствува со светата Василиева литургија во храмот „Свети Наум Охридски“ во Радишани.

-Прославата на Христовото воскресение ‒ победата на животот над смртта, ќе почна во ноќта на 15 наспроти 16 април, со раздавање на светиот Благодатен Оган, по што ќе биде отслужена Пасхална полуноќница. На неа, радосно пеејќи „Воскресението Твое Христе Спасителу, ангелите го воспеваат на небесата, а и нас на земјата удостој нè, со чисто срце да Те славиме", Архиепископот, свештенослужителите и верниот народ ќе извршат трократен опход околу Соборниот храм, информираат за МИА од МПЦ ‒ ОА.

Во неделата наутро, на денот во кој Црквата го прославува светлото Христово Воскресение, г.г. Стефан ќе отслужи Пасхална Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски" во Скопје.

The post Г.г Стефан ноќта спроти Велигден нема да биде во Сорниот храм appeared first on Република.

Македонските верници овој Велигден за првпат го прославуваат Велигден во канонско единство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-vernitsi-ovoj-veligden-za-prvpat-go-proslavuvaat-veligden-vo-kanonsko-edinstvo/ Tue, 11 Apr 2023 16:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=629935

Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера2! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие, напиша поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, во овогодинешното велигденско послание.

Во продолежние, ви го пренесуваме посланието во целост:

Кога гревот, кој е беззаконие, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот4. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание.

И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси5, умирајќи за нашите гревови6, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта!

Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение7. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне8. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение.

Возљубени чеда во Господа,

Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот.

Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови9. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат10. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата.

Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство.

Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година.

Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент.

Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе!

The post Македонските верници овој Велигден за првпат го прославуваат Велигден во канонско единство appeared first on Република.

]]>

Сета наша вера во вечноживиот Бог се потпира врз најголемиот настан во историјата – врз Христовото воскресение! Оти, ако Христос не воскреснеше, напразна ќе беше нашата проповед и празна ќе беше нашата вера2! Но Тој навистина воскресна и со тоа на човековиот род засекогаш му го покажа патот кон вечноста. И само Христовата жртва можеше да ни го дари Царството небесно! Имено, пред доаѓањето, страдањето и Воскресението на Господа, човековиот род беше неутешно заробен во оковите на смртта. Таа, како најсуров противник, ја држеше човековата природа лишена од надежта за вечен живот. Тиранијата на смртта, како последица на прародителската непослушност кон Бога, земаше силен замав преку ширењето на себељубието, неправдата и лагата, односно преку сите гревовни страсти што го осакатуваат човековото битие, напиша поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, во овогодинешното велигденско послание. Во продолежние, ви го пренесуваме посланието во целост:
Кога гревот, кој е беззаконие, ќе ја зароби душата, тогаш различните негови пројави стануваат цел на животот. И така, со страв од смртта, без надеж за нејзино надминување, човековиот род беше заробен во темнината на сите зла. Па, при неможноста да Го спознаат единствениот и вистински Создател, луѓето ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на создаденото повеќе отколку на Создателот4. Така, човековата душа беше станала плен на бесмислата, произлезена од оддалечувањето од единствената Смисла, од вистинскиот и неисцрпен Извор на животот – Творецот и Седржителот на сето видливо и невидливо создание.
И само Оној, Кој го дарува животот, можеше да го ослободи човекот од ропството на гревот и да му го покаже излезот од власта на смртта. Затоа Бог ја прими на Себе човековата природа, неразделно соединета со Божјата. Тој дојде во светот како Богочовек, и Се даде Себеси5, умирајќи за нашите гревови6, и со Својот спасоносен подвиг и со Своето воскресение, на човекот му го осветли патот кон полнотата на животот, дарувајќи му ја единствената вистинска слобода. Воскреснатиот Син Божји ја извојува победата за сиот човеков род, како победа на светлината над темнината, на вистината над лагата, на правдата над неправдата и на животот над смртта! Христовиот живоносен гроб се покажа како извор и за нашето воскресение7. Тој неповторлив настан е најава и потврда за сеопштото воскресение, бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господа Исуса и нас ќе нè воскресне8. Со тој настан секому му е дадена можност во своето срце да Го всели Христа, па, преку Него и со Него, да биде достоен учесник во вечниот живот. Така, Бог, како наш Создател, ја положил во нас вечноста, до која можеме да стигнеме само преку Христа, и тоа уште овде – на Земјава. Ако Го возљубиме Бога и ги љубиме луѓето, преку исполнување на евангелските пораки, тогаш ќе бидеме подготвени за сеопштото воскресение. Возљубени чеда во Господа,
Силата на воскреснатиот Христос се покажува низ сите поколенија, пројавувајќи се во многубројните осветени христијански души, во секое време и на секое место. Апостолите ја раширија благата вест за Христовото воскресение на сите страни од светот; многубројните маченици, заради верата во Христа Бога, ја сведочеа едната и иста Христова вистина; преподобните и богоносни отци, со помош на оваа непобедлива сила, ги победија сите противници на правдата. Затоа, многубројните светители треба да ни бидат светол пример што треба да го следиме, за да достигнеме богоугоден живот. А и ние, како христољубив народ, по целата македонска земја, имаме богато наследство од многубројни знајни и незнајни Божји угодници, кои можат и треба да ни бидат образец во животот.
Добродетелите коишто извираат од Божјата наука се секогаш исти. Но, за да ги постигнеме и усвоиме во животот, неопходни ни се: покајанието, преумувањето и преобразувањето, односно нужно е катадневно да стануваме подобри и подобродетелни. Токму доброто, правдата, незлобливоста и љубовта го сочинуваат вистинскиот живот. Затоа, човекот треба постојано да се усовршува, бидувајќи притоа поткрепен и охрабрен од вечниот живот и од светлината на воскресението. Тоа, пак, ќе влијае во сите области на човековото живеење, па на тој начин и семејството ќе се зацврстува и општеството ќе напредува. Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,
Во ова време кога засилено се поддржуваат и се шират овоземни, минливи и распадливи вредности, ние, како православен народ, да се придржуваме до евангелските пораки, не заборавајќи дека Христос е ист вчера, и денес, и во вечни векови9. Да веруваме во секој Христов збор, зашто небото и земјата ќе минат, но зборовите Негови нема да поминат10. Така, соединети во Неговото име, да се трудиме да живееме согласно со богатото предание на нашите предци, сведочејќи за Него преку празнувањето на триумфот на животот над смртта. Па, да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство, и да не забораваме: нашиот македонски народ низ вековите се одржал затоа што за свој темел Го имал Христа Бога и Неговите вечни вредности, а за своја мајка ја имал Црквата.
Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни Православни Цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос Бог поради тоа, и просиме Неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во Православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство.
Нашата радост, веруваме, ја споделуваат и светиот апостол Павле, кој прв го посеа евангелското слово по македонската земја, како и славниот цар Јустинијан, во чие време се основа на нашиве простори помесната Црква ‒ Јустинијана Прва. Со нас се радуваат и светите солунски браќа Кирил и Методиј, кои пред 1160 години ја започнаа својата мисија во Моравија, а во оваа година се навршуваат и 1130 години од ракополагањето на свети Климент Охридски во епископски чин. Исто така, годинава ќе одбележиме и 120 години од славното македонско востание на Илинден во 1903 година.
Спомнувајќи си за овие свети и светли личности и годишнини, во текот на оваа година ќе им оддадеме заслужна благодарност за нивниот труд, за застапништвото и за жртвувањата кои ги подарија на нашиот народ и на нашата Црква. Годинава ќе одбележиме и 60 години од осветувањето на првиот македонски храм во САД ‒ „Свети апостоли Петар и Павле“ во Гери, Индијана, храм кој имаше рамноапостолска мисија и беше предводник во духовната грижа за македонските доселеници на Северноамериканскиот Континент. Честитајќи го Велигден, најрадосниот христијански празник, на сите чеда на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во Татковината и насекаде по светот, молитвено им посакуваме силата на Христовото воскресение да дејствува во сите нас, па од сето срце и од сета душа, заедно со сите наши православни браќа и сестри, да му објавиме на сиот свет: Христос воскресе!

The post Македонските верници овој Велигден за првпат го прославуваат Велигден во канонско единство appeared first on Република.

]]>
Рускиот митрополит Антониј доаѓа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskiot-mitropolit-antonij-doaga-vo-skopje/ Wed, 11 Jan 2023 07:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=595559

Рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, утре ќе ја посети МПЦ-ОА. Како што објавија некои македонски и бугарски медиуми, миторполитот Антониј ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

Посетата на рускиот владика на Скопје за Сител ја потврдил митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава и на сајтот на РПЦ, ниту, пак, за тоа што е целта на посетата, која се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Бугарски „Фактор.бг“, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

Бугарските меидуми потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

The post Рускиот митрополит Антониј доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Рускиот митрополит Антониј, директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, утре ќе ја посети МПЦ-ОА. Како што објавија некои македонски и бугарски медиуми, миторполитот Антониј ќе има средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан. Посетата на рускиот владика на Скопје за Сител ја потврдил митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј. Од кабинетот на архиепископот Стефан досега нема официјална информација за доаѓањето на митрополитот Антониј. Нема најава и на сајтот на РПЦ, ниту, пак, за тоа што е целта на посетата, која се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност. Бугарски „Фактор.бг“, повикувајќи се на црковни извори, посочува дека митрополитот Антониј доаѓа во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ. Бугарските меидуми потсетуваат и дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна“ средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА.

The post Рускиот митрополит Антониј доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан за нецелосното презентирање на титулата „архиепископ Охридски и Македонски” https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/badnikovi-povorki-mu-se-izvinija-na-g-g-stefan-za-netselosnoto-prezentirane-na-titulata-arhiepiskop-ohridski-i-makedonski/ Tue, 10 Jan 2023 22:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=595613

Ваше Блаженство, почитуван и сакан наш Архипастиру,

Соочувајќи се со Вашата реакција во јавноста, а во однос на нецелосното презентирање на Вашата титула „Архиепископот Охридски и Македонски” длабоко извинувајќи ви се како организатор на концертот, сакаме да Ве известиме дека се работи за ненамерен пропуст во составувањето на сценариото и воедно да отфрлиме секаква залонамерна предумисла.

Имено, како што внимателно испитавме и утврдивме, непосакуваниот пропуст настана во воведот на сценариото, односно во обраќањето на почетокот, од каде што потоа вашето скратено ословување се појави и на кајронот при Вашето обраќање, при што јавниот сервис МТВ нема никаква вина по однос на ова непредвидено искушение.

А дека се работи за ненамерен пропуст, докажува и тоа што во подоцнежниот дел од сценариото, и од страна на водителот, како и од страна на претставникот на нашето здружение, бевте посочени и повикани на сцената со Вашата полна титула: архиепископ Охридски и Македонски”.

Впрочем, топлиот дух на целата атмосфера, како и љубовта со која Ви се обраќавме – не само ние, туку и пејачката  на концертот, којашто во повеќе наврати Ви се обрати неформално но топло и срдечно – сведочи за нашата верност, посветеност и синовска почит кон Вас.

https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-bara-izvinuvane-od-mrt-na-kajronot-bil-pretstaven-bez-makedonski-mrtv-se-ogradi-na-toa-insistiral-organizatorot/

Ние како здружение, верно на нашата најсвета МПЦ-ОА, сме сигурни и постјани во љубовта и почитта кон Вас, Вашата личност, кон Вашето дело и кон местото на Претстојател на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Ние сме верници кои го почитуваат редот и поредокот во Црквата и не сакаме никого и со ништо да навредиме, а нашата љубов кон Вас, досега многупати, а вчера особено беше покажана пред лицето на јавноста не како нешто невистинито, туку како изблик на искрена љубов кон Вас од нашето срце. Всушност, и целиот наш волонтерски ангажман кон возобновувањето на автентичните православни традиции за празнувањето на Божик, со поворките и пеењето на преданиските текстови на каландите, е еден наш жртвен и макотрпен принос, но и дар за нашата Црква, како и за Вас како нејзин Поглавар.

Не сакаме оваа ненамерна ситуација да фрли сенка на сиот наш досегашен труд, на нашето уважување и љубов кон Вас. Особено не поради лошите намери на поединци, кои без никаков труд, сега сакаат со своето лошо  зборување и злонамерно расудување – правејќи проблем таму каде што го нема, да го урнат тоа што е очигледно – нашата ревност кон верата и преданијата на Црквата.

Примете го уште еднаш нашето длабоко извинување за ненамерниот пропуст.

Со прозби за Вашиот благослов и архипастирските молитви,

The post Бадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан за нецелосното презентирање на титулата „архиепископ Охридски и Македонски” appeared first on Република.

]]>

Ваше Блаженство, почитуван и сакан наш Архипастиру, Соочувајќи се со Вашата реакција во јавноста, а во однос на нецелосното презентирање на Вашата титула „Архиепископот Охридски и Македонски” длабоко извинувајќи ви се како организатор на концертот, сакаме да Ве известиме дека се работи за ненамерен пропуст во составувањето на сценариото и воедно да отфрлиме секаква залонамерна предумисла. Имено, како што внимателно испитавме и утврдивме, непосакуваниот пропуст настана во воведот на сценариото, односно во обраќањето на почетокот, од каде што потоа вашето скратено ословување се појави и на кајронот при Вашето обраќање, при што јавниот сервис МТВ нема никаква вина по однос на ова непредвидено искушение. А дека се работи за ненамерен пропуст, докажува и тоа што во подоцнежниот дел од сценариото, и од страна на водителот, како и од страна на претставникот на нашето здружение, бевте посочени и повикани на сцената со Вашата полна титула: архиепископ Охридски и Македонски”. Впрочем, топлиот дух на целата атмосфера, како и љубовта со која Ви се обраќавме – не само ние, туку и пејачката  на концертот, којашто во повеќе наврати Ви се обрати неформално но топло и срдечно – сведочи за нашата верност, посветеност и синовска почит кон Вас. https://republika.mk/vesti/makedonija/g-g-stefan-bara-izvinuvane-od-mrt-na-kajronot-bil-pretstaven-bez-makedonski-mrtv-se-ogradi-na-toa-insistiral-organizatorot/ Ние како здружение, верно на нашата најсвета МПЦ-ОА, сме сигурни и постјани во љубовта и почитта кон Вас, Вашата личност, кон Вашето дело и кон местото на Претстојател на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Ние сме верници кои го почитуваат редот и поредокот во Црквата и не сакаме никого и со ништо да навредиме, а нашата љубов кон Вас, досега многупати, а вчера особено беше покажана пред лицето на јавноста не како нешто невистинито, туку како изблик на искрена љубов кон Вас од нашето срце. Всушност, и целиот наш волонтерски ангажман кон возобновувањето на автентичните православни традиции за празнувањето на Божик, со поворките и пеењето на преданиските текстови на каландите, е еден наш жртвен и макотрпен принос, но и дар за нашата Црква, како и за Вас како нејзин Поглавар. Не сакаме оваа ненамерна ситуација да фрли сенка на сиот наш досегашен труд, на нашето уважување и љубов кон Вас. Особено не поради лошите намери на поединци, кои без никаков труд, сега сакаат со своето лошо  зборување и злонамерно расудување – правејќи проблем таму каде што го нема, да го урнат тоа што е очигледно – нашата ревност кон верата и преданијата на Црквата. Примете го уште еднаш нашето длабоко извинување за ненамерниот пропуст. Со прозби за Вашиот благослов и архипастирските молитви,

The post Бадникови поворки му се извинија на г.г. Стефан за нецелосното презентирање на титулата „архиепископ Охридски и Македонски” appeared first on Република.

]]>