Фросина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frosina/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 09:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фросина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frosina/ 32 32 Поради големо интересирање за премиерата на „М“ на „Синедејс“ МКЦ ќе организира втора проекција на филмот во „Фросина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-golemo-interesirane-za-premierata-na-m-na-sinedejs-mkts-ke-organizira-vtora-proektsija-na-filmot-vo-frosina/ Wed, 12 Jul 2023 09:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=660344

Младинскиот култирен центар (МКЦ) соопшти дека поради огромното интересирање на публиката за премиерата на филмот „М“ на Вардар Тозија со кој ќе се отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, ќе се организира втора проекција на филмот во кино „Фросина“ во МКЦ во 21,30 часот. Салата е климатизирана.

Отворањето на „Синедејс“ е закажано за утре, на 13 јули, во паркот зад МКЦ во 21 часот.

„М“ својата светска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Кан, во рамки на маркетот за филмски професионалци и на Берлинскиот филмски фестивал. По премиерата на Синедејс од септември филмот го започнува својот киноприкажувачки и фестивалски живот.

„М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, кој живее со верување за заштитничките моќи на својата магична шума, не знаејќи за постоењето на светот надвор од неа. И покрај контролата на неговиот строг татко, детската љубопитност го води до преминување на границите“, изјавува режисерот Тозија.

Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.

Билетите се достапни на www.bileti.mkc.mk , а целосната програма, на www.cinedays.mk

The post Поради големо интересирање за премиерата на „М“ на „Синедејс“ МКЦ ќе организира втора проекција на филмот во „Фросина“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот култирен центар (МКЦ) соопшти дека поради огромното интересирање на публиката за премиерата на филмот „М“ на Вардар Тозија со кој ќе се отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, ќе се организира втора проекција на филмот во кино „Фросина“ во МКЦ во 21,30 часот. Салата е климатизирана. Отворањето на „Синедејс“ е закажано за утре, на 13 јули, во паркот зад МКЦ во 21 часот. „М“ својата светска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Кан, во рамки на маркетот за филмски професионалци и на Берлинскиот филмски фестивал. По премиерата на Синедејс од септември филмот го започнува својот киноприкажувачки и фестивалски живот. „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, кој живее со верување за заштитничките моќи на својата магична шума, не знаејќи за постоењето на светот надвор од неа. И покрај контролата на неговиот строг татко, детската љубопитност го води до преминување на границите“, изјавува режисерот Тозија. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Билетите се достапни на www.bileti.mkc.mk , а целосната програма, на www.cinedays.mk

The post Поради големо интересирање за премиерата на „М“ на „Синедејс“ МКЦ ќе организира втора проекција на филмот во „Фросина“ appeared first on Република.

]]>
Кинотека го објави дигиталното издание на книгата „Фросина – првиот македонски игран филм“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-go-objavi-digitalnoto-izdanie-na-knigata-frosina-prviot-makedonski-igran-film/ Mon, 27 Jun 2022 12:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=520279

Кинотека го објави и дигитализираното (ПДФ формат) на зборникот текстови од симпозиумот на тема „Фросина– првиот македонски игран филм“, одржан во мај 1989 година, на кој учествуваше голем дел од филмската и актерската екипа, како и голем број филмски критичари и историчари, писатели, уметници и културни дејци. Сите излагања и дискусии водени на овој симпозиум, задно со сценариото, во 1991 година беа објавени како посебно печатено издание на Кинотеката, денес достапно за истражувачи и проучувачи на македонската кинематографија на сајтот на Кинотеката.

Кинотека деновиве ја одбележува 70-годишнината од премиерата на првиот македонски игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, а во продукција на тогашниот државен филмски продуцент „Вардар филм“.

Филмот минатата година беше дигитално реставриран во лабораторијата „Клик филмс“ во Загреб, Хрватска и деновиве објавен на блуреј диск.

Во зборникот се објавени анализите на Борис Ноневски, Кети Каранфилова, Елизабета Шелева, Ермис Лафазановски, Георги Василевски, Фидан Јаќовски, Владо Цветановски, Мирослав Чепинчиќ, Димитар Грбевски, Бојан Иванов, Вангел Божиновски, Лилјана Богојевиќ-Јовановска, Димитрија Бужаровски, во дискусиите учествувале десетина учесници, филмолози и филмски работници, печатени се и интервјуата и сеќавањата на Воислав Нановиќ, Владо Малески и Киро Билбиловски, а во книгата се поместени и одгласите за филмот во медиумите од 1952 година, информираат од Кинотека.

Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“. Снимен е во црно-бела техника на 35 мм лента, со времетраење од 79 минути. Сценариото за филмот го напишал писателот Владо Малески. Жанрот на филмот е социјална драма за егзистенцијата, печалбарскиот живот, Втората светска војна и трагедијата на една мајка која го губи синот единец. Насловната улога ја толкува Мери Бошкова (Фросина), а во другите улоги играат Ацо Јовановски (Климе), Петар Велјановски, Наѓа Подерегин, Петре Прличко, Илија Џувалековски… Продуцент на филмот е „Вардар филм“, директор на фотографија е Киро Билбиловски, композитор на музиката е Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов.

Во рамките на одбележувањето на овој 70-годишен Јубилеј од првиот македонски игран филм – „Фросина“ на 28 јуни (вторник) во Кочани, во ЈОУ Библиотека „Искра“ со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот, проследено со пригодно предавање и дискусија за неговото значење во историјата на македонската кинематографија – во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“.

На иницијатива на Кинотека, Македонската Радио Телевизија деновиве сними документарен филм за филмот Фросина кој премиерно ќе биде прикажан на МРТ на 28 јуни во 20:45 часот. Автори на документарецот „70 години Фросина“ се Соња Самарџиева и Томи Алексов, а монтажата е на Влатко Ангелов. Филмот е во продукција на Македонската Радио Телевизија.

The post Кинотека го објави дигиталното издание на книгата „Фросина – првиот македонски игран филм“ appeared first on Република.

]]>

Кинотека го објави и дигитализираното (ПДФ формат) на зборникот текстови од симпозиумот на тема „Фросина– првиот македонски игран филм“, одржан во мај 1989 година, на кој учествуваше голем дел од филмската и актерската екипа, како и голем број филмски критичари и историчари, писатели, уметници и културни дејци. Сите излагања и дискусии водени на овој симпозиум, задно со сценариото, во 1991 година беа објавени како посебно печатено издание на Кинотеката, денес достапно за истражувачи и проучувачи на македонската кинематографија на сајтот на Кинотеката. Кинотека деновиве ја одбележува 70-годишнината од премиерата на првиот македонски игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, а во продукција на тогашниот државен филмски продуцент „Вардар филм“. Филмот минатата година беше дигитално реставриран во лабораторијата „Клик филмс“ во Загреб, Хрватска и деновиве објавен на блуреј диск.
Во зборникот се објавени анализите на Борис Ноневски, Кети Каранфилова, Елизабета Шелева, Ермис Лафазановски, Георги Василевски, Фидан Јаќовски, Владо Цветановски, Мирослав Чепинчиќ, Димитар Грбевски, Бојан Иванов, Вангел Божиновски, Лилјана Богојевиќ-Јовановска, Димитрија Бужаровски, во дискусиите учествувале десетина учесници, филмолози и филмски работници, печатени се и интервјуата и сеќавањата на Воислав Нановиќ, Владо Малески и Киро Билбиловски, а во книгата се поместени и одгласите за филмот во медиумите од 1952 година, информираат од Кинотека.
Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското кино „Култура“. Снимен е во црно-бела техника на 35 мм лента, со времетраење од 79 минути. Сценариото за филмот го напишал писателот Владо Малески. Жанрот на филмот е социјална драма за егзистенцијата, печалбарскиот живот, Втората светска војна и трагедијата на една мајка која го губи синот единец. Насловната улога ја толкува Мери Бошкова (Фросина), а во другите улоги играат Ацо Јовановски (Климе), Петар Велјановски, Наѓа Подерегин, Петре Прличко, Илија Џувалековски… Продуцент на филмот е „Вардар филм“, директор на фотографија е Киро Билбиловски, композитор на музиката е Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Во рамките на одбележувањето на овој 70-годишен Јубилеј од првиот македонски игран филм – „Фросина“ на 28 јуни (вторник) во Кочани, во ЈОУ Библиотека „Искра“ со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот, проследено со пригодно предавање и дискусија за неговото значење во историјата на македонската кинематографија – во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“. На иницијатива на Кинотека, Македонската Радио Телевизија деновиве сними документарен филм за филмот Фросина кој премиерно ќе биде прикажан на МРТ на 28 јуни во 20:45 часот. Автори на документарецот „70 години Фросина“ се Соња Самарџиева и Томи Алексов, а монтажата е на Влатко Ангелов. Филмот е во продукција на Македонската Радио Телевизија.

The post Кинотека го објави дигиталното издание на книгата „Фросина – првиот македонски игран филм“ appeared first on Република.

]]>