Франс Прес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frans-pres/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 20:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Франс Прес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frans-pres/ 32 32 Во Сирија уапсен дописник на АФП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sirija-uapsen-dopisnik-na-afp/ Tue, 27 Aug 2024 20:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=810719

Новинарот Бакр Касим, дописник на француската новинска агенција „Франс Прес“, е уапсен во Сирија, во делот кој е под контрола на бунтовниците поддржани од Турција.

Новинарите и активистите го окарактеризираа апсењето на Касим како напад врз нив. Локалните власти засега не го коментираа инцидентот.

Касим, кој известувал и фотографирал за „Франс Прес“ и турската државна агенција „Анадолија“, беше уапсен вчера попладне во градот Ал Баб, во северната провинција Алепо.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека Касим бил тепан при апсењето. Според оваа невладина организација, му биле претставени „повеќе обвиненија, вклучувајќи подготвување извештаи за печатот за неколку странки“.

Неговата сопруга Набиха Таха изјави дека го уапсиле властите поддржани од Турција во селото Хавар Килис, кое се наоѓа близу турската граница.

Локалната воена полиција ја задржала и Таха два часа, а потоа ја ослободиле по протестите на новинарите и локалното население.

Таха изјави дека Касим бил однесен на друга локација и дека во моментот нема информации за неговата состојба.

- Ги повикуваме локалните власти во северна Сирија веднаш да го ослободат нашиот дописник Бакр Касим и да му дозволат слободно да продолжи со својата работа, изјави уредничката на „Франс Прес“, Софи Хит.

Новинарите и активистите на северозападот на Сирија најавија дека денеска ќе организираат протест и ќе повикаат на ослободување на Касим и други новинари и активисти, кои според нив, се неправедно притворени.

The post Во Сирија уапсен дописник на АФП appeared first on Република.

]]>

Новинарот Бакр Касим, дописник на француската новинска агенција „Франс Прес“, е уапсен во Сирија, во делот кој е под контрола на бунтовниците поддржани од Турција. Новинарите и активистите го окарактеризираа апсењето на Касим како напад врз нив. Локалните власти засега не го коментираа инцидентот. Касим, кој известувал и фотографирал за „Франс Прес“ и турската државна агенција „Анадолија“, беше уапсен вчера попладне во градот Ал Баб, во северната провинција Алепо. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека Касим бил тепан при апсењето. Според оваа невладина организација, му биле претставени „повеќе обвиненија, вклучувајќи подготвување извештаи за печатот за неколку странки“. Неговата сопруга Набиха Таха изјави дека го уапсиле властите поддржани од Турција во селото Хавар Килис, кое се наоѓа близу турската граница. Локалната воена полиција ја задржала и Таха два часа, а потоа ја ослободиле по протестите на новинарите и локалното население. Таха изјави дека Касим бил однесен на друга локација и дека во моментот нема информации за неговата состојба.
- Ги повикуваме локалните власти во северна Сирија веднаш да го ослободат нашиот дописник Бакр Касим и да му дозволат слободно да продолжи со својата работа, изјави уредничката на „Франс Прес“, Софи Хит.
Новинарите и активистите на северозападот на Сирија најавија дека денеска ќе организираат протест и ќе повикаат на ослободување на Касим и други новинари и активисти, кои според нив, се неправедно притворени.

The post Во Сирија уапсен дописник на АФП appeared first on Република.

]]>