Франкофонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frankofonija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 09:17:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Франкофонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frankofonija/ 32 32 Изложбата „Париски рефлексии III“ се отвора денеска напладне во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-pariski-refleksii-iii-se-otvora-deneska-napladne-vo-chifte-amam/ Fri, 22 Mar 2024 09:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=757289

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии III“.

Изложбата „Париски рефлексии“ опфаќа дела на македонски уметници од 70-те и 80-те години, кои биле под влијание на француската школа и ќе биде поставена во петок во галеријата Чифте Амам.

Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции.

Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20 век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).

Изложбата ќе ја отворат г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во Република Македонија и д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

The post Изложбата „Париски рефлексии III“ се отвора денеска напладне во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии III“. Изложбата „Париски рефлексии“ опфаќа дела на македонски уметници од 70-те и 80-те години, кои биле под влијание на француската школа и ќе биде поставена во петок во галеријата Чифте Амам.   Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции. Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20 век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).   Изложбата ќе ја отворат г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во Република Македонија и д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

The post Изложбата „Париски рефлексии III“ се отвора денеска напладне во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Месец на Франкофонијата: Концерт на швајцарскиот пост-рок бенд „Hubris“ вечерва во „Лабораториум“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/mesets-na-frankofonijata-kontsert-na-shvajtsarskiot-post-rok-bend-hubris-vecherva-vo-laboratorium/ Fri, 08 Mar 2024 09:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=751819

Во рамките на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Швајцарија организира концерт на швајцарскиот пост-рок бенд Hubris. Нивната музика е уникатен спој на експериментален пост-рок, електронски атмосфери и навестувања на метал.

Концертот ќе се одржи на 8 март со почеток во 21 часот, во „Лабораториум“.

Влезот е бесплатен. Дојдете и уживајте!

The post Месец на Франкофонијата: Концерт на швајцарскиот пост-рок бенд „Hubris“ вечерва во „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Швајцарија организира концерт на швајцарскиот пост-рок бенд Hubris. Нивната музика е уникатен спој на експериментален пост-рок, електронски атмосфери и навестувања на метал. Концертот ќе се одржи на 8 март со почеток во 21 часот, во „Лабораториум“. Влезот е бесплатен. Дојдете и уживајте!

The post Месец на Франкофонијата: Концерт на швајцарскиот пост-рок бенд „Hubris“ вечерва во „Лабораториум“ appeared first on Република.

]]>
Денови на Франкофонијата во Скопје и Битола: Филмови, концерти, изложби, но и француско вино во чест на универзалните вредностите на Франкофонијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-frankofonijata-vo-skopje-i-bitola-filmovi-kontserti-izlozhbi-no-i-frantsusko-vino-vo-chest-na-univerzalnite-vrednostite-na-frankofonijata/ Tue, 27 Feb 2024 12:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=748897

На денешната прес-конференцијата, Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата  ја претставија културната програма и другите активности во рамките на одбележувањето на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2024 година.

Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола, информираа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел, кои истакнаа дека Франкофонијата во Скопје ќе се прославува со филмови, концерти и гастрономија.

На 1 март прославата на Деновите на Франкофонијата ќе почне со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан  Хунг во киното Милениум, а потоа следуваат и други активности како Собрание на млади франкофони, концерт на швајцарскиот бенд „Хубрис“, Недела на франкофонски филм во Кинотека, финале на натпреварот по изразно читање, изложбата во Националната галерија на Македонија, „Париски рефлекси 3“, но и музичка вечер „Вино и музика“.

Во Битола е предвидено на 4 април да се одржи Француска вечер на џез фестивалот во Битола со триото на Никола Гардел.

Воедно, тие проговорија и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.

Францускиот јазик го говорат околу 320 милиони луѓе во светот. Тоа не е само јазик на Франција, туку и на други земји. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји, истакна меѓудругото амбасадотор на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер.

Тој напомена дека во Македонија треба да се негува концептот на Франкофонијата, бидејќи тука францускиот јазик останува јазик којшто се изучува во образованието и денес има ученици кои го учат францускиот јазик. Постои Француско интернационално училиште во Скопје, Француски институт, Француска алијанса во Тетово и Француска алијанса во Битола.

Франкофонијата е реалност овде и има огромен број на луѓе коишто во минатото го изучувале францускиот јазик, иако можеби во секојдневниот живот немаат можност да го практикуваат. Францускиот јазик е реалност, тоа е богатство кое што треба да го зачуваме, додаде францускиот амбасадор.

Амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман на прес-конференцијата денеска напомена дека Швајцарија е полноправна членка на Франкофонијата.

Од 1996 година Швајцарија е постојана членка и сака да го сподели своето искуство на ниво на повеќејазичноста, промоција на демократија, на правата на човекот. Швајцарскиот модел негува вредности на еднаквост и на национална кохезија. Признавање на идентитетот на луѓето преку признавање на јазикот значи да франкофонски простор да се споделат вредности на еднаквост, мир и демократија - суштински вредности и универзални на правата на човекот, рече Хулман.

Нашата држава е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.

The post Денови на Франкофонијата во Скопје и Битола: Филмови, концерти, изложби, но и француско вино во чест на универзалните вредностите на Франкофонијата appeared first on Република.

]]>

На денешната прес-конференцијата, Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата  ја претставија културната програма и другите активности во рамките на одбележувањето на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2024 година.
Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола, информираа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел, кои истакнаа дека Франкофонијата во Скопје ќе се прославува со филмови, концерти и гастрономија.
На 1 март прославата на Деновите на Франкофонијата ќе почне со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан  Хунг во киното Милениум, а потоа следуваат и други активности како Собрание на млади франкофони, концерт на швајцарскиот бенд „Хубрис“, Недела на франкофонски филм во Кинотека, финале на натпреварот по изразно читање, изложбата во Националната галерија на Македонија, „Париски рефлекси 3“, но и музичка вечер „Вино и музика“.
Во Битола е предвидено на 4 април да се одржи Француска вечер на џез фестивалот во Битола со триото на Никола Гардел. Воедно, тие проговорија и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
Францускиот јазик го говорат околу 320 милиони луѓе во светот. Тоа не е само јазик на Франција, туку и на други земји. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји, истакна меѓудругото амбасадотор на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер.
Тој напомена дека во Македонија треба да се негува концептот на Франкофонијата, бидејќи тука францускиот јазик останува јазик којшто се изучува во образованието и денес има ученици кои го учат францускиот јазик. Постои Француско интернационално училиште во Скопје, Француски институт, Француска алијанса во Тетово и Француска алијанса во Битола.
Франкофонијата е реалност овде и има огромен број на луѓе коишто во минатото го изучувале францускиот јазик, иако можеби во секојдневниот живот немаат можност да го практикуваат. Францускиот јазик е реалност, тоа е богатство кое што треба да го зачуваме, додаде францускиот амбасадор.
Амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман на прес-конференцијата денеска напомена дека Швајцарија е полноправна членка на Франкофонијата.
Од 1996 година Швајцарија е постојана членка и сака да го сподели своето искуство на ниво на повеќејазичноста, промоција на демократија, на правата на човекот. Швајцарскиот модел негува вредности на еднаквост и на национална кохезија. Признавање на идентитетот на луѓето преку признавање на јазикот значи да франкофонски простор да се споделат вредности на еднаквост, мир и демократија - суштински вредности и универзални на правата на човекот, рече Хулман.
Нашата држава е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.

The post Денови на Франкофонијата во Скопје и Битола: Филмови, концерти, изложби, но и француско вино во чест на универзалните вредностите на Франкофонијата appeared first on Република.

]]>
Париската школа е синоним за прогресивност, авангарда, слобода на изразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pariskata-shkola-e-sinonim-za-progresivnost-avangarda-sloboda-na-izrazuvane/ Thu, 09 Mar 2023 20:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=617906

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на изложбата „Париски рефлексии“ во Чифте амам, која по втор пат ја организира Националната галерија на Република Македонија во соработка со Францускиот институт во Скопје, а во рамки на активностите по повод месецот на Франкофонијата.

Второто продолжение на изложбата „Париски рефлексии“, кое се одржува во годината кога Националната галерија прославува 75 години од нејзиното основање има за цел да ги претстави проткајувањата на француската и македонската култура преку ликовната уметност, претставувајќи над 50 дела на дваесетина најзначајни македонски автори кои во своето творештво примиле влијанија од значајната Париска школа.

Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на отворањето на изложбата „Париски рефлексии“ која веќе по втор пат се организира од страна на Националната галерија и Францускиот институт во Скопје. Оваа изложба е исклучителен приказ на повеќеслојноста на уметничкото доживување и на неговата најголема вредност, а, тоа е, покрај естетската – да ги поврзува земјите и народите. Во нашиов случај, тоа се културните специфики на Македонија и на Француската Република.

Париз бил и останува синоним за глобален уметнички Пантеон кој во себе ги спојува иманентните вредности на уметноста: естетското, наследеното и космополитски современото. Дa се биде дел од тој Пантеон, да се живее и твори низ посебниот сензибилитет на Градот на светлината, било и е сон на илјадници уметници од светот, но и на оние од ова наше поднебје. Историјата на македонската ликовна уметност, како и историјата на ликовната уметност воопшто, не може ни да се замисли, а уште помалку да се прикаже без Париската школа.

Гледано од мој аспект, се разбира, не како експерт, туку како некој кој ја почитува уметноста и нејзините социо-културни значења – фасцинирачки делува конгломератот од различни правци во уметничкото изразување креирани во рамките на оваа школа. Секој од уметниците сам ги избира своите ликовни афинитети и придонесува во откривањето на модерниот ликовен јазик. Париската школа е синоним за прогресивност, авангарда, слобода на изразување. Вредности кои македонските уметници, подготвени за откривање на нови хоризонти и нивно уметничко поврзување со средината од која што потекнуваат, ги прифаќаат со отворен ум и намера да бидат дел од европската и светската ликовна модерна.

На првите „Париски рефлексии“ се потсетивме на основоположниците на македонската уметност чии што имиња се врзуваат со оваа школа: Мартиноски, Личеноски, Пандилов, Лена Стефанова, Владимирски, Борко Лазески, Диме Тодоровски, Димче Коцо и Борка Аврамова. Денес имаме можност да уживаме во делата на наследниците на таа генерација основоположници кои преку своите студиски престои во Париз ги прифатија авангардните движења и им дадоа сопствен печат: Ордан Петлевски, Кондовски, Мазев, Томо Шијак, Спасе Куновски, Иван Велков, Борислав Трајковски, Богољуб Ивковиќ, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов и Миле Корубин, помеѓу останатите. Тука меѓу нив се и делата на францускиот сликар Клод Дервен, инспирирани од македонското поднебје, што само по себе потврдува дека уметноста е процес на постојано давање и примање, на сплотување, на преплетување и меѓусебно збогатување.

Оваа изложба е дел од бројните настани со кои се одбележува Месецот на Франкофонијата во кој, преку примарно чествување на францускиот јазик, всушност, ги промовираме и безвремените, никогаш поактуелни универзални вредности: мирот, демократијата, правата на човекот, соработката меѓу народите, културната разновидност и размена.

Република Македонија е целосно приврзана кон овие вредности. Ние сме отворено општество кое во себе ги содржи сите различни етнички, јазични и културни идентитети и нема ништо поприродно од потребата да ја афирмираме својата посебност, со сите наши различности, преку интеракција и размена со другите. Франкофонијата ни овозможува исклучително широк простор на споделени вредности и можности за соработка.

Денешниов настан е уште еден доказ за тоа. Затоа, да уживаме во богатството на уметничкиот израз и да ја славиме Франкофонијата која нѐ сплотува во различностите и го збогатува нашето секојдневие и неговите комплексни перспективи.

The post Париската школа е синоним за прогресивност, авангарда, слобода на изразување appeared first on Република.

Франкофонијата освен што е јазик, таа е и организација во којашто се споделуваат мирот, правата на човекот и демократијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frankofonijata-osven-shto-e-jazik-taa-e-i-organizatsija-vo-kojashto-se-spodeluvaat-mirot-pravata-na-chovekot-i-demokratijata/ Sat, 04 Mar 2023 18:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=615912

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, вечерва со гала прикажување на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата.

Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, кој имаше обраќање пред започнувањето на филмот рече дека Франкофонијата освен што е јазик, исто така е и една организација во којашто се споделуваат вредности како мирот, правата на човекот и демократијата.

- Франкофонијата не е само францускиот јазик туку е повеќе јазичноста и културната разновидност, тоа не е само Франција туку тоа е една заедница на франкофонски земји, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

Тој најави дека во текот на овој месец ќе има бројни активности и манифестации, изложби, дебати, предавања, па дури и уште филмови, а ќе има и омаж на македонскиот поет и писател Ацо Шопов по повод сто годишнината на неговото раѓање, кој според Бомгартнер, бил голем франкофон и многу близок на Франција.

Додека швајцарската амбасадорка во Македонија, Вероник Улман, во својот говор информираше дека Франкофонијата е една заедница којшто обединува повеќе од 300 милиони говорници и говорнички на францускиот јазик во 88 земји.

- Франкофонијата има како мисија да го промовира францускиот јазик, јазичната и културната разновидност и да ги засили правата на човекот, демократијата и мирот. Овие вредности од Франкофонијата прават симбол на јазичната разновидност, и се карактеризираат самите со повеќе јазичност кон мнозинството на граѓаните коишто живеат на нивниот простор, рече Улман.

Филмот е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција, награда за најдобар режисер и за најдобра актерка, 2 награди Цезар 2023 за најдобра монтажа и за најдобра музика.

The post Франкофонијата освен што е јазик, таа е и организација во којашто се споделуваат мирот, правата на човекот и демократијата appeared first on Република.

Прославата на Франкфонијата се затвора со вечер на француска музика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proslavata-na-frankfonijata-se-zatvora-so-vecher-na-francuska-muzika/ Thu, 07 Apr 2022 08:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=484608

Вечер на француска музика со „БОНА ДЕА“ е последниот настан од многубројните активности кои Францускиот институт-Скопје ги реализираше во рамките на прославата на Франкофонијата. Во винскиот бар „Калдрма“ ќе прозвучат француските шансони и филмска музика вечерва од 19. 30 часот.

« Je veux » и ја имате веднаш мелодијата во глава, нели?

Го гледате ли „Животот во розово“?

Што велите за еден танц со мелодијата на Амелија Пулен?

Ве каниме на супер забава со француски шансони и со денешна француска музика во изведба на групата Бона Деа.

Ајде на забава, ја затвораме прославата на Франкфоонијата за оваа година!, велат организаторите.

The post Прославата на Франкфонијата се затвора со вечер на француска музика appeared first on Република.