Фросина Пармаковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frosina-parmakovska/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 08:27:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фросина Пармаковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frosina-parmakovska/ 32 32 Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со разговор со Фросина Пармаковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tretiot-tsiklus-od-kampanata-chitame-sovremeni-makedonski-avtori-zapochnuva-so-razgovor-so-frosina-parmakovska/ Wed, 04 Sep 2024 08:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=812967

Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје започнува со романот „Сè уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска. Разговорот со авторката ќе се одржи на 4 септември (среда) во 19:00 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.

„Сè уште можам нешто да сторам“ е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното, посочува издавачот Или-Или.

Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Преведен е на бугарски и украински јазик. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Преведен е на српски и на бугарски јазик. Во 2018, ја има добиено наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. Преведен е на бугарски јазик. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023, во Или-Или. Добитник е на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година.

Разговорот со Пармаковска ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

 

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со разговор со Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје започнува со романот „Сè уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска. Разговорот со авторката ќе се одржи на 4 септември (среда) во 19:00 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното, посочува издавачот Или-Или. Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Преведен е на бугарски и украински јазик. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Преведен е на српски и на бугарски јазик. Во 2018, ја има добиено наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. Преведен е на бугарски јазик. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023, во Или-Или. Добитник е на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година. Разговорот со Пармаковска ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.  

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со разговор со Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tretiot-tsiklus-od-kampanata-chitame-sovremeni-makedonski-avtori-na-bibliotekata-braka-miladinovtsi-pochnuva-so-s-ushte-mozham-neshto-da-storam-od-frosina-parmakovska/ Mon, 02 Sep 2024 10:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=812227

По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а последната Клубот на читатели.

Претходните два циклуса од кампањата ни се поттик и мотивација дека треба да продолжиме со истото темпо. Нашите библиотекари бележат зголемен интерес за македонските автори во сите наши објекти. Читателите ги бараат предложените книги, но и наслови што не се дел од кампањата. На разговорите имаме бројна публика, па и луѓе што претходно не доаѓале во библиотека. Добиваме голема поддршка од сите издавачи, од медиумите, од културната јавност. Добиваме одлични реакции од авторите дека се онаму каде што треба да бидат – на полиците и меѓу македонските читатели, вели Снежана Стојчевска директор на ГБСК.

Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември.

Разговорот со Фросина Пармаковска е закажан за в среда (4 септември) во 19 часот. Модератор ќе биде книжевниот критичар Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна, посочува издавачот Или-Или.

Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018, ја доби наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023 и е добитник на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како силна поддршка за современата македонска книжевност, за квалитетните дела, за издавачите и за македонскиот јазик. Досега беа претставени 16 автори и исто толку книги со жанровска разноликост: романи, раскази, репортажи, поезија. Кампањата е потсетување дека токму домашните читатели се тие што треба да ги читаат домашните автори. „Читаме современи македонски автори“ има препознатлив визуелен идентитет, инегриран пристап на социјалните медиуми, а од страна на Македонската асоцијација на издавачи беше наградена со признанието Промотор на читачката култура.

 

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а последната Клубот на читатели.
Претходните два циклуса од кампањата ни се поттик и мотивација дека треба да продолжиме со истото темпо. Нашите библиотекари бележат зголемен интерес за македонските автори во сите наши објекти. Читателите ги бараат предложените книги, но и наслови што не се дел од кампањата. На разговорите имаме бројна публика, па и луѓе што претходно не доаѓале во библиотека. Добиваме голема поддршка од сите издавачи, од медиумите, од културната јавност. Добиваме одлични реакции од авторите дека се онаму каде што треба да бидат – на полиците и меѓу македонските читатели, вели Снежана Стојчевска директор на ГБСК.
Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември. Разговорот со Фросина Пармаковска е закажан за в среда (4 септември) во 19 часот. Модератор ќе биде книжевниот критичар Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.
Ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна, посочува издавачот Или-Или.
Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018, ја доби наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023 и е добитник на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како силна поддршка за современата македонска книжевност, за квалитетните дела, за издавачите и за македонскиот јазик. Досега беа претставени 16 автори и исто толку книги со жанровска разноликост: романи, раскази, репортажи, поезија. Кампањата е потсетување дека токму домашните читатели се тие што треба да ги читаат домашните автори. „Читаме современи македонски автори“ има препознатлив визуелен идентитет, инегриран пристап на социјалните медиуми, а од страна на Македонската асоцијација на издавачи беше наградена со признанието Промотор на читачката култура.  

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
Рациново признание за Фросина Пармаковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ratsinovo-priznanie-za-frosina-parmakovska/ Mon, 24 Jun 2024 14:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=790332

Фросина Пармаковска со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е добитничка на Рациновото признание за 2024 година. Наградата ѝ беше врачена на 19 јуни на свеченото отворање на 61 издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес.

Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки).

Во образложението на одлуката за наградениот роман меѓудругото стои:

„Ова е дело коешто го користи навидум индуктивниот метод, поаѓајќи од ликовите нѐ запознава со основните развојни линии на приказната, пополнувајќи ја секојпат со новина за главниот лик Иван и за неговото најтесно (пријателско и роднинско) опкружување. На тој начин авторката создава една сложена структура на ликови, односи, релации, настани, давајќи ни детали и за другите ликови, но секогаш враќајќи го фокусот на нарацијата токму на главниот лик и на неговите интимни чувствувања, размисли, расположби и стравови, со коишто не е секогаш во состојба да се соочи и запаѓа во меланхолични до депресивни кризни состојби.

Авторката го прифаќа предизвикот низ објективни истражувачки постапки да дојде до свои сопствени сознанија, прекршени низ призмата на својот сеизмографски прецизен сензибилен капацитет и да проговори топлочовечки, раскажувачки вешто за депресивните нарушувања сѐ поприсутни кај човекот денеска, за аферата на украдените бебиња во поранешна Југославија, за којашто многу се пишувало и се истражувало години по случувањата, за прашањата коишто го мачат човекот денеска шекспировски можеби, но и онтолошки, гносеолошки, теолошки, песимистички, оптимистички, реални, магични и магиски... сугерирајќи ни повеќестран приод кон суштинското во приказната.“

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е во издание на издавачката куќа Или-Или како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА.

 

The post Рациново признание за Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

Фросина Пармаковска со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е добитничка на Рациновото признание за 2024 година. Наградата ѝ беше врачена на 19 јуни на свеченото отворање на 61 издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес. Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки). Во образложението на одлуката за наградениот роман меѓудругото стои: „Ова е дело коешто го користи навидум индуктивниот метод, поаѓајќи од ликовите нѐ запознава со основните развојни линии на приказната, пополнувајќи ја секојпат со новина за главниот лик Иван и за неговото најтесно (пријателско и роднинско) опкружување. На тој начин авторката создава една сложена структура на ликови, односи, релации, настани, давајќи ни детали и за другите ликови, но секогаш враќајќи го фокусот на нарацијата токму на главниот лик и на неговите интимни чувствувања, размисли, расположби и стравови, со коишто не е секогаш во состојба да се соочи и запаѓа во меланхолични до депресивни кризни состојби. Авторката го прифаќа предизвикот низ објективни истражувачки постапки да дојде до свои сопствени сознанија, прекршени низ призмата на својот сеизмографски прецизен сензибилен капацитет и да проговори топлочовечки, раскажувачки вешто за депресивните нарушувања сѐ поприсутни кај човекот денеска, за аферата на украдените бебиња во поранешна Југославија, за којашто многу се пишувало и се истражувало години по случувањата, за прашањата коишто го мачат човекот денеска шекспировски можеби, но и онтолошки, гносеолошки, теолошки, песимистички, оптимистички, реални, магични и магиски... сугерирајќи ни повеќестран приод кон суштинското во приказната.“ Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е во издание на издавачката куќа Или-Или како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА.  

The post Рациново признание за Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
„Рациново признание“ за Фросина Пармаковска за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ratsinovo-priznanie-za-frosina-parmakovska-za-romanot-s-ushte-mozham-neshto-da-storam/ Wed, 12 Jun 2024 17:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=787016

Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, во издание на издавачката куќа Или-Или, а Почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата.

Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“.

 

Одбележувањето на Рациновите средби е во организација на ЗГ Плус Публика, во соработка со повеќе организации и поединци. Велес и Македонија ќе го чествуваат Рацин со бројни активности кои ќе траат до 20 јуни.

Целосната програма со активности за одбележување на Рациновите средби дополнително ќе биде објавена на веб страницата на Општина Велес.

The post „Рациново признание“ за Фросина Пармаковска за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ appeared first on Република.

]]>

Добитничка на овогодинешното Рациново признание, според одлуката на жири комисијата е Фросина Пармаковска за романот „Се уште можам нешто да сторам“, во издание на издавачката куќа Или-Или, а Почесното Рациново признание годинава се доделува на Анамарија Цинеге Панзова од Унгарија, за афирмација на македонскиот јазик и култура надвор од границите на земјата. Шеесет и првото издание на Рациновите средби годинава се одбележуваат под слоганот „Рацин – македонска меморија“.   Одбележувањето на Рациновите средби е во организација на ЗГ Плус Публика, во соработка со повеќе организации и поединци. Велес и Македонија ќе го чествуваат Рацин со бројни активности кои ќе траат до 20 јуни. Целосната програма со активности за одбележување на Рациновите средби дополнително ќе биде објавена на веб страницата на Општина Велес.

The post „Рациново признание“ за Фросина Пармаковска за романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ appeared first on Република.

]]>
Ќе имаме нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат и да го доближат чистиот македонски јазик не само до нивната генерација туку и од оние по нив, кажа Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ke-imame-novi-lubiteli-na-jazikot-koishto-ke-se-obidat-da-napravat-format-i-da-go-doblizhat-chistiot-makedonski-jazik-ne-samo-do-nivnata-generatsija-tuku-i-od-onie-po-niv-kazha-tamara-kupeva-od-instit/ Wed, 03 Apr 2024 10:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=761602

Уверена сум дека ќе имаме нови грижници и нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат којшто ќе го доближи чистиот, убавиот, креативниот, македонски јазик не само до нив како генерација туку и од оние коишто доаѓаат по нив, кажа вчера научната соработничка Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература при УКИМ на панел-дискусијата „Зборообразување – нови димензии на македонскиот јазик“, на која главен фокус беше зборообразувањето како главен начин за креативно збогатување на македонскиот јазик.

Трибината се одржа вчера во Музејот на македонска борба и самостојност, по иницијатива на двајца Зборци, Игор Антов и Виктор Бучковски.

На отворањето на панел-дискусијата, Антов посочи дека процесот на зборообразување е клучен за збогатување на македонскиот јазик и поставувањето на современите темели.

Се надевам дека заедно ќе успееме да ги поставиме современите темели на еден клучен процес за збогатувањето на македонскиот јазик, процесот на зборообразување. Убавината на зборообразувањето се отсликува во самиот збор, составување на два различни зборови се со цел да се добие збор со ново значење. Самата можност за креирање нов збор со ново значење, не само што се повикува на креативниот дел од секој од нас, туку ја рефлектира и нужноста за креирање на се уште несоздадените зборови за модерните феномени, рече Антов.

Нивото на секојдневниот говор, Антов вели е одраз на нивото на развојот на општеството, посочувајќи на агилноста и прецизноста на германскиот јазик како одраз на германскиот систем.

[caption id="attachment_761634" align="alignnone" width="730"] Игор Антов и Виктор Бучковски[/caption]

Прашањето е што одразува секојдневниот македонски јазик или поидеалистичкото прашање би било што може да одразува — шаренило, длабоко разбирање и поврзаност или нешто трето, вели Антов.

Според него, оптимизмот е пригушен од сѐ поприсутната апатија во македонското општество, а како што рече, тоа е пречка во развивањето на македонскиот јазик и свест.

Една од главните идеи на настанот е возобновување на македонскиот оптимизам, може ќе си речете дека сето ова е малку пооптимистичка цел. Оптимизмот кај нас изгледа пригушен од се поприсутната апатија, процес кој истовремено пречи во развивањето на македонскиот јазик, а преку него на македонската свест. Цитатот од великанот Коневски укажува токму од неопходноста од негување на македонскиот јазик и потребата од негово развивање заедно со модерната држава. Јазикот може да биде духовната образувачка сила во нашето општество, но само ако дозволиме, рече Антов.

Ќупева кажа дека можеби е единствената во салава на којашто ѝ се случува реализација на врвниот идеал, а тоа е ученикот да го надмине својот учител.

Поканата на Виктор и особено сега кога тука ги гледам Илина, Теодора, Стефан и еден куп познати луѓе, а особено ученици, сфатив дека ова е всушност денот кога човек, кога бил во настава и работел со млади луѓе толку многу години, веројатно е дека посеал нешто, оставил нешто што сега се случува и го имаме пред нас како една одлична иницијатива. Поканата и идејата на Виктор беше навистина потврда дека има надеж, има генерација која како никулец изникна од никаде во ситуација кога сите помислуваме дека сме уморни од иницијативи коишто би значеле дека нешто ќе се придвижи, рече Ќупева.

Според Ќупева, оваа генерација на која ѝ припаѓа Виктор и сите околу него навистина се генерација која ќе го крене знамето на една нова грижа за јазикот затоа што тие се ментори и лидери на генерација којашто доаѓа по нив.

Генерацијата „алфа“ се деца коишто се родени по 2010 година. Тие секако се разликуваат од генерација на Виктор. Оваа генерација која ја имаме овде, за среќа, имаше едно свое искуство кое што беше надвор од виртуелизација на светот во којшто живеат. Но, новата генерација „алфа“ најмалите се оние со кои што оваа генерација ќе има многу работа или барем ќе се обиде да им помогне, да им го доближи јазикот во борба со дигиталната интелигенција со која што се соочени секој ден. Виктор и неговата верна дружина имаат ковчеже од идеални креативни решенија за зборови коишто навистина кога ќе бидат пуштени во јавност можеби ќе го поминат и тестот на времето. Јазикот се менува и треба да бидеме свесни дека сите треба да учестувавме во тој процес на начин и со постапки коишто доаѓаат од неколку сектори. Но, кога зборуваме за младите, единствениот начин, единствената грижа и нега е токму нивната култура, музика особено разни стилови во музиката. Има бендови коишто пишуваат текстови на еден убав. чист македонски јазик којшто ја потенцира уште повеќе неговата мелодичност, кажа Ќупева.

Славица Велева, професорка по предметот „Зборообразување” на Филолошкиот факултет при УКИМ, кажа дека суштината и убавината на зборообразувањето не е само во системноста, туку за да се искреира збор буквално е потребно креативност и да се чувствува зборот, да се чувствува потребата од зборот.

Професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ говореше за избори и правци за зборови коишто веќе постојат и коишто се веќе заборавени или непознати, а можат да послужат и да влезат во нашиот јазичен фонд и да го збогатат.

 

The post Ќе имаме нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат и да го доближат чистиот македонски јазик не само до нивната генерација туку и од оние по нив, кажа Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература appeared first on Република.

]]>

Уверена сум дека ќе имаме нови грижници и нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат којшто ќе го доближи чистиот, убавиот, креативниот, македонски јазик не само до нив како генерација туку и од оние коишто доаѓаат по нив, кажа вчера научната соработничка Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература при УКИМ на панел-дискусијата „Зборообразување – нови димензии на македонскиот јазик“, на која главен фокус беше зборообразувањето како главен начин за креативно збогатување на македонскиот јазик. Трибината се одржа вчера во Музејот на македонска борба и самостојност, по иницијатива на двајца Зборци, Игор Антов и Виктор Бучковски. На отворањето на панел-дискусијата, Антов посочи дека процесот на зборообразување е клучен за збогатување на македонскиот јазик и поставувањето на современите темели.
Се надевам дека заедно ќе успееме да ги поставиме современите темели на еден клучен процес за збогатувањето на македонскиот јазик, процесот на зборообразување. Убавината на зборообразувањето се отсликува во самиот збор, составување на два различни зборови се со цел да се добие збор со ново значење. Самата можност за креирање нов збор со ново значење, не само што се повикува на креативниот дел од секој од нас, туку ја рефлектира и нужноста за креирање на се уште несоздадените зборови за модерните феномени, рече Антов.
Нивото на секојдневниот говор, Антов вели е одраз на нивото на развојот на општеството, посочувајќи на агилноста и прецизноста на германскиот јазик како одраз на германскиот систем. [caption id="attachment_761634" align="alignnone" width="730"] Игор Антов и Виктор Бучковски[/caption]
Прашањето е што одразува секојдневниот македонски јазик или поидеалистичкото прашање би било што може да одразува — шаренило, длабоко разбирање и поврзаност или нешто трето, вели Антов.
Според него, оптимизмот е пригушен од сѐ поприсутната апатија во македонското општество, а како што рече, тоа е пречка во развивањето на македонскиот јазик и свест.
Една од главните идеи на настанот е возобновување на македонскиот оптимизам, може ќе си речете дека сето ова е малку пооптимистичка цел. Оптимизмот кај нас изгледа пригушен од се поприсутната апатија, процес кој истовремено пречи во развивањето на македонскиот јазик, а преку него на македонската свест. Цитатот од великанот Коневски укажува токму од неопходноста од негување на македонскиот јазик и потребата од негово развивање заедно со модерната држава. Јазикот може да биде духовната образувачка сила во нашето општество, но само ако дозволиме, рече Антов.
Ќупева кажа дека можеби е единствената во салава на којашто ѝ се случува реализација на врвниот идеал, а тоа е ученикот да го надмине својот учител.
Поканата на Виктор и особено сега кога тука ги гледам Илина, Теодора, Стефан и еден куп познати луѓе, а особено ученици, сфатив дека ова е всушност денот кога човек, кога бил во настава и работел со млади луѓе толку многу години, веројатно е дека посеал нешто, оставил нешто што сега се случува и го имаме пред нас како една одлична иницијатива. Поканата и идејата на Виктор беше навистина потврда дека има надеж, има генерација која како никулец изникна од никаде во ситуација кога сите помислуваме дека сме уморни од иницијативи коишто би значеле дека нешто ќе се придвижи, рече Ќупева.
Според Ќупева, оваа генерација на која ѝ припаѓа Виктор и сите околу него навистина се генерација која ќе го крене знамето на една нова грижа за јазикот затоа што тие се ментори и лидери на генерација којашто доаѓа по нив.
Генерацијата „алфа“ се деца коишто се родени по 2010 година. Тие секако се разликуваат од генерација на Виктор. Оваа генерација која ја имаме овде, за среќа, имаше едно свое искуство кое што беше надвор од виртуелизација на светот во којшто живеат. Но, новата генерација „алфа“ најмалите се оние со кои што оваа генерација ќе има многу работа или барем ќе се обиде да им помогне, да им го доближи јазикот во борба со дигиталната интелигенција со која што се соочени секој ден. Виктор и неговата верна дружина имаат ковчеже од идеални креативни решенија за зборови коишто навистина кога ќе бидат пуштени во јавност можеби ќе го поминат и тестот на времето. Јазикот се менува и треба да бидеме свесни дека сите треба да учестувавме во тој процес на начин и со постапки коишто доаѓаат од неколку сектори. Но, кога зборуваме за младите, единствениот начин, единствената грижа и нега е токму нивната култура, музика особено разни стилови во музиката. Има бендови коишто пишуваат текстови на еден убав. чист македонски јазик којшто ја потенцира уште повеќе неговата мелодичност, кажа Ќупева.
Славица Велева, професорка по предметот „Зборообразување” на Филолошкиот факултет при УКИМ, кажа дека суштината и убавината на зборообразувањето не е само во системноста, туку за да се искреира збор буквално е потребно креативност и да се чувствува зборот, да се чувствува потребата од зборот. Професорката Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ говореше за избори и правци за зборови коишто веќе постојат и коишто се веќе заборавени или непознати, а можат да послужат и да влезат во нашиот јазичен фонд и да го збогатат.  

The post Ќе имаме нови љубители на јазикот коишто ќе се обидат да направат формат и да го доближат чистиот македонски јазик не само до нивната генерација туку и од оние по нив, кажа Тамара Ќупева од Институтот за македонска литература appeared first on Република.

]]>
Промоција на новиот роман на Фросина Пармаковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-noviot-roman-na-frosina-parmakovska/ Wed, 07 Feb 2024 09:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=741342

На 8 февруари (четврток) во Салон 19.19 – КИЦ од 19.30 низ разговор на новинарот Васко Поппетревски со авторката Фросина Пармаковска ќе биде претставен нејзиниот најнов роман „Сѐ уште можам нешто да сторам“, во издание на „Или-Или“.

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното.

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.

 

The post Промоција на новиот роман на Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

На 8 февруари (четврток) во Салон 19.19 – КИЦ од 19.30 низ разговор на новинарот Васко Поппетревски со авторката Фросина Пармаковска ќе биде претставен нејзиниот најнов роман „Сѐ уште можам нешто да сторам“, во издание на „Или-Или“. Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното. Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.  

The post Промоција на новиот роман на Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-noviot-roman-na-frosina-parmakovska-s-ushte-mozham-neshto-da-storam/ Wed, 13 Dec 2023 17:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=722661

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на „Или-Или“, соопштија од издавачката куќа.

Романот„Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното

Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.

 

The post Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ appeared first on Република.

]]>

Деновиве излезе од печат новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА на „Или-Или“, соопштија од издавачката куќа. Романот„Сѐ уште можам нешто да сторам “ е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој роман се доминантни психологизацијата на главнот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна. Ова е роман за суштинската промена однатре, промена која настапува како резултат на силни и длабоки потреси, искрени соочувања со Себеси, долги разговори во себе низ бројни непроспиени ноќи, роман за чудесното, соништата и постојаното поместување на границата помеѓу тие два света: реалното и чудесното Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ ( роман на годината за 2017 г.) и „На враќање“.  

The post Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-na-vrakane-od-frosina-parmakovska-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Thu, 09 Mar 2023 07:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=617525

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ излегува како издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.

Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издателство „Персеј“ на бугарски јазик.

Фасцинантно раскажана приказна за животот на средовечен маж, писател, кој занесен во пишувањето незабележливо му врти грб на семејството и по некое време се изнесува од својот дом и ги напушта својата сопруга и својот мал син. Наративот во прво лице го води човекот кој не знае да го спои својот личен и креативен живот. Неговото секојдневие станува низа од минатото, сегашноста и иднината. Враќањето во куќата на баба му и дедо му, која треба да биде продадена, го враќа назад во времето поминато таму, во детските лудории, во бегството на татко му, оставајќи го своето семејство, кон кое долго време нема никакви чувства, кон доживувањата и незаборавните моменти со убава девојка, со која љубовта е невозможна. Сеќавањата што го погодуваат се многу, но главниот лик често лета со својот „летечки тепих“ кон иднината, мечтае, фантазира, но на крајот сè останува неостварено. За него тоа е бегство од едноличниот и монотон живот. Бара нешто ново, нешто различно. Постојано е во движење. Затоа често патува: со воз, со автомобил, со „летечки тепих“, кој го понесува во идните моменти од неговиот живот.

Амбициозниот писател треба да патува до Истанбул, за да го претстави својот роман. Ова е уште една пресвртница во турбулентниот и напнат живот на главниот лик. Пречекан од неговиот возбуден и загрижен издавач, тој дознава дека има забрана за масовни настани поради пандемијата и Ковид мерките, кои мора да се спроведуваат.

Следи повратно патување назад, кон татковината, кон семејството, кон секојдневието. Но, овој пат е тежок - пандемија, маски, строго почитување на епидемиолошките ограничувања, затворени граници, тестови, карантин... Една тажна радост вилнее во душата на Емануел. Ќе има ли прошка за сѐ што му причинува на своето семејството, ќе може ли да излезе од вителот во кој западнал. За да има емоционално закрепнување и да премине од фантазија во реалност, мора да го фрли својот „летечки тепих“ и да слета во реалноста. Неговите соништа повеќе не го носат во нереални светови, туку кон нешто вистинско. Гледа работи кои се случиле такви, какви што биле во реалноста. Му се присонува Ирина, неговата сопруга, и клупата каде што ја гледа за прв пат.

Главниот лик ги осознава грешките, гледа веќе реално на животот, но дали ќе можат тие грешки да бидат простени од неговото семејство и има ли враќање наназад? Дали после толку движење ќе може да се врати дома? Ќе посака ли да му прости и на својот татко за нанесената болка. Зарем тој не тргнува по неговиот пат кога ја напушта Ирина и својот син Андреј?

„На враќање“ е една возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна.

Роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.

The post Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ излегува како издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров. Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издателство „Персеј“ на бугарски јазик. Фасцинантно раскажана приказна за животот на средовечен маж, писател, кој занесен во пишувањето незабележливо му врти грб на семејството и по некое време се изнесува од својот дом и ги напушта својата сопруга и својот мал син. Наративот во прво лице го води човекот кој не знае да го спои својот личен и креативен живот. Неговото секојдневие станува низа од минатото, сегашноста и иднината. Враќањето во куќата на баба му и дедо му, која треба да биде продадена, го враќа назад во времето поминато таму, во детските лудории, во бегството на татко му, оставајќи го своето семејство, кон кое долго време нема никакви чувства, кон доживувањата и незаборавните моменти со убава девојка, со која љубовта е невозможна. Сеќавањата што го погодуваат се многу, но главниот лик често лета со својот „летечки тепих“ кон иднината, мечтае, фантазира, но на крајот сè останува неостварено. За него тоа е бегство од едноличниот и монотон живот. Бара нешто ново, нешто различно. Постојано е во движење. Затоа често патува: со воз, со автомобил, со „летечки тепих“, кој го понесува во идните моменти од неговиот живот. Амбициозниот писател треба да патува до Истанбул, за да го претстави својот роман. Ова е уште една пресвртница во турбулентниот и напнат живот на главниот лик. Пречекан од неговиот возбуден и загрижен издавач, тој дознава дека има забрана за масовни настани поради пандемијата и Ковид мерките, кои мора да се спроведуваат. Следи повратно патување назад, кон татковината, кон семејството, кон секојдневието. Но, овој пат е тежок - пандемија, маски, строго почитување на епидемиолошките ограничувања, затворени граници, тестови, карантин... Една тажна радост вилнее во душата на Емануел. Ќе има ли прошка за сѐ што му причинува на своето семејството, ќе може ли да излезе од вителот во кој западнал. За да има емоционално закрепнување и да премине од фантазија во реалност, мора да го фрли својот „летечки тепих“ и да слета во реалноста. Неговите соништа повеќе не го носат во нереални светови, туку кон нешто вистинско. Гледа работи кои се случиле такви, какви што биле во реалноста. Му се присонува Ирина, неговата сопруга, и клупата каде што ја гледа за прв пат. Главниот лик ги осознава грешките, гледа веќе реално на животот, но дали ќе можат тие грешки да бидат простени од неговото семејство и има ли враќање наназад? Дали после толку движење ќе може да се врати дома? Ќе посака ли да му прости и на својот татко за нанесената болка. Зарем тој не тргнува по неговиот пат кога ја напушта Ирина и својот син Андреј? „На враќање“ е една возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна. Роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.

The post Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frosina-parmakovska-so-romanot-na-vrakane-pred-sofiskata-publika-i-kritika/ Wed, 22 Feb 2023 11:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=611868

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е издание на „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.

Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издаваштвото „Персеј“ на бугарски јазик. “Одбројување“, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

„На враќање“ е возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна, роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.

 

The post Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика appeared first on Република.

]]>

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на Македонија во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ е издание на „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров. Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издаваштвото „Персеј“ на бугарски јазик. “Одбројување“, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. „На враќање“ е возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна, роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.  

The post Фросина Пармаковска со романот „На враќање“ пред софиската публика и критика appeared first on Република.

]]>