фронт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/front/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 16:39:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фронт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/front/ 32 32 По огромните загуби околу Бахмут, украинските сили се прегрупираат за синхрозиран напад од повеќе насоки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-ogromnite-zagubi-okolu-bahmut-ukrainskite-sili-se-pregrupiraat-za-sinhroziran-napad-od-poveke-nasoki/ Thu, 24 Aug 2023 16:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=675485

Во околината на Бахмут состојбата на фронтот е релативно стабилизирана. По неколку неуспешни обиди, украинските сили повторно се обидуваат да ги прегрупираат единиците и да извршат дорут на муниција и воени средства во подготовка за нови напади.

Големиот број убиени и ранети во боребените формации кои учествуваат во секојдневните напади ја принудија украинската армија да ги прилагоди своите планови. Според информации од терен, останата е само 28% од борбено подготвниот персонал во вториот баталјон на 3-та бригада на украинската војска, како помалку од половина од редовната воена опрема.

Сега на подрачјето на Константиновка и Белаја Гора, во тек е активна обука и координација на јуришните одреди на 92 механизирана бригада, 57 моторизирана бригада и 24 баталјони „Ајдар“  на украинските сили, кои се планира да се користат на јужното крило на Бахмут во новиот бран напади.

Во првиот ешалон, 14 напаѓачки групи на националната полициска бригада „Љут“ се подготвуваат за напад. Осум од нив треба да удрат кон ридот 195.4 кај местото Клешчеевка, на југ од Бахмут, за да ги принудат руските трупи да се повлечат од селото. За останатите е планирано да се движат по железничките пруги во правец на Андреевка и Курдумовка за да ги блокираат приодите до триаголникот Курдјумовски.

Истовремено, на север, во околината на Северск, има концентрација од шест украински јуришни групи, што укажува на можно активирање од страната на селото Раздоловка. 10-та планинска ударна бригада и 54-та механизирана бригада, последниве недели интензивно подготвуваат резерви за напад, така што е сосема можен временски синхронизиран напад од повеќе страни.

The post По огромните загуби околу Бахмут, украинските сили се прегрупираат за синхрозиран напад од повеќе насоки appeared first on Република.

]]>

Во околината на Бахмут состојбата на фронтот е релативно стабилизирана. По неколку неуспешни обиди, украинските сили повторно се обидуваат да ги прегрупираат единиците и да извршат дорут на муниција и воени средства во подготовка за нови напади. Големиот број убиени и ранети во боребените формации кои учествуваат во секојдневните напади ја принудија украинската армија да ги прилагоди своите планови. Според информации од терен, останата е само 28% од борбено подготвниот персонал во вториот баталјон на 3-та бригада на украинската војска, како помалку од половина од редовната воена опрема. Сега на подрачјето на Константиновка и Белаја Гора, во тек е активна обука и координација на јуришните одреди на 92 механизирана бригада, 57 моторизирана бригада и 24 баталјони „Ајдар“  на украинските сили, кои се планира да се користат на јужното крило на Бахмут во новиот бран напади. Во првиот ешалон, 14 напаѓачки групи на националната полициска бригада „Љут“ се подготвуваат за напад. Осум од нив треба да удрат кон ридот 195.4 кај местото Клешчеевка, на југ од Бахмут, за да ги принудат руските трупи да се повлечат од селото. За останатите е планирано да се движат по железничките пруги во правец на Андреевка и Курдумовка за да ги блокираат приодите до триаголникот Курдјумовски. Истовремено, на север, во околината на Северск, има концентрација од шест украински јуришни групи, што укажува на можно активирање од страната на селото Раздоловка. 10-та планинска ударна бригада и 54-та механизирана бригада, последниве недели интензивно подготвуваат резерви за напад, така што е сосема можен временски синхронизиран напад од повеќе страни.

The post По огромните загуби околу Бахмут, украинските сили се прегрупираат за синхрозиран напад од повеќе насоки appeared first on Република.

]]>
Детален приказ на состојбата на фронтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/detalen-prikaz-na-sostojbata-na-frontot-vo-ukraina/ Wed, 20 Apr 2022 13:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=491227

Состојбата на фронтот на линијата Николаев - Херсон - Кривој Рог, во основа останува непроменета. Има позициони борби, артилериски и воздушни напади на двете страни.

На линијата Запорожје - Орехов - Гулај Поле, е исто, иако тука е „болната точка“ на фронтот за вооружените сили на Украина во случај руските сили да успеат да го опколат целиот Доњецк. Источно од Гулај Поле, руските вооружени сили и вооружените сили на ДНР постигнаа мал тактички напредок.

Мариупол - продолжуваат жестоките борби во околината на „Азовстал“. Моментот на завршување на битката главно ќе зависи од тоа колку брзо ќе исчезнат залихите на опрема, муниција и храна од околината.

На линијата на фронтот од Вухледар, кој е под контрола на Украина, до Попасна е без промени. Има позициони борби и жестоко артилериско гранатирање и удари на руската авијација. Во Попасна, тешките улични борби продолжуваат со постепеното напредување на вооружените сили на ЛНР и вклучените руски сили, кои, вклучувајќи го и „Вагнер“, сега го носат најголемиот дел од борбите.

По должината на линијата од Попасна до Изјум, руските трупи ја пореземаат територијата што Украинците постепено ја напуштија. Вооружените сили на Украина организирано и навремено го намалуваат фронтот и ги повлекуваат своите војници од „торбата“ со цел да ги зајакнат загрозените крила на армијата. Вооружените сили на ДНР ја зазеле Кремина, напредувајќи кон Красни Лиман и Јамполе. И двете овие точки остануваат под контрола на вооружените сили на Украина. Ситуацијата на фронтот во Рубижно и Северодонецк е непроменета.

Јужно од Изум, вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со обидите да се движат кон југ - кон Славјанска и Барвенкова, но без голем успех.

Западно од Харков, украинската армија веќе два дена спроведува контранапади и успева да ги турне единиците на руската гарда западно и југозападно од градот, напредувајќи неколку километри и заземајќи 3 до 5 населени места.

Овој напредок сè уште не претставува никаква закана за комуникациите на напреднатата руска група во регионот на Изјум и нема никакво оперативно значење, но Украинците го користат како демонстрација на воени успеси. Вреди да се напомене дека, за разлика од украинската армија, руските војници избегнуваат тврдоглаво да ги бранат окупираните населби.

Северно од Харков - нема промена. Позициски конфликти и борби.

The post Детален приказ на состојбата на фронтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Состојбата на фронтот на линијата Николаев - Херсон - Кривој Рог, во основа останува непроменета. Има позициони борби, артилериски и воздушни напади на двете страни. На линијата Запорожје - Орехов - Гулај Поле, е исто, иако тука е „болната точка“ на фронтот за вооружените сили на Украина во случај руските сили да успеат да го опколат целиот Доњецк. Источно од Гулај Поле, руските вооружени сили и вооружените сили на ДНР постигнаа мал тактички напредок. Мариупол - продолжуваат жестоките борби во околината на „Азовстал“. Моментот на завршување на битката главно ќе зависи од тоа колку брзо ќе исчезнат залихите на опрема, муниција и храна од околината. На линијата на фронтот од Вухледар, кој е под контрола на Украина, до Попасна е без промени. Има позициони борби и жестоко артилериско гранатирање и удари на руската авијација. Во Попасна, тешките улични борби продолжуваат со постепеното напредување на вооружените сили на ЛНР и вклучените руски сили, кои, вклучувајќи го и „Вагнер“, сега го носат најголемиот дел од борбите. По должината на линијата од Попасна до Изјум, руските трупи ја пореземаат територијата што Украинците постепено ја напуштија. Вооружените сили на Украина организирано и навремено го намалуваат фронтот и ги повлекуваат своите војници од „торбата“ со цел да ги зајакнат загрозените крила на армијата. Вооружените сили на ДНР ја зазеле Кремина, напредувајќи кон Красни Лиман и Јамполе. И двете овие точки остануваат под контрола на вооружените сили на Украина. Ситуацијата на фронтот во Рубижно и Северодонецк е непроменета. Јужно од Изум, вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со обидите да се движат кон југ - кон Славјанска и Барвенкова, но без голем успех. Западно од Харков, украинската армија веќе два дена спроведува контранапади и успева да ги турне единиците на руската гарда западно и југозападно од градот, напредувајќи неколку километри и заземајќи 3 до 5 населени места. Овој напредок сè уште не претставува никаква закана за комуникациите на напреднатата руска група во регионот на Изјум и нема никакво оперативно значење, но Украинците го користат како демонстрација на воени успеси. Вреди да се напомене дека, за разлика од украинската армија, руските војници избегнуваат тврдоглаво да ги бранат окупираните населби. Северно од Харков - нема промена. Позициски конфликти и борби.

The post Детален приказ на состојбата на фронтот во Украина appeared first on Република.

]]>