Френк Синатра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frenk-sinatra/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 10:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Френк Синатра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frenk-sinatra/ 32 32 Ди Каприо ќе го глуми Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе https://arhiva3.republika.mk/scena/film/di-kaprio-ke-go-glumi-frenk-sinatra-vo-noviot-film-na-martin-skorseze/ Thu, 18 Apr 2024 10:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=767491

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

The post Ди Каприо ќе го глуми Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе appeared first on Република.

]]>

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе. Проектот е во рана претпродукција. Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

The post Ди Каприо ќе го глуми Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе appeared first on Република.

]]>
Концерт на Националниот џез оркестар: Џон Илија Апелгрин ќе пее хитови на Франк Синатра на Денот на вљубените https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-natsionalniot-dhez-orkestar-dhon-ilija-apelgrin-ke-pee-hitovi-na-frank-sinatra-na-denot-na-vlubenite/ Fri, 26 Jan 2024 20:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=737300

На 14 февруари, Денот на љубовта и виното, Националниот џез оркестар во салата на Националната опера и балет (20 часот) ќе одржи концерт со хитовите на Френк Синатра, во изведба на еден од најдобрите џез вокали на овие простори Џон Илија Апелгрин.

Френк Синатра се смета за „најголемиот машки поп-пејач во историјата на Америка,“ а некои ќе речат и „најголемиот пејач на 20 век“. Неговата харизматична појава се карактеризира со ретка комбинација на исклучителен вокал и способност да се биде шоумен, карактеристики кои му обезбедија дури три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд за неговата работа во филмот и музиката.

На програмата ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, адаптирани за изведба со биг бенд состав. На сцената Апелгрен ќе биде придружуван од страна на членовите на Националниот џез оркестар.

Џон Илија Апелгрен е македонски џез вокалист, именуван како еден од најдобрите вокали на овие простори и пошироко. Често пати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите.

Апелгрен зад себе има 39-годишно искуство на македонската музичка сцена од кои 35-годишно искуство како џез изведувач кој настапувал со биг бендот на МРТ, биг бендот на ЗЏМ, и Македонската фихармонија, како и со голем број помали формациски состави. Во текот на неговата музичка кариера има снимено повеќе од 150 џез стандарди.

The post Концерт на Националниот џез оркестар: Џон Илија Апелгрин ќе пее хитови на Франк Синатра на Денот на вљубените appeared first on Република.

]]>

На 14 февруари, Денот на љубовта и виното, Националниот џез оркестар во салата на Националната опера и балет (20 часот) ќе одржи концерт со хитовите на Френк Синатра, во изведба на еден од најдобрите џез вокали на овие простори Џон Илија Апелгрин. Френк Синатра се смета за „најголемиот машки поп-пејач во историјата на Америка,“ а некои ќе речат и „најголемиот пејач на 20 век“. Неговата харизматична појава се карактеризира со ретка комбинација на исклучителен вокал и способност да се биде шоумен, карактеристики кои му обезбедија дури три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд за неговата работа во филмот и музиката. На програмата ќе бидат изведени дел од најпознатите хитови на Френк Синатра, адаптирани за изведба со биг бенд состав. На сцената Апелгрен ќе биде придружуван од страна на членовите на Националниот џез оркестар. Џон Илија Апелгрен е македонски џез вокалист, именуван како еден од најдобрите вокали на овие простори и пошироко. Често пати споредуван со Нет Кинг Кол, вокалот на Апелгрен нè потсетува на златни денови од ерата на биг бендовите. Апелгрен зад себе има 39-годишно искуство на македонската музичка сцена од кои 35-годишно искуство како џез изведувач кој настапувал со биг бендот на МРТ, биг бендот на ЗЏМ, и Македонската фихармонија, како и со голем број помали формациски состави. Во текот на неговата музичка кариера има снимено повеќе од 150 џез стандарди.

The post Концерт на Националниот џез оркестар: Џон Илија Апелгрин ќе пее хитови на Франк Синатра на Денот на вљубените appeared first on Република.

]]>
Хитовите на Синатра синоќа на романтичен концерт во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/hitovite-na-sinatra-sinokja-na-romantichen-koncert-vo-bitola/ Sun, 13 Feb 2022 10:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=457797

„LOVE O’CLOCK - Fly me to the Moon“ беше насловот на концертот што синоќа се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола. Вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра.

Еден Оскар, 13 Греми награди, 58 снимени филмови и преку 250 милиони продадени плочи се нешто што можеше во само еден живот да го доживее Френк Синатра.

Од неговата смрт поминаа 24 години, но неговата музика инспирирана од љубов, стана безвременска. Секоја година правам годишен концерт во зимските месеци и секогаш имало по некоја негова песна на мојот репертоар, но овој пат одлучив да направам целовечерен концерт со неговите љубовни рефрени, истакна Јасна Димитровска.

Пред неколку години, во Битола се возобнови Битолскиот дувачки оркестар кој на репертоар има од класици до современи композитори со кој раководи Марјан Бакревски.

Секој наш концерт е различен и во тоа е убавината да се живее музиката на сцената. На овој проект со Јасна работевме два месеци и резултатот синоќа беше евидентен, го прикажавме музичкиот живот на Синатра, на негов начин со лет до месечината, истакна Бакревски.

Публиката уживаше во 90 минутниот концерт, спонзорите им приредија изненадувања на публиката, а таа ги награди уметниците со долги аплаузи и враќање два пати на бис.

The post Хитовите на Синатра синоќа на романтичен концерт во Битола appeared first on Република.

]]>

„LOVE O’CLOCK - Fly me to the Moon“ беше насловот на концертот што синоќа се одржа во големата сала на Центарот за култура во Битола. Вокалистката Јасна Димитровска заедно со Битолскиот дувачки оркестар со гостинот Нико Ѓоргиевски пред публиката исполнија седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра. Еден Оскар, 13 Греми награди, 58 снимени филмови и преку 250 милиони продадени плочи се нешто што можеше во само еден живот да го доживее Френк Синатра.