Г-20 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g-20/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 09:19:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Г-20 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/g-20/ 32 32 Израел ја критикувa нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-ja-kritikuva-natsrt-zavrshnata-deklaratsija-od-pretstojniot-samit-na-g-20-vo-brazil/ Sun, 17 Nov 2024 09:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=838742

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, го критикуваше нацртот на завршната декларација на претстојниот самит на Г-20 во Бразил, нарекувајќи го текстот „неурамнотежен и пристрасен“, јави ДПА.

Саар на социјалната мрежа „Х“ изјави дека деновиве се јавил на неколку свои колеги од земјите на Г-20 и го изразил своето незадоволство од проектот пред дводневниот состанок што почнува утре во Рио де Жанеиро.

Им изјавив на моите колеги дека сеопфатната изјава за конфликтот во нашиот регион мора да вклучува признавање на правото на Израел да се брани, барање за ослободување на сите заложници кои ги држат терористите на Хамас повеќе од 400 дена во ужасни услови и осуда на Хамас и Хезболах, рече тој.

Според неговите зборови, секоја изјава што не се однесува на овие теми „ќе им наштети на мирот и безбедноста и само ќе го охрабри Иран и неговите полномошници да продолжат да предизвикуваат нестабилност на Блискиот Исток“.

Израел не е членка на Г-20, а Саудиска Арабија е единствената арапска земја која е дел од овој формат, забележува ДПА.

The post Израел ја критикувa нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, го критикуваше нацртот на завршната декларација на претстојниот самит на Г-20 во Бразил, нарекувајќи го текстот „неурамнотежен и пристрасен“, јави ДПА. Саар на социјалната мрежа „Х“ изјави дека деновиве се јавил на неколку свои колеги од земјите на Г-20 и го изразил своето незадоволство од проектот пред дводневниот состанок што почнува утре во Рио де Жанеиро.
Им изјавив на моите колеги дека сеопфатната изјава за конфликтот во нашиот регион мора да вклучува признавање на правото на Израел да се брани, барање за ослободување на сите заложници кои ги држат терористите на Хамас повеќе од 400 дена во ужасни услови и осуда на Хамас и Хезболах, рече тој.
Според неговите зборови, секоја изјава што не се однесува на овие теми „ќе им наштети на мирот и безбедноста и само ќе го охрабри Иран и неговите полномошници да продолжат да предизвикуваат нестабилност на Блискиот Исток“. Израел не е членка на Г-20, а Саудиска Арабија е единствената арапска земја која е дел од овој формат, забележува ДПА.

The post Израел ја критикувa нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил appeared first on Република.

]]>
Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-g-20-ne-postignaa-dogovor-za-namaluvane-na-fosilnite-goriva-a-ni-za-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 22 Jul 2023 16:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=664270

Членките на групата Г20 не успеаја да постигнат консензус за постепено укинување на фосилните горива на состанокот во Индија денеска по приговорите на некои земји. Научниците и активистите се револтирани што меѓународните тела го одложуваат спроведувањето на мерките насочени кон спречување на глобалното затоплување. Во исто време, екстремните временски услови од Кина до САД укажуваат на климатската криза со која се соочува светот.

Енергетските претставници на членките на Г-20 требаше да дадат заедничка изјава на крајот на четиридневната средба во Бамболин, град во индиската крајбрежна држава Гоа, но на крајот тие се откажаа од тоа поради меѓусебно несогласување за повеќе прашања. Еден од нив е планираното тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година.

Консензус не беше постигнат ниту во однос на напорите развиените земји до 2025 година да собираат 100 милијарди долари годишно за климатски активности наменети за економиите во развој. Не можеа ни да се договорат за војната во Украина.

Упатени извори велат дека целодневната дискусија главно се однесувала на употребата на фосилни горива, но надлежните не успеале да постигнат консензус кога станува збор за нивната намалена употреба.

Индискиот министер за енергетика Р.К. Синг на брифингот за печатот по конференцијата изјави дека некои земји сакаат да ги искористат предностите од задржувањето на јаглерод диоксид од атмосферата наместо да работат на постепено исфрлање на фосилните горива.

Екстракција и складирање на јаглерод диоксид е технологија чија цел е да ги намали емисиите на CO2, создадени со употреба на фосилни извори на енергија, во атмосферата. На овој начин се ублажува влијанието на употребата на фосилни горива врз глобалното затоплување. Синг не откри за кои земји станува збор.

Но, познато е дека главните производители на фосилни горива - Саудиска Арабија, Русија, Кина, Јужна Африка и Индонезија се против целта за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

The post Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Членките на групата Г20 не успеаја да постигнат консензус за постепено укинување на фосилните горива на состанокот во Индија денеска по приговорите на некои земји. Научниците и активистите се револтирани што меѓународните тела го одложуваат спроведувањето на мерките насочени кон спречување на глобалното затоплување. Во исто време, екстремните временски услови од Кина до САД укажуваат на климатската криза со која се соочува светот. Енергетските претставници на членките на Г-20 требаше да дадат заедничка изјава на крајот на четиридневната средба во Бамболин, град во индиската крајбрежна држава Гоа, но на крајот тие се откажаа од тоа поради меѓусебно несогласување за повеќе прашања. Еден од нив е планираното тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година. Консензус не беше постигнат ниту во однос на напорите развиените земји до 2025 година да собираат 100 милијарди долари годишно за климатски активности наменети за економиите во развој. Не можеа ни да се договорат за војната во Украина. Упатени извори велат дека целодневната дискусија главно се однесувала на употребата на фосилни горива, но надлежните не успеале да постигнат консензус кога станува збор за нивната намалена употреба. Индискиот министер за енергетика Р.К. Синг на брифингот за печатот по конференцијата изјави дека некои земји сакаат да ги искористат предностите од задржувањето на јаглерод диоксид од атмосферата наместо да работат на постепено исфрлање на фосилните горива. Екстракција и складирање на јаглерод диоксид е технологија чија цел е да ги намали емисиите на CO2, создадени со употреба на фосилни извори на енергија, во атмосферата. На овој начин се ублажува влијанието на употребата на фосилни горива врз глобалното затоплување. Синг не откри за кои земји станува збор. Но, познато е дека главните производители на фосилни горива - Саудиска Арабија, Русија, Кина, Јужна Африка и Индонезија се против целта за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

The post Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetskite-lideri-deneska-i-utre-na-samitot-na-g-20-vo-bali/ Tue, 15 Nov 2022 07:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=573906

Светските лидери денеска и утре се среќаваат на годишниот самит на Г-20 на индонезискиот остров Бали.

Главната цел е да и се помогне на економијата да се опорави по коронавирусот, но тензиите околу војната во Украина би можеле да бидат попречувачки фактор, објави Би-Би-Си.

Г-20 е клуб на земји кои се состануваат за да разговараат за плановите за глобалната економија.

Земјите од Г-20 сочинуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија.

Во нив живеат две третини од светската популација.

Членки на Г-20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел.

Шпанија е секогаш поканета како гостин.

Прашањата за кои дискутираат лидерите на Г-20 се движат од економија до климатски промени, одржлива енергија, меѓународно олеснување на долгот и оданочување на мултинационалните корпорации.

Секоја година, различна земја-членка на Г-20 го презема претседавањето и ја поставува агендата за состаноците.

Како претседавач во 2022 година, Индонезија сака самитот на Бали да се фокусира на глобалните здравствени мерки и постпандемиското економско закрепнување.

Исто така, сака да го промовира усвојувањето на стратегија за одржлива енергија.

Самитот е и можност лидерите на земјите да одржат билатерални средби.

Пред самитот, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг одржаа тричасовен состанок во понеделникот и порачаа дека никогаш не треба да се води нуклеарна војна.

Тоа беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател.

Бајден и Си истакнаа дека не може да има победници во нуклеарна војна и го нагласија своето противење на употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина.

Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Г-20 поради нејзината инвазија на Украина.

Индонезиската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот, а руската делегација ќе ја предводи шефот на дипломатијата на таа земја Сергеј Лавров.

The post Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали appeared first on Република.

]]>

Светските лидери денеска и утре се среќаваат на годишниот самит на Г-20 на индонезискиот остров Бали. Главната цел е да и се помогне на економијата да се опорави по коронавирусот, но тензиите околу војната во Украина би можеле да бидат попречувачки фактор, објави Би-Би-Си. Г-20 е клуб на земји кои се состануваат за да разговараат за плановите за глобалната економија. Земјите од Г-20 сочинуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија. Во нив живеат две третини од светската популација. Членки на Г-20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел. Шпанија е секогаш поканета како гостин. Прашањата за кои дискутираат лидерите на Г-20 се движат од економија до климатски промени, одржлива енергија, меѓународно олеснување на долгот и оданочување на мултинационалните корпорации. Секоја година, различна земја-членка на Г-20 го презема претседавањето и ја поставува агендата за состаноците. Како претседавач во 2022 година, Индонезија сака самитот на Бали да се фокусира на глобалните здравствени мерки и постпандемиското економско закрепнување. Исто така, сака да го промовира усвојувањето на стратегија за одржлива енергија. Самитот е и можност лидерите на земјите да одржат билатерални средби. Пред самитот, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг одржаа тричасовен состанок во понеделникот и порачаа дека никогаш не треба да се води нуклеарна војна. Тоа беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател. Бајден и Си истакнаа дека не може да има победници во нуклеарна војна и го нагласија своето противење на употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина. Министерството за надворешни работи на Украина побара Русија да биде исклучена од Г-20 поради нејзината инвазија на Украина. Индонезиската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот, а руската делегација ќе ја предводи шефот на дипломатијата на таа земја Сергеј Лавров.

The post Светските лидери денеска и утре на самитот на Г-20 во Бали appeared first on Република.

]]>
Захарова: Западот не успеа да ја изолира Русија на Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-zapadot-ne-uspea-da-ja-izolira-rusija-na-g20/ Sat, 09 Jul 2022 16:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=526332

Западните земји не успеаја да наметнат бојкот кон Русија на состанокот на Г-20 во Индонезија, рече вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова по повод состанокот на кој жестоко беше критикувана руската инвазија на Украина.

„Планот на Г7 за бојкот на Русија на Г-20 не успеа. Никој не ги поддржа западните режими“, напиша Захарова на Телеграм.

Захарова, исто така, негираше дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги бојкотирал состаноците за време на самитот на Г-20 на Бали, иако учесниците рекоа дека рускиот министер напуштил неколку сесии на кои била критикувана воената интервенција на Москва во Украина.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Лавров голем дел од преговорите поминал надвор од просторијата, што според неа е доказ дека тој не е „заинтересиран за меѓународна соработка“.

„Каков тотален апсурд“, возврати Захарова, реагирајќи на критиките на германската министерка, наведувајќи дека Лавров присуствувал на состаноците во главната сала пред да има билатерални средби со колеги од други земји.

„Германските граѓани треба да знаат дека нивната министерка за надворешни работи ги лаже“, додаде Захарова.

Состанокот на Г-20, кој е подготовка за самитот на шефови на држави и влади на Бали во ноември, беше обележан со лавина критики за офанзивата што Русија од февруари ја спроведува во Украина.

Иако на состанокот не беше донесена конкретна одлука, учесниците сепак изразија длабока загриженост за хуманитарните последици од војната во Украина, изјави индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди на затворањето на состанокот.

Поради конфликтот во Украина, Русија е под строги економски санкции од Западот и зголемена дипломатска изолација.

The post Захарова: Западот не успеа да ја изолира Русија на Г20 appeared first on Република.

]]>

Западните земји не успеаја да наметнат бојкот кон Русија на состанокот на Г-20 во Индонезија, рече вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова по повод состанокот на кој жестоко беше критикувана руската инвазија на Украина.
„Планот на Г7 за бојкот на Русија на Г-20 не успеа. Никој не ги поддржа западните режими“, напиша Захарова на Телеграм.
Захарова, исто така, негираше дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги бојкотирал состаноците за време на самитот на Г-20 на Бали, иако учесниците рекоа дека рускиот министер напуштил неколку сесии на кои била критикувана воената интервенција на Москва во Украина. Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Лавров голем дел од преговорите поминал надвор од просторијата, што според неа е доказ дека тој не е „заинтересиран за меѓународна соработка“.
„Каков тотален апсурд“, возврати Захарова, реагирајќи на критиките на германската министерка, наведувајќи дека Лавров присуствувал на состаноците во главната сала пред да има билатерални средби со колеги од други земји.
„Германските граѓани треба да знаат дека нивната министерка за надворешни работи ги лаже“, додаде Захарова. Состанокот на Г-20, кој е подготовка за самитот на шефови на држави и влади на Бали во ноември, беше обележан со лавина критики за офанзивата што Русија од февруари ја спроведува во Украина. Иако на состанокот не беше донесена конкретна одлука, учесниците сепак изразија длабока загриженост за хуманитарните последици од војната во Украина, изјави индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди на затворањето на состанокот. Поради конфликтот во Украина, Русија е под строги економски санкции од Западот и зголемена дипломатска изолација.

The post Захарова: Западот не успеа да ја изолира Русија на Г20 appeared first on Република.

]]>
Лавров им се налути на западните колеги на самитот Г-20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-im-se-naluti-na-zapadnite-kolegi-na-samitot-g-20/ Fri, 08 Jul 2022 09:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=525810

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остро ги критикуваше изјавите на неговите колеги од Запад на Самитот Г-20 во Индонезија, обвинувајќи ги дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија“ нарекувајќи ги Русите „агресори, окупатори и освојувачи”.

Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г-20, а тоа е глобалната економија. Разговорот отстапи од темата кога западните дипломати почнаа со налудничави критики кон Руската Федерација поврзани со ситуацијата во Украина - изјави Лавров.

The post Лавров им се налути на западните колеги на самитот Г-20 appeared first on Република.

Путин потврди дека ќе учествува на самитот на Г-20 во Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-potvrdi-deka-kje-uchestvuva-na-samitot-na-g-20-vo-indonezija/ Mon, 27 Jun 2022 15:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=520384

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на Индонезија да учествува на самитот Г-20, но форматот на учество сè уште се разјаснува, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков, цитиран од Тасс.

Да, потврдивме дека нашето учество е планирано- изјави Ушаков.

Тој, сепак, не можеше да одговори на прашањето дали рускиот претседател ќе учествува лично или преку видео врска.

Не знам, засега е поканет за лично да учествува, но има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе дозволи овој важен форум да се одржи лично, но едноставно се плашам да нагаѓам - кажа советникот на Путин.

The post Путин потврди дека ќе учествува на самитот на Г-20 во Индонезија appeared first on Република.

Претседавачот на Г-20 следната недела ќе отпатува во Киев и во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedavachot-na-g-20-slednata-nedela-kje-otpatuva-vo-kiev-i-vo-moskva/ Wed, 22 Jun 2022 11:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=518418

Индонезискиот претседател и актуелен претседавач на групата Г-20, Џоко Видодо, следната недела ќе ги посети Киев и Москва, со цел да придонесе за мирно решение на нивниот конфликт, објави министерот за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди.

Војната во Украина го стави состанокот на Групата 20 (Г-20) на најголемите светски економии во Џакарта оваа година во втор план. Индонезија се обидува да ги обедини членките, при што се спротивставува на притисокот од западните земји кои се закануваат со бојкот на самитот во ноември и повикуваат и се залагаат за исклучување на Русија - порача Марсуди, пренесува „Ројтерс“.

The post Претседавачот на Г-20 следната недела ќе отпатува во Киев и во Москва appeared first on Република.

Путин ја прифати поканата за учество на Самитот Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-ja-prifati-pokanata-za-uchestvo-na-samitot-g20/ Fri, 29 Apr 2022 13:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=495403

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да присуствува на самитот Г-20 што ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември, изјави претседателот на земјата Јоко Видодо.

Индонезија сака да ги обедини Г20. Не дозволувајте да дојде до раскол. Мирот и стабилноста се клучот за закрепнување и развој на светската економија“, се вели во изјавата на Видодо од Кабинетот на Индонезија.

Видодо, исто така, претходно оваа недела упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер напиша дека е „благодарен“ за поканата, но не прецизира дали ќе присуствува на самитот.

Претходно оваа недела, Видодо разговарал со Путин и Зеленски во одвоени телефонски разговори, за време на кои тој му ја пренел на Путин важноста од „итно“ завршување на војната во Украина и желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот, се вели во соопштението.

Видодо рече дека му ја пренел на Зеленски подготвеноста на Индонезија да обезбеди хуманитарна помош за Украина, но не и воена помош, што според него е забрането со уставот на Индонезија и нејзините принципи на надворешната политика, објави Си-Ен-Ен.

The post Путин ја прифати поканата за учество на Самитот Г20 appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да присуствува на самитот Г-20 што ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември, изјави претседателот на земјата Јоко Видодо.

Индонезија сака да ги обедини Г20. Не дозволувајте да дојде до раскол. Мирот и стабилноста се клучот за закрепнување и развој на светската економија“, се вели во изјавата на Видодо од Кабинетот на Индонезија.
Видодо, исто така, претходно оваа недела упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер напиша дека е „благодарен“ за поканата, но не прецизира дали ќе присуствува на самитот. Претходно оваа недела, Видодо разговарал со Путин и Зеленски во одвоени телефонски разговори, за време на кои тој му ја пренел на Путин важноста од „итно“ завршување на војната во Украина и желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот, се вели во соопштението. Видодо рече дека му ја пренел на Зеленски подготвеноста на Индонезија да обезбеди хуманитарна помош за Украина, но не и воена помош, што според него е забрането со уставот на Индонезија и нејзините принципи на надворешната политика, објави Си-Ен-Ен.

The post Путин ја прифати поканата за учество на Самитот Г20 appeared first on Република.

]]>
САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-nema-da-uchestvuvaat-na-sostanocite-na-g-20-dokolku-prisustvuva-rusija/ Wed, 06 Apr 2022 17:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=484303

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД нема да учествуваат на состаноците на Групата 20 (Г-20), која ја сочинуваат економски најразвиените земји, доколку присуствува Русија.

Претседателот (Џозеф) Бајден јасно стави до знаење, и јас секако се согласувам со него, дека Русија не може да продолжи да учествува на вообичаен начин ниту во која било финансиска институција, истакна Јелен во обраќањето пред Комитетот за финансиски услуги при Претставничкиот дом на САД.

Таа наведе и дека американскиот претседател побарал Русија да биде исклучена од Г-20 и јасно им ставила до знаење на своите колеги во Индонезија, земјата домаќин на самитот на Г-20, дека САД нема да учествуваат на бројни состаноци доколку присуствуваат руски претставници

The post САД нема да учествуваат на состаноците на Г-20 доколку присуствува Русија appeared first on Република.

Пекинг: Русија не може да биде исклучена од Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-rusija-ne-moze-da-bide-iskluchena-od-g20/ Wed, 23 Mar 2022 10:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=477082

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.

Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.

The post Пекинг: Русија не може да биде исклучена од Г20 appeared first on Република.

]]>

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.
Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.

The post Пекинг: Русија не може да биде исклучена од Г20 appeared first on Република.

]]>
Пекинг тврди: Русија не може да биде исклучена од Г20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-tvrdi-rusija-ne-moze-da-bide-iskluchena-od-g20/ Wed, 23 Mar 2022 10:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=477061

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина.

Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.

The post Пекинг тврди: Русија не може да биде исклучена од Г20 appeared first on Република.

]]>

Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина. Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Русија е важна членка и ниту една членка нема право да исклучи друга, потенцираше тој.

The post Пекинг тврди: Русија не може да биде исклучена од Г20 appeared first on Република.

]]>