француски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frantsuski-vojnitsi/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 15:36:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frantsuski-vojnitsi/ 32 32 Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pred-ajfelovata-kula-ostaveni-kovchezi-ostaveni-so-natpis-frantsuski-vojnitsi-od-ukraina/ Sun, 02 Jun 2024 15:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=784201

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“.

Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс.

Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите.

Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија.

Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.

Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.

The post Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина appeared first on Република.

]]>

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“. Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс. Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите. Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија. Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.
Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.
Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.  

The post Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина appeared first on Република.

]]>
Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ako-frantsija-isprati-svoi-vojnitsi-vo-ukraina-prioritet-ke-bide-nivnata-likvidatsija/ Wed, 20 Mar 2024 10:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=756666

Доколку Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и славна задача за руските вооружени сили, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм.

Медведев смета дека е корисно ако Французите испратат неколку полкови во Украина: ќе имаат проблеми да ги сокријат, поради што нема да биде тешко да ги ликвидираат – ќе биде невозможно да се сокрие масовната смрт на француските професионални војници.

„Нивното уништување ќе биде приоритет и славна задача на нашите вооружени сили“, напиша Медведев.

Претходно директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Франција подготвува контингент за испраќање во Украина, кој во првата фаза би броел околу 2.000 војници. Во исто време, според неговите зборови, од Елисејската палата велат дека бројот на убиени Французи во Украина „веќе го преминал психолошкиот праг“, а објавувањето на таквите податоци може да предизвика протести кај граѓаните.

The post Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација appeared first on Република.

]]>

Доколку Франција испрати свои војници во Украина, нивната ликвидација ќе биде приоритет и славна задача за руските вооружени сили, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм. Медведев смета дека е корисно ако Французите испратат неколку полкови во Украина: ќе имаат проблеми да ги сокријат, поради што нема да биде тешко да ги ликвидираат – ќе биде невозможно да се сокрие масовната смрт на француските професионални војници. „Нивното уништување ќе биде приоритет и славна задача на нашите вооружени сили“, напиша Медведев. Претходно директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Франција подготвува контингент за испраќање во Украина, кој во првата фаза би броел околу 2.000 војници. Во исто време, според неговите зборови, од Елисејската палата велат дека бројот на убиени Французи во Украина „веќе го преминал психолошкиот праг“, а објавувањето на таквите податоци може да предизвика протести кај граѓаните.

The post Медведев: Ако Франција испрати свои војници во Украина, приоритет ќе биде нивната ликвидација appeared first on Република.

]]>
Над три четвртини од Французите се против идејата на Макрон за испраќање војници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-tri-chetvrtini-od-frantsuzite-se-protiv-idejata-na-makron-za-isprakane-vojnitsi-vo-ukraina/ Fri, 01 Mar 2024 22:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=749801

Повеќе од три четвртини од жителите на Франција се против испраќање на француски војници во Украина, покажува студијата на центарот ЦСА, спроведена за радио станицата „Европа 1“.

Дури 76 отсто од анкетираните жители на земјата не сакаат француската армија да се најде на украинскиот фронт“, посочуваат од „Европа 1“.

Овој одговор речиси и не се менува во зависност од полот на анкетираните Французи - против биле 77 отсто од мажите и 75 отсто од жените.

Сепак, кога станува збор за возраста, работите се малку поинакви. Меѓу анкетираните на возраст од 50 до 64 години, 85 отсто се против военото присуство во Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/makron-za-mozhnosta-za-isprakane-zapadni-trupi-vo-ukraina-sekoj-moj-zbor-e-obmislen/

The post Над три четвртини од Французите се против идејата на Макрон за испраќање војници во Украина appeared first on Република.

]]>

Повеќе од три четвртини од жителите на Франција се против испраќање на француски војници во Украина, покажува студијата на центарот ЦСА, спроведена за радио станицата „Европа 1“.
Дури 76 отсто од анкетираните жители на земјата не сакаат француската армија да се најде на украинскиот фронт“, посочуваат од „Европа 1“.
Овој одговор речиси и не се менува во зависност од полот на анкетираните Французи - против биле 77 отсто од мажите и 75 отсто од жените. Сепак, кога станува збор за возраста, работите се малку поинакви. Меѓу анкетираните на возраст од 50 до 64 години, 85 отсто се против военото присуство во Украина. https://republika.mk/vesti/svet/makron-za-mozhnosta-za-isprakane-zapadni-trupi-vo-ukraina-sekoj-moj-zbor-e-obmislen/

The post Над три четвртини од Французите се против идејата на Макрон за испраќање војници во Украина appeared first on Република.

]]>
Повлекувањето на француските трупи од Нигер придонесе за подобрување на борбата против тероризмот во земјата, вели африкански министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povlekuvaneto-na-frantsuskite-trupi-od-niger-pridonese-za-podobruvane-na-borbata-protiv-terorizmot-vo-zemjata-veli-afrikanski-minister/ Thu, 18 Jan 2024 18:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=734166

Министерот за одбрана на Нигер, генерал Салифу Моди, изјави дека повлекувањето на француските трупи од Нигер  придонело за подобрување на борбата против тероризмот во земјата.

Генерал Моди потсети дека последниот француски војник официјално ја напушти земјата на 22 декември 2023 година.

Можеме да кажеме дека нивното повлекување имаше позитивно влијание врз нашата борба против тероризмот“, изјави тој.

Моди додаде дека најпрво, Французите дошле во Нигер за да и „помогнат“ на владата во борбата против тероризмот, но всушност истиот тероризам продолжил да се поддржува и да цвета во регионот.

Тоа е како да гаснеш пожар со бензин“, изјави генерал Моди.

https://republika.mk/vesti/svet/frantsija-tselosno-ke-gi-povleche-svoite-vojnitsi-od-niger-do-22-dekemvri/

The post Повлекувањето на француските трупи од Нигер придонесе за подобрување на борбата против тероризмот во земјата, вели африкански министер appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Нигер, генерал Салифу Моди, изјави дека повлекувањето на француските трупи од Нигер  придонело за подобрување на борбата против тероризмот во земјата. Генерал Моди потсети дека последниот француски војник официјално ја напушти земјата на 22 декември 2023 година.