фурка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/furka/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 13:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фурка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/furka/ 32 32 Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osumgodishno-momche-vo-furka-spaseno-od-davene-pomognale-prisutnite/ Tue, 20 Aug 2024 10:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=808245

Драмата на осумгодишното момче кое за малку ќе го загубеше животот во морето кај Фурка на Халкидики имаше среќен крај.

Алармот се вклучил во понеделникот вечерта кога таткото на детето го видел осумгодишното како плови со лицето надолу во морето, пишува „Прототема“.

Преплашен, го извлекол на брегот и сфатил дека е во несвест. Но лекар кој бил во близина, веднаш започнал со реанимација.

Во исто време била известена и Итната помош, додека на местото за пет минути пристигнал волонтер-инструктор Темели Јерисиотис (член на грчкиот спасувачки тим), опремен со кислород и автоматски мобилен дефибрилатор.

За првите критични моменти за „Thesstoday.gr“ зборуваше искусниот спасувач.

Бев на работа во Фурка кога граѓаните во паника ме известија дека дете се дави. Притрчав кон плажата и го најдов детето на песок, додека докторот веќе му даваше прва помош. Голтнал многу вода. Во неколку минути му дадов медицински кислород, а набрзо пристигна и брзата помош кога се освести, раскажува тој.

Претседателот на непрофитната организација „Kids Save Lives“, Анастасис Стефанакис, ја истакна важноста од итно активирање на синџирот на преживување:

Од суштинско значење е во секој итен случај во близина да има здравствени работници и обучени граѓани кои знаат да пружат прва помош, како и достапност до надворешен дефибрилатор. Времето е нашиот најголем непријател. Не можеме и не смееме да чекаме итна помош со скрстени раце, заклучи тој.

The post Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните appeared first on Република.

]]>

Драмата на осумгодишното момче кое за малку ќе го загубеше животот во морето кај Фурка на Халкидики имаше среќен крај. Алармот се вклучил во понеделникот вечерта кога таткото на детето го видел осумгодишното како плови со лицето надолу во морето, пишува „Прототема“. Преплашен, го извлекол на брегот и сфатил дека е во несвест. Но лекар кој бил во близина, веднаш започнал со реанимација. Во исто време била известена и Итната помош, додека на местото за пет минути пристигнал волонтер-инструктор Темели Јерисиотис (член на грчкиот спасувачки тим), опремен со кислород и автоматски мобилен дефибрилатор. За првите критични моменти за „Thesstoday.gr“ зборуваше искусниот спасувач. Бев на работа во Фурка кога граѓаните во паника ме известија дека дете се дави. Притрчав кон плажата и го најдов детето на песок, додека докторот веќе му даваше прва помош. Голтнал многу вода. Во неколку минути му дадов медицински кислород, а набрзо пристигна и брзата помош кога се освести, раскажува тој. Претседателот на непрофитната организација „Kids Save Lives“, Анастасис Стефанакис, ја истакна важноста од итно активирање на синџирот на преживување: Од суштинско значење е во секој итен случај во близина да има здравствени работници и обучени граѓани кои знаат да пружат прва помош, како и достапност до надворешен дефибрилатор. Времето е нашиот најголем непријател. Не можеме и не смееме да чекаме итна помош со скрстени раце, заклучи тој.

The post Осумгодишно момче во Фурка спасено од давење, помогнале присутните appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozarot-kaj-furka-se-ushte-aktiven-interveniraat-er-traktor-i-policiski-helikopter/ Mon, 08 Aug 2022 17:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=538087

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци се уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од ЦУК.

Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), воздушна поддршка. Испратен е еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи кој дејствува зедно со авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување.

Ако има потреба од дополнителна воздушна поддршка, ќе биде побарана помош од Армијата, велат од ЦУК.

Активен пожар има и кас охридското село Расино. Гори дабова и борова шума, а огнот го гасат екипи од ТППЕ Охрид.

The post Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци се уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од ЦУК. Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), воздушна поддршка. Испратен е еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи кој дејствува зедно со авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување. Ако има потреба од дополнителна воздушна поддршка, ќе биде побарана помош од Армијата, велат од ЦУК. Активен пожар има и кас охридското село Расино. Гори дабова и борова шума, а огнот го гасат екипи од ТППЕ Охрид.

The post Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер appeared first on Република.

]]>
Активен пожарот кај Фурка, изгаснати 12 пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aktiven-pozarot-kaj-furka-izgasnati-12-pozari/ Mon, 08 Aug 2022 07:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=537833

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се излезени околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув и локалното население

Од ЦУК посочуваат дека се ангажирани Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила, доброволно противпожарно друштво Дојран со четири лица и едно возило, „Комуналец“ – Гевгелија со една цистерна и двајца вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со две возила и 10 вработени, Јавното претпријатие Национални шуми – Подружница „Кожув“ – Гевгелија со две возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 противпожарни возила и осум пожарникари, ТППЕ Валандово со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово со едно возило и пет членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со две патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4-5 лица.

Во последните 24 часа се изгаснатаи 12 пожари во земјава.

Во Струмица, кај селата Ангелци и Вељуса гореше стрниште, кое е изгаснато со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Во Валандово, кај село Пирава гореше деградирана шума. Пожарот е изгаснат од ТППЕ Валандово со шест пожарникари и две возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово, со шест вработени и две возила.

Во радовишките села Ињево и Воиславци гореше стрниште, а пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Кај селата Житоше и Борино имаше шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, кој е изгаснат со еднопротивпожарно возило со четири пожарникари, тројца вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Липа – Крушево и четири лица од месното население.

Изгаснат е пожарот на депонијата во Крушево со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

РЦУК – Штип информира дека пожарот на стрниште кај месноста викана Лезовски Кантон е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Изгаснат е и пожарот во општина Јегуновце, во кој беше зафатена покривната конструкција и еден кат од куќа во село Орашје. Пожарот е изгаснат со три противпожарни возила и 12 пожарникари.

Во Тетово гореше сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно-поправниот дом Тетово. Пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и четири пожарникари.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари изгаснат е пожарот на стрништето во село Романовце, Кумановско.

Во општина Кичево, село Ложани гореше стрниште. Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарот кој почна вчера во село Гајре, општина Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на ТППЕ Тетово со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Изгаснат е пожарот кај стариот пат од Тетово кон Желино, каде гореше сува трева и ѓубре. Во гаснењето се вклучија ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Во село Челопек, Општина Брвеница од мали деца, од невнимание, било запалено балирано сено. Се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари.

The post Активен пожарот кај Фурка, изгаснати 12 пожари appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се излезени околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув и локалното население Од ЦУК посочуваат дека се ангажирани Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила, доброволно противпожарно друштво Дојран со четири лица и едно возило, „Комуналец“ – Гевгелија со една цистерна и двајца вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со две возила и 10 вработени, Јавното претпријатие Национални шуми – Подружница „Кожув“ – Гевгелија со две возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 противпожарни возила и осум пожарникари, ТППЕ Валандово со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово со едно возило и пет членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со две патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4-5 лица. Во последните 24 часа се изгаснатаи 12 пожари во земјава. Во Струмица, кај селата Ангелци и Вељуса гореше стрниште, кое е изгаснато со две противпожарни возила и шест пожарникари. Во Валандово, кај село Пирава гореше деградирана шума. Пожарот е изгаснат од ТППЕ Валандово со шест пожарникари и две возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово, со шест вработени и две возила. Во радовишките села Ињево и Воиславци гореше стрниште, а пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и пет пожарникари. Кај селата Житоше и Борино имаше шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, кој е изгаснат со еднопротивпожарно возило со четири пожарникари, тројца вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Липа – Крушево и четири лица од месното население. Изгаснат е пожарот на депонијата во Крушево со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. РЦУК – Штип информира дека пожарот на стрниште кај месноста викана Лезовски Кантон е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Изгаснат е и пожарот во општина Јегуновце, во кој беше зафатена покривната конструкција и еден кат од куќа во село Орашје. Пожарот е изгаснат со три противпожарни возила и 12 пожарникари. Во Тетово гореше сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно-поправниот дом Тетово. Пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и четири пожарникари. Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари изгаснат е пожарот на стрништето во село Романовце, Кумановско. Во општина Кичево, село Ложани гореше стрниште. Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Пожарот кој почна вчера во село Гајре, општина Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на ТППЕ Тетово со две противпожарни возила и шест пожарникари. Изгаснат е пожарот кај стариот пат од Тетово кон Желино, каде гореше сува трева и ѓубре. Во гаснењето се вклучија ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари. Во село Челопек, Општина Брвеница од мали деца, од невнимание, било запалено балирано сено. Се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари.

The post Активен пожарот кај Фурка, изгаснати 12 пожари appeared first on Република.

]]>
Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozarot-kaj-furka-se-intenzivira-intervenira-i-armiski-helikopter/ Sun, 07 Aug 2022 16:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=537718

Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Центарот за управување со кризи информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци.

На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.

The post Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Центарот за управување со кризи информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци. На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.

The post Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер appeared first on Република.

]]>