Г-7 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g-7/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 17:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Г-7 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g-7/ 32 32 Г7 ја повика Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на Навални https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-ja-povika-rusija-tselosno-da-gi-razjasni-okolnostite-za-smrtta-na-navalni/ Sat, 17 Feb 2024 17:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=745208

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

-Тие го изразија своето огорчување поради смртта на Навални во затвор, „неправедно осуден за неговите легитимни политички активности и неговата борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, која во моментов претседава со Г7.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД денеска се сретнаа во Минхен.

Руската затворска служба објави дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал во петокот по прошетката во казнената колонија каде издржувал 30-годишна затворска казна.

The post Г7 ја повика Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска ја повикаа Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. -Тие го изразија своето огорчување поради смртта на Навални во затвор, „неправедно осуден за неговите легитимни политички активности и неговата борба против корупцијата“, се вели во соопштението на Италија, која во моментов претседава со Г7. Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД денеска се сретнаа во Минхен. Руската затворска служба објави дека 47-годишниот Навални се онесвестил и починал во петокот по прошетката во казнената колонија каде издржувал 30-годишна затворска казна.

The post Г7 ја повика Русија целосно да ги разјасни околностите за смртта на Навални appeared first on Република.

]]>
Г7 бара Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-bara-kina-da-izvrshi-pritisok-vrz-rusija-da-ja-zapre-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 19 Sep 2023 09:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=683104

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина, беше соопштено по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во соопштението, објавено од Министерството за надворешни работи на Јапонија, кое претседава со Г7, се наведува дека членките се надеваат дека Кина ќе инсистира на итно, целосно и безусловно повлекување на руските трупи од Украина.

Соопштението доаѓа додека директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји се во четиридневна посета на Русија, за време на која се очекува двете земји да ги подобрат политичките односи.

Земјите-членки на Г7, исто така, го поздравија учеството на Пекинг на состанокот во Џеда предводен од Украина и „дополнително ја охрабрија Кина да поддржи праведен и траен мир, вклучително и директен дијалог со Украина“, се вели во соопштението.

Во заедничката изјава на Г7 не се наведува ниту една земја, но се посочува дека членките „го повториле својот повик до трети страни да престанат со каква било помош за руската агресивна војна или ќе се соочат со големи трошоци“.

The post Г7 бара Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина, беше соопштено по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во соопштението, објавено од Министерството за надворешни работи на Јапонија, кое претседава со Г7, се наведува дека членките се надеваат дека Кина ќе инсистира на итно, целосно и безусловно повлекување на руските трупи од Украина. Соопштението доаѓа додека директорот на Канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји се во четиридневна посета на Русија, за време на која се очекува двете земји да ги подобрат политичките односи. Земјите-членки на Г7, исто така, го поздравија учеството на Пекинг на состанокот во Џеда предводен од Украина и „дополнително ја охрабрија Кина да поддржи праведен и траен мир, вклучително и директен дијалог со Украина“, се вели во соопштението. Во заедничката изјава на Г7 не се наведува ниту една земја, но се посочува дека членките „го повториле својот повик до трети страни да престанат со каква било помош за руската агресивна војна или ќе се соочат со големи трошоци“.

The post Г7 бара Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Г7 ќе испрати силна порака до Русија, на која и истекува времето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-ke-isprati-silna-poraka-do-rusija-na-koja-i-istekuva-vremeto/ Wed, 12 Jul 2023 11:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=660426

Долгорочниот ангажман за безбедноста на Украина, што денеска ќе го усвојат земјите од Г7, ќе и покаже на Русија дека времето работи против неа, изјави советничката за европски прашања во Белата куќа, Аманда Слоат.

Планот ќе и помогне на Украина да изгради војска, која ќе може да се одбрани и да го одврати секој иден напад, наведе Слоат, додавајќи оти се работи за „долгорочна инвестиција“.

Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Канада) ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од Самитот на НАТО во Вилнус и ќе презентираат пакет кој содржи безбедносни гаранции.

 

The post Г7 ќе испрати силна порака до Русија, на која и истекува времето appeared first on Република.

]]>

Долгорочниот ангажман за безбедноста на Украина, што денеска ќе го усвојат земјите од Г7, ќе и покаже на Русија дека времето работи против неа, изјави советничката за европски прашања во Белата куќа, Аманда Слоат.
Планот ќе и помогне на Украина да изгради војска, која ќе може да се одбрани и да го одврати секој иден напад, наведе Слоат, додавајќи оти се работи за „долгорочна инвестиција“.
Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Канада) ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од Самитот на НАТО во Вилнус и ќе презентираат пакет кој содржи безбедносни гаранции.  

The post Г7 ќе испрати силна порака до Русија, на која и истекува времето appeared first on Република.

]]>
Г7 со нови санкции за руските дијаманти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-so-novi-sanktsii-za-ruskite-dijamanti/ Fri, 19 May 2023 11:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=642647

Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина.

Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со кои се финансира војната во Украина.

Новите санкции се насочени кон руските дијаманти, но во заедничката изјава не се наведе детали за функционирање на мерките.

Според извори од ЕУ, ќе се користи технологија за трагање по дијаманти со која ќе се спречи руските дијаманти да се препродаваат преку други земји како Индија или Обединетите Арапски Емирати.

Трговијата со руски дијаманти во ЕУ веќе е намалена за околу 80 проценти, како резултат на доброволни обврски. Но, сè уште нема формални ограничувања на ЕУ за руските дијаманти, делумно поради отпорот на Белгија, главниот глобален центар за трговија со дијаманти.

Русија е најголемиот светски производител на небрусени дијаманти. Трговијата со скапоцени камења е важна индустрија за земјата и значаен извор на приход. Руската државната групација за ископување дијаманти „Алроса“ во 2021 година имаше приходи од 332 милијарди рубљи (околу четири милијарди долари).

The post Г7 со нови санкции за руските дијаманти appeared first on Република.

]]>

Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина. Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со кои се финансира војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руските дијаманти, но во заедничката изјава не се наведе детали за функционирање на мерките. Според извори од ЕУ, ќе се користи технологија за трагање по дијаманти со која ќе се спречи руските дијаманти да се препродаваат преку други земји како Индија или Обединетите Арапски Емирати. Трговијата со руски дијаманти во ЕУ веќе е намалена за околу 80 проценти, како резултат на доброволни обврски. Но, сè уште нема формални ограничувања на ЕУ за руските дијаманти, делумно поради отпорот на Белгија, главниот глобален центар за трговија со дијаманти. Русија е најголемиот светски производител на небрусени дијаманти. Трговијата со скапоцени камења е важна индустрија за земјата и значаен извор на приход. Руската државната групација за ископување дијаманти „Алроса“ во 2021 година имаше приходи од 332 милијарди рубљи (околу четири милијарди долари).

The post Г7 со нови санкции за руските дијаманти appeared first on Република.

]]>
Г7: Зајакнување на напорите да се спречи Русија да профитира од војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-zajaknuvanje-na-naporite-da-se-sprechi-rusija-da-profitira-od-vojnata/ Thu, 15 Sep 2022 15:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=551127

Министрите за трговија на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7 денеска на состанокот во Германија најавија дека сакаат да ги зајакнат напорите да ја спречат Русија економски да „профитира” од војната во Украина.

„Ќе ги одржиме и интензивираме координираните напори за да ја спречиме Русија да профитира од нејзината нелегална агресија и да ја намалиме нејзината способност да ја продолжи војната“, изјавија министрите по дводневниот состанок.

На средбата се разговарало и за финансиски механизам наменет за обединување на приватните и на јавните фондови за обнова на Украина по завршувањето на војната.

„Ние сме во геополитичка ситуација кога идејата за глобална трговија за подобрување на животот на луѓето е ставена на тест“, рече германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој претседаваше со состанокот што се одржуваше во замокот Нојхарденберг во источна Германија.

Во соопштението објавено на крајот од дводневниот состанок, министрите изразуваат залагање за „диверзификација“ на меѓусебните трговски односи, во услови на сè понапната геополитичка средина.

„Ние, министрите за трговија на Г7, нагласуваме дека диверзификацијата на трговијата и проширувањето на трговските односи се од суштинско значење за подобрување на отпорноста и одржливоста на нашите економии“, изјавија министрите најавувајќи зајакната трговска политика кон Кина.

„Кина е една од нашите грижи, во смисол на нарушувањето на конкуренцијата, субвенциите за индустриите и транспарентноста“, рече пред медиумите еврокомесарот за трговија, Валдис Домбровскис.

Групата Г7 ја сочинуваат Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Јапонија, САД и Канада.

The post Г7: Зајакнување на напорите да се спречи Русија да профитира од војната appeared first on Република.

]]>

Министрите за трговија на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7 денеска на состанокот во Германија најавија дека сакаат да ги зајакнат напорите да ја спречат Русија економски да „профитира” од војната во Украина. „Ќе ги одржиме и интензивираме координираните напори за да ја спречиме Русија да профитира од нејзината нелегална агресија и да ја намалиме нејзината способност да ја продолжи војната“, изјавија министрите по дводневниот состанок. На средбата се разговарало и за финансиски механизам наменет за обединување на приватните и на јавните фондови за обнова на Украина по завршувањето на војната. „Ние сме во геополитичка ситуација кога идејата за глобална трговија за подобрување на животот на луѓето е ставена на тест“, рече германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој претседаваше со состанокот што се одржуваше во замокот Нојхарденберг во источна Германија. Во соопштението објавено на крајот од дводневниот состанок, министрите изразуваат залагање за „диверзификација“ на меѓусебните трговски односи, во услови на сè понапната геополитичка средина. „Ние, министрите за трговија на Г7, нагласуваме дека диверзификацијата на трговијата и проширувањето на трговските односи се од суштинско значење за подобрување на отпорноста и одржливоста на нашите економии“, изјавија министрите најавувајќи зајакната трговска политика кон Кина. „Кина е една од нашите грижи, во смисол на нарушувањето на конкуренцијата, субвенциите за индустриите и транспарентноста“, рече пред медиумите еврокомесарот за трговија, Валдис Домбровскис. Групата Г7 ја сочинуваат Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Јапонија, САД и Канада.

The post Г7: Зајакнување на напорите да се спречи Русија да профитира од војната appeared first on Република.

]]>
Г-7 се обврза на поголема воена и финансиска помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g-7-se-obvrza-na-pogolema-voena-i-finansiska-pomosh-za-ukraina/ Mon, 27 Jun 2022 13:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=520326

Лидерите на земјите-членки на Г-7 во заедничка изјава се обврзаа дека ќе „продолжат да пружаат воена, финансиска, хуманитарна и дипломатска помош“ на Украина „колку што ќе биде потребно“.

На Самитот што се одржува во Германија, Г-7 го потврди своето единство и согласност за зголемен притисок врз Русија поради војната во Украина, поради што, како што тврдат, цените на енергенсите и храната нагло пораснале во целиот свет. Поради тоа Г-7 денеска ја повика Русија да дозволи извоз на жито од Украина, за да се избегне дополнително влошување на кризата со храна.

Од Русија исто така се бара „итно и безусловно да ги прекине нападите врз земјоделската и транспортната инфраструктура и да дозволи слободен премин на земјоделски производи од украинските пристаништа на Црното Море“.

Во заедничката изјава на Г-7 се изразува „голема загриженост“ поради најавата руски ракети што можат да носат нуклеарни боеви глави ќе бидат распоредени во Белорусија. Исто така се бара ослободување на Украинците кои насилно се однесени во Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер објави дека Г-7 ќе продолжи да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин.

Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е време да се преговара со Русија и дека Украина прво треба да ги консолидира своите позиции. Тој повика на целосна поддршка за неговата земја за да може да се врати територијалниот интегритет.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон истакна дека за сè што се однесува на Украина ќе се решава заедно со Киев односно кога ќе почнат преговорите.

The post Г-7 се обврза на поголема воена и финансиска помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Лидерите на земјите-членки на Г-7 во заедничка изјава се обврзаа дека ќе „продолжат да пружаат воена, финансиска, хуманитарна и дипломатска помош“ на Украина „колку што ќе биде потребно“. На Самитот што се одржува во Германија, Г-7 го потврди своето единство и согласност за зголемен притисок врз Русија поради војната во Украина, поради што, како што тврдат, цените на енергенсите и храната нагло пораснале во целиот свет. Поради тоа Г-7 денеска ја повика Русија да дозволи извоз на жито од Украина, за да се избегне дополнително влошување на кризата со храна. Од Русија исто така се бара „итно и безусловно да ги прекине нападите врз земјоделската и транспортната инфраструктура и да дозволи слободен премин на земјоделски производи од украинските пристаништа на Црното Море“. Во заедничката изјава на Г-7 се изразува „голема загриженост“ поради најавата руски ракети што можат да носат нуклеарни боеви глави ќе бидат распоредени во Белорусија. Исто така се бара ослободување на Украинците кои насилно се однесени во Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер објави дека Г-7 ќе продолжи да врши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин. Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не е време да се преговара со Русија и дека Украина прво треба да ги консолидира своите позиции. Тој повика на целосна поддршка за неговата земја за да може да се врати територијалниот интегритет. Претседателот на Франција, Емануел Макрон истакна дека за сè што се однесува на Украина ќе се решава заедно со Киев односно кога ќе почнат преговорите.

The post Г-7 се обврза на поголема воена и финансиска помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Лидерите на Г-7 загрижени од планот за испорака на руски нуклеарни ракети во Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderite-na-g-7-zagrizeni-od-planot-za-isporaka-na-ruski-nuklearni-raketi-vo-belorusija/ Mon, 27 Jun 2022 12:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=520281

Лидерите на Г7 изразија „сериозна загриженост“ поради најавата на Русија дека може да пренесе ракети со нуклеарно полнење во Белорусија, јави ДПА.

Во заедничката изјава од вториот ден на тридневниот самит во Баварските Алпи, лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД соопштија дека ја осудуваат „неоправданата употреба на нуклеарна реторика и сигнализација од страна на Русија .

„Русија мора да ги почитува своите меѓународни обврски, вклучително и оние кои забрануваат употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје“, се наведува во соопштението.

„Ја повикуваме Русија да се однесува одговорно и да покаже воздржаност, и повторуваме дека секоја употреба на такво оружје би била неприфатлива и ќе има тешки последици“, наведуваат лидерите на Г7 во заедничката изјава пренесдена од ДПА.

Коментарите доаѓаат откако претседателот Владимир Путин, наводно, му рекол на белорускиот лидер Александар Лукашенко, неговиот најблизок сојузник во војната против Украина, дека Русија во следните неколку месеци на белорусија ќе и испорача проектили способни да носат нуклеарни боеви глави, јави ДПА.

The post Лидерите на Г-7 загрижени од планот за испорака на руски нуклеарни ракети во Белорусија appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Г7 изразија „сериозна загриженост“ поради најавата на Русија дека може да пренесе ракети со нуклеарно полнење во Белорусија, јави ДПА. Во заедничката изјава од вториот ден на тридневниот самит во Баварските Алпи, лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД соопштија дека ја осудуваат „неоправданата употреба на нуклеарна реторика и сигнализација од страна на Русија .
„Русија мора да ги почитува своите меѓународни обврски, вклучително и оние кои забрануваат употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје“, се наведува во соопштението.
„Ја повикуваме Русија да се однесува одговорно и да покаже воздржаност, и повторуваме дека секоја употреба на такво оружје би била неприфатлива и ќе има тешки последици“, наведуваат лидерите на Г7 во заедничката изјава пренесдена од ДПА. Коментарите доаѓаат откако претседателот Владимир Путин, наводно, му рекол на белорускиот лидер Александар Лукашенко, неговиот најблизок сојузник во војната против Украина, дека Русија во следните неколку месеци на белорусија ќе и испорача проектили способни да носат нуклеарни боеви глави, јави ДПА.

The post Лидерите на Г-7 загрижени од планот за испорака на руски нуклеарни ракети во Белорусија appeared first on Република.

]]>
Активистите маскирани како лидерите на Г-7: Масовни протести за самитот на најравиените земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aktivistite-maskirani-kako-liderite-na-g-7-masovni-protesti-za-samitot-na-najravienite-zemji/ Sun, 26 Jun 2022 15:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=519935

Активисти облечени како лидерите на Групата Г-7, одржаа протест на градскиот плоштад во Гармиш-Партенкирхен, во близина на местото на одржување на самитот.

Носејќи традиционална баварска облека и огромни маски кои потсетуваат на главите на американскиот претседател Џозеф Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери, активистите се преправаа дека ја „печат“ планетата Земја на почетокот на самитот, пренесе АП.

Очекуваме јасен сигнал дека ќе ги исполнат своите обврски од Парискиот договор и ќе направат јасни подобрувања кога станува збор за заштитата на климата - порача Шарлот Бекер од организацијата за борба против сиромаштијата „Оксфам“.

Невладината организација, исто така, бара воведување данок на вишокот на добивка заработен за време на пандемијата на корона вирусот, што според неа, ќе донесе стотици милијарди долари.

Парите треба да се искористат за борба против сиромаштијата и гладот ​​ширум светот - се вели во соопштението.

Полицијата распореди илјадници полицајци околу местото на одржување на самитот во баварското село Елмау, во блискиот Гармиш-Партенкирхен и во Минхен.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=-2W14zJCIT8&feature=emb_title

The post Активистите маскирани како лидерите на Г-7: Масовни протести за самитот на најравиените земји appeared first on Република.

]]>

Активисти облечени како лидерите на Групата Г-7, одржаа протест на градскиот плоштад во Гармиш-Партенкирхен, во близина на местото на одржување на самитот. Носејќи традиционална баварска облека и огромни маски кои потсетуваат на главите на американскиот претседател Џозеф Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц и други лидери, активистите се преправаа дека ја „печат“ планетата Земја на почетокот на самитот, пренесе АП.
Очекуваме јасен сигнал дека ќе ги исполнат своите обврски од Парискиот договор и ќе направат јасни подобрувања кога станува збор за заштитата на климата - порача Шарлот Бекер од организацијата за борба против сиромаштијата „Оксфам“.
Невладината организација, исто така, бара воведување данок на вишокот на добивка заработен за време на пандемијата на корона вирусот, што според неа, ќе донесе стотици милијарди долари.
Парите треба да се искористат за борба против сиромаштијата и гладот ​​ширум светот - се вели во соопштението.
Полицијата распореди илјадници полицајци околу местото на одржување на самитот во баварското село Елмау, во блискиот Гармиш-Партенкирхен и во Минхен. https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=-2W14zJCIT8&feature=emb_title

The post Активистите маскирани како лидерите на Г-7: Масовни протести за самитот на најравиените земји appeared first on Република.

]]>
Германија домаќин на самит на лидери на Г-7 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-domakjin-na-samit-na-lideri-na-g-7/ Sun, 26 Jun 2022 11:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=519838

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги пречекува лидерите на групата најразвиени светски демократии на почетокот на тридневниот самит на Баварските Алпи, во сенка на војната во Украина и нејзините последици како што се поскапувањето на енергенсите и храната.

Самитот се одржува во Елмау, со многу помрачен тон отколку кога лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД се состанаа за првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 минатата година.

Глобалниот пораст на цените на енергијата и храната, една од последиците на војната во Украина, негативно влијае на економскиот раст.

Се очекува лидерите на Г-7 да покажат единство во поддршката на Украина и да продолжат да вршат притисок врз Кремљ онолку долго колку што е потребно, иако ќе избегнат санкции кои би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го отежнат животот на нивните граѓани.

Главната порака треба да биде да се држиме заедно дури и во тешки времиња - најави претставникот на ЕУ.

На самитот се очекува лидерите на Г-7 да договорат забрана за увоз на злато од Русија. Тие, исто така, ќе разговараат за мерките за спречување на порастот на цените и за замена за руската нафта и гас.

The post Германија домаќин на самит на лидери на Г-7 appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги пречекува лидерите на групата најразвиени светски демократии на почетокот на тридневниот самит на Баварските Алпи, во сенка на војната во Украина и нејзините последици како што се поскапувањето на енергенсите и храната. Самитот се одржува во Елмау, со многу помрачен тон отколку кога лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД се состанаа за првпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19 минатата година. Глобалниот пораст на цените на енергијата и храната, една од последиците на војната во Украина, негативно влијае на економскиот раст. Се очекува лидерите на Г-7 да покажат единство во поддршката на Украина и да продолжат да вршат притисок врз Кремљ онолку долго колку што е потребно, иако ќе избегнат санкции кои би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го отежнат животот на нивните граѓани.
Главната порака треба да биде да се држиме заедно дури и во тешки времиња - најави претставникот на ЕУ.
На самитот се очекува лидерите на Г-7 да договорат забрана за увоз на злато од Русија. Тие, исто така, ќе разговараат за мерките за спречување на порастот на цените и за замена за руската нафта и гас.

The post Германија домаќин на самит на лидери на Г-7 appeared first on Република.

]]>
Во Минхен марш против Г-7 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-minhen-marsh-protiv-g-7/ Sat, 25 Jun 2022 14:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=519652

Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир во Минхен пред одржувањето на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) и побараа повеќе да се направи во борбата против климатските промени.

Собирот е одржан на повик на околу 15 невладини организации за заштита на животната средина и борба против нееднаквоста.

Организаторите на собирот очекуваа учество на околу 20.000 луѓе, додека според минхенската полиција учествувале од 3.500 до 4.000 лица.

Активистите носеа транспаренти на кои пишуваше „Имаме само една планета“ или „Нема повеќе обновливи извори на енергија“.

Самитот на Г-7 почнува утре во Елмау, Баварија и ќе трае до 28 јуни.

Земји-членки на Г-7 се САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

The post Во Минхен марш против Г-7 appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади луѓе учествуваа на денешниот собир во Минхен пред одржувањето на Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) и побараа повеќе да се направи во борбата против климатските промени. Собирот е одржан на повик на околу 15 невладини организации за заштита на животната средина и борба против нееднаквоста. Организаторите на собирот очекуваа учество на околу 20.000 луѓе, додека според минхенската полиција учествувале од 3.500 до 4.000 лица. Активистите носеа транспаренти на кои пишуваше „Имаме само една планета“ или „Нема повеќе обновливи извори на енергија“. Самитот на Г-7 почнува утре во Елмау, Баварија и ќе трае до 28 јуни. Земји-членки на Г-7 се САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

The post Во Минхен марш против Г-7 appeared first on Република.

]]>
Средба на Г7 во Германија, ќе се бара решение за украинската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sredba-na-g7-vo-germanija-kje-se-bara-reshenie-za-ukrainskata-ekonomija/ Thu, 19 May 2022 07:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=504177

Партнерите од Г7 денеска треба да имаат средба во Германија, каде ќе бараат решение за украинската економија, опустошена од војната, јави Би-би-си.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека досега ветената поддршка, „нема да биде доволна да ги покрие потребите на Украина, дури ни на краток период“.

Јелен, која ќе биде присутна на средбата во Коенигсвинтер, ги повика американските партнери да „се приклучат во зголемување на нивната финансиска поддршка“ за Украина.

Руската инвазија ги уништи украинските финансии. САД продолжија со пакет помош од 40 милијарди долари за зајакнување на касата и воените резерви на Киев. Но, најголемата светска економија се соочува со сопствени предизвици дома, со пораст на инфлацијата, додека се зголемуваат стравувањата оти земјата може да оди кон рецесија. Европа се соочува со слична ситуација, а големата зависност на континентот од рускиот увоз на енергија, остава изложеност на понатамошни поскапувања на горивото, или потенцијални нарушувања во снабдувањето.

The post Средба на Г7 во Германија, ќе се бара решение за украинската економија appeared first on Република.

]]>

Партнерите од Г7 денеска треба да имаат средба во Германија, каде ќе бараат решение за украинската економија, опустошена од војната, јави Би-би-си. Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека досега ветената поддршка, „нема да биде доволна да ги покрие потребите на Украина, дури ни на краток период“. Јелен, која ќе биде присутна на средбата во Коенигсвинтер, ги повика американските партнери да „се приклучат во зголемување на нивната финансиска поддршка“ за Украина. Руската инвазија ги уништи украинските финансии. САД продолжија со пакет помош од 40 милијарди долари за зајакнување на касата и воените резерви на Киев. Но, најголемата светска економија се соочува со сопствени предизвици дома, со пораст на инфлацијата, додека се зголемуваат стравувањата оти земјата може да оди кон рецесија. Европа се соочува со слична ситуација, а големата зависност на континентот од рускиот увоз на енергија, остава изложеност на понатамошни поскапувања на горивото, или потенцијални нарушувања во снабдувањето.

The post Средба на Г7 во Германија, ќе се бара решение за украинската економија appeared first on Република.

]]>