фрли ракавица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frli-rakavitsa/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 18:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрли ракавица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frli-rakavitsa/ 32 32 Николоски му фрли ракавица на Пендаровски: Дали е точно дека во скоро време беше посетен од странски стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mu-frli-rakavitsa-na-pendarovski-dali-e-tochno-deka-vo-skoro-vreme-beshe-poseten-od-stranski-strategist-i-podgotvuvach-na-izborni-kampani-i-anketi/ Mon, 18 Mar 2024 18:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=756035

„Кога анкетите не им се допаѓаат на властодршците ги менуваат анкетарите, а не состојбите на терен. Така што веројатно сега од СДС ќе бараат анкетни куќи кои што нели нив ќе им одат во прилог, се сеќавате на онаа легендарна анкета која што веќе ја објавија пред неколку месеци каде што кога ќе го соберете вкупниот број доаѓаше 104 наместо 100%. А, оваа анкета не можат да ја негираат за тоа што е правена од два институти од кои што едниот е многу близок до СДС, и тоа е многу добра идеја на МРТ“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија коментирајќи ги коментарите на СДС за последниве анкети кои што излегоа на МРТ.

Николоски праша дали е вистина дека пред скоро време Пендаровски во кабинетот бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети.

А, иначе тоа што сакам ексклузивно да го споделам вечерва е што веројатно Стево Пендаровски за многу пари ќе добие совети и анкети какви што ќе сака да види. Но, тоа нема да се реализира на терен. Па, еве да му фрлам ракавица на Стево Пендаровски да каже дали е вистина или не дека пред некое време скоро сега, зборувам за денови максимум недели, не за месеци и години, бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и на анкети. Тој по потекло бил од Израел, а кој што случајно во минатото но и сега има работено во една соседна држава за тамошниот претседател, во друштво со одредени лица од Романија и Хрватска. И да го прашам дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во Антикорупциската комисија? Затоа што ако не го пријави е кривично дело. И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски исто така постави прашање и до СДС, каде што праша дали е вистина или не дека имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата.

Во текот во емисијата тој праша дали Стево Пендаровски ја донираше разликата од својата покачена плата и каде.

Пендаровски должи неколку одговори во јавноста, на пример Пендаровски беше тој кој што кажа дека разликата од покачената плата ќе ја донира. Нели најпаметен беше од сите, па тој излезе и го кажа тоа. Што значи нели нему покачена плата не му треба. Што значи или многу скромно живее или е криминалец. Затоа што вас ако платата не ви треба значи дека имате други извори на приходи. А, во неговиот случај другите извори на приходи може само да се криминални. И остана до денес неодговорено прашањето на кого ги донира тие средства, и мислам дека е чесно во кампања да излезе и да покаже трансакциски сметки, затоа што така се прават донации, а не приказни да раскажува, укажа Николоски.

Тој нагласи дека Пендаровски треба да излезе и во јавност да изнесе црно на бело каде донира.

Второто што должи одговори е пред пет години кога се кандидираше за претседател велеше дека по завршување на мандатот нема да ги користи привилегиите кои што следуваат на поранешните претседатели. А, тоа е без разлика на колку години е следува пензија во висина на претседателска плата, а Пендаровски не исполнува услови за пензија, а очигледно ќе земе. И следуваат сериозни финансиски средства за функционирање на Кабинет со вработени, со канцеларии, со патувања итн. Велеше дека нема да ги користи овие привилегии, но некако молчи последниве години откако е свесен дека ќе биде демолиран, дека ќе биде прегазен и поразен на овие претседателски избори, рече Николоски.

The post Николоски му фрли ракавица на Пендаровски: Дали е точно дека во скоро време беше посетен од странски стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети appeared first on Република.

]]>

„Кога анкетите не им се допаѓаат на властодршците ги менуваат анкетарите, а не состојбите на терен. Така што веројатно сега од СДС ќе бараат анкетни куќи кои што нели нив ќе им одат во прилог, се сеќавате на онаа легендарна анкета која што веќе ја објавија пред неколку месеци каде што кога ќе го соберете вкупниот број доаѓаше 104 наместо 100%. А, оваа анкета не можат да ја негираат за тоа што е правена од два институти од кои што едниот е многу близок до СДС, и тоа е многу добра идеја на МРТ“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија коментирајќи ги коментарите на СДС за последниве анкети кои што излегоа на МРТ. Николоски праша дали е вистина дека пред скоро време Пендаровски во кабинетот бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и анкети.
А, иначе тоа што сакам ексклузивно да го споделам вечерва е што веројатно Стево Пендаровски за многу пари ќе добие совети и анкети какви што ќе сака да види. Но, тоа нема да се реализира на терен. Па, еве да му фрлам ракавица на Стево Пендаровски да каже дали е вистина или не дека пред некое време скоро сега, зборувам за денови максимум недели, не за месеци и години, бил посетен од еден стратегист и подготвувач на изборни кампањи и на анкети. Тој по потекло бил од Израел, а кој што случајно во минатото но и сега има работено во една соседна држава за тамошниот претседател, во друштво со одредени лица од Романија и Хрватска. И да го прашам дали тие луѓе ќе му ја водат кампањата? Ако му ја водат кампањата, дали тоа ќе го пријави во Антикорупциската комисија? Затоа што ако не го пријави е кривично дело. И колку тоа ќе го чини и од каде ќе ги најде тие средства, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски исто така постави прашање и до СДС, каде што праша дали е вистина или не дека имаат ангажирано странски куќи да им ја работат кампањата. Во текот во емисијата тој праша дали Стево Пендаровски ја донираше разликата од својата покачена плата и каде.