фронт за европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/front-za-evropa/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 11:11:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фронт за европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/front-za-evropa/ 32 32 И БЕСА и Алтернатива со „Фронт за Европа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-besa-i-alternativa-so-front-za-evropa/ Tue, 02 May 2023 11:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=636029

Опозициските партии на Албанците Движењето БЕСА и Алтернатива, како и некои невладини организации, како што дознава „Република“, работат на создавање заеднички фронт „Обединети за ЕУ“.

Високи извори блиски до таборот на опозициските партии на Албанците информираат за „Република“ дека и последната средба на лидерите на Движењето БЕСА Билал Касами и Алтернатива Африм Гаши била во духот на градење политички консензус за создавање на овој фронт.

Според проекциите на опозицијата, во оваа иницијатива се очекува да бидат вклучени повеќе организации и граѓански иницијативи. „Република“ дознава дека незадоволните од ДУИ  засега не се дел од овие проекции, но не се исклучува можноста за нивно приклучување на иницијативата, докoлку добиват „црвен картон“ од Мала Речица.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред извесно време ја започна иницијативата „Фронт за Европа“ во која ги покани за учеството, како што нагласи, сите прогресивни проевропски и проамерикански сили.

Ахмети организираше серија средби со партиски структури и граѓани со мотото „Фронт за Европа/ Заедно за Европа“, но од овие средби не излезе ништо конкретно.

Целта на оваа иницијатива, како што коментираат познавачите на политичките случувања во земјава, е македонската опозиција да се прикаже како анти-ЕУ, а со ова секоја партија на Албанците што ќе соработува со нив да се претставува како таква. Оваа иницијатива на опозицијата на Албанците ја разбива политичка агенда на интегративсците на Ахмети, а во таа насока се очекува да дејствува и македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се разобличи оваа политичка агенда на ДУИ.

Лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, минатата недела имале средба, која според извори од двете партии, е првичен обид да се „стопи мразот“ меѓу двете партии во насоката на можна посериозна соработка во иднина.

The post И БЕСА и Алтернатива со „Фронт за Европа“ appeared first on Република.

]]>

Опозициските партии на Албанците Движењето БЕСА и Алтернатива, како и некои невладини организации, како што дознава „Република“, работат на создавање заеднички фронт „Обединети за ЕУ“. Високи извори блиски до таборот на опозициските партии на Албанците информираат за „Република“ дека и последната средба на лидерите на Движењето БЕСА Билал Касами и Алтернатива Африм Гаши била во духот на градење политички консензус за создавање на овој фронт. Според проекциите на опозицијата, во оваа иницијатива се очекува да бидат вклучени повеќе организации и граѓански иницијативи. „Република“ дознава дека незадоволните од ДУИ  засега не се дел од овие проекции, но не се исклучува можноста за нивно приклучување на иницијативата, докoлку добиват „црвен картон“ од Мала Речица. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред извесно време ја започна иницијативата „Фронт за Европа“ во која ги покани за учеството, како што нагласи, сите прогресивни проевропски и проамерикански сили. Ахмети организираше серија средби со партиски структури и граѓани со мотото „Фронт за Европа/ Заедно за Европа“, но од овие средби не излезе ништо конкретно. Целта на оваа иницијатива, како што коментираат познавачите на политичките случувања во земјава, е македонската опозиција да се прикаже како анти-ЕУ, а со ова секоја партија на Албанците што ќе соработува со нив да се претставува како таква. Оваа иницијатива на опозицијата на Албанците ја разбива политичка агенда на интегративсците на Ахмети, а во таа насока се очекува да дејствува и македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се разобличи оваа политичка агенда на ДУИ. Лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, минатата недела имале средба, која според извори од двете партии, е првичен обид да се „стопи мразот“ меѓу двете партии во насоката на можна посериозна соработка во иднина.

The post И БЕСА и Алтернатива со „Фронт за Европа“ appeared first on Република.

]]>