фреди бекет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fredi-beket/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jan 2022 11:03:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фреди бекет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fredi-beket/ 32 32 Фреди заработува и до 200 евра на ден без да прави практично ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fredi-zarabotuva-i-do-200-evra-na-den-bez-da-pravi-praktichno-nishto/ Sun, 30 Jan 2022 11:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=451490

Фреди Бекет е 31-годишен Британец, кој работи како келнер и има сон да стане писател. Во меѓувреме, додека чека да си го оствари сонот, ја надополнува својата заработка со едополнителна работа, која не му одзема премногу време, а е добро платена. Фреди чека ред за луѓе што временски не можат да си дозволат такво нешто или, пак, воопшто не сакаат да чекаат. На овој начин, Фреди зарботува по 24,5 евра на час.

Приказната за Фреди Бекет ја раскажува британски „Сан“, кој пишува дека неговата клиентела се движи од млади брачни парови, кои се презафатени за чекање, до пензионери кои немаат сила за такво нешто. Фреди чека на студ среде зима, но летото е период кога тој е најзафатен со ваквите професионални обврски, односно кога има најмногу настани, концерти, изложби... Тој застанува во редицата, купува билети и потоа им ги предава на неговите „вработувачи“.

Тој исто така е доста зафатен во периодот околу Божиќните и новогодишните празници, како и во времето кога има попусти. Тој овозможува и услуга да биде резервиран однапред во случаите кога терминот на настанот е познат однапред.

Освен што чека во ред, Фреди овозможува услуга да ги чека граѓаните во нивните домови или работни места. Така, еден господин ги најмил неговите услуги за да ги земе клучевите од неговиот стан и да ги причека вработените во фирма за перење теписи.

Дополнителна предност во работата на Фреди е што тој е „суперфлексибилен“ и може да одговори на повик за многу брзо време, во случај на итен случај.

 

The post Фреди заработува и до 200 евра на ден без да прави практично ништо appeared first on Република.

]]>

Фреди Бекет е 31-годишен Британец, кој работи како келнер и има сон да стане писател. Во меѓувреме, додека чека да си го оствари сонот, ја надополнува својата заработка со едополнителна работа, која не му одзема премногу време, а е добро платена. Фреди чека ред за луѓе што временски не можат да си дозволат такво нешто или, пак, воопшто не сакаат да чекаат. На овој начин, Фреди зарботува по 24,5 евра на час. Приказната за Фреди Бекет ја раскажува британски „Сан“, кој пишува дека неговата клиентела се движи од млади брачни парови, кои се презафатени за чекање, до пензионери кои немаат сила за такво нешто. Фреди чека на студ среде зима, но летото е период кога тој е најзафатен со ваквите професионални обврски, односно кога има најмногу настани, концерти, изложби... Тој застанува во редицата, купува билети и потоа им ги предава на неговите „вработувачи“. Тој исто така е доста зафатен во периодот околу Божиќните и новогодишните празници, како и во времето кога има попусти. Тој овозможува и услуга да биде резервиран однапред во случаите кога терминот на настанот е познат однапред. Освен што чека во ред, Фреди овозможува услуга да ги чека граѓаните во нивните домови или работни места. Така, еден господин ги најмил неговите услуги за да ги земе клучевите од неговиот стан и да ги причека вработените во фирма за перење теписи. Дополнителна предност во работата на Фреди е што тој е „суперфлексибилен“ и може да одговори на повик за многу брзо време, во случај на итен случај.  

The post Фреди заработува и до 200 евра на ден без да прави практично ништо appeared first on Република.

]]>