фронтлајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frontlajn/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 17:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фронтлајн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frontlajn/ 32 32 Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novinarskata-fela-se-krena-vo-vrska-so-skandaloznoto-otkrivane-na-zlonamernite-fake-news-na-dhabir-derala-i-frontlajn/ Sat, 26 Aug 2023 17:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=676146

Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозното откривање дека провладиниот медиум односно негов сопственик Џабир Дерала,  спонзорирал на фејсбук монтирано лажно видео за уривање на угледот на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и партијата, рекламирањето заврши експресно. Но, не завршија острите реакции од новинарите, заради постојаните ветувања на власта за борба со лажни вести, која всушност самата ја практикува, анализира ТВ „Алфа“.

Уредникот на емисијата, Јовица Пауновски, во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот, напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.

„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.

Здружението на новинарите го осудуваат секое пласирање на лажни вести. Велат дека во ерата на дезинформации и штетни вести во Македонија, генерално предничат партиските експоненти и на ова сме биле сведоци и во минатото, но и сега, а тоа обично се случува кога во земјата растат политичките тензии.

Така беше и кога се гласаше Преспанскиот договор, потоа кога земјата пристапуваше кон НАТО, а гледаме дека и сега има таква тенденција. Укажуваме дека етикетирање на личности и ширење на дезинформации за политичкиот противник, од една, втора или трета страна, сериозно наштетува на политичката клима, но може уште повеќе да наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да придонесе за намалување на довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ за „Алфа“.

Ги нема никаде т.н. факт-чекинг организации или проверувачи на факти, кои инаку се многу гласни кога се работи за „плукање“ по критичарите на власта.

Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.

Ако се користи алатката за транспарентност на Фејсбук ќе се види дека зад телефонскиот број преку кој е направен профилот стои порталот фронтлајн.мк, дел од групацијата Цивил на Џабир Дерала.

Од фронтлајн.мк вчера се правдаа, дека нивниот телефонски број бил злоупотребен со тенденциозни и манипулативни цели за да се наруши нивниот углед и кредибилитет. Секому што и малку разбира како се спонзорираат објави на оваа социјална мрежа, му е јасно дека ова е невозможно.

Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот, Кристијан Ландов.

„Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, преку Фејсбук реагира дека „и дното било пробиено зашто се спонзираат вакви лажни вести.

„Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.

И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“ како нарачатели на рекламирањето, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“, може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата со лажни вести и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени.

Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-dhabir-i-frontlajn-gi-prekinaa-tsrnite-kampani-za-lazhnoto-video-protiv-vmro-dpmne/

The post Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“ appeared first on Република.

]]>

Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозното откривање дека провладиниот медиум односно негов сопственик Џабир Дерала,  спонзорирал на фејсбук монтирано лажно видео за уривање на угледот на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и партијата, рекламирањето заврши експресно. Но, не завршија острите реакции од новинарите, заради постојаните ветувања на власта за борба со лажни вести, која всушност самата ја практикува, анализира ТВ „Алфа“. Уредникот на емисијата, Јовица Пауновски, во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот, напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.
„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.
Здружението на новинарите го осудуваат секое пласирање на лажни вести. Велат дека во ерата на дезинформации и штетни вести во Македонија, генерално предничат партиските експоненти и на ова сме биле сведоци и во минатото, но и сега, а тоа обично се случува кога во земјата растат политичките тензии.
Така беше и кога се гласаше Преспанскиот договор, потоа кога земјата пристапуваше кон НАТО, а гледаме дека и сега има таква тенденција. Укажуваме дека етикетирање на личности и ширење на дезинформации за политичкиот противник, од една, втора или трета страна, сериозно наштетува на политичката клима, но може уште повеќе да наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да придонесе за намалување на довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ за „Алфа“.
Ги нема никаде т.н. факт-чекинг организации или проверувачи на факти, кои инаку се многу гласни кога се работи за „плукање“ по критичарите на власта. Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.
Ако се користи алатката за транспарентност на Фејсбук ќе се види дека зад телефонскиот број преку кој е направен профилот стои порталот фронтлајн.мк, дел од групацијата Цивил на Џабир Дерала.
Од фронтлајн.мк вчера се правдаа, дека нивниот телефонски број бил злоупотребен со тенденциозни и манипулативни цели за да се наруши нивниот углед и кредибилитет. Секому што и малку разбира како се спонзорираат објави на оваа социјална мрежа, му е јасно дека ова е невозможно. Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот, Кристијан Ландов.
„Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, преку Фејсбук реагира дека „и дното било пробиено зашто се спонзираат вакви лажни вести.
„Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој „борец против лажни вести“ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.
И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“ како нарачатели на рекламирањето, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“, може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата со лажни вести и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени. Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници. https://republika.mk/vesti/makedonija/bogdan-ilievski-dhabir-i-frontlajn-gi-prekinaa-tsrnite-kampani-za-lazhnoto-video-protiv-vmro-dpmne/

The post Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vaka-izgleda-sramot-od-lagite-na-vlasta-ushte-ednash-osudeni-se-deka-klevetat/ Tue, 20 Jun 2023 07:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=653240

Фронтлајн го наклеветил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога пишуваше дека поседува милионски имот.

Претседателот на опозициската партија објави дека www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.

На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник.
www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.
Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција..., напиша Мицкоски

The post Мицкоски: Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат appeared first on Република.

]]>

Фронтлајн го наклеветил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога пишуваше дека поседува милионски имот. Претседателот на опозициската партија објави дека www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.
На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа дека ќе спечалат на краток рок некој политички поен. Не успеаја…, а денес ја добив пресудата во прв степен, а еден од тие медиумски слуги е осуден дека сторил клевета, со изнесување невистини и се задолжува на негов трошок да ја објави пресудата во еден дневен весник. www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија. Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција..., напиша Мицкоски

The post Мицкоски: Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат appeared first on Република.

]]>