фудбалска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fudbalska-reprezentacija/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 09:41:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фудбалска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fudbalska-reprezentacija/ 32 32 Да ја поддржиме и да навиваме за Македонија: Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/da-ja-poddrzhime-i-da-navivame-za-makedonija-farski-ostrovi-posleden-rival-na-makedonskite-fudbaleri-vo-grupnata-faza-od-ligata-na-natsii/ Sun, 17 Nov 2024 09:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=838751

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги завршува настапите во групата од Ц-сегментот на Лигата на нации.

На Националната арена „Тодор Проески“ од 15 часот гостува селекцијата на Фарски Острови.

Напаѓачот Александар Трајковски верува дека може да се продолжи победничката серија која трае четири натпревари.

Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода, изјави Трајковски.

Во пресрет на натпреварите од 6. коло, Македонија е лидер во групата со 13 бодови, Фарски Острови имаат 6, Ерменија и Летонија по 3.

The post Да ја поддржиме и да навиваме за Македонија: Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација попладнево ги завршува настапите во групата од Ц-сегментот на Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ од 15 часот гостува селекцијата на Фарски Острови. Напаѓачот Александар Трајковски верува дека може да се продолжи победничката серија која трае четири натпревари.
Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода, изјави Трајковски.
Во пресрет на натпреварите од 6. коло, Македонија е лидер во групата со 13 бодови, Фарски Острови имаат 6, Ерменија и Летонија по 3.

The post Да ја поддржиме и да навиваме за Македонија: Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации appeared first on Република.

]]>
Грција ќе носи црни ленти на средбите со Англија и со Ирска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-nosi-tsrni-lenti-na-sredbite-so-anglija-i-so-irska/ Thu, 10 Oct 2024 07:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=824965

Грчката фудбалска федерација побара од Европската фудбалска асоцијација да им дозволи на играчите да носат ленти на нивните наредни два натпревара во спомен на дефанзивецот Џорџ Балдок.

Вчеравечер 31-годишниот грчки интернационалец беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом. Се уште не се познати деталите за смртта.

Грчката репрезентација во Лигата на нации вечер ќе гостува во Лондон против Англија, а на 13 ќе се соочи со Ирска

The post Грција ќе носи црни ленти на средбите со Англија и со Ирска appeared first on Република.

]]>

Грчката фудбалска федерација побара од Европската фудбалска асоцијација да им дозволи на играчите да носат ленти на нивните наредни два натпревара во спомен на дефанзивецот Џорџ Балдок. Вчеравечер 31-годишниот грчки интернационалец беше пронајден мртов во базенот во неговиот дом. Се уште не се познати деталите за смртта. Грчката репрезентација во Лигата на нации вечер ќе гостува во Лондон против Англија, а на 13 ќе се соочи со Ирска

The post Грција ќе носи црни ленти на средбите со Англија и со Ирска appeared first on Република.

]]>
Со надеж за бараж за Светско против Фарски Острови ја стартуваме Лигата на нации https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/so-nadezh-za-barazh-za-svetsko-protiv-farski-ostrovi-ja-startuvame-ligata-na-natsii/ Sat, 07 Sep 2024 09:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=814056

Македонската фудбалска репрезентација попладнево на гостински терен против Фарски острови ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации во која влегува со амбиција да заврши првопласирана во својата група Ц4 што догодина ќе ѝ донесе пласман во поквалитетната Б Лига, а воедно и место во плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

Дуелот во Торашвн е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта, а главен судија ќе биде Литванецот Манфредас Лујканчукас.

За денешниот натпревар, како и дуелот против Ерменија во вторник во Скопје, поради повреди не се во комбинација напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски, а селекторот Благоја Милевски дополнително го повика дебитантот Милан Илиевски од репрезентацијата до 21 година.

Селекторот Милевски и капитенот Енис Барди на вчерашната официјална прес-конференција во Торшавн порачаа дека атмосферата во репрезентативниот табор е одлична, нагласувајќи дека целта е со победа да стартуваат во Лигата на нации.

The post Со надеж за бараж за Светско против Фарски Острови ја стартуваме Лигата на нации appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација попладнево на гостински терен против Фарски острови ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации во која влегува со амбиција да заврши првопласирана во својата група Ц4 што догодина ќе ѝ донесе пласман во поквалитетната Б Лига, а воедно и место во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. Дуелот во Торашвн е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта, а главен судија ќе биде Литванецот Манфредас Лујканчукас. За денешниот натпревар, како и дуелот против Ерменија во вторник во Скопје, поради повреди не се во комбинација напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски, а селекторот Благоја Милевски дополнително го повика дебитантот Милан Илиевски од репрезентацијата до 21 година. Селекторот Милевски и капитенот Енис Барди на вчерашната официјална прес-конференција во Торшавн порачаа дека атмосферата во репрезентативниот табор е одлична, нагласувајќи дека целта е со победа да стартуваат во Лигата на нации.

The post Со надеж за бараж за Светско против Фарски Острови ја стартуваме Лигата на нации appeared first on Република.

]]>
Ерменија, Фарски Острови и Латвија се противници на Македонија во Лигата на нации https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ermenija-farski-ostrovi-i-latvija-se-protivnitsi-na-makedonija-vo-ligata-na-natsii/ Thu, 08 Feb 2024 17:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=741966

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации.

Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија.

Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември.

Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.

 

The post Ерменија, Фарски Острови и Латвија се противници на Македонија во Лигата на нации appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации. Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.  

The post Ерменија, Фарски Острови и Латвија се противници на Македонија во Лигата на нации appeared first on Република.

]]>
Орли и знамиња: Среде Македонија се славеше победата на Албанија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/orli-i-znamina-srede-makedonija-se-slaveshe-pobedata-na-albanija/ Fri, 13 Oct 2023 15:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=690999

Репрезентацијата на Албанија вчера ја совлада Чешка со 3-0 и е блиску до пласман на ЕП.Победата на западниот сосед беше прославена во Чаир, Куманово и Тетово.Стотици македонски државјани излегоа со албански знамиња и трубења од автомобилите и ја поздравија добрата игра на албанската репрезентација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-trevata-e-mozhebi-pozelena-na-terenot-vo-tirana-ama-grubi-i-bandata-zelembachite-gi-tovarat-vo-skopje/

The post Орли и знамиња: Среде Македонија се славеше победата на Албанија appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Албанија вчера ја совлада Чешка со 3-0 и е блиску до пласман на ЕП.Победата на западниот сосед беше прославена во Чаир, Куманово и Тетово.Стотици македонски државјани излегоа со албански знамиња и трубења од автомобилите и ја поздравија добрата игра на албанската репрезентација. https://republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-trevata-e-mozhebi-pozelena-na-terenot-vo-tirana-ama-grubi-i-bandata-zelembachite-gi-tovarat-vo-skopje/

The post Орли и знамиња: Среде Македонија се славеше победата на Албанија appeared first on Република.

]]>
Македонските фудбалери ќе го почнат патот кон ЕУРО 2024 против Малта во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-kje-go-pochnat-patot-kon-euro-2024-protiv-malta-vo-skopje/ Mon, 10 Oct 2022 08:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=559305

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта.

Во второто коло во Скопје ќе ја пречека Украина на 16 јуни, а три дена подоцна (19 јуни) „црвено-жолтите ќе и гостуваат на Англија.

Во септемврискиот прозорец Македонците на 9. ќе ја пречекаат Италија, а на 12 септември ќе гостуваат на Малта.

На 14 октомври „рисовите“ ќе и гостуваат на Украина, на 17 ноември на Италија, а на 20 ноември ќе ја пречекаат Англија.

The post Македонските фудбалери ќе го почнат патот кон ЕУРО 2024 против Малта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта. Во второто коло во Скопје ќе ја пречека Украина на 16 јуни, а три дена подоцна (19 јуни) „црвено-жолтите ќе и гостуваат на Англија. Во септемврискиот прозорец Македонците на 9. ќе ја пречекаат Италија, а на 12 септември ќе гостуваат на Малта. На 14 октомври „рисовите“ ќе и гостуваат на Украина, на 17 ноември на Италија, а на 20 ноември ќе ја пречекаат Англија.

The post Македонските фудбалери ќе го почнат патот кон ЕУРО 2024 против Малта во Скопје appeared first on Република.

]]>
По поразот од Бугарија: Македонската репрезентација со пад од едно место на ранг-листата на ФИФА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/po-porazot-od-bugarija-makedonskata-reprezentacija-so-pad-od-edno-mesto-na-rang-listata-na-fifa/ Thu, 06 Oct 2022 16:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=558048

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА на која се наоѓа на 64. место.

На послабиот рејтинг влијаеја двете порази на македонските фудбалери во септемврискиот циклус во Лигата на нации, од Грузија на гостински терен (0-2) и од Бугарија во Скопје (0-1).

На чело на ранг-листата на ФИФА останува Бразил, пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

The post По поразот од Бугарија: Македонската репрезентација со пад од едно место на ранг-листата на ФИФА appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА на која се наоѓа на 64. место. На послабиот рејтинг влијаеја двете порази на македонските фудбалери во септемврискиот циклус во Лигата на нации, од Грузија на гостински терен (0-2) и од Бугарија во Скопје (0-1). На чело на ранг-листата на ФИФА останува Бразил, пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

The post По поразот од Бугарија: Македонската репрезентација со пад од едно место на ранг-листата на ФИФА appeared first on Република.

]]>
Коментар на хрватски новинар: Чукни во дрво – Надеж, љубов и среќа или зошто сите ние по малку сме Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/komentar-na-hrvatski-novinar-chukni-vo-drvo-nadez-ljubov-i-srekja-ili-zoshto-site-nie-po-malku-sme-makedonci/ Sat, 26 Mar 2022 14:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=478932

Фантастичниот триумф на македонската фудбалска репрезентација против Италија во палермо, не престанува да ја бранува спортската јавност ширум Балканот.

Така хрватскиот уредник и новинар Бојан Стилин, за „Тпортал.хр“ на Македонија и посетува опсежен коментар.

Коментарот на го пренесуваме во целост.

Сум доживеал милијарда такви сцени, но синоќа по натпреварот ме погоди ретроспектива од пред една година. Како семеен возач и македонски зет, возев три генерации Македонци - ќерка, сопруга и нејзините родители на патот Крива Паланка - Штип. Прописите за корона на државата Македонија тогаш не третираа како две посебни домаќинства, па се тркалавме низ мистичните Родопски клисури во источна Македонија гледајќи под маски, додека полицијата ѕиркаше зад секоја грмушка за да не скратиза грст пари.

Како што е обичај, во овие семејни прилики се пушта некоја компромисна, но во исто време  музика соодветна на амбиентот, така по сто години го пуштив „најдоброто од“ несомнено најголемиот македонски рок бенд Леб и сол. Некаде во вечерните часови, додека вечното сонце на Дадо Топиќ исчезнуваше зад оџаците на уништените рудници изградени од Германците пред сто и повеќе години во некогаш познатиот индустриски град Кратово, од звучниците излегоа првите стихови на македонски што ги имам научено и разбраново мојот живот. Нивниот автор е Влатко Стефановски, на некои омилена, а некои омразена балканска рок легенда кој во тие неколку зборови го исцедува сублиматот на она што Македонците претставуваат самите за себе, но и за сите нас, колку и да звучат патетично и слатко.

Со една надеж,

За трочка љубов,

За малку среќа,

Живееме...

https://www.youtube.com/watch?v=X2hsF6wDMMA&feature=emb_title

Со надеж за ронка љубов и малку среќа излегоа на теренот на „Ла Фаворита“, култниот стадион во подножјето на Монте Пелегрино, селекторот Благоја Милевски и единаесет напорни фудбалски мрзливци кои лебот го заработуваат најмногу во европските и азиските земји, меѓу кои и тројца печалбари во Хрватска - динамовците Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и Дарко Велковски од Риека. Излегоа на мегдан на европскиот шампион, мултифаворизирана фудбалска велесила за која сите навивавме минатото лето за да го освои еврото, бидејќи заедно со Белгија која ја исфрлија, играа најубаво, најквалитетно и најдобро. Македонците излегоа со само еден план, а тој во фудбалот го носи италијанското име - катеначо. Фудбал во кој посилниот тим напаѓа манијакално, а послабиот ја заклучува вратата со катанец, ефективно се брани и бара шанса од контранапад. Фудбал кој е грд и фрустрирачки за гледање, особено ако навивате за посилниот, но фудбал кој ја комплетира смислата на играта и ѝ носи епска димензија на поетска правда - се разбира, ако послабата екипа успее да го оствари тој план.

Македонците трчаа како гладијатори во тој сицилијански амфитеатар, се фрлаа пред и под секоја топка, блокираа 16 од 32-те удари на Италијанците кон голот, се тркалаа на теренот по поострите стартови, направија се што се прави во најдоброто катеначо. Се бореа лавовски, надоместувајќи го индивидуалниот квалитет хендикепиран со тоа што моментално нивниот најкреативен играч Елиф Елмас - патем речено член на италијански Наполи - е под сузпензија, а најголемата фудбалска легенда Горан Пандев - инаку легенда на италијанскиот клупски фудбал - ја заврши репрезентативната кариера на Европсото првенство кое го освоија Италијанците. Ги издржаа и потценувачките исвиркувања од трибините во Палермо, како што тоа го направија и пред година и пол Германците, каде што ги сместија „на Бога зад нозете“ за што помалку припадници на дијаспората да дојдат на натпреварот, но и нив шокантно ги добија на гости.

А, потоа, во 92. минута, кога Италијанците веќе сменија половина тим подготвени да ги скршат жилавите Македонци во продолжение или - како на Еврото - да се извлечат на пенали, од нигде никаде се појави тој, некојси Александар Трајковски, кој од скопска Цементарница преку Запрешиќ во 2015 година пристигна во Палермо и токму на таа „Ла Фаворита“ четири години го живеше тој печалбарски фудбалски живот. Постигна еден од оние голови од балкански инает, од мака што нашминканата италијанска одбрана, вредна десетици милиони евра, не му дозволува да се доближи на 20 метри. Во својата копака ја наби целата крвава мака сицилијански гастербејтер и шутираше со малку надеж во трошка љубов и малку среќа и преживеа. Ја пикна топката зад грбот на Џанлуиџи Донарума, најскапиот голман на светот, кој прима седум милиони евра годишно од емирот Ал Тани од Катар, сопственик на фудбалската корпорација Пари Сен Жермен, додека Трајковски заработува дваесет пати помалку во саудиска Ал Фајха.

Македонците ја преживеаја таа вечер во Палермо и сега сонуваат за чудо во Порто, затоа што треба да одработат уште една рунда катеначо против Кристијано Роналдо, Пепе и другите фудбалски касапи кои секогаш „се изгребуваат“ барем за еден гол, дури и кога не го заслужуваат тоа (види под Хрватска, Тулуз, 2016 година). Сите можности велат дека ќе го видат Порто и ќе умрат, ќе дојдат пред рајските порти и ќе паднат, исто како македонските кошаркари, носители на дрвениот медал од Литванија во 2011 година, филмското ремек дело „Медена земја“ на Оскарите или гордата Тамара Тодевска на Евросонг, со исклучокот кој го потврдува правилото, а го нарекуваат ракометен клуб Вардар, европски првак од 2017 и 2019 година. Баш како, впрочем, и државата кога денес се вика Cеверна Македонија, со која западниот и источниот свет, но и соседите, ја пошутнуваат како топка, домашните политичари ја черечат по принципот „раздели па владеј“, а обичните луѓе во целиот тој хаос го кратат патот до надежта, љубовта и среќата, секој на свој начин - често со земање бугарски пасош и како нивните фудбалски легионери заминуваат во светот.

И кој може тогаш да им замери кога по натпреварот на градските плоштади ќе запалат факели под спомениците на псевдомитологијата од  гипс и стиропор, ќе го преплавата интернетот со мемиња во кои симит погачата ги јаде пицата и шпагетите за појадок, а претседателот на државата ќе му се заканува на Кристијано Роналдо дека „тој е следниот“? Сите сме по малку Македонци, аутсајдери составени од љубов, среќа и надеж дека еден ден ќе биде подобро, бидејќи полошо не може. И како што повторно би рекол Влатко откако трипати ќе чукне во дрво за среќа - тоа е тоа, тоа е се. Дали е тоа така навистина? Ќе гледаме во вторник во Порто. Што се однесува до мене, она сонцето зад оџакот во Кратово се уште не е зајдено.

The post Коментар на хрватски новинар: Чукни во дрво – Надеж, љубов и среќа или зошто сите ние по малку сме Македонци appeared first on Република.

]]>

Фантастичниот триумф на македонската фудбалска репрезентација против Италија во палермо, не престанува да ја бранува спортската јавност ширум Балканот. Така хрватскиот уредник и новинар Бојан Стилин, за „Тпортал.хр“ на Македонија и посетува опсежен коментар. Коментарот на го пренесуваме во целост. Сум доживеал милијарда такви сцени, но синоќа по натпреварот ме погоди ретроспектива од пред една година. Како семеен возач и македонски зет, возев три генерации Македонци - ќерка, сопруга и нејзините родители на патот Крива Паланка - Штип. Прописите за корона на државата Македонија тогаш не третираа како две посебни домаќинства, па се тркалавме низ мистичните Родопски клисури во источна Македонија гледајќи под маски, додека полицијата ѕиркаше зад секоја грмушка за да не скратиза грст пари. Како што е обичај, во овие семејни прилики се пушта некоја компромисна, но во исто време  музика соодветна на амбиентот, така по сто години го пуштив „најдоброто од“ несомнено најголемиот македонски рок бенд Леб и сол. Некаде во вечерните часови, додека вечното сонце на Дадо Топиќ исчезнуваше зад оџаците на уништените рудници изградени од Германците пред сто и повеќе години во некогаш познатиот индустриски град Кратово, од звучниците излегоа првите стихови на македонски што ги имам научено и разбраново мојот живот. Нивниот автор е Влатко Стефановски, на некои омилена, а некои омразена балканска рок легенда кој во тие неколку зборови го исцедува сублиматот на она што Македонците претставуваат самите за себе, но и за сите нас, колку и да звучат патетично и слатко. Со една надеж, За трочка љубов, За малку среќа, Живееме... https://www.youtube.com/watch?v=X2hsF6wDMMA&feature=emb_title Со надеж за ронка љубов и малку среќа излегоа на теренот на „Ла Фаворита“, култниот стадион во подножјето на Монте Пелегрино, селекторот Благоја Милевски и единаесет напорни фудбалски мрзливци кои лебот го заработуваат најмногу во европските и азиските земји, меѓу кои и тројца печалбари во Хрватска - динамовците Аријан Адеми и Стефан Ристовски, и Дарко Велковски од Риека. Излегоа на мегдан на европскиот шампион, мултифаворизирана фудбалска велесила за која сите навивавме минатото лето за да го освои еврото, бидејќи заедно со Белгија која ја исфрлија, играа најубаво, најквалитетно и најдобро. Македонците излегоа со само еден план, а тој во фудбалот го носи италијанското име - катеначо. Фудбал во кој посилниот тим напаѓа манијакално, а послабиот ја заклучува вратата со катанец, ефективно се брани и бара шанса од контранапад. Фудбал кој е грд и фрустрирачки за гледање, особено ако навивате за посилниот, но фудбал кој ја комплетира смислата на играта и ѝ носи епска димензија на поетска правда - се разбира, ако послабата екипа успее да го оствари тој план. Македонците трчаа како гладијатори во тој сицилијански амфитеатар, се фрлаа пред и под секоја топка, блокираа 16 од 32-те удари на Италијанците кон голот, се тркалаа на теренот по поострите стартови, направија се што се прави во најдоброто катеначо. Се бореа лавовски, надоместувајќи го индивидуалниот квалитет хендикепиран со тоа што моментално нивниот најкреативен играч Елиф Елмас - патем речено член на италијански Наполи - е под сузпензија, а најголемата фудбалска легенда Горан Пандев - инаку легенда на италијанскиот клупски фудбал - ја заврши репрезентативната кариера на Европсото првенство кое го освоија Италијанците. Ги издржаа и потценувачките исвиркувања од трибините во Палермо, како што тоа го направија и пред година и пол Германците, каде што ги сместија „на Бога зад нозете“ за што помалку припадници на дијаспората да дојдат на натпреварот, но и нив шокантно ги добија на гости. А, потоа, во 92. минута, кога Италијанците веќе сменија половина тим подготвени да ги скршат жилавите Македонци во продолжение или - како на Еврото - да се извлечат на пенали, од нигде никаде се појави тој, некојси Александар Трајковски, кој од скопска Цементарница преку Запрешиќ во 2015 година пристигна во Палермо и токму на таа „Ла Фаворита“ четири години го живеше тој печалбарски фудбалски живот. Постигна еден од оние голови од балкански инает, од мака што нашминканата италијанска одбрана, вредна десетици милиони евра, не му дозволува да се доближи на 20 метри. Во својата копака ја наби целата крвава мака сицилијански гастербејтер и шутираше со малку надеж во трошка љубов и малку среќа и преживеа. Ја пикна топката зад грбот на Џанлуиџи Донарума, најскапиот голман на светот, кој прима седум милиони евра годишно од емирот Ал Тани од Катар, сопственик на фудбалската корпорација Пари Сен Жермен, додека Трајковски заработува дваесет пати помалку во саудиска Ал Фајха. Македонците ја преживеаја таа вечер во Палермо и сега сонуваат за чудо во Порто, затоа што треба да одработат уште една рунда катеначо против Кристијано Роналдо, Пепе и другите фудбалски касапи кои секогаш „се изгребуваат“ барем за еден гол, дури и кога не го заслужуваат тоа (види под Хрватска, Тулуз, 2016 година). Сите можности велат дека ќе го видат Порто и ќе умрат, ќе дојдат пред рајските порти и ќе паднат, исто како македонските кошаркари, носители на дрвениот медал од Литванија во 2011 година, филмското ремек дело „Медена земја“ на Оскарите или гордата Тамара Тодевска на Евросонг, со исклучокот кој го потврдува правилото, а го нарекуваат ракометен клуб Вардар, европски првак од 2017 и 2019 година. Баш како, впрочем, и државата кога денес се вика Cеверна Македонија, со која западниот и источниот свет, но и соседите, ја пошутнуваат како топка, домашните политичари ја черечат по принципот „раздели па владеј“, а обичните луѓе во целиот тој хаос го кратат патот до надежта, љубовта и среќата, секој на свој начин - често со земање бугарски пасош и како нивните фудбалски легионери заминуваат во светот. И кој може тогаш да им замери кога по натпреварот на градските плоштади ќе запалат факели под спомениците на псевдомитологијата од  гипс и стиропор, ќе го преплавата интернетот со мемиња во кои симит погачата ги јаде пицата и шпагетите за појадок, а претседателот на државата ќе му се заканува на Кристијано Роналдо дека „тој е следниот“? Сите сме по малку Македонци, аутсајдери составени од љубов, среќа и надеж дека еден ден ќе биде подобро, бидејќи полошо не може. И како што повторно би рекол Влатко откако трипати ќе чукне во дрво за среќа - тоа е тоа, тоа е се. Дали е тоа така навистина? Ќе гледаме во вторник во Порто. Што се однесува до мене, она сонцето зад оџакот во Кратово се уште не е зајдено.

The post Коментар на хрватски новинар: Чукни во дрво – Надеж, љубов и среќа или зошто сите ние по малку сме Македонци appeared first on Република.

]]>
Милевски: Победата од Палермо е и мотив и притисок за триумф и во Португалија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/milevski-pobedata-od-palermo-e-i-motiv-i-pritisok-za-triumf-i-vo-portugalija/ Fri, 25 Mar 2022 18:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=478580

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, порача дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

Притисок секогаш ќе има, но и мотивот за победа секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме да победиме - изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.

Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски истакна дека триумфот е „мотив плус и показател дека репрезентацијата е на вистинскиот пат“.

Ние сме мала држава и мала репрезентација во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат - порача Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден.

The post Милевски: Победата од Палермо е и мотив и притисок за триумф и во Португалија appeared first on Република.

]]>

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, порача дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.
Притисок секогаш ќе има, но и мотивот за победа секогаш е тука, без разлика кој ни е противник. Фер и коректно е да се надеваме дека можеме да победиме - изјави Милевски по пристигнувањето на репрезентативниот табор вечерва на скопскиот аеродром.
Коментирајќи ја сензационалната победа над европскиот првак Италија на гостински терен, Милевски истакна дека триумфот е „мотив плус и показател дека репрезентацијата е на вистинскиот пат“.
Ние сме мала држава и мала репрезентација во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат - порача Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден.

The post Милевски: Победата од Палермо е и мотив и притисок за триумф и во Португалија appeared first on Република.

]]>
Победата на Македонија против Италија овековечена и во цртан филм https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pobedata-na-makedonija-protiv-italija-ovekovechena-i-vo-crtan-film/ Fri, 25 Mar 2022 15:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=478482

Историската победа на Maкедонија против Италија во Палермо, кога го елиминираше европскиот фудбалски шампион од баражот за Светското првенство во Катар, втор ден ја бранува светската фудбалска јавност.

Победата што ја обезбеди Александар Трајковски со голот во 93. минута беше поттик за многу анализи во медиумите и од познати фудбалски имиња, а овој епски триумф доби и свој цртан филм.

https://www.youtube.com/watch?v=Gd11l6o-m0g&feature=emb_title

The post Победата на Македонија против Италија овековечена и во цртан филм appeared first on Република.

]]>

Историската победа на Maкедонија против Италија во Палермо, кога го елиминираше европскиот фудбалски шампион од баражот за Светското првенство во Катар, втор ден ја бранува светската фудбалска јавност. Победата што ја обезбеди Александар Трајковски со голот во 93. минута беше поттик за многу анализи во медиумите и од познати фудбалски имиња, а овој епски триумф доби и свој цртан филм. https://www.youtube.com/watch?v=Gd11l6o-m0g&feature=emb_title

The post Победата на Македонија против Италија овековечена и во цртан филм appeared first on Република.

]]>