фреска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/freska/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jul 2023 08:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фреска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/freska/ 32 32 Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pitsa-stara-2-000-godini-vo-pompeja-e-otkriena-freska-na-koja-e-naslikan-poznatiot-italijanski-spetsijalitet/ Mon, 03 Jul 2023 09:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=657613

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“.

Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата.

Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните.

Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло.

Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.

Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“. Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата. Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув. Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните. Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло. Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.
Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>