фрлање храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frlanje-hrana/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 17:11:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фрлање храна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frlanje-hrana/ 32 32 Секое семејство губи до 80 евра: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sekoe-semejstvo-gubi-do-80-evra-za-vreme-na-bozhiknite-praznitsi-italijantsite-frlaat-500-000-toni-hrana/ Mon, 11 Dec 2023 18:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=721885

Италијанците фрлаат 500.000 тони храна секоја година за време на божиќните празници. Како што соопшти италијанското непрофитно здружение на потрошувачи „Асутенти“, поради тоа, секое семејство ризикува да фрли до 80 евра во канта за ѓубре.

Покрај свежите производи како овошје и зеленчук, тестенините, рибата и вино се меѓу најчестите производи кои на Божиќ завршуваат во корпата за отпадоци.

Само во прехранбениот сектор, во Италија како отпад годишно се фрла храна вредна девет милијарди евра, од кои околу 6,5 милијарди се фрлаат само од италијанските домови.

Во просек, 524 грама храна по човек во Италија неделно завршуваат во ѓубре, што е приближно 75 грама дневно или 27,2 кг годишно.

Лебот и свежиот зеленчук се меѓу најчесто фрлените намирници во Италија, заедно со безалкохолните пијалоци, мешунките, свежото овошје и тестенините.

Во текот на минатата година едно италијанско семејство во канта во просек фрлило храна вредна 252 евра.

The post Секое семејство губи до 80 евра: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна appeared first on Република.

]]>

Италијанците фрлаат 500.000 тони храна секоја година за време на божиќните празници. Како што соопшти италијанското непрофитно здружение на потрошувачи „Асутенти“, поради тоа, секое семејство ризикува да фрли до 80 евра во канта за ѓубре. Покрај свежите производи како овошје и зеленчук, тестенините, рибата и вино се меѓу најчестите производи кои на Божиќ завршуваат во корпата за отпадоци. Само во прехранбениот сектор, во Италија како отпад годишно се фрла храна вредна девет милијарди евра, од кои околу 6,5 милијарди се фрлаат само од италијанските домови. Во просек, 524 грама храна по човек во Италија неделно завршуваат во ѓубре, што е приближно 75 грама дневно или 27,2 кг годишно. Лебот и свежиот зеленчук се меѓу најчесто фрлените намирници во Италија, заедно со безалкохолните пијалоци, мешунките, свежото овошје и тестенините. Во текот на минатата година едно италијанско семејство во канта во просек фрлило храна вредна 252 евра.

The post Секое семејство губи до 80 евра: За време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна appeared first on Република.

]]>