Фрчкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frchkoski/ За подобро да се разбереме Tue, 28 May 2024 21:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фрчкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frchkoski/ 32 32 Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frchkoski-e-trebashe-da-se-konsultira-i-so-mene-ne-samo-so-osmani-za-glasaneto-vo-oon-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-veli-pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=782512

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.

Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот.

Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.
Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Наместо преговори со ОНА, подобро да се побара воена интервенција од Бугарија и од Грција: Можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие (Албанците) ќе пливаат кон Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-pregovori-so-ona-podobro-da-se-pobara-voena-interventsija-od-bugarija-i-od-grtsija-mozhebi-nie-ke-zboruvame-bugarski-no-tie-albantsite-ke-plivaat-kon-italija/ Tue, 15 Aug 2023 10:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=672276

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи објави видео од 2001 година, во кое актуелниот министер во ОН, Љубомир Фрчкоски го изнесува својот чудовишен рецепт за конечно решавање на албанското прашање во регионот.

На социјалните мрежи циркулира телевизиска снимка од 2001 година, на која поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски и актуелен македонски амбасадор во ООН, изјавува дека наместо да се преговара со терористите на ОНА во Македонија, подобро е да се побара воена интервенција од Бугарија и од Грција, по која, како што вели, „можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие (Албанците) ќе пливаат кон Италија“.

Политичкиот аналитичар и колумнист, Арсим Зеколи го објави на својата страница на Фејсбук ова интервју со коментар:

Секогаш кога ќе ја слушнете СДСМ-шовињаријата на Пендаровски, Зоран Иванов, Ковачевски, како попуваат за туѓи национализми, сетете се што нивниот амбасадор при ОН (и одбиен од САД) им посакува на Албанците. Македонија и особено СДСМ отсекогаш биле и остануваат тврдина на фашизмот на Милошевиќ и на Вучиќ, повеќе и од самата Србија.

Во интервјуто, дадено за телевизијата Сител и на водителот Васко Ефтов, Фрчкоски вели:

Тие (Албанците) не можат да продуцираат структура, тие не можат да продуцираат ни мала Албанија, тие може да продуцираат само голем регионален хаос. Во случај на соочување со теза за преговарање со терористите, подобро за земјата, апсолутно поприфатлива опција е интервенција на грчки и бугарски војски заедно со нашите, по онаа логика, која ја слушам наоколу и од мои студенти: „Можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие ќе пливаат кон Италија“. И тоа се врзува за една широка омраза која се развива и која ја заменува толеранцијата и која ќе заврши во воени дејства од пошироки размери, кои се исплатливи за соседните земји, зашто и тие го решаваат албанското прашање, кое може и нив да ги допре, на територијата на Република Македонија – вели Фрчкоски.

Интервјуто најверојатно е дадено во екот на зачестените напади од албански вооружени групи во земјава, а пред почетокот на преговорите со нив, кои резултираа со потпишување на Охридскиот рамковен договор. Во тој период се појави и контроверзната иницијатива за размена на територии и население помеѓу Македонија и Албанија, за што во весниците се појавија и карти со исцртани нови граници меѓу двете земји. Иницијативата тогаш ја поддржаа и високи кругови на МАНУ, но по бурните реакции на јавноста, академијата се дистанцираше од неа.

Освен министер за внатрешни работи, професорот на правниот факултет на УКИМ во Скопје Љубомир Данилов Фрчкоски, во еден мандат беше и министер за надворешни работи, беше советник за надворешна политика на претседателот Борис Трајковски, а во моментов е амбасадор на Република Македонија во Обединетите Нации.

The post Наместо преговори со ОНА, подобро да се побара воена интервенција од Бугарија и од Грција: Можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие (Албанците) ќе пливаат кон Италија appeared first on Република.

Ковачевски, Османи и Фрчковски на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-osmani-i-frchkovski-na-77-to-generalno-sobranie-na-on-vo-njujork/ Mon, 19 Sep 2022 17:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=552342

Започнаа активностите на Самитот за трансформација на образованието во рамките на 77-то Генерално Собрание на Организацијата на ООН во Њујорк. На отворањето на Самитот присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Република Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми. Настанот започна со воведно обраќање на Генералниот секретар на Организацијата на Обединети Нации, Антонио Гутереш а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете.

Во рамките на овој Самит е предвидено обраќање на премиерот Ковачевски кое според агендата е околу 16:00 часот по локално време.

The post Ковачевски, Османи и Фрчковски на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Започнаа активностите на Самитот за трансформација на образованието во рамките на 77-то Генерално Собрание на Организацијата на ООН во Њујорк. На отворањето на Самитот присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, министрите за надворешни работи и за образование и наука, Бујар Османи и Јетон Шаќири, амбасадорот на постојаната мисија на Република Македонија во ОН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, шефот на кабинетот на претседателот на Владата, Мартин Попов и советникот за надворешни работи, Едмонд Адеми. Настанот започна со воведно обраќање на Генералниот секретар на Организацијата на Обединети Нации, Антонио Гутереш а продолжува во текот на денот со дебата во чиј фокус се националните цели за обезбедување на квалитетно и достапно образование за секое дете. Во рамките на овој Самит е предвидено обраќање на премиерот Ковачевски кое според агендата е околу 16:00 часот по локално време.

The post Ковачевски, Османи и Фрчковски на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Фрчкоски не е кривично осуден за ниту едно дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-frchkoski-ne-e-krivichno-osuden-za-nitu-edno-delo/ Fri, 11 Mar 2022 20:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=471532

Професорот Љубомир Фрчкоски, кој неодамна со указ на претседателот Стево Пендаровски, е назначен за амбасадор на земјава во ООН во Њујорк, не е осуден за никакво кривично дело.

Ова го истакна претседателот Пендаровски во интервју на ТВ Телма, посочувајќи дека во казнената евиденција на МВР има „едно шест-седум пријави минимум“ за Фрчкоски за тендери, коњи, „рејбани“, меѓутоа ниту една од нив не дојдена до обвинителен акт, а не па до пресуда.

Фрчкоски само еднаш е осуден, мислам 2008 година, за клевета на тогашниот премиер Никола Груевски, за објавен текст-колумна во тогашен „Дневник“. Јас не мислам дека за тоа што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната. За обвинувањата од пријавен карактер има полициски записник, има пријава во полициска станица, земена е изјава од тогашната сопруга, земена е изјава од Фрчкоски и полицијата ги упатува да го решат спорот на Суд. Во казнената евиденција на Судот кој ја консултираа од МНР и од мојот Кабинет, нема кривична пријава по тој повод, изјави претседателот Пендаровски.

Тој воедно ја објасни и целата процедура за именување на амбасадори надвор од државата, односно предлозите на Владата.

Според меѓународната пракса околу 90 дена се чека согласност од државата каде што сакате да го праќате. По 90 дена многу ретко доаѓа негативен одговор, обично Ви текнува дека не е тој човек за кандидат. Во март Владата ми го предлага Фрчковски за амбасадор. Неполн месец дена после тоа, не после два-три-пет дена, па да речат овие не го сакаат, добивам нов предлог од тогашната Влада за Њујорк, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи дека во законот постојат неколку услови кој ве оневозможуваат да бидете на амбасадорска позиција, како што е двојното државјанство, ако сте осуден за некое дело на подолго од шест месеци и ако сте осуден за кривично дело кое ве прави недостоен за таа работа – функција.

The post Пендаровски: Фрчкоски не е кривично осуден за ниту едно дело appeared first on Република.

]]>

Професорот Љубомир Фрчкоски, кој неодамна со указ на претседателот Стево Пендаровски, е назначен за амбасадор на земјава во ООН во Њујорк, не е осуден за никакво кривично дело. Ова го истакна претседателот Пендаровски во интервју на ТВ Телма, посочувајќи дека во казнената евиденција на МВР има „едно шест-седум пријави минимум“ за Фрчкоски за тендери, коњи, „рејбани“, меѓутоа ниту една од нив не дојдена до обвинителен акт, а не па до пресуда.