Франсоа Оланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fransoa-oland/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 07:46:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Франсоа Оланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fransoa-oland/ 32 32 Франсоа Оланд: Трамп подготвува капитулација на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fransoa-oland-tramp-podgotvuva-kapitulatsija-na-ukraina/ Sun, 17 Nov 2024 16:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=838897

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Киев и Москва за 24 часа, всушност подготвува капитулација на Украина, која би била неподнослива за Украинците и понижување за Европејците, предупреди поранешниот француски претседател, социјалистот Франсоа Оланд.

Она што Трамп го кажува, дури и во афект, го постигнува на прекумерен начин, рече Оланд, кој беше на претседателската функција речиси во исто време со Трамп во неговиот прв мандат, пренесува Бета.

Оланд оцени дека „Трамп ќе престане да и помага на Украина што ќе претставува проблем со нерамнотежа на силите, а потоа ќе му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да задржи дел од територијата што ја стекна во руските офанзиви во 2014 година и од 2022 година“.

Според него, Трамп подоцна ќе им каже на Европејците дека тие се задолжени за безбедноста на остатокот од територијата на Украина, како и за обновата на земја.

Накратко, Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина, тврди поранешниот претседател на Франција.

The post Франсоа Оланд: Трамп подготвува капитулација на Украина appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вети дека ќе стави крај на конфликтот меѓу Киев и Москва за 24 часа, всушност подготвува капитулација на Украина, која би била неподнослива за Украинците и понижување за Европејците, предупреди поранешниот француски претседател, социјалистот Франсоа Оланд.
Она што Трамп го кажува, дури и во афект, го постигнува на прекумерен начин, рече Оланд, кој беше на претседателската функција речиси во исто време со Трамп во неговиот прв мандат, пренесува Бета.
Оланд оцени дека „Трамп ќе престане да и помага на Украина што ќе претставува проблем со нерамнотежа на силите, а потоа ќе му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да задржи дел од територијата што ја стекна во руските офанзиви во 2014 година и од 2022 година“. Според него, Трамп подоцна ќе им каже на Европејците дека тие се задолжени за безбедноста на остатокот од територијата на Украина, како и за обновата на земја.
Накратко, Трамп не подготвува мир, туку капитулација на Украина, тврди поранешниот претседател на Франција.

The post Франсоа Оланд: Трамп подготвува капитулација на Украина appeared first on Република.

]]>
Ако победи Трамп, ќе заврши војната во Украина: Дали исходот зависи од изборите во САД? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-pobedi-tramp-ke-zavrshi-vojnata-vo-ukraina-dali-ishodot-zavisi-od-izborite-vo-sad/ Mon, 12 Jun 2023 09:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=650370

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд оцени дека исходот од војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД во 2024 година.

Доколку Трамп биде избран, ќе рече, застануваме тука; што и да имаат Русите можат да задржат. Војната чини премногу – рече Оланд во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Според него, она што се сменило од времето кога тој бил на власт е тоа што обликот на новиот геополитички поредок станал појасен, при што оската Русија-Кина се консолидира и го предизвикува Западот.

Единствениот претседател во историјата на Петтата република кој одлучи да не бара втор мандат, 68-годишниот Оланд, по три политички книги и две книги за деца, е подготвен да се врати во политиката и вели дека жали поради одлуката да не се кандидира за втор мандат.

Се каам што го кажав тоа во тоа време. Ги немав сите елементи што ми беа потребни за да донесам правилна одлука – вели Оланд.

Според него, Франција е во „опасна“ криза, со неодамнешните демонстрации и штрајкови поради одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја спроведе пензиската реформа со која се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Традиционалната левица е заробена од радикалите, а традиционалната десница е скршена, опасноста е од социјалните немири да има корист само екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен – рече Оланд.

Тој додаде дека верува во концептот на европска стратешка автономија и неопходноста од развој на заедничка европска одбрана, но таа автономија секогаш мора да биде поврзана со НАТО.

The post Ако победи Трамп, ќе заврши војната во Украина: Дали исходот зависи од изборите во САД? appeared first on Република.

]]>

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд оцени дека исходот од војната во Украина ќе зависи од резултатите на претседателските избори во САД во 2024 година.
Доколку Трамп биде избран, ќе рече, застануваме тука; што и да имаат Русите можат да задржат. Војната чини премногу – рече Оланд во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Според него, она што се сменило од времето кога тој бил на власт е тоа што обликот на новиот геополитички поредок станал појасен, при што оската Русија-Кина се консолидира и го предизвикува Западот. Единствениот претседател во историјата на Петтата република кој одлучи да не бара втор мандат, 68-годишниот Оланд, по три политички книги и две книги за деца, е подготвен да се врати во политиката и вели дека жали поради одлуката да не се кандидира за втор мандат.
Се каам што го кажав тоа во тоа време. Ги немав сите елементи што ми беа потребни за да донесам правилна одлука – вели Оланд.
Според него, Франција е во „опасна“ криза, со неодамнешните демонстрации и штрајкови поради одлуката на претседателот Емануел Макрон да ја спроведе пензиската реформа со која се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Традиционалната левица е заробена од радикалите, а традиционалната десница е скршена, опасноста е од социјалните немири да има корист само екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен – рече Оланд.
Тој додаде дека верува во концептот на европска стратешка автономија и неопходноста од развој на заедничка европска одбрана, но таа автономија секогаш мора да биде поврзана со НАТО.

The post Ако победи Трамп, ќе заврши војната во Украина: Дали исходот зависи од изборите во САД? appeared first on Република.

]]>
На 67 години се ожени поранешниот француски претседател Франсоа Оланд https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-67-godini-se-ozeni-poraneshniot-francuski-pretsedatel-fransoa-oland/ Wed, 08 Jun 2022 10:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=512606

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, и неговата придружничка, актерката Жули Гаје, се венчаа дискретно во саботата во градското собрание на Тул, во Корез. Тие „се венчаа во приватен круг“, соопшти градското собрание кога ја објави веста за весникот „Ла Монтањ“.

Градоначалникот на Корез, Бернар Комб, ја водеше свечената церемонија за неговиот пријател Франсоа Оланд, кого го наследи на чело на општината во 2008 година. Ова е прв брак на Франсоа Оланд (67), татко на четири деца, кои ги има со својата поранешна партнерка Сеголен Ројал.

Жули Гаје, е разведена во 2006 година, мајка е на две момчиња, а својот 50-ти роденден го прослави еден ден претходно, на 3 јуни, во Тул.

 

The post На 67 години се ожени поранешниот француски претседател Франсоа Оланд appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, и неговата придружничка, актерката Жули Гаје, се венчаа дискретно во саботата во градското собрание на Тул, во Корез. Тие „се венчаа во приватен круг“, соопшти градското собрание кога ја објави веста за весникот „Ла Монтањ“. Градоначалникот на Корез, Бернар Комб, ја водеше свечената церемонија за неговиот пријател Франсоа Оланд, кого го наследи на чело на општината во 2008 година. Ова е прв брак на Франсоа Оланд (67), татко на четири деца, кои ги има со својата поранешна партнерка Сеголен Ројал. Жули Гаје, е разведена во 2006 година, мајка е на две момчиња, а својот 50-ти роденден го прослави еден ден претходно, на 3 јуни, во Тул.  

The post На 67 години се ожени поранешниот француски претседател Франсоа Оланд appeared first on Република.

]]>