фрлање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frlanje/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 09:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрлање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frlanje/ 32 32 Киријакидес: Храната е премногу скапоцена за да заврши во канта за ѓубре https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kirijakides-hranata-e-premnogu-skapotsena-za-da-zavrshi-vo-kanta-za-gubre/ Sun, 29 Sep 2024 09:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=820685

Зачудувачки е што една третина од храната произведена на глобално ниво се губи или завршува како отпад, факт што има негативни влијанија не само врз безбедноста на храната, туку и врз нашите економии и општества, порача еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес по повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна - 29 септември.

Само во Европа годишно се фрлаат 59 милиони тони храна, во вредност од милијарди евра. Во меѓувреме, милиони Европејци не можат да си дозволат здрав оброк секој ден. Ова е неприфатливо губење ресурси, од вода и земја, па до енергија и работна сила, истакнува Киријакидес.

Таа посочува дека фрлањето на храна е исто така опасност и за животната средина, имајќи предвид дека секој тон отпад од прехранбени продукти придонесува за зголемување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, за забрзување на климатските промени и за исцрпување на природните ресурси на Планетата.

Затоа, наш морален и еколошки императив е да дејствуваме. Во Европската Унија сме посветени на преполовување на отпадот од храна по глава на жител во малопродажбата и потрошувачката до 2030 година, во согласност со нашето ветување во рамките на Целта за одржлив развој на Обединетите нации 12.3, која повикува на одговорна потрошувачка и производство ширум светот. За да го забрзаме нашиот напредок, поставивме збир на законски обврзувачки цели за намалување на отпадот низ синџирот на исхрана, од производството, па до домаќинствата. Тоа го очекуваат нашите граѓани од нас, додава Киријакидес во пораката.

Таа потенцира дека за постигнување на оваа цел е потребен колективен напор на сите сектори на општеството - владите, бизнисите и секој поединец, бидејќи борбата против фрлањето храна во голема мера зависи од нашите секојдневни избори и постапки.

Време е да го промениме начинот на кој купуваме и јадеме храна, да го преиспитаме нашиот систем на исхрана и да ги поттикнеме одржливите потрошувачки навики. Позитивните ефекти од ова ќе ги видиме и во нашите паричници со помалку пари потрошени на храна. Оваа недела што доаѓа, го повикувам секој европски граѓанин да размисли што можеме да направиме за да и помогнеме на Планетата, економијата и општеството. Храната значи живот. Премногу е скапоцена за да заврши во канта. Ајде да дејствуваме заедно сега, со цел оваа визија да ја направиме реалност и сите да бидеме дел од решението, додава Киријакидес во пораката повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна.

The post Киријакидес: Храната е премногу скапоцена за да заврши во канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>

Зачудувачки е што една третина од храната произведена на глобално ниво се губи или завршува како отпад, факт што има негативни влијанија не само врз безбедноста на храната, туку и врз нашите економии и општества, порача еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес по повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна - 29 септември. Само во Европа годишно се фрлаат 59 милиони тони храна, во вредност од милијарди евра. Во меѓувреме, милиони Европејци не можат да си дозволат здрав оброк секој ден. Ова е неприфатливо губење ресурси, од вода и земја, па до енергија и работна сила, истакнува Киријакидес. Таа посочува дека фрлањето на храна е исто така опасност и за животната средина, имајќи предвид дека секој тон отпад од прехранбени продукти придонесува за зголемување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, за забрзување на климатските промени и за исцрпување на природните ресурси на Планетата. Затоа, наш морален и еколошки императив е да дејствуваме. Во Европската Унија сме посветени на преполовување на отпадот од храна по глава на жител во малопродажбата и потрошувачката до 2030 година, во согласност со нашето ветување во рамките на Целта за одржлив развој на Обединетите нации 12.3, која повикува на одговорна потрошувачка и производство ширум светот. За да го забрзаме нашиот напредок, поставивме збир на законски обврзувачки цели за намалување на отпадот низ синџирот на исхрана, од производството, па до домаќинствата. Тоа го очекуваат нашите граѓани од нас, додава Киријакидес во пораката. Таа потенцира дека за постигнување на оваа цел е потребен колективен напор на сите сектори на општеството - владите, бизнисите и секој поединец, бидејќи борбата против фрлањето храна во голема мера зависи од нашите секојдневни избори и постапки. Време е да го промениме начинот на кој купуваме и јадеме храна, да го преиспитаме нашиот систем на исхрана и да ги поттикнеме одржливите потрошувачки навики. Позитивните ефекти од ова ќе ги видиме и во нашите паричници со помалку пари потрошени на храна. Оваа недела што доаѓа, го повикувам секој европски граѓанин да размисли што можеме да направиме за да и помогнеме на Планетата, економијата и општеството. Храната значи живот. Премногу е скапоцена за да заврши во канта. Ајде да дејствуваме заедно сега, со цел оваа визија да ја направиме реалност и сите да бидеме дел од решението, додава Киријакидес во пораката повод Меѓународен ден на свесноста за губење и фрлање храна.

The post Киријакидес: Храната е премногу скапоцена за да заврши во канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>
Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-kichevo-ohrid-i-struga-unishtena-nebezbedna-hrana-kazneti-market-gostilnitsa-i-mesarnitsa/ Sun, 22 Sep 2024 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=818773

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот.

Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично).

Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло.

Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.

Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго.

Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, велат од АХВ.

Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава спроведени се 24. 335 инспекциски контроли при што изречени се 2 433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13,654 литри небезбедна храна.

 

The post Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница appeared first on Република.

]]>

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично). Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло. Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.
Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго.
Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, велат од АХВ. Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава спроведени се 24. 335 инспекциски контроли при што изречени се 2 433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13,654 литри небезбедна храна.  

The post Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница appeared first on Република.

]]>